IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Верски заедници
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Верски заедници

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Верски заедници
    Испратена: 20.Јули.2008 во 19:39
Имам едно прашање, кое не ми е многу јасно... со оглед на тоа што на форумов има припадници на различни верски заедници, се надевам дека ќе можат да одговорат со конкретни податоци и информации.
Што е разликата меѓу Пентакосталци, Баптисти, Евангелисти, Методисти?
Сосема сериозно прашувам, не ми се познати разликите... Не се навредувајте од употребата на конкретните називи, едноставно третирајте ги како граѓански термини со кои се регистрирани заедниците, не ставам никаков друг контекст во тие зборови.
Ве молам за конкретни одговори за разликите и истотака за изворот на името кое го носат?
Благодарам,
Зидарски
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 21:25
Јас не сум протестант, но мене вака ми беше објаснето накратко кога го поставив истото прашање на еден представник на една протестантска деноминација на еден саем:

„Сите ние зборуваме ист јазик, но различен дијалект, или уште поточно со различен акцент!

Едните акцентот го ставаат на празникот педесетница, другите велат дека Бог освен со хорски песни може и треба да се обожува соодветно времето во кое живееме.

Ако е денес популарен, рокот или техното тогаш нема да го славиме Бог исклучиво со оргули и хорско пеење. Зошто да не го обожуваме Бог со електрични гитари, тапани и синтисајзери. Некои протестанти ќе ти речат Мартин Лутер не користел ел.гитара - но другите ќе прашаат ама во кој век живеел Мартин Лутер?

Трети ќе речат дека е побитна организацијата и начинот како се управува со црковната заедница итн... но суштинска разлика нема!„

Изменето од Majkl - 20.Јули.2008 во 21:26
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 21:34
Ne mi e jasno kako nema sustinski razliki koga sekoj od tie nekoi denominacii go napadja pravoslavjeto, barem ovdeka na forumov, i sekoja edna od tie denominacii kazuva kako e pravilno da se veruva - ne mi e jasno ....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 22:17
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Ne mi e jasno kako nema sustinski razliki koga sekoj od tie nekoi denominacii go napadja pravoslavjeto, barem ovdeka na forumov, i sekoja edna od tie denominacii kazuva kako e pravilno da se veruva - ne mi e jasno ....

Станува збор за протестантските(евангелска црква, методистичка, пентакостална, конгрешанска итн.) деноминации бидејчи сите тие се повикуваат на Библијата и се нарекуваат себе си протестанти.

Не станува збор за сите верски заедници(православна, исламска, ваишнавска, Јеховини сведоци, ахмедии итн.)
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 22:32
Прашањето е дали има суштински разлики меѓу нив, не меѓу нив и православието...
Благодарам Мајкл за објаснувањето - се надевам дека ќе дадат одговор и членовите на соодветните цркви, чисто информативно, нема потреба да се навлегува во којзнае какви објаснувања...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 00:58
Пентакосталците се различни, во својот посебен и единствен начин на молитва
Веруваат дека се молат со Ангелски Јазици
Тоа вака звучи:
Корала Шимбри(и овие зборови ги римуваат со слични)
Имаат побучна богослужба, пеење, повеќе рок, дури и хард кор хеви метал

А меѓу останатите мислам нема разлика во верата и богослужењето
Методисти Евангелисти Баптисти Конгрешани Слово на надеж ...
За разликата меѓу овие, Евангелос нека ни објасни подетално

Има уште две христијански заедници
Адвентисти и Јеховини Сведоци
Овие не спаѓаат во категорија Цркви, но Ад Покрет, и Јех. Конгрес
Адвентистите не консумираат Свинско и Алкохол
Во Саботата не работат, и се причестуваат со Шира
А Јеховините не веруваат дека Исус е Господ, еднаков со Отца, учат дека Исус е Ангел, не даваат крв дури по цена на живот

Сите горе споменати не сакаат да ги именуваш ПРОТЕСТАНТИ
Но повеќе сакаат да се викаат Христијани
Сепак низ историјата тоа им е заедничко име
Бидејќи почнувајќи од Лутер, до денес постојано зборуваат (протестираат) против
Икони, Вечно Дева Марија, Свештенство, Преемство
И Не веруваат во Буквалното толкување на зборовите
- Ова е Моето тело и Мојата Крв
На пример, пред причест велат (Ова не е телото на Исус, тоа е Симболично)







Изменето од Nikki - 21.Јули.2008 во 01:12
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 01:57
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Што е разликата меѓу Пентакосталци, Баптисти, Евангелисти, Методисти?


Заедничкото е што сите овие се библиски цркви т.е. сите настојуваат да се држат исклучиво до Библијата и само до неа, како единствен богоинспириран извор на вистините за верата.
Бидејќи не сум дома и немам многу време, на кратко ќе ти начкрабам по нешто што е специфично за секоја деноминација од нив..

Пентакосталците се карактеристични по тоа што ги истакнуваат спектакуларните духовни дарови (зборување во јазици, исцеленија, пророкување итн). Тие веруваат во повеќе крштевања (водено, духовно) Под духовно крштевање подразбираат крштевање во Светиот Дух по што следува прозборување на јазик т.е. прозборување на некој непознат јазик (ангелски). Ова (за повеќето) е малку чудна сеанса за некој неупатен, а повекогаш е и малку затрашувачка. Во пентакостаната црква постојат најмногу деноминации и затоа не може да се збори за подетални доктрини затоа што тие зависат од деоминацијата. Има поумерени и поекстрени пентакосталци. Тие се наречени по празнкот Пентакост (Педестница) кога апостолите го примиле Светиот Дух и прозбореле на 12 различни (но познати!) јазици.

Баптистите се познати по тоа што се држат само до Библијата и само до Библијата. Тие се неречени баптисти од Римокатоличката црква затоа што крштевале возрасни луѓе. (Зборот баптисти доаѓа од грчкиот збор баптиѕо што значи крштева).

Евангелисти... нема што различно да се каже за нив, освен тоа дека зборот им е накалемен затоа што тие го проповедаат евангелието (небаре другиве не го проповедаат среќа). Сепак се работи за терминолошко изразување и ништо повеќе. На пример и овие крштеваат само возраси па сепак не ги викаат баптисти)
Има многу христијански зедници што се нарекуваат евангелисти, евангелски цркви. Меѓу нив повеќето се и харизматски (петакостални) цркви.

Методисти.. за нивен основач се смета Џон Весли, карактеристично за нив е тоа што крштеваат бебиња, веруваат во наполно осветување на човекот во овој живот т.е. во еден момент после кој христијанинот не греши повеќе туку е наполно осветен. Има доста религиозни правила во внатрешната и надворешната организацијата на методистичките цркви. Тие се хиерархиски организирни. Екс претседателот на Македонија Борис Трајковски одеше во методистичка црква. и то.


И како што кажа Nikki, повеќето од нив не се нарекуваат пентакосталци, ни евангелисти ни баптисти ни методисти, туку едноставно христијани бидејќи веруваат дека го следат Христос не само во тоа што тој крештевал (баптисти), ниту само во тоа што проповедал евангелие (евангелисти), ту
ку во целото Негово учење.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 02:34
Благодарам за одличното објаснување.
Дали припадник на едната група, може да оди во црквата на другата? Односно - дали крштевањето од едните е признато кај другите...?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Cult Buster#1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cult Buster#1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 03:25
Постот е избришан затоа што е од баниран корисник.
Зидарски

Изменето од zidarski - 21.Јули.2008 во 03:28
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 03:28
O, Асја... добредојде пак... и збогум за уште две недели!
Имаше бан на две недели, сега имаш на вкупно три.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 17:38
Тоа дека Баптистите и Другите се држат само до библијата и само до Библијата не е точно
Бидејќи во просториите на сите тие цркви има многу дебели книги што се викаат Bible Comentaries

Еве ги коментарите (ТОЛКУВАЊАТА НА БИБЛИЈАТА)

За овие кометари на секој стих од Библијата се држат Баптистите, Евангелисти, Методисти ...
Исто како што и Православните се држат до Дебелите Православни Книги, со Толкувања на секој стих од Библијата


Изменето од Nikki - 21.Јули.2008 во 17:38
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 23:50
САМО ШТО ТИЕ ПРОТЕСТАНТСКИ ДЕБЕЛИ КНИГИ (библиски коментари) ГО НЕМААТ АВТОРИТЕТОТ НА БИБЛИЈАТА.
КОРИСНИ СЕ ЗА ЧИТАЊЕ, НО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА МОРААТ ДА БИДАТ ДОБРИ И ТОЧНИ, ЗАТОА СЕ ВИКААТ КОМЕНТАРИ.

ДОДЕКА ПРАВОСЛАВНИТЕ ДЕБЕЛИ КНИГИ СЕ СО ИСТ АВТОРИТЕТ КАКО И БИБЛИЈАТА. ЕДНИ ОД НИВ СЕ И ЖИТИЈАТА НА СВЕТЦИТЕ, ПРАВОСЛАВНОТО КАЛЕНДАРЧЕ И РЕД ДРУГИ КНИГИ СО ТРАДИЦИИ И ОБИЧАИ.

БИБЛИЈАТА ЗБОРУВА ДА НЕ ДОДАВАМЕ, НИТУ НЕШТО ДА ОДЗЕМАМЕ ОД НЕА. ПРОКЛЕТ ДА БИДЕ ТОЈ, ШТО ЌЕ ГО НАПРАВИ ТОА.
(ОТКРОВЕНИЕ 22 ГЛАВА   -   парафразирано)
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2008 во 00:28
Не мора во секоја тема да се закаруваме...
Сосема искрено прашав што се разликите меѓу соодветните деноминации, и ако нема разлики - зошто тогаш постојат како сосема посебни цркви?!
Истотака - ова најмногу ме интересира - дали се признава меѓусебно крштевањето? Односно, ако некој реши да премине од едната во другата, дали има некој посебен ритуал со кој се прифаќа во заедницата или?
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2008 во 02:09
Nikki, glavniot slogan na reformacijata bese i seuste e SOLA SCRIPTURA! Zatoa ogromen lapzus e da kazes deka protesntantite se drzat do nekakvi komentari ili bilo kakvi von-bibliski knigi.
Vsushnost protenstantite bea nareceni "protestanti" od rimokatolickata crkva bas zaradi nivniot protest kon avtoritetot na papata i povikot da se drzime samo do Biblijata (na latinski: SOLA SCRIPTURA!)

zidarski
, zborot "protestanti" e premnogu opsht za da se dade konkreten odgovor na tvoite prashanja. Denes ima premnogu denominacii sto se narekuvaat protestantski, a sepak ne se drzat do Biblijata i zatoa e nevozmozno da se dade eden opsh i precizen odgvovor na tvoite prasajna.
Sepak povekjeto protestantski denominacii si gi priznavaat megjusebno krshtevanjata, so isklucok na metodistite, nazarekjanite i nekoi drugi Veslijanski denominacii (Holiness movements) koi praktikuvaat krshtevanje na bebinja. Nivnoto bebekrshtevanje ne e priznato od mnozinstvoto na protestantski crkvi.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.