![]() |
|
Македонска Енциклопедија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 65> |
Автор | |
chuchuliga ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Баш ме интересира колку луѓе воопшто ја прочитале таа енциклопедија. Секој кој не ја прочитал нема право било што да каже. Сите останати муабети се трачење и кафански муабети без никакво значење. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Од енциклопедијата се испечатени 50-60 примероци и се поделени помеѓу академиците.
Секој што не ја прочитал или не ѕирнал барем што има внатре може само да шпекулира, врз основа на изјави. Се крена толкава фама на невидено (па и нашата дискусија тука), а огромна заслуга имаат и медиумите. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сепак драстични измени нема да има според Блаже Ристовски, туку само ќе се допрецизираат неколку одредници:
Ристовски не попушта за ОНА ...“Академик Ристовски најави и мали корекции во одредницата за Албанците. - Со додавањето еден или два збора да го прецизираме тој дел и да се знае од кога помасовно, во поголеми групи доаѓаа Албанците во Македонија. Таму е речено главно од 16 век и тоа ќе го прецизираме. Поединци, па и групи доаѓале и пред тоа. Но, автохтоноста е нешто друго. Автохтоност имаме во Албанија - рече тој. ...- Во коригираната Енциклопедија ќе стои терминот „Шиптари“, но по примерот на „Британика“, ќе биде напишано на латиница со објаснување дека Албанците самите се нарекуваат така. Освен ова, ќе има и промени во одредницата за Али Ахмети - рече главниот редактор на Енциклопедијата. Историчарот Ѓорѓи Малковски, еден од авторите на оваа одредница, вчера изјави дека стои зад она што го напишал: - Ако се обидеме да кажеме дека Албанците се автохтоно население, ќе направиме фалсификат. Тие не се автохтони тука како што сакаат да прикажат. Може да се разговара, но само врз основа на аргументи.“... |
|
![]() |
|
Polaris ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И во корегираната енциклопедија ќе стои терминот „Шиптари“, но по примерот на „Британика“, ќе биде напишан на латиница со објаснување дека Албанците самите се нарекуваат така. Со неколку зборови плус, ќе остане и одредницата дека специјалците на САД и Велика Британија во 2001 години ги обучувале припадниците на ОНA.. Cepkanje so USA i Anglija ne cini za Makedonija,ova e los signal za cela zemja,ocigledno srpski i bugarski prsti se zamesani na ova enciklopedija,,i da se REALNI nekoi raboti, pak ne treba da se pisuva sve,plus sega Makedonija se naoga vo naj osetliv period,,ova e naj golema greska na MANU sto se cepka APLA so USA i Anglija...
![]() Jas licno ne veruvam deka MANU raboti za interesot na drzavata,poveke bi rekol deka rabotit za Bugarija i Srbija nego za Makedonija,potegot na MANU mnogu me iznenadi i to mnogu..
|
|
![]() |
|
Dogi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 19.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 3168 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://web.archive.org/web/20030708041432/http://www.telegraph.co.uk/htmlContent.jhtml?html=/archive/1999/04/18/wwar18.html
едвај го ископав ова горе, типовите ја сокриле архивата пред 2000 година, на нивниот официјален сајт! истите тие англосаксонски аристократи кои ја вооружуваа грррција во граѓанската војна, против македонското малцинство. According to MPRI information officer Joseph Allred, the firm exists so that “the US can have influence as part of its national strategy on other nations without employing its own army.” http://www.historycommons.org/entity.jsp?entity=kosovo_liberation_army само не ми е јасно зошто ќе мораме за ова да дознаваме од официјалните институции на западните земји некаде 2030, како за сите оние антикомунистички акции на „западот“ кон истокот, со кои сега се фалат дека ја помогнале демократијата, а уствари го уништиле комунизмот. вистината не може да се скрие. може да боли, но тоа е друга приказна. уствари исто е, кој го боли вистината, најмногу вреска, како „македонциве“ кои не знаат правилно македонски, албански приучиле колку за на пазар, а англиски биле учени од специјалните демократски сили на најдемократската земја, која до 1960 им забранувала на црнците да гласаат, со закон! мислам стварно смешно, ова не е ни за во енциклопедија, ова е за во вицотека! а најсмешно од се е ова: http://www.theantidrug.com/pdfs/rmutschke.pdf истиве типови, кои демек се нешто уплашени за нивниот авторитет низ планетава, па не сакаат никакви врски со некоја си таму терористичка организација ОНА нас, имаат податоци за се и сешто, кој од каде, низ кои канали, колку килограми, со која чистота и кому продава хероин и слични скапо платени забавувачки реквизити, за скапата клиентела на демократскиот крем! енциклопедија не би била енциклопедија без доволно докази! http://www.balkanpeace.org/index.php?index=article&articleid=13801 а да прашам, пишува во енциклопедијата за некој тип од кичевско, со швајцарска диплома за шизофренија!? |
|
Јас сум мајстор!
Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име) |
|
![]() |
|
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се воздржував подолго да не коментирам на оваа тема, ама ќе пукнам, нема да издржам.
![]() Ова со енциколпедијава станува веќе одвратно. Се докажува дека ние сме еден „народ“, на кој му е дозволено само дише, додека не се одлучи поинаку. Кај се изродија еден куп академици и стручни историчари за два три дена, сите јаки историчари. Ова е откровение, па ние најдовме и решение за името - Јужен Харвард и Оксфорд. Албанците навредени што биле пишани шиптари. Па во цела историја наназад така се ословуваат и така се заведуваат во документи, и сега енциклопедијата треба да биде според сегашното расположение. А оние од МПРИ што ги затекнаа во Арачиново , инструкторите што ги обучуваа не беа Американци, не бе, тие локални даскали беа , ама славомакедонците си прават филмови.Униформите што ги носеа не беа Германски,иако се многу слични,е сега, се наоѓаше и по некое Германското знаме на униформите, ама тие биле гастарбајтери доброволци, најверојатно. Онаа софистицирана опрема и оружје не беше американска ни британска, јок бе, тоа се правеше по куќи во Шипковица, ама академициве без да проверат , пишуваат глупости.И тоа знамето Американско што виси одма до државното Албанско пред седиштето на секоја албанска партија, и на секоја прес конференција или свеченост не е американско, не бе, тоа е на Чак Норис. Немаат тие ништо со Американците, зошто би го вееле тоа знаме?Да и едно друго има знаме нон стоп што се вее , едно плаво, личи на знамето на НАТО, ама сигурно не е, нити сме членка на НАТО нити албанците имаат некаква врска со НАТО. А стварно ептен личи знамево на она од Брисел... Па и ЕУ сега ја ревидира енциклопедијата. Пораката е јасна. За секоја важна одлука во државата, симболи и многу други закони, се донесуваат со двотретинско мнозинство +Бадентерово мнозинство. И ако помине, треба да го одобри ЕУ, оти веднаш станува бенчмарк. Тоа во превод значи, ќути трај, не пишувај ништо, не збори ништо, има кој да ти каже и кој си и што си. Нема да ме чуди како тргнало , во исправката на енциклопедијата да стои децидно дека Македонија е коминтерновска творба, Тито ги измисли Македонците , за инат на Грците и Бугарите. Поточно, словените кои се нарекуваат себеси Македонци се Бугари кои упорно не го признаваат тоа, иако мајка Бугарија постојано крварела и војувала да ги ослободи,ама овие за никаде ептен стегнати, никако да се ослободат , а Македонците од секогаш биле Грци... Еве , се јавија сите соседи мили да ни помогнат да ја составиме енциклопедијата како што е, реално... Данте, жити се, кажи до кој круг стигнавме? |
|
![]() |
|
___tanas_ ![]() Сениор ![]() ![]() ШЕФ НАДЕНИЧАР Регистриран: 26.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 156 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нема што да ви помагаме, мислам има тонове документи и статии по целиот свет за историата на Балканот и на коj не му аресват балкански извори да чита независни надвор от балканите и веке и ако тие не му аресват да седа и да почне да пишува нова енциклопедиа! А ние ке си приготвим по 130 евра ![]() |
|
![]() |
|
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Аман не ни помагајте, секоја помош на Бугарија носи многу мртви на грб, поарно вака , нека се мачи Македонија, без бугарска помош....
|
|
![]() |
|
___tanas_ ![]() Сениор ![]() ![]() ШЕФ НАДЕНИЧАР Регистриран: 26.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 156 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Па коj ви предлага помош бре!??? ![]() Изменето од Анастеа - 25.Септември.2009 во 09:23 |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На кој не му е по мерак не мора да ја чита енциклопедијата, ќе заштеди ем на евра ем на нерви.
Чинам не е задолжително четиво за соседите една национална енциклопедија на соседна земја. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Па ете и во тој дел енциклопедијата ќе претрпела корекции. И јас се прашувам, ќе му ја сменат ли швајцарската диплома на пациентот со некоја научна можеби и како ќе го претстават терористот поразлично од она што е? Да не доживееме најголемиот крвник од поновата македонска историја во националната енциклопедија да ни биде претставен како херој, не дај Боже?!! |
|
![]() |
|
___tanas_ ![]() Сениор ![]() ![]() ШЕФ НАДЕНИЧАР Регистриран: 26.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 156 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На здравје да му е смеење на кловнот Бозо, кога нема нему кој да му се смее!
Барем една паметна поука извлекол - за да не паѓа во депресија веќе нема да чита македонски историски четива. |
|
![]() |
|
___tanas_ ![]() Сениор ![]() ![]() ШЕФ НАДЕНИЧАР Регистриран: 26.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 156 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 65> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |