IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 103104105106107 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:38

kakva-erotska-obleka-sakaat-horoskopskite-znaci-povekjeНикој не е имун на еротска долна облекаи за тие заводливи крпчиња секогаш има место во плакарот – и за подарување и за купување никогаш не...


...треба посебен повод.

Овен – Овните сакаат долна облека во боја, особено портокалова и црвена. Ако сакате да заведете Овен, одлучете се за комбинација на портокалов и црн сатен или свила. Сакаат и беби-дол стил. Овните без проблем ќе паднат и на црни подвезици или најлонки со чипка, а ако ги дополните со високи потпетици, тоа ќе биде полн погодок.

Бик – Биковите сакаат сè што е или многу предизвикувачко или многу детинесто. Црвената и црната се нивните омилени комбинации. Жените родени во тој знак обожуваат кожни штикли и мрежести чорапи. Машките припадници на овој знак ги привлекуваат жени со тетоважи и пирсинг. Некои Бикови се склони и кон врзување со лисици, околувратници...

kakva-erotska-obleka-sakaat-horoskopskite-znaci-1

Близнаци – Близнаците имаат доза на перверзија во себе. Уживаат во секси униформи, како медицински сестри, ушителки, полицаки... Тие ги посакуваат жените и во скапоцено кимоно или кожно трико.

Рак – Жените родени во овој знак сакаат долги проѕирни ноќници, покриени со шљокици. Омилени бои на долна облека им се зелената и црвената, а обожуваат и сатен. Раковите сакаат бела долна облека,  амногу жени родени во знакот на Рак сакаат да се облекуваат инфантилно. 

kakva-erotska-obleka-sakaat-horoskopskite-znaci-2

Лав – Лавиците сакаат долна облека со шари на тигар, леопард. Тие се сензуални суштества кои што сакаат малку крзно на својата кожа. Секој костум кој на себе има некој вид опашка или уши ќе им биде привлечен и секси. Сакаат свила, сатен, машнички, но и модели кои што с епародија на модата од педесеттите и шеесеттите години.

Девица – Жената родена во знакот на девица е многу скромна и преферира практична долна облека. Ако се подготвува за некоја секси акција, ќе одбере корсет и ќе ги стисне до максимум во струкот, а се чувствува секси и во чорапи со чипка и подвезици. 

Вага – Со Вагите владее божицата Венера па жените секогаш ќе одберат нешто најлудо и најсекси кога станува збор за секси долна облека. Црвената, жолтата и сината се омилени бои на овој секси знак, но сакаат да носат и златна долна облека, платформи, мрежести чорапи, подвезици и проѕирна долна облека.

kakva-erotska-obleka-sakaat-horoskopskite-znaci-3

Скорпија – Скорпиите се многу секси по природа и сакаат кожа, винил и пластика. Омилена боја им е црната. Паѓаат на фетиш опрема, како што се кучешки огрлици, јапонска опрема за врзување и ланци, а сакаат и тесни високи чизми.

Стрелец – Жените -  Стрелци ја обожуваат сензуалноста на корсетот и сексапилот кој им го даваат раквиците, чизмите и долната облека со многу копчиња. Многу сакаат плишани ткаенини. Виолетовата, црвената и зелената им се омилени бои.

kakva-erotska-obleka-sakaat-horoskopskite-znaci-4

Јарец – Јарецот е многу чувствителен знак и смета дека памукот е многу сензуален и секси. Високо квалитетна ноќница му е  секси на овој знак и ако е таа закопчана до грло. Ќе го возбуди облека со полно шљокици. Многу жени родени во овој знак сакаат да носат мрежасти чорапи и танги, сатенски градници и гаќички во розева, сина или жолта боја.

Водолија – Овој визионерски знак сака изразено тесна долна обелка оф футуристички и светкави материјали. Светло црвената и темно виолетовата с енивни омилени бои, а пердувите, маските, свилените траки и шалови им се омилени додатоци. Многу ги возбудуваат и викторијанските кожени чизми и женствени нараквици без прсти.

kakva-erotska-obleka-sakaat-horoskopskite-znaci-5

Риби – Рибите не се толку живи и диви сексуално, но многу сакаат убави памучни ноќници со розеви и сини траки, како и ноќници од ликра со цветни шари. Обожуваат штикли. На машките Риби ќе им се допадне жена која сака д аноси машка долна облека или преголема машка маица за спиење. Ги возбудува изгледот на невина студентка, но не можат да им одолеат ниту на секси подвезици или најлонки во комбинација со вратоврска или пеперутка машна.



Изменето од Valerija - 09.Декември.2013 во 13:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:40

Oткријте какви сте во кујната според хороскопот

Кога некој ќе ве повика на ручек или вечера, дознајте го неговиот хороскопски знак за однапред да откријте што ќе ве очекува во чинијата.

kakvi-ste-vo-kujnata-bikovite-sakaat-mnogu-slatki-jarcite-odlicno-podgotvuvaat-domasna-hrana-ribite-sakaat-dobro-servirana-trpeza-01

Секој хороскопски знак има посебна специјалност и омилена храна за готвење или јадење. Откријте кои се навиките, желбите и начините на подготовка храна за секој хороскопски знак што ве интересира.

Кога некој ќе ве повика на ручек или вечера, дознајте го неговиот хороскопски знак за однапред да откриете што ќе ве очекува во чинијата.

Овен
Овните се љубители на зачинетата храна и кога готват и кога јадат. Овните кога готват одбираат рецепти во кои може да експериментираат со многу зачини и да понудат нешто ново на своите гости. Храната во која ужива Овенот е зачинета, лута, но и необична мешавина од вкусови. Лута пиперка, чили сос, месо на повеќе начини, како и полуготови јадења се она што му се допаѓа на овој знак.

Бик
Биковите сакаат слатко, чоколадо, торта со многу шлаг. Припадниците на овој знак имаат среќа бидејќи на нив не се забележува дека можат да изедат премногу слатки. Биковите сакаат да пробуваат и во тоа уживаат. Не може да се каже дека се гурмани, туку повеќе се хедонисти. Важно е да не претеруваат.

Близнаци
Повеќе сакаат солени работи. Ако им се пријадат слатки, попрво ќе купат нешто од трафика, нешто мало, слатко, чоколадно. Поважно им е нешто да се напијат отколку да изедат. Не претеруваат со храната. Нив им е важно храната да се подготви брзо, исто брзо да се изеде и да биде лесна. Нивни најчест избор се супа, помфрит и бело месо.

kakvi-ste-vo-kujnata-bikovite-sakaat-mnogu-slatki-jarcite-odlicno-podgotvuvaat-domasna-hrana-ribite-sakaat-dobro-servirana-trpeza-4

Рак
Раковите главно сакаат традиционална храна по стари рецепти која ги потсетува на нивната мајка. Најважно им е ручекот да биде во кругот на семејството и убаво да се најадат. Супа, сарма и морски плодови се она во што најмногу уживаат. Ракот подготвува и најмногу сака домашна храна.

Лав
Лавот сака храна и ужива во неа во секоја прилика. Ако сакате да одите на гости кај Лавот, очекувајте пообилен оброк. Месо во која било варијанта и сите врсти торти се изборот на кралскиот знак. Не сакаат да штедат на храна, но важно е да не претеруваат во луксузирањето.

Девица
Девицата се придржува до здравата исхрана и одбира помали оброци. Припадниците на овој знак запознаени се со калориите, квалитетот и масната храна до детали. Истото важи и за подготовката. Ретко кога подготвуваат голема количина храна. Житарки, здрава и макробиотската храна се како создадени за Девиците.

kakvi-ste-vo-kujnata-bikovite-sakaat-mnogu-slatki-jarcite-odlicno-podgotvuvaat-domasna-hrana-ribite-sakaat-dobro-servirana-trpeza-5

Вага
Вагата е знак кој владее со умереноста. Тие никогаш нема да претераат и нема да дозволат да го уништат својот изглед. Ако не изгледаат идеално, нема да ги убедите дека не се совршени. Сакаат да јадат, уживаат во храната, но не и да ја подготвуваат. Не им е особено задоволство да готват за себе, но кога подготвуваат за партнерот или некој гостин, тоа е веќе поинаку. Главно се одлучуваат за подготвување лесна салата и некој десерт. Кај Вагите многу зависи од расположението, па нивниот избор на храна зависи од даден момент. Генерално не се големи љубители на слатките.

Скорпија
Специјалитети и необични јадења кои се подготвуваат по специјални рецепти се како создадени за Скорпиите. Припадниците на овој знак, ваквите јадења со леснотија ги подготвуваат дури и по најкомплицираните рецепти. Ако се одлучат да подготвуваат месо, тоа најчесто ќе биде скара или риба. Кога се во прашање слатките, најчесто сакат да подготвуваат и да јадат едноставни колачи со ореви, лешници и темна чоколада.

Стрелец
Стрелецот консумира голема количина храна, а припадниците на овој знак никако не можат да се одлучат дали ќе претераат во здрава или во нездрава храна. Уживаат во јадењата на странските кујни. Ретки се оние припадници кои не сакаат да готват, главно уживаат подготвувајќи храна за цело друштво, а што и да замислат тоа може и да го направат.

kakvi-ste-vo-kujnata-bikovite-sakaat-mnogu-slatki-jarcite-odlicno-podgotvuvaat-domasna-hrana-ribite-sakaat-dobro-servirana-trpeza-2

Јарец
Ако ви се јаде некој традиционален домашен оброк најавете му се на некој Јарец – ќе ви подготви што и да посакате. Погача, пита, некое традиционално јадење, но и индиска храна. Јарецот ја подготвува храната полека и по малку неволно. Мора сè да биде како што треба, не брза никаде и не го пресолува јадењето. Сака дури и да го сподели рецептот кој ви го подготвил.

Водолија
Припадниците на овој знак можат да подготват сè толку брзо и добро што нема да верувате дека нешто е направено за толку кратко време. Сакаат да го испробаат секој нов рецепт кој некој им го препорачал, бидејќи тоа им претставува предизвик. Исто така сакаат да пробаат сè што ќе направи некој друг. Но, ако не сте подготвени за критика, немојте да ги прашувате за мислење. Водолиите без влакна на јазикот ќе ви кажат што мислат.

Риби

Рибите сакаат да готват, но повеќе сакаат да дегустираат. Ситни колачи, пудинг, шејк се како создадени за овој знак. Тие сакаат да јадат, но не премногу. Со добро јадење важно им е да пијат добро вино, како и изгледот на масата и атмосферата. Кога се Рибите во прашање сè е важно. Ако одите на вечера кај некоја Риба однесете вино. Ако Рибата доаѓа кај вас, подгответе некои морски плодови, но важно е и убаво да ја декорирате храната. Рибата на ништо нема да најде замерка, а и ако нешто не ѝ се допадне, нема да ви каже.

kakvi-ste-vo-kujnata-bikovite-sakaat-mnogu-slatki-jarcite-odlicno-podgotvuvaat-domasna-hrana-ribite-sakaat-dobro-servirana-trpeza-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:42

Ако сакате да дознаете што вашите најблиски навистина сакаат да прават во своето слободно време, доволно е да го знаете нивниот знак за да откриете. Додека Биковите најмногу сакаат да уживаат во природата, Лавот сака ден без обврски, а Девиците обожаваат кога паметно ќе го искористат слободното време.

idealno-opustanje-spored-horoskopskiot-znak-01

Овенот најдобро се опушта со готвење
Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието. За него е најдобро да запише курс за готвење на кој ќе научи да припрема одлични специјалитети, со кој подоцна ќе ги изненади своите пријатели. На тој начин одлично ќе се забавува, ќе ужива во комплиментите и ќе се опушти. Освен тоа, ако сте родени во знакот на Овен, не заборавајте да сочувате некое старо вино кое ќе го дегустирате во друштво.

Бикот најдобро се забавува во природа
Биковите секогаш сакаат да го уредуваат дворот. Тие просто ја обожаваат природата, па затоа средувањето на дворот е одлична активност за нив. Мирните семејни вечери кои Бикот ги приредува за своите најблиски, исто така го смируваат бидејќи и тој ужива во вкусна храна и скапи вина.

Близнаците сакаат авантури
За Близнаците одлична забава е онаа која вклучува брзина, авантура и адреналин. Забавниот парк или пак денот поминат во базен со тобогани за него е одлична активност. Освен тоа, премиерите на новите филмови или претстави може да бидат одличен избор, но само ако е во одлично друштво.

За Раковите одлична забава е трачарењето
Раковите сакаат да набљудуваат други луѓе. Сакаат да минуваат време во нови кафичи, шопинг центри или плажи, секаде каде што има многу луѓе кои ќе бидат тема на разговор. Нив најважни им се пријателите кои ги опкружуваат со кои можат да споделат речиси сè.

Денот без обврски е одлична забава за Лавот
Лавот сака да даде сè од себе кога нешто прави. Но, исто толку обожава кога нема што да прави, па затоа кога има слободно време се одлучува да ужива во сонцето без да се оптеретува со секојдневните проблеми. За него секој ден без обврски е најзабавен ден, бидејќи максимално ќе го искористи онака како што сака. Лавовите се авантуристи кои сакаат предизвици, па затоа планинарењето е одличен начин да се опуштат.

Девиците сакаат паметно да го користат времето
Девицата не ја привлекуваат забавите или кино салите, таа сака слободното време да го искористи во добротворни цели. Сакаат кога нивните хобија се нивна забава. Не сакаат да трошат време на забави, претстави и филмови кои само ќе им го пополнат распоредот, без да имаат некаква корист од тоа.

Вагата често пати е неодлучна
Вагите се едни од најнеодлучните. Во еден момент сакаат да се на забава преполна со луѓе, а веќе следната минута копнеат по романтична прошетка во природа. Овој знак тешко се одлучува за луда забава, но затоа секогаш знае како да ужива во мирните вечери со своите пријатели.

За Скорпијата е забавно сè што содржи доза на мистериозност
Скорпиите секогаш се таинствени. Нив секогаш ги одушевуваат работи кои имаат врска со историјата и се по малку мистериозни. Одлична забава за Скорпиите се филмовите со таинствен крај. Освен тоа, секоја авантура е добредојдена, иако понекогаш сакаат да се опуштат на мирно место со своите најблиски без многу неочекувани моменти.

Спортските настани и концертите се изборот на Стрелците
Стрелецот често пати има необични идеи кои неговите пријатели не секогаш ги прифаќаат со воодушевување. Одењето на изложби или концерт на некои непознати уметници и музичари за нив е секогаш забавно. Сакаат да откриваат новости и да уживаат во непознатото. Сепак, Стрелците се љубители на спортот, па затоа за мажите родени во овој знак одлична забава се спортските натпревари.

Адреналинското искуство е идеално за Јарецот
Јарецот сака да се чувствува посебно и затоа не сака да присуствува на големи забави преполни со странци. Тој сака да седне на некое мирно место или пак да ужива во вечерата која тој ја подготвил за своите пријатели. Јарците најмногу ги ценат личностите кои ви животот ќе им предложат уникатна адреналинска активност.

За Водолиите единствена забава е доброто друштво
Водолиите се комуникативни и дружељубиви. Штом околу себе имаат многу луѓе, забавата може да започне. Тие сакаат да зборуваат за своите планови со блиски луѓе. Нивната смисла за хумор ќе ги воодушеви сите, па затоа во секое друштво неопходна е по една Водолија.

На Рибите доволно им е море и плажа за да уживаат
И Рибите сакаат да се дружат и да споделуваат искуства. Обожаваат групни активности, патувања, излети... Сè што е поврзано со излежување и уживање во природа. Сакаат кога некој ќе ги изненади со патување на егзотична дестинација, каде може да уживаат на плажа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:45

Овенот, Стрелецот и Лавот се најчесто мускулесто градени. Девиците и Јарците се ковчести, а Биковите и Вагите склони кон дебелеење. Очите се најистакнати кај Водолија, Риби и Близнаци.

fizickiot-izgled-i-horoskopot-koj-e-najdobro-graden-a-koj-ima-najprivlecna-nasmevka

1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер.

2. Биковите се препознатливи по симетрично лице и полни усни. Носот им е округол, а тенот сјаен. Телото обично им е пропорционално, па ако качуваат килограми обично се распределуваат пропорционално. Нивниот изглед остава впечаток на мекост и сила истовремено, се облекуваат елегантно, најчесто во зелено и кафено.

3. Истакнати очи го красат насмеаното лице на Близнаците. Имаат прилично долги раце и нозе, обично се витки и делуваат грациозно иако немаат истакнати мускули. Имаат прилично неизразен струк. Омилена боја жолта и сребрена.

4. Раковите имаат изразен нос и високо чело, кружно лице и истакнати јаболчници. Брадата е округла, косата темна и не претерано густа. Иако се витки, најчесто после 30-тата качуваа килограми. Имаат чувствителна кожа и краток врат. Суптилни се, а омилени бои им се црна и бела.

5. Широко чело и густа коса се карактеристики на вистински Лав. Убаво обликуван нос, силна мускулатура. Омилени бои жолта и портокалова. Сакаат и спортски аутфит.

6. Девиците се витки, а вишокот најчесто се насобира кај рацете и стомакот. Телото им е симетрично и складно како и цртите на лицето. Важат за убави луѓе. Сакаат неутрални и неупадливи комбинации во нијанси на сина и зелена.

7. Вагите имаат правилни црти на лицето. Обично се повисоки од просекот, а целокупниот изглед делува софистицирано. Често имаат впечатлива боја или фора на очите. Сакаат да се дотеруваат и истакнуваат со изгледот. Сакаат нијанси на сина и црвена.

8. Иако се слаби, Скорпиите делуваат силно и високо. Имаат нешто пошироки рамена од просекот и колкови. Лицата им се впечатливи, со сензуални усни, неправилен нос и продорни очи. Косата им е најчесто кафена и густа. Сакаат да изгледаат убаво, но не нападно. Омилени бои црна и сива.

9. Стрелецот има најдобра фигура во Зодијакот. Најчесто се просечно високи и спортски градени. Но, овие природни карактеристики ги уништуваат со прекумерно уживање во храната. Имаат по малку долгнавесто лице и изразени сини или зелени очи. Често имаат проблеми со опаѓање на косата. Сакаат спортски и лежерен изглед, а омилени им се силните бои.

10. Јарците имаат елегантен и долг врат и ковчести раменици. Најчесто се иски или со средна висина, профилот на лицето им е заоблен, а најчесто имаат увлечена брада и впечатливи заби со убава насмевка. Сакаат нијанси на зелена и кафена.

11. Водолиите се најчесто со средна висина или нешто пониски, со светол тен. Ако се здебелуваат често добиваат подбрадок, но ова се случува по 30-тата. Имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Широки меки усни, а омилени бои им се виолетова и сина.

12. Рибите имаат одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето. Најчесто имаат округло или долгнавесто лице, со сјајна коса. Горниот дел од телото обично  е потесен од долниот кој е заоблен и широк. Имаат сјајни очи и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелена и црвена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:46
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Не важи за сега, за следниот животсмеење демек ќе го има.


Таман да се обедини Македонија
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:46

Се ближи периодот на прослави и подарувања, па затоа почнете на време да одбирате новогодишни подароци за своите најмили.

idealen-podarok-za-sekoj-znak-na-zodijakot

Во случај да не знаете со што би можеле да ја израдувате драгата личност, побарајте идеа во нашиот мал водич, составен врз основа на хороскопскиот карактер на секој знак на Зодијакот.

Одберете подарок од срце. Оној што го прима подарокот ќе се израдува, пред се, од искреното внимание, нежната порака и искажаните чувства.

Овен – полн со енергија и посветен на спортот
Совршен подарок за Овенот е спортски викенд. Било кој оригинален подарок, совршено ќе му одговара на овој знак. Ќе биде презадоволен со секој единствен подарок.

Бик – обожува луксуз и се вистински гурмани
Подарете им скапо чоколадо, вечера во луксузен ресторан, или најнова масажа во познат спа-центар. Рачно изработен накит, или вредни детали за дом кои ќе ги инспирираат. Не заборавајте подарокот да им го спакувате внимателно и уредно.

Близнаци – големи интелектуалци и вечни деца
Одушевете ги со карти за концерт на омилената музичка група, годишна претплата на нивното омилено списание, или најновиот албум од изведувачот кој го обожуваат.

Рак – перфексионисти и големи емотивци
Ќе им се допадне романтична вечера за двајца, букет цвеќе или ново парче гардероба за нивната маркирана колекција. Интересот за нивното хоби ќе го ценат повеќе одошто скапоцените подароци.

Лав – сакаат да ги третирате како кралеви
Вистинскиот избор е: луксузни цигари, ретки вина, карти за театар, или концерт. За нив, всушност најважно е да бидат во центарот на вниманието.

Девици – вечни романтичари
Кога купувате подарок за Девица, морате навистина да се потрудите. Дефинитивно, обидете се да најдете нешто практично и едноставно, а поврзано со активностите и хобито кое тие го сакаат.

Вага – не очекуваат многу, но ги сметаат за најголеми естети во хороскопот
Ќе им се допадне сè што ќе им подарите, ЦД, книга или цвеќе, ќе биде доволно. Дозволено е сè освен кич.

Скорпија – тешки барања
Сакаат скапи работи и имаат силно чувство за мода. Ќе го погодите нивниот вкус со на пример парче облека која сте ја купиле онлајн, а која преставува последен збор на модата. Но, бидете внимателни – за нешто такво да направите, треба добро да ги познавате!

Стрелец – весел и немирен
Пронејдете „луда“ ситница, интересно парче накит или да речеме пат на далечна и егзотична дестинација.

Јарец – исклучително сериозен и со чувство за совршенство
Ќе им го разубавите денот ако ги повикате на ручек, или интересна уметничка изложба. Сакаат и практични – корисни подароци, па затоа слушајте добро што им е потребно.

Водолија – сакаат да бидат мазени и пазени
Кај нив секогаш „ќе запали“ нешто интересно. Подароците за нив треба да бидат оригинални и интересни. Интересна играчка, карти за хит комедија, или да речеме ситница за автомобил – тоа се работи кои ќе ги направат среќни.

Риби – нежни и внимателни, вистински уметнички души
За нив морате добро да се потрудите, бидејќи најмногу ќе им се допадне подарокот кој сте го направиле со сопствените раце. Ако немате време да им направите нешто во малата домашна работилница, ќе ги направите среќни со рачно изработена рамка за фотографија, удобни папучи, или часови по јога.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:47

Дали хороскопскиот знак може да го предвиви обликот на окото? Познавачите велат дека може.

dali-vasite-oci-se-vo-soglasnost-so-horoskopskiot-znak

Овој графикон со очи е нацртан според хороскопот, според обликот и начинот на шминкање карактеристичен за секој од дванаесетте знаци.

Сите цртежи се базирани на особините и боите кои традиционално се поврзуваат со секој поединечен хороскопски знак.

Овен – најсамодоверливите, сезнаечки очи на Зодијакот.

Бик – земјен поглед кој пробива.

Близнаци – пријателски, искрени очи.

Рак – многу јасни белки, срамежливи очи.

Лав – разиграни очи кои што порачуваат „не сакате хаос со мене, но нема да има губење време, ако го направите тоа!“

Девица – критичарско проучување на љубопитни очи.

Вага – вечната надеж и непрестаното одмерување на опциите се гледа и во очите.

Скорпија – продорен поглед кој ќе ве „закова на место“ и ги пробива сите оклопи.

Стрелец – тежок, мудар поглед кој тера да се колебате иако ништо не сте згрешиле.

Јарец – харизматични и забавни, но не им е гајле за нешто што се случува надвор од нивниот свет.

Водолија – зрачат со добрина, постојано ја пребаруваат околината во потрага за нешто што ќе ги разбуди нивните уметнички склоности.

Риби – водени, очи полни фантазија, кои како да знаат да гледаат во иднината

Дали цртежот на окото му дговара на вашиот знак?

Дали сакате да употребувате слични сенки и нијанси како што е преставено на овој цртеж?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:48
1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер.

ОД прва до последна буква точно

Изменето од Crna Arapina - 09.Декември.2013 во 13:48
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:48

Каква е вашата романтична историја со хороскопските знаци? Ви одговараат Риби, Лавови или пак Водолии? Не знаевте зошто не ви оди со било кои други?

koj-horoskopski-znak-e-najseksi-01

Дознајте каква е личноста во љубовта и сексот преку хороскопот и откријте кој знак најмногу ви одговара.

Овен: Едно минутен освојувач
Овој огнен знак е познат по тоа што цели многу прецизно. Тие немаат грижа на совест да ги споделат своите желби и фантазии. Но, има мал проблем со овие ловци – тие секогаш брзаат да стигнат до единствената цел која си ја поставиле. Па, доколку сакате да добиете нешто во најбрз можен рок, секогаш е добро да одберете Овен.

Бик: Романтичар
За разлика од Овенот, Биковите сакаат да имаат време за размислување и дејствување. Планираат долгорочно како да заведат или да бидат заведени. И кога еднаш Бикот ќе ве здогледа и реши дека сака да сте негови, верувајте дека ве очекува долга предигра. Ако романтиката е ваш избор, Бикот е одличен знак за вас.

Близнаци: Зборувач
Близнаците сакаат кога е сè јасно кажано. Ако имате едноставен вкус може да останете зачудени и шокирани од заводливите монолози на Близнаците. Но, ако телефонскиот секс е ваша омилена работа, тогаш Близнаците се совршениот пар за вас. Бидете подготвени дека ќе го искусите крајот на светот со нив.

Рак: Љубовник
Раковите се доста чувствителен знак, што значи дека сексот за нив не е само физички акт. Тие уживаат во љубовта, ја почитуваат вредноста на сите добри нешта. Ако планирате да се разголите пред Рак бидете подготвени на долга и интензивна вечер, преполна со емоции. И можеби неколку солзи потоа.

Лав: Нарцис
Страсните и авантуристички настроени Лавови се она што ви е потребно ако сакавте неверојатно задоволство. Тие се родени да доминираат во секој поглед, па така и во креветот. Не се помируваат лесно ако некој сака да им го заземе местото заради нивната преголема самодоверба. Ако одберете Лав партнер или партнерка, бидете подготвени за ноќи кои нема да ги заборавите никогаш.

Девица: Зависник од секс
Колку и да е контрадикторно, на прв поглед срамежливите Девици обожаваат да го растресат вашиот свет. Еднаш кога Девицата ќе ве запознае и ќе ви верува доволно, пазете се. Бидете подготвени дека нема да имате една мирна ноќ.

Вага: Уметник
Уметници во смисла на уникатноста со која ќе ве орасположат. Тие кријат совршена хармонија во врските и почитување на секој скапоцен момент. Сакаат да експериментираат со масла, масажи и тивка музика и неколку интересни сценарија кои во моментот ќе ги смислат. Ако сте со Вага, подгответе се за уникатни авантури.

Скорпија: Огнени љубовници
Страствените Скорпии се најжешките љубовници во кревет.  Иако нивната сексуална моќ и магнетизам тешко може да се игнорираат, впуштајќи се во кревет со Скорпија може да има навистина негативни последици. Додека вие сè уште уживате, тие веќе смислуваат како да го напуштат креветот и да избегаат што подалеку.

Стрелец: Вечни ловци
Господари се кога станува збор за заведување и за ловење на нешто ново и возбудливо. Ги користат сите можни средства за заведување и искрено ги искажуваат желбите кои ги имаат. По само една вечер со нив ќе се чувствувате беспомошно, иако дотогаш сметавте дека имате неверојатна сексуална моќ. Тие едноставно владеат со сите.

Јарец: Трпеливи љубовници
Јарците се чудни љубовници – бавни кога го прават првиот чекор, трпеливи и кога не очекувате дека има простор за тоа, а кога веќе еднаш ќе завладеат со вас ќе ве натераат да не помислите на ништо друго освен нив. Бидете трпеливи со Јарците и за сметка на трпението ќе бидете соодветно наградени.

Водолија: Собирач на играчки
Ако сте со некој кој сака да експериментира под чаршавот или пак да го зачини сексот со многу играчки, масла и костими, тогаш се справувате со типична Водолија. Секогаш спремни за нешто ново и жртвуваат сè само за до достигнат врвно задоволство или да го дадат истото. Водолиите се знаци кои ретко кој може да ги скроти, затоа ако барате мирни и едноставни ноќи бегајте од нив.

Риби: Верен љубовник
Многу слични на Ракот, Рибите ја ценат вредноста на емоциите. За нив сексот е нешто повеќе од само физичка активност. Страст, љубов, внимание и трпеливост е сè што ќе пронајдете кај нив. Но, сепак вие ќе треба да ја завршите целата работа. Не сакаат доминација врз некој друг и често пати се мрзеливи. Најдобро одговараат на некој знак кој сака да експериментира и доминира, нешто како Водолијата.



Изменето од Valerija - 09.Декември.2013 во 13:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:50

Било да сакате да читате, или да подарувате книги, дознајте како влијаат ѕвездите на нашиот книжевен вкус. Овните не сакаат романтични приказни, Биковите можат и без книга, a Близнаците сакаат да ги купуваат.

kakvi-knigi-obozavaat-horoskopskite-znaci-1

Овен
Овните сакаат да читаат, но не по препорака, бидејќи тие самите знаат што е добро. Во секој случај сакаат забавна романтика, понекогаш саркастична. Главните ликови треба да се успешни, борбени, силни, бидејќи само како такви може да бидат прифатени од страна на Овните. Не сакаат патетика, не сакаат романтични приказни.

Бик
Романтични приказни, голема љубов, но и практични совети за подобар и поквалитетен живот, е изборот на овој знак кога се во прашање книгите. Не сакаат да губат време на негативни страни, секогаш читаат нешто конструктивно, но и класика.

Близнаци
За добар почеток на денот Близнаците повеќе сакаат да одберат весници отколку книги. Иако сакаат да читаат, мораат прво да ги слушнат сите препораки за некое дело, па дури тогаш да се фрлат на читање. Близнаците, покрај Девиците и Стрелците најмногу сакаат да купуваат книги.

Рак
Раковите сакаат патриотски книги и бајки. Поезијата исто така им е драга, но и биографиите на славните личности. Ако му подарувате книга на Рак, бидете запознаени со тоа што сака да прави, дали има хоби и во согласност со тоа одберете.

Лав
Лавовите сакаат историски романи, како и книги чии теми се општеството и власта. Книгите за принцовите, владетелите и богатството се омилено четиво за Лавовите. Блиска им е и литературата во врска со деловниот успех и сè што им ја зајакнува самодовербата.

Девица
Девиците читаат само проверена литература. Ним не можете туку така да им подарите книга. Добро се информирани пред да ја купат. Бидејќи Девицата е добро информирана, сака да прочита препорака на интернет, на форуми и искрено ќе ви каже дали некоја книга и се допаѓа или не.

Вага
Љубовните романи, книги кои ја величаат убавината и животот се најдобриот предлог за претставниците на овој знак. Потрудете се да не ги натерате да читаат, бидејќи тогаш сигурно тоа нема да го направат, тие мораат за сè самите да се заинтересираат.

Скорпија
Темите кои се мрачни, тајни, табу теми, ќе преовладуваат на полиците од домашната библиотека на овој знак. Книгите за војна, секс и смрт се најлесни за разбирање за Скорпиите.

Стрелец
Стрелците сакаат филозофски книги и патописи. Може да читаат сè, но ако некоја книга им досади, веднаш поминуваат на друга. Припадник на овој знак тешко дека ќе чита бестселер. Сакаат патописи, класика, сериозна литература. Атласот е вистински подарок за Стрелците.

Јарец
Историските теми, класиката и практичната литература е она што го сакаат Јарците. Овој знак сака антиквитети, стари работи, па книгите од тие области ќе им бидат интересни. Бестселерите не ги интересираат, а книгите кои ги сакаат ќе ги прочитаат неколку пати.

Водолија
Водолиите сакаат необични книги, за научници и наука, како и научна фантастика. Сакаат книги кои бараат внимание, размислување, а не некое лесно четиво кое што опушта.

Риби
Романтичните приказни, романите чиј што заплет се случува во сон... тоа  е она што го сакаат Рибите. Фантазиите, бајките, научната фантастика и филозофијата ќе го задржат вниманието на Рибите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 13:51
Што ги вади од такт хороскопските знаци?

Секој човек нешто го нервира и може да го извади од такт. Ова се работите кои не можат да ги поднесат хороскопските знаци.

Овен

Овните најчесто ги нервираат ситници, како сообраќаен метеж или долг ред во супермаркет. Знаат и да збеснат, но брзо се смируваат.

Бик

Бикот го нервира недостаток на секс, брзање, лошиот вкус кај другите луѓе и непознавање на општите правила на однесување. Ги нервира и несигурна финансиска состојба.

Близнаци

Близнаците не трпат арогантни луѓе, како и песимистички личности со ограничени ставови и луѓе кои немаат смисла за хумор. Не сакаат кога некој ги прекинува или кога се наоѓаат во ситуација во која мораат да ќутат.

Рак

Не сакаат кога се гладни, кога им е топло или ладно и кога се неудобно облечени. Не сакаат провокации, неправди и неблагодарност. Ги нервира кога некој не го почитува нивното мислење.

Лав

Лавовите ги нервира дебелина, работа за време на големи горештини и недостаток на пари за луксузирање. Ги нервираат и моменти во кои тие излегуваат понеспособни од некој друг.

Девица

Девиците ги нервира неред, каснење, невозвраќање на телефонски повици, луѓе кои постојано се жалат и кога некој друг ја плаќа сметката. Многу се нервираат кога мораат да прават промени во нивниот распоред.

Вага

Не сакаат кога некој им вика или кога некој се однесува спрема нив без почит. Од такт ги вади дури и помислата дека не можат да го изразат своето мислење, а незадоволството од својот изглед може да ги излуди.

Скорпија

Не сакаат луѓе кои позајмуваат нешто, а потоа не го враќаат. Не сакаат луѓе кои шират лаги за нив, а не сакаат ни тајни.

Стрелец

Не сакаат лаги, приговарање и луѓе кои се обидуваат да им го контролираат животот. Не сакаат да седат дома и ги нервира кога немаат можност да уживаат во своето хоби.

Јарец

Не сака несоодветно однесување на други луѓе, друштво кое не им се допаѓа, како и трошење премногу пари. Исто така, ги нервира ако некој близок не им верува.

Водолија

Не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат како што е побарано од нив, а не како што сакаат или кога некој им замерува за тоа што го носат. Најмногу ги нервира кога ќе ги изневери партнерот или некој близок.

Риби

Не сакаат сарказам и провокации. Ги нервира ако луѓето не го ценат нивниот труд. Не си ја сакаат својата постојана желба за благо, мразат доцни ноќни повици и барање место за паркинг.

Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 22:35

Рак: Љубовник
Раковите се доста чувствителен знак, што значи дека сексот за нив не е само физички акт. Тие уживаат во љубовта, ја почитуваат вредноста на сите добри нешта. Ако планирате да се разголите пред Рак бидете подготвени на долга и интензивна вечер, преполна со емоции. И можеби неколку солзи потоа.

..ova na krajov ispagja deka ke se istepame ..ili sto???


Рак

Не сакаат кога се гладни, кога им е топло или ладно и кога се неудобно облечени. Не сакаат провокации, неправди и неблагодарност. Ги нервира кога некој не го почитува нивното мислење.


...pa i ne se sl*gam bas najubavo so horoskopovплазење



Изменето од laki_bu - 09.Декември.2013 во 22:48
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2013 во 22:45
Водолија

Не сакаат ситуации во кои мораат да се однесуваат како што е побарано од нив, а не како што сакаат или кога некој им замерува за тоа што го носат. Најмногу ги нервира кога ќе ги изневери партнерот или некој близок.

Точно!Шо ги боле јас што носам мене важно ми е тамам.
I just wanna feel real love.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 16:28

Се наближува дочекот на најлудата ноќ. Веројатно како и повеќето припаднички на поубавиот пол во дилема сте како да се облечете и да заблескате во полн сјај. Каков фустан, чевли, шминка да одберете, а во исто време да изгледате оригинално и несекојдневно. Прочитајте ги советите според  ѕвездите и планетите.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-01

Овен

Овните се познати како луѓе од акција – модата често не ги интересира, најважно им е гардеробата да е удобна и практична, бидејќи постојано се во некое брзање и акција. Најдобро е да изберете фустан со јасен и дефиниран крој. Одберете црвена или бела боја, а дополнете со некој необичен накит.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-1

Бик

Жените во знакот на бик многу е важно да се чувствуваат удобно и пријатно. Одберете лесен и лелеав фустан од меки и пријатни материјали. Внимавајте и вашите чевли да бидат удобни.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-2

Близнаци

Близнаците се љубители на силни бои и необични дезени или нешто што изгледа лесно за трансформација и кое ќе ви даде уникатен изглед. Најдобро е да се одлучите за нешто смело и необично.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-3

Рак

Раковите сакаат романтичен и женствен изглед поради коj се чувствуваат привлечни за посилниот пол. Поради тоа секогаш се определуваат за фустан, наместо панталони кои за нив се премногу мажествени и конвенционални. Изберете елегантен сребрен фустан кој ќе ги истакне вашите облини, а сето тоа дополнето го со црвен кармин.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-4

Лав

Колку пооригинална фризура, толку поголема сигурност. Долга распуштена коса или изразито кратка – со вас нема компромиси. Фустанот нека биде во златна, црвена или виолетова боја, како што доликува на владетелот во хороскопот. Потпетици високи најмалку 10 см ќе направат да бидете ѕвезда на вечерта.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-5

Девица

Деталите и перфекцијата се нешто што има најголемо значење за жените родени во овој знак . Евтини и едноставни работи не одат со вашата гламурозна личност. Вие сакате елегантни фустани со беспрекорен крој без многу детали, кои изразуваат софистицираност.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-6

Вага

Вагите обожаваат скапи, софистицирани материјали и аксесоари. Прав избор за вас е некој впечатлив брош или елегантни ракавици. Ниту еден друг знак нема толку стил како Вагата, ниту може да го изрази на тој начин. Црн фустан е вистински погодок за вас со неизбежен детаљ по кој ќе бидете забележани.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-7

Скорпија

Вие сте природно заводлива и мистериозна жена. Покрај тоа, најчесто се определувате за црно секси фустанче и високи потпетици. Оваа година ви советуваме да се определите за некоја посилна боја и необични чевли сигурно ќе ги остави без здив сите околу вас. Црвен фустан, сребрени чевли и необичен накит ќе го направат вашиот изглед несекојдневен. Не заборавајте и јака шминка со која ќе ги нагласите вашите очи.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-8

Стрелец

За Стрелците прав избор се панталоните. Вие просто знаете како да ги носите и во нив да изгледате подобро од дамите во фустан. Вашата природа бара удобност и спонтани движења, затоа често ги носите и најдобро се чувствувате. На најлудата ноќ ви советуваме да ставите акцент на нозете и да заблескате во впечатливи светкави хеланки или со интересен дезен на хулахопки. Високите потпетици се задолжителни за секоја дама.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-9

Јарец

Како суптилна, едноставна и конзервативна жена, вие најдобро се чувствувате  во елегантни панталони или едноставен фустан со скромен и едноставен крој и дезен. Ваши омилени бои се сива, црна или кафена. Сето тоа комбинирајте го со модерни чевли кои совршено одговараат со вашиот отмен карактер. Во новогодишната ноќ останете дама, бидејќи тоа најдобро ви прилега.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-10

Водолија

Колку пооригинално, толку подобро. Водолиите се сè само не обични припаднички на хороскопот. Водолиите најдобро знаат со помош на облеката да ја изразат својата оригиналност и немирен дух. Кога се модните експерименти во прашање, нема комбинација која не може да ја износите на правилен начин. Останете доследни на својата природа и определете се за фустан во етно фазон или необичен принт. Накитот нека ви биде впечатлив и што поброен.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-11

Риби

Вие сте чувствителна уметничка душа која на секоја креација знае да даде личен печат. Елегантен брош или уникатен накит е она што треба да го украси вашиот новогодишен изглед. Дрски бои и смели модели не одговараат на вашиот нежен карактер. Додека, светкавите златни или бели дезени се како создадени за вас. Водете сметка за тоа чевлите да ви бидат удобни, бидејќи нежните чекори и заводливиот поглед се ваши најголеми адути.

kako-da-se-oblecete-na-novogodisnata-nok-spored-horoskopot-12

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 103104105106107 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,311 секунди.