IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонско јадење на словенскиот ручек во „Виена“
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонско јадење на словенскиот ручек во „Виена“

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонско јадење на словенскиот ручек во „Виена“
    Испратена: 27.Јуни.2012 во 02:39

Петроградскиот весник „Гражданин“ (бр. 37, 16.IX.1912)

makedonsko-jadenje-vo-viena

Деновиве бев на словенскиот ручек во „Виена“. Кога сум на овие четврткови ручеци, неволно ме поразува некаквочудно и жално совпаѓање, насекаде каде што се судираат словенските интереси, бездруго веднаш се појавува веќе готовиот австриски рецепт, веќе се чувствува мирисот на „виенската кујна".И би сакал да верувам, би сакал да мислам дека овие ручеци не се фатално предзнаменување на вечната зависност од „виенската кујна“, и штом ќе треба да се приготви словенско јадење ние нема, како криловскиот „Васка“, да слушаме и да јадеме кога браќата Словени ќе ги донесат на нашите ручеци своите словенски таги, своите словенски мисли, и врз нашите решенија нема да повлијае призракот на блиската и заедно со тоа далечна за нас „виенска кујна", туку тој ќе ни вели: „Спомни си за атињанците“!

Јас го одбележувам овој последен ручек, на кој потомците на светите Кирил и Методија не нагостија со своите национални македонски јадења приготвени со солзи, наситени со крв, зашто чувствувам долг да му ги претставам на општеството овие со крв и солзи напишани зборови на Македонците, особено затоа што овие зборови, обраќања кон Русија, запазувајќи ја за неа целата висина на голема словенска држава, не повикуваат за ново пролевање руска крв за Словените.

Македонците, откако ни ја претставија сликата на ужасната положба на својата татковина, истовремено ни го оцртаа патот за спасувањето на Македонија од пропаста, а Европа од војната. Подолу јас го наведувам во целост писмото добиено од Битола, а сега ќе се запрам на некои мисли што ми ги искажаа претставниците на Македонската колонија кога ме посетија следниот ден по ручекот.

Да, рекоа тие положбата е критична. Во Македонија мириса на смрт. Единствениот спас на нашето дело, на нашата независност, а заедно со тоа и спасот на Европа од војна, тоа е вмешувањето на Русија, но не во форма на поддршка на словенскиот сојуз против Турција, ами морална поддршка на Македонија, брз и решителен притисок врз Турција заради неодложно спроведување реформи во Македонија. Овој морален притисок ќа го спаси делото, ќе го отстрани надвиснатиот призрак на војната.

Македонците јарко ми ги оцртаа сите лоши последици од обединувањето на Словените за борба со Турција и решителната непожелност сојузот да биде поддржан од Русија.

Без поддршката од Русија овој српско-бугарско-грчки сојуз нема да ризикува да и објави војна на Турција; сите нивни надежи се на Русија. „Австрија знае велат Македонците — дека нема да има победа на сојузот без помошта од Русија, па затоа веќе си ја подготвува  улогата на помирувач: ќе се дигне преку Пазарскиот санџак и ќе ја окупира Македонија. Оваа окупација за Словените ќе биде полоша од зависноста од Турците, бидејќи при последнава положба сетики има надежи. Самата победа на словенскиот сојуз, ако се реализира, апсолутно е непожелна од словенско гледиште, зошто тоа ќе биде парастас над потомците на Кирила и Методија: ќе ја разделат Македонија на три дела, ќе биде привремен триумф над нејзиното тело, но никој нема да биде задоволен: ќе се наложи да војуваат со делачите, и нема да има бел ден за Словените. Ако Русија му укаже поддршка на словенскиот сојуз, што малку е веројатно, тогаш резултатите бездруго ќе бидат европска војна и разделба на Македонија ќе се наруши европската рамнотежа. Ако Русија, велат Македонците, морално се замеша во спроведувањето реформи од Турција во Македонија, ако ја помогне нејзината независност, автономијата, по можност со христијански губернатор, тогаш со тоа таа ќе ја покаже пожелноста за поддршка на потомците на светите Кирил и Методија. Во Европа ќе биде зачувана рамнотежата, ќе се прекратат раздорите помеѓу балкансккте држави заради Македонија.

Македонците сакаат политичка слобода, но и општественото мнение (народот) во Србија и во Бугарија исто така сака слобода за Македонија, бидејќи тогаш Македонците ќе си се вратат во татковината. Се разбира, во Бугарија и во Србија има и стремежи за создавање Голема Бугарија или Голема Србија, но тоа не е гласот на народот“.

Во овој глас на крвта и душата на Македонците мене особено ме опфати мислата за големата улога што може Русија бескрвно да ја одигра во ова дело за спасување на драгите на Русија потомци на Кирила и Методија. „Не се сака активно учество на Русија, ние не бараме ваша крв, се слушаат зборовите на Македонците: ние веруваме во величината на моралната моќ на Русија, ние сакаме свесно да влеземе во заедницата на државите на Европа, ние сакаме мир во Европа и благосостојба на браќата Словени. И таа верба во моќта на рускиот збор во Европа не треба да биде угаслива: Русија треба да изврши морално влијание врз Турција, за неодложно спроведување реформи во Македонија" и да ја олади пепелта на словенскиот сојуз што може да ја наруши европската  рамнотежа. Русија треба да го направи ова како голема словенска држава, во името на запазувањето на својот престиж кај Словените и во интерес на европскиот мир".

Така зборуваат Македонците.

Статијата е објавена во Петроградскиот весник „Гражданин“ (бр. 37, 16.IX.1912)

Уредил: Андонов Благојче


п.с.
Ме известија дека некои форумџии од соседството ми биле големи фанови , па затоа за да им се оддолжам им ја покажувам оваа статија , па сега нека одат да си ја земат наградата од еден милион лева.

п.с.с
Каснаковски доста се криеш и вртиш околу идивиди , ела си птицо моја да те научам уште нешто за историја.намигнување


Изменето од mungos80 - 27.Јуни.2012 во 02:40
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 09:19
бате, ем словени ем македонци
треба да расчистите
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 09:26
Види кој зборува?! Ем Бугари ем Словени, ем Шопи ем, ем.....?

Господ тоа неможе да го расчисти, а камо ли членовите на БАН со своите 17 теории и 5 хипотези.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 09:31
руски интереси бате
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 09:56
Најдобра потврда за тоа дека ја погоди целта е ваквото одговарање , секогаш кога се нема одговор на фактите се пишуваат глупости.

Бате да бе , ете ти од мене еден поклон за да си земеш пари од кај божо, па почасти го и Каснаковски, и тој заслужува по толку време да добие мала награда. За да не речите дека ние Македонците не мислиме на вас.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 10:04
благодарам бате Мунгос

ама сега нема да го тормозам Божо оти продуцирал филм за МК - одговор на 3то Полувреме
па ке му требат пари
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 11:29
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

руски интереси бате



Точно така руските интереси се ти кои создаваат услови од Словените, Шопите, Тракијците.... па и некој од Македонците да станат Бугари.

Оди убеди ги сега дека немаат ништо врска со Бугарите, очите ќе ти ги извадат!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 11:34
бе доста бе

сум ден на Алекс Донски
ги знам етногензките разлики
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 17:33
Цитирај Подолу јас го наведувам во целост писмото добиено од Битола

Дај да видиме што точно напишале самите Македонци. Знаеме дека некои руски кругови се залагале за македонски Словени. Сме ги обсудиле и Драганов и Амфитеатров и газдите на Чупоски, па дури и за Дурново тема имавме.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 17:59
Мислам се работи за ова писмо

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19905&title=12-1912
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 19:03
Каснаковски , те нема долго време , а и јас слабо пишував на форумот, но да не заборавиш ова е форум Идивиди и овде не е дозволено спамирање по темите.
Оваа тема е конкретно за статијата на Александар Кон , која ја пренесувам целосно и со оригиналниот исечок од весникот.
Ставот на Александар Кон е важен , неговите размислувања за Македонците , а не што се направи Чуповски. 
А од Чуповски ќе покажам уште многу документи за неговата борба за Македонија , како и за тоа како бил почитуван во Русија и помеѓу македонската емиграција , како и во Македонија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 20:59
Кон е важен, Македонците не се важни?
Па ги знаеме сите како Кон, Ритих, Амфитеатров, Петрјаев, Ростковски и ко. и руската политика во однос на македонското прашање.

ПП- тоа со спамот што треба да значи?
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 21:39
ем те немало, ем спамираш

каде е логиката а каде е разумотзбунетост

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 23:29
Темата е за што напишал Кон , а не што напишале Македонците . Исто како што на многу теми според тебе е важно што напишал некој французин,германец итн. Затоа ти реков да не спамираш.

А Кон убаво кажува:

Македонците, откако ни ја претставија сликата на ужасната положба на својата татковина, истовремено ни го оцртаа патот за спасувањето на Македонија од пропаста, а Европа од војната.

Македонците сакаат политичка слобода, но и општественото мнение (народот) во Србија и во Бугарија исто така сака слобода за Македонија, бидејќи тогаш Македонците ќе си се вратат во татковината. Се разбира, во Бугарија и во Србија има и стремежи за создавање Голема Бугарија или Голема Србија, но тоа не е гласот на народот“.


Каснаковски , ако има Македонци во овој период тогаш многу соседски приказни за тито,коминтерна, вештачки народ се смешни.Како што знаеш фактите зборуваат , а тие убаво кажуваат дека процесот на создавање на македонската нација со ништо не се разликува од останатите процеси , само времето е различно , некој порано , некој покасно.


Изменето од mungos80 - 27.Јуни.2012 во 23:32
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.