IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 107108109110111 157>
Автор
Порака
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 22:34
месни нарезак изненадувањегазење од смеење
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2014 во 11:36
koj li e betonot ovde збунетостгазење од смеење

Изменето од viktorija123 - 06.Јануари.2014 во 11:37
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2014 во 11:54
KOntejner sum ahahahahha
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 23:04
а во кинески хороскоп сум коњ размислување
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Kisserboy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2014
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kisserboy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 03:10
Oven sum :D
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 15:22
Древните египјани биле првите кои верувале дека поставеноста на ѕвездите влијае врз расположението, здравјето и судбината на луѓето. Според датумот на раѓање, проверете кој знак сте во египетскиот хороскоп и прочитајте си ги главните карактеристики.

АМОН (од 1-ви јануари до 2-ри февруари)
Старите египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Родените во овој знак брзо се заљубуваат и ја пронаоѓаат љубовта на нивниот живот. Тие се упорни, но не се наметливи. На прв поглед можеби изгледаат ладно, но тие се многу емотивни и нежни кон другите. Најмногу од сè ги боли неверство бидејќи се многу посветени на партнерот. Тие се добри пријатели и љубовници.

СЕБЕК (од 3-ти февруари до 4-ти март)
Себек е бог на реката Нил, а токму таа била извор на живот за Египет. Припадниците на овој знак многу ја ценат уметноста и повеќето од нив се уметнички талентирани. Сепак, би требало да внимаваат бидејќи можат да бидат засенети од туѓата убавина, што често ги наведува на погрешен пат. Родените во овој знак не знаат да чуваат тајни, па поради тоа често прекинуваат пријателства.

ОЗИРИС (од 5-ти март до 9-ти април)
Озирис во стариот Египет бил бог на плодноста и растот. Припадниците на овој знак се многу сензуални, но и романтични. Својот партнер постојано го изненадуваат со мали и слатки поклони. Полни се со разбирање за другите и им помагаат на своите пријатели ако се најдат во неволја.

ПТАХ (од 10-ти април до 2-ри мај)
Птах бил бог на вистината. Припадниците на овој знак се искрени, отворени и по малку наивни. Тие се импулсивни, скромни и нетрпеливи. Поради својата искреност често на другите им кажуваат што мислат без обзир на последиците. Исто се однесуваат и во љубовта, а баш таа особина на неконтролирано изразување може да ги чини неколку пријателства.

ХОРУС (од 3-ти мај до 16-ти јуни)
Хорус бил бог на животот. Припадниците на овој знак често се склони кон авантури и склопуваат нови познанства. Непознатите земји и краеви многу ги привлекуваат, па за нив патувањата на егзотични места не се ништо необично. Сакаат да уживаат во природата и во благодетите на животот.

НЕФТИС (од 17-ти јуни до 21-ви јули)
Нефтис била божица на љубовта, поради што и овој знак се смета дека е најромантичен. Припадниците на овој знак се многу сензуални, страствени и емотивни, поради што многу внимателно го одбираат партнерот. Од партнерот очекуваат многу, а за возврат враќаат со иста мера. Трпеливи се и сакаат да ги сослушаат туѓите проблеми, но даваат и корисни совети, кои ги прави одлични пријатели.

СЕТ (од 22-ри јули до 18-ти август)
Сет бил бог на молњата и олујата, па поради тоа припадниците на овој знак се многу темпераментни. Не се предаваат лесно и брзо се прилагодуваат на секоја ситуација. Исто така, тие се многу љубопитни и секогаш сакаат да испробаат нешто ново и интересно. Припадниците на овој знак се самостојни и сакаат сè да направат сами.

АНУБИС (од 19-ти август до 21-ви септември)
Анубис бил бог заштитник. Родените во овој знак се многу чесни и одговорни. Посебно се самоуверени и тврдоглави, па ретко слушаат туѓи совети. Многу се емотивни и романтични и имаат високи очекувања од љубовта, а се и интелегентни, љубезни и дискретни.

РА (од 22-ри септември до 15-ти октомври)
Ра бил бог на Сонцето. Родените во овој знак се полни со внимание и љубов за другите. Тие се рационални и секогаш размислуваат по неколку пати пред да направат нешто. Припадниците на овој знак сакаат романтика и се многу верни, а маана им е несигурноста поради која често пропуштаат добри прилики.

ИЗИДА (од 16-ти октомври до 9-ти ноември)
Изида е божица на чудата. Се смета дека родените под нејзина заштита имаат посебни моќи. Ги краси и неодолива насмевка која освојува сè околу себе. Меѓутоа, за нив не постои забрането овошје и нема да сопрат сè додека не го добијат тоа што го сакаат. Тие се многу добри пријатели бидејќи знаат да ги слушаат другите и да поделат некој добар совет.

ТОТ (10-ти ноември до 3-ти декември)
Тот во стариот Египет бил познат како бог на светлината, мудроста и магијата, па припадниците на овој знак се многу прецизни и точни бидејќи поседуваат големи организациски способности. Родените во овој знак се сестрани и ги интересираат сите гранки на науката. Во љубовта секогаш сакаат да имаат некој самоуверен покрај себе, на кого ќе можат секогаш да се потпрат.

ХАТОР (од 4-ти декември до 31-ви декември)
Хатор била божица на музиката и уметноста, па родените во овој знак често се ценети музичари и уметници. Тие се шармантни, креативни, имаат голема фантазија и работат со многу љубов. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и почитува.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 16:08
                                                                     
Хороскопот открива: Која е тајната на вашата убавина?
                                                                                                                                                                                                     







Сигурно и вие многу размислувате што да облечете и како да изгледате за новогодишната ноќ, па не е лошо да ги послушате советите на астрологијата.
Овен – нагласете ги очите и усните
Моментално сте под влијание на Марс, планетата на страста и еротиката, па затоа зрачите со сексапил. Одберете појака шминка, нагласете ги очите со потемна сенка, или усните со црвен кармин.

Бик – впечатлива фризура
Вашиот владетел Венера, симболот на убавината, ви подарила убава коса и забележливи очи. Ви стојат бледо-розеви кармини, и црвена коса. Деколтето е еден од вашите главни адути, затоа истакнете го.

Близнаци – убави нокти
Изгледате младолико и свежо, а за тоа е одговорен вашиот владетел Меркур. Често експериментирате со фризурата, шминката и облеката, а секогаш посебно внимание посветувате на ноктите. На новогодишната ноќ излакирајте ги со сребрен лак.


Рак – женствени детали
Вие секогаш ја слушате интуицијата и непогрешливо го бирате тоа што најдобро ви стои - од шминка до гардероба. Особено ви се важни деталите, чевлите, чантата, каишот, накитот, како и фризурата која секогаш е совршена.

Лав – раскошен сјај
Жената Лав е секогаш во центарот на вниманието, особено во свечени прилики. Никој не умее толку добро да носи облека со светки, сјаен накит и јака шминка, како и бујна и најчесто брановидна коса.

Девица – природна убавина
Што и да облечете, вие делувате префинето и елегантно. Здравата, негувана коса и дискретната шминка ви стојат совршено, делувате младолико поради вашиот владетел Меркур. Најдобро ви стојат земјени бои, кои го нагласуваат вашиот природен шарм. За Нова година направете некој впечатлив маникир на ноктите.


Вага – стилска икона
Планетата на убавината, Венера ви подарила несекојдневна убавина и стил. Најчесто носите високи потпетици, женствена облека, убава и долга коса. Шминката е дискретна, но многу ефикасна, а усните светкаат.

Скорпија – фатален поглед
Вие сте родена заводничка со која управуваат планетите на еротиката и моќта. Сексапилот го истакнувате со вртоглави потпетици и облека во темни нијанси. Вашиот поглед под долгите, густи трепки го нагласувате со туш за очи, а изгледате заводливо дури и со „дива“ фризура, но и кога ќе ја соберете во најобична пунџа.

Стрелец – истакнете ги нозете
Вие сте спортски тип и телото, а посебно нозете би требало секогаш да ви бидат во прв план. Умеете да се дотерате за пет минути, а под влијание на Јупитер, изгледате како да сте поминале часови пред огледало. Сакате спортска елеганција, а очите ги истакнувате со јака шминка, што прекрасно ви стои.


Јарец – класична елеганција
Под влијание на владетелот Сатурн сакате класични дневни комбинации и женствени фризури. Секогаш бирате „проверени“ модели кои совршено ви стојат, но во посебни прилики умеете да засените сè околу себе со сина, црвена или виолетова боја.

Водолија – лелеаво и елегантно
Уран е планета на трендовите, бунтот и оригиналноста. Со изборот на облека нагласете ги сите ваши адути. Сакате добра облека, посебно чизми, а косата ви е секогаш средена, свежо исфенирана и стилизирана.

Риби – заводливи од глава до пети
Обвиткани со велот на заводливиот Нептун, вие имате младолика убавина. Вешто ги истакнувате своите адути – очите, косата, нозете и градите. Секоја дневна комбинација ја надополнувате со добро парче накит, а вашите раце секогаш се украсени со прстени и атрактивен лак за нокти.


Изменето од Valerija - 12.Јануари.2014 во 16:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 16:10
                                                               Најлошите астро комбинации
                                                                                                                                                                                                                                                                                                









Зодијакот може многу да ви помогне во тоа да откриете со кого си одговарате, а со кого не.
Без разлика дали верувате во хороскоп или не, постојат одредени комбинации на знаци кои би можеле да имаат проблеми во врската, па еве кои се тие:

Овен и Рак
Личностите родени во знакот на Овен се екстровертни и енергични и не се согласуваат најдобро со знаците кои се конзервативни и чувствителни, како што се Раковите. Иако не се тотално спротивни, врската меѓу Овенот и Ракот би била фрустрирачка, бидејќи имаат различни приоритети.

Рак и Водолија
Активниот и возбудив живот на Водолијата ќе делува привлечно за Ракот, но само на почетокот. Оваа врска ќе биде забавна и возбудлива можеби месец дена, а потоа ќе преовладува домашната личност на Ракот. Тоа на Водолијата брзо ќе и здосади, што може да доведе до расправии и можно неверство.


Лав и Бик
Двата знаци се многу тврдоглави и имаат различни приоритети. Лавовите сакаат слава и богатство, а Биковите сакаат стабилност и сигурност. Ниедна страна нема да попушти во расправија и тешко ќе прифаќаат промени. Меѓу нив може да има само почитување.

Шкорпија и Овен
Овие два знаци ќе бидат постојано во судир поради нивната независна природа. Можеби врската ќе ја започнат во кревет, но многу брзо ќе доживеат неуспех. Овенот по природа сака да флертува, а Шкорпијата ќе биде љубоморна.

Близнаци и Рак
Раковите се чувствителни и емотивни, а на Близнаците им недостига чувтвителност, особено додека го говорат она што го мислат. Раковите се премногу чувствителни за да излезат на крај со таквите личности.

Девица и Лав
Лавовите сакаат да трошат пари, а Девиците да чуваат. На многу врски им доаѓа крај поради парични несогласувања. Екстравагантната и опуштена природа на Лавот сигурно ќе дојде во конфликт со контроверзната и мирна природа на Девицата.


Вага и Јарец
Јарецот секогаш сака да ја има контролата во свои раце и секогаш работите бидат како што тие сакаат, што може да биде злоупотребувачко за Вагата која е со понежна природа. Јарците можат да бидат со променливо расположение и многу сестрани, за разлика од Вагите кои се прилично отворени за емоциите. Иако двајцата партнери се целосно различни, можеби би можеле да бидат заедно, ако се потрудат околу тоа.

Бик и Водолија
Осудени на пропаст и пред самиот почеток. Биковите сакаат стабилност, додека Водолиите сакаат побрзо темпо. Биковите се многу посесивни, што не одговара со опуштеноста на Водолијата.

Риби и Лав
Рибите се сонувачи и се многу чувствителни, што е контраст со ентузијастичната природа на Лавот. Потребата за внимание која ја покажуваат Лавовите, кај Рибите може да предизвика чувство на возбуда.

Стрелец и Јарец
Стрелецот сака да се смее и добро да си поминува. Јарците се приземни, а некогаш дури и меланхолични. Оптимистичниот став на Стрелците може да ги нервира Јарците и нивната врска е осудена на неуспех.


Водолија и Скорпија
Авантуристички настроената Водолија секогаш бара возбуда и нешто ново во животот, а Скорпијата сака посветеност и сигурност. Врската меѓу овие два знаци би можела да успее доколку Скорпијата од време на време отстапи малку простор за Водолијата.

Риби и Близнаци
На Близнаците им е неопходна целосна слобода. На Рибите им треба стабилност која Близнаците не можат да им ја овозможат. Рибите сакаат живот од бајките, исполнет со љубов и посветеност. Во почетокот меѓу нив може да има голема привлечност, но таа со текот на времето ќе исчезне. Близнаците се способни да бидат во љубовна врска, но имаат потреба да се чувствуваат слободно.

Девица и Близнаци
Девицата и Близнаците имаат поинакви пристапи во поглед на светот. Девиците се многу сериозни и практични, додека Близнаците изгледа имаат двојна личност и не можат да се одлучат за ништо.


Изменето од Valerija - 12.Јануари.2014 во 16:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 16:14
Најдобри подароци за секој хороскопски знак
                                                                                                                                                                                      







Во сезоната на празници не е лесно да се одлучите кому што да подарите, па сигурно мала помош добро ќе ви дојде.
Доволно е само да знаете кој хороскопски знак е личноста на која сакате да и купите подарок. Еве кои се најдобри подароци за секој хороскопски знак.

Овен
На енергичниот Овен купете му подарок кој ќе биде во склад со неговите најнови страсти. Без разлика дали тоа ќе биде прибор за цртање или уплатен курс за било што. Овенот едвај ќе чека да се впушти во новото хоби.

Бик
Вредните Бикови сакаат нешта кои ги опуштаат и што прават да се чувствуваат добро. Уплатете им еден ден во спа центар и масажа. Ќе бидат пресреќни.

Близнаци
Близнаците сакаат нови технички откритија и сѐ што ќе ја нахрани нивната љубопитност. iPad мини е подарок со кој нема да згрешите.


Рак
Подарок кој Ракот ќе може да го постави во дневната соба ќе биде најдобар подарок за овој знак. Ако, на пример, врамите фотографија со неговото омилено место каде тој бил на одмор, подарокот ќе го цени уште повеќе.

Лав
Лавот сака да се чувствува посебно и да биде максимално дотеран. Купете му, на пример, карта за некој важен настан и направете му ја таа вечер посебна - однесете го на вечера во скап ресторан и пијте некој ексклузивен пијалак.

Девица
Девиците имаат уникатен вкус и единствени интереси. Дознајте што сака и подарете нешто што е многу ретко и уникатно.


Вага
Вагите сакаат да бидат опкружени со нешта кои изгледаат убаво. Убав џемпер од кашмир, пар прекрасни обетки или убава вазна со букет цвеќе, ќе ја задоволат Вагата која е вљубена во убавината.

Скорпија
Сите скорпии имаат некоја опсесија, и сакаат работи поврзани со тоа.

Без разлика дали се работи за некој редок албум од нивниот омилен бенд или карти за предавање по квантна физика, ако на Скорпиите им купите нешто што ја храни нивната опсесија, ќе ви бидат бескрајно благодарни.

Стрелец
Стрелецот секогаш трага за нови авантури. Резервирајте викенд за двајца на некоја планина, или исполнете му го сонот и отидете со него на скокање со падобран.


Јарец
Јарците ги ценат убавите нешта и сакаат да добиваат подароци. Колку се подароците поскапоцени, толку подобро. Купете уникатно дизајнирана чанта, најновиот блендер или смартфон. Јарецот ќе биде воодушевен.

Водолија
Секогаш се отворени и подготвени да учат нови нешта. Водолиите би биле најсреќни да добијат нешто што ќе им овозможи да научат нешто ново или да стекнат некоја нова вештина. Уплатете им часови по некој јазик кој не го знаат, часови по танц или часови по сликање.

Риби
Рибите сакаат да бидат опкружени со убави нешта и со љубов. Купете им убав уметнички предмет - слика или скулптура, сет керамички садови или убава рачно изрезбана дрвена чинија.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 01:31
Бик и Водолија
Осудени на пропаст и пред самиот почеток. Биковите сакаат стабилност, додека Водолиите сакаат побрзо темпо. Биковите се многу посесивни, што не одговара со опуштеноста на Водолијата. nema vrska
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 13:31
Originally posted by SVOJA SVOJA напиша:

Бик и Водолија
Осудени на пропаст и пред самиот почеток. Биковите сакаат стабилност, додека Водолиите сакаат побрзо темпо. Биковите се многу посесивни, што не одговара со опуштеноста на Водолијата. nema vrska
точно е верувај 100% голема насмевка
Train hard,Fight easy !
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 13:35
Јас само ако некоја е Девица проверувам... другите не ги ни прашувам што се во хороскоп...
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 18:52
ne e tocno ,provereno 100%
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2014 во 10:56

Многумина се сложуваат дека хороскопот открива многу за карактерот, навиките и особините на човекот, но денес ви ја откриваме личноста според месецот во кој сте родени.

mesecot-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vasata-licnost-01

Проверете, ќе се изненадите од деталниот опис.

Јануари - личностите родени во овој месец се сериозни и амбициозни, сакаат да учат и да бидат подучувани. Внимателни се со туѓите маани и слабости, но сакаат да критикуваат. Сакаат да работат и продуктивни се, паметни, уредни и организирани. Чувствителни се и сакаат да ги усреќуваат луѓето околу себе. Вечно се мирни и воздржани, но на нив лошо влијаат возбудата и напнатоста, затоа што не сакаат исчекувања. Сакаат деца, лојални се и имаат постојана потреба за подобрување на социјалните врски. Исто така, знаат да бидат умерено љубоморни.

Февруари - родените во овој месец се вистински реалисти. Интелигентни и паметни, но склони се кон промени на личноста. Мирни се, срамежливи и скромни, искрени и предадени, но и доста темпераментни. Одлучни се во остварувањето на своите цели. Склони се кон бунтовничко однесување кога ќе почувствуваат дека слободата им е ограничена, затоа што ја обожаваат. Чувствителни се и лесно се навредуваат, а својата лутина и бес никогаш не ги кријат. Романтични се, но не сакаат да покажат. Сакаат да започнуваат нови пријателства, храбри се и тврдоглави. Си го сакаат слободното време и максимално го користат за забава.

Март - личностите родени во март се доверливи, срамежливи, резервирани и таинствени. Искрени се и имаат добра душа. Сакаат постојан мир и спокој, а сакаат и да им угодуваат на блиските и саканите. Не се лутат лесно, благодарни се и свесни за она што го заслужуваат. Но, сакаат да ја вратат секоја услуга која ја должат. Големи и вечни сонувачи се, имаат бујна фантазија и сакаат да патуваат. Одлични се кога се работи за изборот на партнерот и пријателите.

Април - родените во овој месец се активни и динамични. Одлучни се, но склони кон каења кога ќе донесат нерационална одлука. Сакаат да си ги задоволуваат своите потреби, а сакаат и кога се во центарот на вниманието. Пријателите им се нешто најважно во животот и сакаат да помагаат. Секогаш имаат решенија за туѓите проблеми и се најудобното рамо за плачење. Храбри се и бестрашни, но и емотивни. Знаат да бидат агресивни и по природа сакаат да вратат со лошо на секој кој заслужува. Се трудат секогаш да бидат во движење и да ги мотивираат другите. Лесно стануваат љубоморни, тоа им е единствената маана.

Мај - личностите родени во мај се тврдоглави и имаат затворено срце. Имаат силна волја и се секогаш мотивирани за остварување на личните цели и желби. Паметни се и лесно се лутат. Емотивни се, но и лесно потпаѓаат под туѓо влијание. Сакаат да сонуваат и имаат бујна фантазија. Полни се со разбирање, добри соговорници, ја сакаат книжевноста и уметноста, како и патувањата. Никогаш не сакаат да остануваат сами или затворени во еден простор. Внимателни се, храбри, но полни се со немирен дух.

Јуни - родените во месец јуни се пристојни, чувствителни и љубезни. Секогаш може да ги натерате да ги променат своите ставови и мислења. Чувствителни се и внимателни. Пребирливи се и секогаш го сакаат она што е најдобро. Но, често знаат да бидат и темпераментни, духовити и забавни. Друштвени се и лесно остваруваат пријателства. Ситничави се, сакаат да се дотеруваат и без проблем ќе ве предупредат ако некаде грешите. Ретко ги покажуваат своите најдлабоки емоции и им треба доста време да се оправат кога се повредени. Исто така, склони се кон филозофирање и објаснување со нивните непријатели.

Јули - родените во месец јули се забавни, таинствени и тешко е да ги разберете во потполност. Повеќето се мирни, освен кога се возбудени или напнати. Горделиви се, чесни, тактични и лесно достапни. Претерано емотивни се, но понекогаш и непредвидливи. Се грижат за туѓите чувства и пријателски се расположени, грижливи се и полни со љубов. Не сакаат да се одмаздуваат, простуваат, но тешко забораваат. Внимателни се и остроумни. Упорни се во остварување на целите кои ги зацртале. Често знаат да бидат склони кон претерана загриженост.

Август - личностите родени во август се атрактивни, храбри и бестрашни. Имаат одлики на добар водич затоа што лесно управуваат со туѓите емоции. Егоистични се, горделиви и сакаат пофалби на нивна сметка. Исто така, поседуваат извонреден дух. Лесно се лутат и не им е проблем да избувнат, но само ако се предизвикани. Инаку се внимателни. Знаат да бидат друштвени и лесно склопуваат пријателства, но кога се работи за љубовните врски, понекогаш се претерано љубоморни. Независни се, мислат брзо и лесно се снаоѓаат во животот.

Септември - родените во овој месец се секогаш внимателни и организирани. Склони се кон истакнување на туѓите грешки и сакаат да критизираат. Тивки се, но знаат да бидат доста гласни кога има потреба од тоа. Сочувствуваат со своите блиски, се грижат и лесно се врзуваат. Верни се и искрени, паметни и многу често тежнеат кон подобро образование и поопширни информации. Ги сакаат сите спортови, но сакаат и да одмараат на луксузни дестинации. Таинствени се, но полни со разбирање и мотивација. Тешко ги покажуваат чувствата, па затоа често се пребирливи кога се работи за љубовни партнери.

Октомври - оние кои се родени во октомври се атрактивни и гламурозни. Имаат прекрасен физички изглед, но и одлични мисли. Сакаат да разговараат, одговорни се и проблемите секогаш ги решаваат од корен. Не сакаат лаги или лажни маски. Сочувствуваат со своите пријатели, но лесно знаат да се навредат ако не го добијат истото за возврат. Добро проценуваат, одлучни се, полни со љубов и грижи и склони се кон фантазирање. Знаат да бидат брзи и претерано арогантни, но само во случаи кога се чувствуваат несигурно. Уште една маана им е лесното губење на довербата.

Ноември - личностите родени во овој месец се полни со идеи, секогаш размислуваат за иднината, уникатни се и брилијантни. Добро проценуваат луѓе, динамични се и љубопитни. Храбри се, одлучни и трпеливи. Не се лутат лесно и не се склони кон откажување, затоа што веруваат дека за секој проблем постои решение. Кога ќе се заљубат сакаат силно, емотивни се и романтични, но можат да бидат претерано непредвидливи во љубовта. Вреди да им верувате, затоа што се одлични во чување тајни. Единствено нешто што им е тешко да го контролираат се емоциите кои понекогаш буквално ги обземаат.

Декември - родените во овој месец се лојални и грижливи. Нестрпливи се и често избрзуваат. Активни се во игри и забави и сакаат да се дружат. Амбициозни се и лесно достигнуваат успех на секое поле. Ги сакаат пофалните зборови и вниманието кое го добиваат. Искрени се и не знаат да се преправаат. Не се егоистични, само се горделиви на она што ќе го достигнат. Сакаат да се шегуваат на своја, но и на туѓа сметка затоа што имаат добра смисла на хумор. Најсреќни се кога се сакани, затоа што тогаш се најмоќни. Единствена маана им е љубомората која не секогаш ја контролираат најдобро.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 107108109110111 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,312 секунди.