IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Прилеп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прилеп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 103104105106107 131>
Автор
Порака
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2012 во 00:56
Originally posted by laki_bu laki_bu напиша:

Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:


ajde za 20 denari edno krukce.....mlado i staro...vovcevo ne e zastanato плазењеголема насмевка



Sabota idam da se povozam i jasнамигнување

ke ti cuvam mesto vo prv red плазење
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2012 во 00:57
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

Originally posted by laki_bu laki_bu напиша:

Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:


ajde za 20 denari edno krukce.....mlado i staro...vovcevo ne e zastanato плазењеголема насмевка



Sabota idam da se povozam i jasнамигнување

ke ti cuvam mesto vo prv red плазење
A da go vozam jas.....aj rasprasaj se голема насмевка
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2012 во 00:58
da ne vozis mnogu ludo плазење
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2012 во 01:00
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

da ne vozis mnogu ludo плазење

Ke probame prvo na drugo prevozno sredstvo , pa potoa na vovcetoнамигнување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2012 во 14:11
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2012 во 21:26
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2012 во 21:34
Hа денот кога пред 5 години во собраќајна несреќа кај хрватскиот град Нова Градишка животоt го загуби најголемата македонска поп ѕвезда Тоше Проески, во центарот на Прилеп е подигнато спомен обележје-мозаик со неговиот лик.

Мозаикот во форма на солза, кој 4 години го работеше прилепскиот професор по физичко возпитување Ристо Тошески, е висок 5 а широк скоро 3 метри. Делото на Тошески го откупи Општина Прилеп за 600.000 денари изјави Градоначалникот Марјан Ристески и тој ќе биде поставен пред Центарот за култура Марко Цепенков.

- Градот, Локалната Сампуправа во соработка со Фондацијата ,,Тоше Проески,,  го откри спомен обележјето-мозаик кое е авторско дело на уметникот Ристо Тошески. Ова обележје градот го поставува со особен пиетет кон ликот и делото на кон овој наш млад починат музички уметник кој за својот краток животен век ни покажа како треба да се дeлува, како да се биде хуман човек, како да сакаат својот народ и својата татковина и како истата да се афирмира насекаде низ светот.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2012 во 23:56
чиј е споменикот, на ангелот или на Тоше???
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2012 во 13:48
мојот НАЈомилен прилепчанец 


Во 10без10 со Роберто Беличанец

Од 10без10   
06 Јуни 2011   
roberto-belicanec1

"Прилеп денес е град на светлечкото јојо – окото на Мордор кое пулсира и на кое му се радуваат легиите на Саурон"

РОБЕРТО БЕЛИЧАНЕЦ - извршен директор на Центарот за развој на медиуми

1.  Колку ви се одразува Прилепскиот "намус" во професионалниот живот во Скопје

Р.Б : Инаетот, борбеноста и мајтапот ми создаваат непријатели. Ама човек без непријатели не комплетен човек. Човек без непријатели е човек без став и мислење. Истите особини што ми создаваат професионални непријатели ми создаваат и пријатели. Како и да е... Тоа создава личност која што поларизира.  Скопје е многу поперфидна средина и често пати се чувствувам како натуршчик во филм. Како салонски идиот. Самосвесен, но не баш до крај поврзан со средината во која што се движам. Не знам колку тоа е прилепски "намус", а колку лична особина. Како што ми останал Прилеп во сеќавање секој морал да се избори за своето место на улиците, и тој дарвинистички инстинкт за опстанок  ме вадел од тешки ситуации и ми овозможувал да преживеам порази, да се соберам и да продолжам понатаму. Не било никогаш финта да не го признаеш поразот. Финта било да го преживееш, да се прегрупираш и да го претвориш во победа.

2. Која е вашата илустрација за медиумскиот образ на Македонија.?

Р.Б : Тоа е образ на една стара пријателка на ноќта која се повеќе става кал за да си ги покрие брчките создадени од многугодишно спиење по туѓи постели. Мора старата дама да се мачка со кал за да ја затегне кожата, за да не се види кај тие што и ги плаќаат услугите дека нема што да понуди. Мора да преживее таа дама. И требаат парите, а не знае ништо друго да работи кутрата. Сега се обидува сите да ги убеди дека калта со која што се мачка е лековита. Во темница, се уште не се гледа дека ја нема свежината од некогаш. А, ноќта, па и таа најдолгата завршува. Ќе биде интересно да се гледа како ќе ја преживее зората.

3. Дали сте доволно "сит" од понудената општествена дебата во македонскиот медиумски простор?

Р.Б : Такво животно нема. Ние не дискутираме. Ниту во медиумите, ниту меѓу себе. Сите кажуваме и никој никого не слуша. Кажуваме за да кажеме, а не за да најдеме решение. Хормоните се поважни од аргументите, хистеријата доминира. Поважно е кој што на кого му кажал и кој кому повеќе се искурчил отколку решавање на проблем. Дебатата има смисла кога води до решенија. Наместо дијалог – имаме пропаганда.

Пропагандата дополнително поларизира, и не закопува во ровови од кои пукаме едни врз други. Рејтингот е побитен од  политиката. И тоа пали. Пали затоа што осиромашениот плебс си ја лечи горчливата судбина преку гладијаторството што фингира дебата.  Тоа е пораз на демократскиот концепт и победа на популизмот. Но таа победа е привремена. Никогаш не се случило популизмот да ја победи демократијата. На долг рок тој секогаш губи. На нас останува да ја одредиме должина на тој долг рок. Ломовите што ќе следат ќе ги освестуваат луѓето на најсуровиот можен начин. За жал, хормоните и емоциите кои доминираат со македонската политичка сцена овозможуваат популистичка манипулација и пропаганда, но хормоните и емоциите се трошат. Не можете луѓето да ги држите нон-стоп возбудени. Рациото доаѓа после. Ќе го дочекаме и тоа сетики!

roberto-belicanec

4. Има ли простор во медиумите во Македонија маневарски простор за содржини од фахот на науката, документарните филмови, литературата, алтернативните вредности.. накратко содржини кои би ги деконтаминирале младите од тињата на валканите политички содржини?

Р.Б : Зошто би имало? Не гледам дека младите ги интересира такво нешто. Тие многу добро гледаат во какво општество живеат и се трудат да му се прилагодат. Ние немаме воспитувачи – ниту во школството, ниту во медиумите. Зошто некој би го објаснувал Хајзенберговиот принцип на неодреденост кога ВМРО е наша судбина! Зошто некој би одел на театар кога глумци има на сите страни, животот станува сценско дело во кое секој од нас си ја има главната улога, само жанрот е различен. Зошто некој би читал кога тоа боли. Да читаш значи да развиваш критичко мислење и вкус. И едното и другото се пречка во ова сурово време на волци и трговци со живо човечко месо. Да читаш денес значи да губиш време. Она што е на цена е акција – бесмислена, тупа, бесцелна акција. Колку поактивен дотолку поуботреблив за политичките елити. Колку поупотреблив – толку поголема шанса дека утре може да јадеш од државна копанка. Тоа е идеалот. Тоа е примерот на успешноста. Затоа – како муви без глави напред! Медиумите се на истата копанка и во истата кочина. Простор има само како личен избор. Избор да излезеш од духовната кочина и сам да си ги најдеш реперите. Медиумите кои некогаш биле социјализатори и поттикнувачи на критичкото мислење сега се мобилизатори што испорачуваат топовско месо за битките на нивните господари. Од  топовското месо се бара да загине на бојното поле, не да мисли. Тој што мисли не гине лесно.

5. Со кои очи го гледате Прилеп денес? Се согласувате ли со актуелниот  медиумски имиџ на градот?

Р.Б : Прилеп од битен град во македонската историја, од културен топос, од место на бунт и извор на македонската самостојност денес е претворен во паланка. Паланка која веќе нема приказни. Кога ќе умрат приказните за градот умира и градот. Прилеп денес е град кој како да излегол од фантазмагоријата на Еди Рама, легендарниот градоначелник на Тирана... Град на фарбани фасади по ликот на Тирана, затоа што нашиов кмет изгледа на некој воркшоп го сретнал Еди Рама и му се видело интересно да проба од Прилеп – Тирана да направи. Прилеп е град херој кој остана без херои. Остана без епика, но остана и без лирика. Нит се љуби, нит се бори! Прилеп денес е град на светлечкото јојо – окото на Мордор кое пулсира и на кое му се радуваат легиите на Саурон.  Градот кој некогаш имал најголем раст после Марибор денес е град на уништени сенки од луѓе. И да не се лажеме – градот се луѓето. Не се зградите! Префарбаната фасада на Цепенков не може да ја скрие суштината внатре.

Градската библиотека "Борка Талески" за мојата генерација беше исто што сега се кафичите на булеварот или во чаршијата. Дел од  дневната шема на градот и место на средби. Кафичите беа за навечер. Читаш една книга дневно или на два дена... Џабе е сега фарбата и шаховските фигури... Празнотијата зјапи и голта. Можеби престрого судам, ама Прилеп за мене денес е град без магија... Без приказна како што реков. Градот на Конески, на Ченто, на 12 народни херои, градот кој што во турската империја бил 4 панаѓурски град, градот на луѓето што ја измислувале Македонија... Денес е град на Марјан и на Сугаре... град без бунт, без идеја... Кога се спуштам со кола од Плетвар умот се уште си игра со мене и ми се раѓа топлина но додека да стигнам до дупката која со години стои незатрупана на раскрсницата кај "Солидност" веќе добивам желба да се вратам назад. Во мојата глава секогаш стои дека кога тогаш ќе се вратам на улиците на градот кај што сум растел... Природно ми е... Но тој град го нема.

6. Се препознавате ли денес во бунтовната средношколска слика или Роберто мутирал низ институциите?

Р.Б : Па немало институции низ кои што би мутирал. Односот кон институциите секогаш ми бил конфликтен – да се почитуваат, но да се менуваат за да им служат на луѓето, а не луѓето да им служат на институциите. Тоа е слободно живеење и тоа не се сменило. Не трпам паши и друг тип на феудалци. Немам респект кон моќта, а уште помалку кон силата. Не верувам дека наведната глава сабја не ја сече – напротив – најлесно ја сече, само треба да се спушти раката. Не верувам дека човекот е способен да создаде совршена творба. Мора вечно да се менуваме за да опстанеме и да просперираме. Не знам дали сум бил бунтовен како средношколец – веројанто сум бил... Но не сум бил бунтовен без причина. Моите бунтови секогаш имаат и цел и причина. Не е тоа дифузен бунт на човек кој не знае зошто е гневен... О, не! И тоа како добро знам што и кој ми смета и зошто. И никогаш тоа не заради мене и заради мои лични цели, секогаш тоа е поширока приказна околу која се врти приказната за слободата. Не само мојата лична, туку и на другите. Слободата е основен предуслов  за самоостварување на човекот . Не мислам дека трпењето спасува...

Трпењето создава робови.  Ваквите ставови ми овозможиле да изборам некоја лична слобода никој да не ме управува, никој да не ме насочува и никој да не ме злоупотребува. Можам денес да мислам, да зборувам, да работам и мирно да си се гледам во огледало знаеќи дека никој нема да ми се појави на врата и да побара да вратам некој долг со нешто што не сакам да направам. Не е малку!


Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 22:06
Se na se ubav grad.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2012 во 21:59
демократија...ебави демократијата...

СВЕДОШТВО: Во шок сум, џипот прегази жена, за малку и јас ќе настрадав!

Во шок сум, џипот прегази и жена, вели читателка на Скај сведочејки за настаните во Прилеп кои вечерва излегоа од контрола.

Како што претходно објави Скај, бело теренско возило се обидело да влезе во толпата и за влакно не ги прегазило граѓаните кои се поместиле од местото каде поминувал џипот.

Според информациите, се шпекулира дека во џипот се наоѓал платеник на режимот кој имал за цел да убие без да одговара.

Полицијата била ладнокрвна и не го уапсила човекот кој се обидел да ги убие граѓаните.

Инаку во Прилеп на вечерашните опозициски протести низ улиците имало илјадници граѓани кои порачале Груевски и Али Ахмети да си заминат од власта.


Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 23:43
Велат-
Ко че дојдиш во Прилеп не прај се курназ,оти од курназ има и покурназтрепкање
Скопје 2014 -добивте триумфална порта
еееее  вие во метрополата една ама ние четири ...да се знае бе кој е покурназзадоволство

Прилеп ќе добие четири големи порти во својот строг центар.

prilep_porti
На влезот од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ кон старата чаршија и Градскиот часовник предвидено е да се изградат четирите големи порти.

Портите ќе бидат изградени во стар препознатлив македонски стил кои на симболичен начин ќе го претставуваат влезот во Старата чаршија.

На портите во мермер ќе бидат напишани сите занаети кои некогаш и денес постојат во чаршијата.

Со тоа Старата чаршија ќе добие посебна привлечност и ќе претставува еден старински резерват во центарот на градот кој ќе привлече многу туристи, сметаат од општината.

Извор: Макфакс


Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 23:48
auuuuuuuuuuuu, ima ko lavirint da bide ох
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 23:55
сега после радоста и еуфоријата шо ја доживеав од веста за портиве, ме удри нова мислаголема насмевка
ако она црвеноно вовче на кое ќе се возеа Лаки и Габи(појма немам дали се извозија) не кошташе само 55 000 еврички колку ли ќе не коштаат четириве порти кои ќе го слават триумфот за убиството на занаетите и масовното затворање дуќани во последно време во старата чаршија?
бог знае колкави сметки за вода и комуналии ќе ни донесат следниот месец?
па фирмарини
па даноци....
ама ...триумф си е триумф бе,мора да се обележи...колку е поголем толку повеќе порти ќе изградиме



Изменето од Andjelina - 14.Март.2013 во 23:56
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 103104105106107 131>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.