IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Панко Брашнаров
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Панко Брашнаров

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Панко Брашнаров
    Испратена: 02.Мај.2010 во 12:56

Поттикнат од некои работи кои ги прочитав на Википедија, не само на бугарската, туку и на македонската, чинам дека ни треба и една тема посветена на македонскиот револуционер од Велес, Панко Брашнаров.Иако mungos80 отвори една многу убава тема за Македонија од 1944 до 1990 година, каде се споменуваат доста револуционерни дејци, сепак, чинам дека и посебна тема за ликот и делото на Панко Брашнаров е добредојдена.-----------------------------------------------------------------------------

Панко Брашнаров е роден на 27-ми Јули 1883 година во
Велес, во семејството на Тодор и Коца Брашнарови, како четврто дете
после браќата Димитар, Јован и Милан.

По завршувањето на Прогимназијата во Велес, се запишува на
Педагошката школа во Скопје. Во периодот што следува кај него почнуваат
да се будат револуционерните идеи за ослободување на Македонија, и
оттогаш па до крајот на својот живот Брашнаров останува непоколеблив
борец за македонската кауза.


Во почетокот, од 1900-тата до 1908-мата како
национален борец е член на ВМРО во групата на учителот Андон
Димов
, а по Младотурската револуција (1908)
Брашнаров ги прифаќа социјалистичките идеи
, кои за него биле остварување на неговиот идеал – решавање на македонското прашање и ослободување на Македонија.
По завршувањето на Педагошката школа во 1901-ва во Скопје,станува народен учител. Веднаш потоа започнува неговото учителствување низ Македонија. Прво во кумановските села Четирци, Градиште и Горно Коњари. Потоа три години е учител во Велес и во велешкото село Бистрица,за да продолжи во Ново Село кај Штип, и потоа пак да биде распореден во Велес.


Честите негови преместувања се должат на отпорот кој Брашнаров го покажувал кон политиката на бугарската Егзархија, која сакала во македонските училишта да се учи на официјален бугарски јазик и учителите да пропагираат бугаризација на Македонија.

Во 1908-та заедно со Алексо Мартулкови Јордан Шурков се вклучува во Социјалистичката организација во Велес. Истата година учествува во организирањето на протестен митинг против завојувачките и однародувачките политики на соседите (Србија, Бугарија и Грција). Организатор на митингот било работничкото друштво “Класно сознание“ од Велес. На митингот е поставено барањето за слобода на македонскиот народ во
рамките на една Балканска федерација.

Во 1912-та Брашнаров се спротиставува на Балканските војни кои се воделе за поделба на Македонија меѓу Србија, Бугарија и Грција,приклучувајќи се кон групата македонски револуционери предводена од неговиот сограѓанин Димитрија Чуповски.

Групата на Чуповски започнува да се бори за добивање меѓународна
поддршка во борбата против поделбата на Македонија и да бара нејзино прогласување како самостојна држава. Брашнаров учествува во подготовките на конференција на политички партии која ја организира Чуповски. Конференцијата се одржува во Велес.

На конференцијата се бара автономија за Македонија како
единствена алтернатива за спасување на Македонија од нејзино распарчување и поделба меѓу нејзините соседи.

Чуповски и неговите истомисленици подоцна ја продолжуваат својата дејност во Петроград, Русија, каде оваа македонска група позната и како македонска колонија во Петроград,во 1913-та започнува да го издава весникот `Македонски глас`, списание кое цврсто застанува во одбрана на македонската кауза.


За време на Првата светска војна(1914-1918), Брашнаров е насилно мобилизиран во бугарската армија [/B која била на страна на Германците. По крајот на војната, во 1919 година година престојува во Софија каде има контакти со Васил Главинов, Димо Хаџи Димов и други
македонски дејци.


Во 1919 година со Версајскиот договор, Вардарска Македонија станува дел од кралството СХС. Македонците повторно се поробени и угнетувани. Наметнат им е туѓ јазик и туѓ крал.


Панко се враќа во Велес. Србите му нудат да работи како учител по српски, тој ги одбива. Менува повеќе професии. Работи како воденичар, бавчанџија, бакал. На крај за да преживее работи и во кафеана која станува центар на комунистичкото движење во градот.

Во 1919-тата станува член на Комунистичката партија. Брашнаров станува приврзаник на комунизмот поради фактот што еден од неговите основни постулати е правото на самоопределување на народите. Во комунистичкото движење тој ја гледа можноста за ослободување на македонскиот народ и за создавање на македонска држава.

Во 1920 год. Брашнаров е избран за делегат од велешката партиска организација на Вуковарскиот конгрес.

На 30-ти Декември 1920 година е донесена познатата `Обзнана`, со која е забрането дејствувањето на комунистичката партија во рамките на кралството СХС. И покрај тоа комунистичката организација во Велес го
продолжува делувањето во илегални услови.

Во 1921 година од Софија во Велес доаѓаат Илија
Кушев, а нешто подоцна и поетот Љубомир Весов – и двајцата велешани, со порака од Тодор Александров до комунистичката група од Велес за формирање на чети кои би дејствувале во Велешко. На состанокот меѓу тројцата претставници од КПЈ е и Панко Брашнаров. Тие категорично
се против намерите на Александров.


Образложението е децидно: Неможе да дојде до соработка бидејќи четите на Александров се орудие во рацете на бугарскиот двор и нанесуваат голема штета на македонскиот народ во борбата за самостојност и слобода.


Во втората половина на 1922-ра, партиската организација во Велес на чело со Брашнаров почнува илегално да го издава весникот
`Искра` на македонски јазик, велешки дијалект.
Во весникот се
третираат неколку актуелни проблеми – теророт врз македонското население
во СХС, експлоатацијата на селанството и великосрпската асимилаторска
политика.


Истата 1922-ра учествува на Првата конференција на КПЈ во Виена.


Тодор Зографски, во своите `Спомени`
ќе напише: “Имавме  двајца учители во раководството на партијата, од
порано и сега, кои не сакаа да бидат српски учители и да вршат по
принуда однародувачка работа над децата на својот народ, и да ги
воспитуваат во шовинистички дух. Едниот, Панко Брашнаров, работеше во
воденицата на својот брат, а другиот, Јовче Џипунов, се занимаваше со
тулаџилак и други работи. Таквата упорност во личниот живот правеше
впечаток на народот и вдахнуваше почитување и верба“.



Истото лето, 1924-тата, Брашнаров е еден од првите
револуционери од вардарскиот дел на Македонија на кого му е пренесена
веста за обединување на македонските револуционерни сили врз платформата
на Мајскиот манифест (донесен на 6-ти Мај,
1924-та).


Брашнаров веднаш ги прифаќа идеите на манифестот, и заедно
со Ризо Ризов во Велес ќе формираат групи на ВМРО(Обединета),
кои ќе
дејствуваат врз принципите на Мајскиот манифест а со учество на
комунистите.


Меѓутоа во КПЈ се појавуваат негодувања и страв од појава на
нова национална револуционерна организација на Македонците. КПЈ
сметала дека Брашнаров може да го рашири македонскиот национализам.


Спорот во КПЈ против ВМРО (Обединета) ќе се изостри
до степен на расцеп на организацијата.


ЦК на КПЈ во писмо од 16
Март 1925-тата децидно ќе бара напуштање на “националниот к*рс“ од
страна на Брашнаров и Ризов, и бара од нив да останат
верни на комунистичката партија. Брашнаров и Ризов нема
да отстапат од македонската кауза.


Од 1 до 11 Октомври 1925-тата, се
одржува основачка конференција на ВМРО Обединета во
Виена
.
На 9-ти Октомври е избран ЦК на ВМРО
од 5 члена меѓу кои е и Панко Брашнаров.  Подоцна за кандидати на ЦК на
ВМРО(Об) се избрани уште и Владимир Поп Томов, Павел Шатев и Ризо Ризов.


Кон крајот на 1925-та Брашнаров илегално патува за Виена на состанок
со централата на ВМРО(Об).


На 6-ти Март 1926-та, во домот на Борис
Ковачев во Велес
, се одржува основачка конференција на
ВМРО Обединета за Вардарска Македонија.
Со
конференцијата раководи Панко Брашнаров.  Присуствуваат околу дваесетина
делегати од цела Македонија.


Односите со централата на  КПЈ се сосема нарушени.


Пролетта 1926-тата Брашнаров учествува на третиот конгрес на
КПЈ во Виена на кој е донесена Резолуција за националното прашање. Се
претпоставува дека во исто време тајно учествувал и на една конференција
на ВМРО(Об) која исто се одржала во Виена.


На 16-ти Август 1926-тата,
состанокот на партиската организација во Велес е провален. Уапсени се
Брашнаров кој раководел со состанокот, Борис Карбев, Јовче Џипунов,
Никола Крстев и Бане Андреев. Полицијата запленила илегален материјал,
меѓу кој и примероци од весниците “Македонско дело“ и “Балканска
федерација“.

Брашнаров и Карбев се осудени на по две години затвор.


По одлежувањето на казната, Брашнаров во
1928-та се враќа во Велес. Затворот не го предомислил и тој
продолжува со својата револуционерна дејност.

Кон крајот на Мај 1929-тата, Брашнаров
тргнува за Берлин за да учествува на првата редовна конференција на ВМРО
Обединета. При обидот илегално да ја мине
југословенско-австриската граница е уапсен. Веднаш е осуден на 3 месеци
затвор.
Спроведен е во Марибор на издржување на казната.


Во Август истата година, во Велес е уапсен
Здравко Аџиангелов, кој ги предава другарите и Организацијата.
Меѓу
22-мината кои биле предадени бил и Брашнаров.
Веднаш е
префрлен од Марибор во затворот во Велес. Тогашната српска жандармерија
во Велес спроведува тортура врз Брашнаров. За време на истрагата цело
време е тепан и држен во самица.


Првиот иницијативен одбор на ВМРО(ОБ) за Вардарска
Македонија:

Панко Брашнаров, Јовче Џипунов, Тодор Зографски, Дончо Мирчев, Никола
Крстев, Јанко Шоптрајанов, Тодор Шоптрајанов и Ризо Ризов. Овие биле и
раководството на КП за град Велес.


Судени, после речиси една година притвор со тортура, во 1930
биле:

Панко Брашнаров, Тодор Зографски, Димче Зографски, Тодор Шоптрајанов,
Јанко Шоптрајанов, Ристо Џипунов, Јовче Џипунов, Костадин Ванов, Борис
Ковачев, Јордан Дебеломесо, Дончо Мирчев, Диме Купенков, Методи Ќамилов,
Ангел Шурков, Никола Георгиев, Пере Чичовлија, Лазар Плавев, Никола
Ангелков, Трајко Андонов, Панче Славков, Тодор Најденов и фиктивно
осудениот Здравко Аџиангелов, предавникот на организацијата.


На 15-ти Мај весникот ќе објави еден апел на балканските национал
-револуционерни организации за “процесот кој се води против 22-цата
Македонци – национал револуционери на чело со стариот народен учител и
храбар борец за национална слобода на Македонија – Панко Брашнаров“.
Истиот ден и македонската група “Гоце Делчев“, составена од македонски
студенти кои живеат во Берлин, ќе одржи протест против апсењето на 
револуционерите со посебен осврт на апсењето на Брашнаров.


За ослободување
на Панко Брашнаров до претседателот на Владата во Белград било упатено
писмо со потписи на 68 истакнати светски општествено-политички, научни и
културни дејци меѓу кои Алберт Ајнштајн, францускиот писател Анри
Барбис, Регина Рубен – писател од Германија,  Сен Катајама – јапонски
револуционер, Фан Коли од Албанија, Јакоп Хурвиц од Мексико, Р. Х. Ли од
Кина, Абдул Меџид од Индокина, Лудеану од Бесарабија и др.

На 21 Јуни 1930-та Брашнаров е осуден на 5 години затвор
и  на губење на сите граѓански права,
поради членување во “Тајна федералистичка комунистичка
револуционерна организација“ чија цел е ослободување на Македонија и
нејзино обединување
.


На 9 Октомври
1934-тата, по одлежувањето на затворската казна во Сремска Митровица, се
враќа во Велес, каде што во велешкиот затвор морал да одлежи
уште 3 месеци затвор заради илегалното минување на границата во
1929-тата.


По излегувањето од затвор постојано е следен и е под присмотра на
полицијата. Во меѓувреме ВМРО Обединета е распуштена, и Брашнаров еден
период ќе остане мирен.

Почетокот на Втората светска војна довел до ново
ропство на македонскиот народ
.
Бугарските
окупатори со нивната позната пропаганда се обиделе да го искористат
авторитетот на Брашнаров за свои цели. Без знаење и одобрување од
Брашнаров, Бугарите и пробугарските елементи во Македонија го запишуваат
за член на Акциониот комитет во Велес што го формирале протагонистите
на БЦАК  (Бугарски централен акционен комитет). Брашнаров воопшто не
присуствувал на состаноците организирани од БЦАК.

Брашнаров ја одбива и понудата на Бугарите да биде учител на бугарски
јазик
и продолжил да работи во
бакалскиот дуќан каде што работел по враќањето од затвор.


Кон крајот на 1941-та Брашнаров
повторно решава да се активира
,
и
одејќи да се сретне со илегалецот од Куманово – Панче Пешев, фатен е во
поставена заседа од бугарските фашисти. Повторно е спроведен во затвор
во полициската станица во Велес. По десетина дена затвор поради немање
докази за обвинение, е ослободен.


Наредната 1942-ра
ја поминува како агитатор на ослободителното движење по велешките села.
Велешкиот одред во тоа време биел жестоки битки со Бугарите.

Во 1943-тата, Брашнаров иако на 60-годишна
возраст, неуморно продолжува со својата мисија по велешките села да го
убедува народот да пристапи на народноослободителното движење.


На 17-ти Декември во извештајот на Никола Минчев, секретар на третиот
обласен комитет на КПМ се констатира: “Стариот излезе и се наоѓа по
селата, а бидејќи е голем авторитет го предлагам за делегат на АСНОМ“.

На 30-ти Април Брашнаров е избран за член на Иницијативниот
одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ.


На 9-ти Мај се упатува на слободна територија во реонот на Козјак
каде стапува во врска со единиците на Третата македонска ударна бригада.

Како најстар борец во бригадата, тој учествува во сите борби кои
биле водени во текот на
познатата Пролетна офанзива.


Во своите сеќавања,
командантот на Главниот штаб Михајло Апостолски ќе
напише:
“ Панко Брашнаров иако имаше преку 60
години, стоички ја издржа целата Пролетна офанзива. Тоа беа огромни
напори. Се водеа деноноќни борби, се изведуваа маршеви. Сето тоа стоички
го издржа без никакви забелешки. Беше пример за останатите борци кои
велеа: `Ако може тој да издржи, можеме и ние`.


2 Август 1944-та, Манастир Св.Отец
Прохор Пчински
Како најстар
делегат на Првото заседание на АСНОМ, Панко Брашнаров го отвора
заседанието со зборови кои ќе останат вечен спомен за него и неговата
љубов кон Македонија:


Другари и
другарки, народни претставители,
Во овој момент, во ова историско место – Св.Отец Прохор Пчински, и на
овој историски ден – ИЛИНДЕН – кога објавувам да е отворено првото
Антифашистичко Собрание на народното ослободуење на Македонија,
душата ми е преполнета со радост, и пред премрежените очи гледам како се
раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплискујат
ја целата македонска земја, сакајќи да го измијат од македонскиот народ
десетвековниот ропски срам од пропаста на самоиловата држава, за да се
роди денеска нова, светла и слободна Македонија.


Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројните
народни херои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им
станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода,
гледат идеалната дружба на старите Илинденци на Гоце Делчев и денешните
Илинденци – младата македонска војска и поставените темели за
остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи – слободна,
обединета Македонија…“


Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве
повикувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна,
бескрајна признателност. Вечна слава на падналите херои за слободата на
Македонија.


Другари народни претставители, жив сум свидетел на двата Илиндена –
1903 и 1944 година. Во моите спомени се книжат безброј моменти на
илинденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа
напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жедта му за
слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот
башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја
оазисот на слободна Македонија – Крушовската република, го задушија
востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство.
Животворниот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија,
ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана…“


Во 1948-та, со избивањето
на спорот меѓу Југославија и СССР поради Резолуцијата на Информбирото(ИБ)Брашнаров
јавно ќе застане против ставот на КПЈ и позитивно ќе се изјасни
за резолуцијата
,
верувајќи дека на
таков начин верно им служи на интернационалните идеали на работничката
класа и на пролетерската револуција.

Низ цела Југославија започнуваат политички апсења на оние кои не
мислеле како маршалот.
Со оглед на
ставовите на Брашнаров по повод Резолуцијата на ИБ, тој настојува да
организира една илегална група која ќе ги помага семејствата на
уапсените по ИБ.


Брашнаров кој во тоа време бил пратеник,
од пратеничката плата која ја земал а која во тоа
време била доста висока, почнал да им помагал на семејствата на
Македонците кои веќе биле затворени заради поддршка на резолуцијата на
ИБ
, а самиот тој живеел скромен живот.

Набргу заради своите политички убедувања и
заради паричната помош која им ја давал на семејствата на неговите
затворени соистомисленици, станал трн во
окото на УДБА.


11-ти Декември 1950-та, Управата
за државна безбедност (УДБ) на Македонија издава наредба за претрес на
станот на Брашнаров во Скопје. Претресот е извршен веднаш. УДБА издава
наредба за притвор на Брашнаров.

16-ти Декември,
прво
сослушување на Брашнаров.


20-ти Фебруари 1951-ва, Јавното
обвинителство на ФНРЈ ја одбива жалбата на Брашнаров како “неумесна“ и
одредува продолжување на притворот.

14-ти Март,
Јавното
обвинителство на НРМ, издава решение за продолжување на неговиот притвор
за 3 месеци заради “детално испитување поради комплицирање на
случајот“.

30-ти Јуни 1951-ва,
Народниот
Одбор на град Скопје, издава решение со кое го упатува Панко Брашнаров на
“превоспитување и општествено полезна работа на Голи Оток во траење од 2
години“, бидејќи “го прекршил јавниот ред и мир и измислувал и ширел
лажни вести, а со кое го нарушувал спокојството на граѓаните“


Со вакво обвинение Панко
Брашнаров кој во тоа време е на 68 годишна возраст е осуден на 2 години
робија на островот на смртта.
Качен
е на воз и заедно со голем број други Македонци испратен на Голи Оток.


Вагоните
во кои биле натоварени биле преполни со затвореници и немало простор да
се завртат, ниту да седнат или одморат. Цело време по патот од
Македонија до Хрватска стоеле исправено без храна и вода, а во вагоните
имале само една дупка на средината на вагонот преку која вршеле
физиолошки потреби. Патувањето во Јули поради температурите и условите
во вагоните било пеколно. Некои од нив не стигнале до дестинацијата Голи
Оток.


На новодојдените затвореници на островот им бил
приредуван “срдечен“ дочек. По завршувањето на патешествието со возот,
биле товарени на брод и од таму носени на Голи Оток. На карпеститот
остров, биле истоварани со фрлање од палубата од страна на чуварите кои
биле на бродот, а потоа биле дочекувани од затворските островски чувари
кои ги тепале со палки. Секој новопристигнат добивал ќотек.


Само неколку дена по пристигнувањето на Голи Оток,
на 13-ти Јули 1951-ва, Панко Брашнаров неможејќи да го издржи
затворскиот третман, умира на 68 годишна возраст
од
изнемоштеност, прегладнетост и од тортурата од страна на затворските
чувари кои секојдневно ги тепале затворениците.
Официјалната
причина за смртта гласи “заради слабост“.

Сведоштва на некои од
Македонците кои го преживеале Голи Оток, а го виделе Панко непосредно
пред смртта
:

Светозар Чочоровски:
„Панко имаше 68 години, но личеше
како да има 90… Беше тотално исцрпен, не можеше да стои на нозе и не
прозборе ни збор, туку само гледаше некаде далеку, во празно…“



Јордан Мецановски-Иванов:
„Последен
пат го видов Панко Брашнаров неколку дена пред да почине пред
санитарниот јазол. Кога излегов од него, кон клозетот идеше Панко.
Наметнат (завиткан) со ќебе, гол. Го причекав да дојде да го прашам во
кој павилјон е распореден. Ми рече дека е во павилјон број 6. “Како е?“,
го прашав. “Не ме бидува, ме тепаа, ова не биле луѓе ами ѕверови.“


Аче Ќучук:
„Работејќи во мензата, го здогледав Панко. Се упатив кон него,
а тој одеше придржуван од двајца што го носеа под мишка. Сакав да го
охрабрам. Безуспешно. Ми рече: “Аче, мене не ме бидува веќе. Јас сум
исцрпен. Се сврши со мене работата. Нема да се видиме веќе, да знаеш! И
не го видов повеќе. По неколку дена слушнав дека умрел. Го плачев како
татко“.



*  Додека Тито со својот мерцедес се возел од Вардар до Триглав и од
него насмеан мавал рака на заблудениот народ, на Голи Оток умирале
илјадници луѓе од цела Југославија, само заради тоа што  имале различно
политичко мислење од маршалот.
Меѓу нив имало околу 2.500 Македонци, од кои неколку стотини ги
оставиле своите коски на Голи Оток.


До ден денес не се знае
каде е гробот на Панко Брашнаров. Според некои извори телото му е фрлено
во морето. Според други закопан е на непозната локација на островот.

Преземено од: Предвесник на бурата




Панко Брашнаров држи говор по повод ослободувањето на Велес




Митинг во ослободениот Велес





Заедничка фотографија на видни македонски дејци: (стојат одлево надесно)Димитар Поп Ефтимов, Атанас Митрев, Панко Брашнаров и Павел Шатев, (седат) Ризо Ризов, Крсто Гермов Шаќир и Александар Мартулков




Президиумот на НР Македонија, меѓу нив Димитар Влахов ( седнат, прв од лево ) и Панко Брашнаров ( седнат, прв од десно ).


Изменето од Македон - 11.Мај.2010 во 17:41
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 14:07
Според бугарската и македонската Википедија Панко Брашнаров бил дел од Бугарските акциони комитети за дочек на бугарската војска во 1941 година, а подоцна работел и како учител по бугарски јазик. Но, да видиме што вели самиот Панко Брашнаров за тоа, во еден исказ во Управата за државна безбедност ( УДБ )



Сите знаеме што се случувало ако некој лажел во УДБ, па нема причина да се сомнемавме дека ова е вистина, а не изворот на кој се повикала Википедија.



Еве го подолу и записникот за смртта на Панко Брашнаров

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:03
Ефтим Гашев во 1997 г. е писал:

Не помалку е тажна судбата на Панко Брашнаров бугарски учител уште од турско време и до кра jостанал верен на бугарската просвета....
http://vmro.150m.com/ms2/dn0108c_7.html
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:12
Originally posted by Македон Македон напиша:





тоа е началото, а еве краjот на исказот:


Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:12
Originally posted by чоли чоли напиша:

Ефтим Гашев во 1997 г. е писал:

Не помалку е тажна судбата на Панко Брашнаров бугарски учител уште од турско време и до кра jостанал верен на бугарската просвета....
http://vmro.150m.com/ms2/dn0108c_7.html


Прочитај ја уште еднаш статијата. Ефтим Гашев го цитира Коста Црнушанов, а како што можеш да видиш, Гашев и го критикува Коста Црнушанов, делејќи му разни епитети.
Значи не Гашев, туку Црнушанов го кажал тоа за Брашнаров. А колку Црнушанов бил (не)информиран во тој период, кога се наоѓал во Бугарија, чинам говори и фактот што и Ченто го нарекол Бугарин.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:16
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:





тоа е началото, а еве краjот на исказот:




Одличен пронајдок Чоли! Со ова се гледа дека Брашнаров не бил суден поради бугарофилство, како што некои се обидуваат да прикажат, туку затоа што си останал доследен на ставовите на Коминтерната, Информбирото и советските погледи за социјалистичкото уредување на државата.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:29
Да започнем од началото:





Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:30







“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:31
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:31








“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:32







“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:34














“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:35
Овие сите документи на јавноста му ги презентира Андонов Бале.Поздрав
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:42
Чоли, од сето ова што го приложи ти, а и mungos80, никаде нема доказ дека Панко Брашнаров се декларирал Бугарин, па и дека поради тоа е затворен. Ако се прочита убаво она што е приложено, јасно е дека тој го поддржувал Информбирото во спорот со ФНР Југославија. Има една реченица, во која е отсликата една голема вистина од тој период, ќе ја парафразирам: До вчера велевме Русија е најдобрата земја за живот, а таа сега не чини. Сосема нормално е што народот во многу случаи бил збунет и не знаел на чија страна да застане, а раководството таквото нешто најстрого го казнувало.

Изменето од Македон - 03.Мај.2010 во 17:43
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.