IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија може да произведува оклопен транспортер
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија може да произведува оклопен транспортер

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонија може да произведува оклопен транспортер
    Испратена: 07.Декември.2008 во 02:49
Македонија се наоѓа пред голема шанса за производство на сопствен оклопен транспортер. Предлог-проектот веќе е доставен до Владата и доаѓа директно од украинската влада и се однесува на изградба на фабрика за производство на оклопен транспортер во Македонија. БТР-4 „Букефал“  официјално е регистриран како македонско-украински транспортер, бидејќи во неговиот развој учествувале и група македонски инженери. Во почетокот транспортерот само би се склопувал во државава, а подоцна дел по дел би се преземало и производството на одредени делови. За „Букефал“ интерес веќе пројавиле армиите од регионот - Србија, Босна и Херцеговина, Албанија... Дали ова ќе се оствари ќе зависи од Министерството за одбрана и неговата одлука за кој транспортер ќе пресече. Во конк*ренција покрај украинско-македонскиот транспортер ќе бидат и финскиот „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарскиот транспортер „Пирана“.

Зоран Коњановски, министер за одбрана, вели дека проектот се анализира.  “Ова е првокласен транспортер, двојно поевтин од другите и ќе отвори нови работни места во двете исклучително пријателски земји“ - вели Витали Москаленко, амбасадорот на Украина во Македонија.

­Се предвидува во почетокот да се отворат стотина работни места. Фабриката за склопување би можела да се изгради за 9 месеци. Министерството за одбрана, во согласност со барањата на НАТО до крајот на 2009-та, треба да набави 30 нови транспортери, а до крајот на 2015 македонската армија треба да има 80 нови транспортери.

БТР-4 „Букефал“ е транспортер правен врз основа на легендарниот руски транспортер БТР-80, кој веќе десетина години го користат АРМ и МВР. Проектот го образложува Димитриј Александровиќ Перегудов, директор на фабриката „Укрспецекспорт–Укринмаш“.

- На проектот работеа околу 70 луѓе. Се решивме да работиме со Македонија затоа што таа е една братска и пријателска земја, со која речиси сме соседи. Ни одговара и тоа што менталитетот, но и ситуацијата во двете земји се слични. Нам стара Европа не ни помага. Мораме сами да си помогнеме. Направивме одличен транспортер и сакаме со помош на Македонија да ги освоиме балканскиот и светскиот пазар - објаснува Перегудов.

Јовица Ѓуричиќ е еден од македонските инженери што учествувале во развојот на „Букефал“, воедно, сопственик на скопската фирма „Специјална опрема Скопје“ (СОС).

- БТР–4 „Букефал“ е модерен оклопен транспортер, кој е направен да ги задоволи сите потреби на современите армии по НАТО-стандардите, истовремено зачувувајќи ги сите добри карактеристики на семејството транспортери од типот БТР. Украинските конструктори од фабриката „Морозов“се познати како конструктори на легендарниот советски тенк „Т–34“ од Втората светска војна. Таа школа на конструктори и денес работи на конструирање, модернизација и производство на оклопна техника од најразлични профили, не само за потребите на украинската армија туку и на многу други армии низ светот. Во таа смисла уште одамна се зафатија со нови разработки на БТР–80, кој сè уште е еден од најдобрите и се наоѓа во состав на многу светски армии. Од таа разработка произлезе одличниот БТР–3, кој е продаден и успешно се користи во неколку земји во светот. Стремежот на Украина за влегување во НАТО, поставените задачи за компатибилност со НАТО и имплементирање на важечките стандарди на НАТО во оваа област доведоа до производство на нов транспортер БТР–4. Во таа фаза пред неколку години се приклучи и стручниот тим на македонската фирма СОС, со задача на целосно вклопување на транспортерот во барањата на НАТО-земјите и понатамошна комерцијализација на пазарите што порано не беа својствени на „источната“ техника. СОС преку договор за заедничка работа и комерцијализација е поврзан со своите украински партнери „Морозов“ и државната компанија „Укрспецекспорт–Укринмаш“ од Киев и заедно со нив ќе го нуди овој производ. Ќе настапиме на најголемиот светски саем на вооружување и воена опрема идната година во Абу Даби - вели Ѓуришиќ.

Перформансите на БТР-4 веќе биле тестирани на полигоните во Украина. Според Перегудов, „Букефал“ е рамо до рамо со најсилната конк*ренција, како финската „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарската „Пирана“.

- Нашата најголема предност е цената. „Букефал“ ќе чини приближно еден милион евра, додека другите не се поевтини од два милиони евра - вели Перегудов.

„Букефал“ има погон 8 х 8. Тежината му се движи од 17,5 до 23 тони во зависност од нивото на оклопна и противминска заштита. Посадата ја сочинуваат возачот, командирот и операторот–нишанџијата и има можност да превезе десантно одделение од 6 до 8 војници. Покрај заштитениот транспорт, одделението може и да дејствува од внатрешноста со личното вооружување. Возилото, покрај греење и климатизација, е опремено и со уред за заштита на посадата и војниците во случај на хемиска или нуклеарно-биолошка опасност. „Букефал“ има можност и за активно учество во боеви дејства. За таа цел е опремен со боев модул „штурм“ (купола со вооружување, која се наоѓа монтирана на горната страна). Модулот е без посада со телевизионо дистанционо управување од страна на операторот, кој седи во внатрешноста на возилото и командирот. Вооружувањето се состои од топ со калибар од 30 милиметри, спрегнат митралез со калибар 7,62 мм, автоматски фрлач на гранати со калибар од 30 мм (опција 40 мм) и против оклопни ласерско водни ракети „Бариер“. За заштита и маскирање е предвиден фрлач на чадни кутии. Модулот е опремен и со модерна оптоелектроника од француската компанија „Сажем“. Модулот содржи дневно–ноќни камери, термокамера, ласерски мерач на далечината, ГПС-уред и многу други софистицирани „ситници“. Возилото е опремено и со современ систем за комуникација од американската фирма „Харис“, што овозможува комуникација и содејство со другите единици од разни земји-членки на НАТО. На уреден пат може да се движи со брзина од 110 км/час. Конструкцијата овозможува и совладување водни пречки со пливање без никаква претходна подготовка со брзина до 12 км/час.
 
 
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 02:55
...I like that...
Dusmani drz te se...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 23:16
moze ,ama koja godina...2222 mozda?
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 01:20
До 2222 може да почнеме СФ оружје да произведуваме ако сакаме - бидејки бев инволвиран во воената вежба 2001 год. како тенкиста имав мал случај на опремување на хамерите кои стигнаа баш на време од Вашингтон за учество во воената вежба - како тенковски експерт за оклоп по препорака од неколку мои виши офицери во МЗТ оклопивме 9 од 10 амерички хамери - оклопот се покажа исклучително полезен при што имаше резултат од 100% успех - во текот на воената вежба не изгубивме ниту еден од тие хамери - добра екипа и мерак за работа направи едноставно невозможно така да со помош на украинците овие транспортери ке бидат пичкин дим за производњанамигнување
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 01:27
Се радувам на ова,ајде уште малце и лиценца за некој германски или американски тенк
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 12:06
i licenca za vselensko letalo....makedonija naviva.....
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 02:40
Originally posted by nelson nelson напиша:

i licenca za vselensko letalo....makedonija naviva.....


Ми смрди на љубоморен србин.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 18:43
hah...eve go pak toj....ama ne se ljutam...se raboti za kepticizam i pesimist po priroda...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
kocko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kocko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 00:09
more, izgleda ne ste cule, ama, znaete li zosto amerikancite vekje se otkazale od raketoplanite? e, pa, doznale deka vo makedonija se spremala seriska proizvodnja na  niv, samo shto ovie bukvalno ke poletuvale kako avioni. A, be ne ste ni svesni , za sto se se sposobni makedoncite!  намигнување
Кон врв
Petre Vojnicki Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petre Vojnicki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 15:30
Море колку си интересен///
Кон врв
dark Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 247
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dark Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 19:52
so malku trud i rizik ovoj transporter ke se isplati :D:D plus ke ni se krene reputacijata i ke se pokazeme vo pravo sredstvo makedoncite od sekogas bile nadaren narod no neznaele da go iskoristat toa
faster then light :D
Кон врв
kocko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kocko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 21:44
a, moze ja da te pitam nesto? ke mi kazes li nekoj narod koj so ne e nadaren!?збунетост

ili ,stom go istaknuvas toa, toa znaci deka makedoncite ne gi biva za nisto , apsolutno za nisto! aahhh
ke zaboravev, samom za edno gi biv! da pljackaat opsti dobra , koga ke gi postavis da gi "cuvaat"!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 01:31
Украинската влада и военонаменскиот завод „Укрспецекспорт–Укринмаш“ од Киев деновиве го дополнија предлог-проектот за изградба на фабрика за склопување на оклопниот транспортер „БТР4 букефал“ во Македонија, со монтирање линија за производство на оклопно возило.

Ова го потврдиле Димитриј Александровиќ Терегудов, директор на фабриката „Укрспецекспорт–Укринмаш“, и Јовица Ѓуришиќ, носител на проектот во Македонија.

Добиена е потврда од украинската влада дека ќе може и тоа возило да се произведува во Македонија. Оклопниот џип е веќе докажан и има добра цена.

Украинскиот „дозор“ (во превод „граничар“) е оклопен џип, кој може да им конк*рира на американскиот „хамер“ и на британскиот „ланд ровер“, возила што веќе ги користат македонската полиција и војска. Според спецификациите на украинската фабрика, верзијата што ќе се произведува во Македонија е по НАТО-стандарди. Возилото е, пред сè, правено за граничарите, но некои верзии се направени за воени потреби. Македонската верзија ќе биде со германски дизел-мотор од марката „дојц“, со силина од 122 до 197 коњски сили. „Дозор“ има автоматски менувач, оклопна заштита и митралез со калибар од 12,7 милиметри. Има постојан погон на сите четири тркала и постигнува максимална брзина од 105 километри на час. „Дозор“ собира 11 војници или полицајци.
Кон врв
Petre Vojnicki Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petre Vojnicki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2008 во 01:53
Фала за уште една интересна информација
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.