IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Свјатаја Свјатих
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свјатаја Свјатих

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Свјатаја Свјатих
    Испратена: 14.Април.2008 во 23:07
Свјатаја Свјатих
 
 
Следниов коментар на maria_magdalena ме инспирира да ја отворам оваа тема.
 
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Под црква (храм) овде всушност се мисли на храмот во кој постоело едно место наречено Сватја Сватих. Тоа било место каде влегувал свештеникот еднаш годишно и каде се чувал Ковчегот на Заветот со заповедите кои Бог му ги имал дадено на Мојсеј. Таму не смеел никој да влегува, освен свештениците.

Со цепењето на завесата во Храмот, патот до Бога ни беше директно отворен, без потреба од посредници и пејгамбери, оти “Христос ја плати откупната жртва за нас“. Никакви ритуали, никакви посредници повеќе не се потребни. Ете затоа не попусто и завесата се расцепила. Законот беше исполнет со Христовата откупна жртва.
Се надевам дека ме разбра.

 
Интересен детал од Христовото распнување Мариа. Би сакал да додадам збор два (или три среќа) на веќе кажаното.
Храмот во Ерусалим со состоел од 3 дела: Храмскиот двор, внатрешноста на храмот каде што се собирале верниците и се поучувале од Тората, пророците, псалмите и др старозаветни книги, и едно посебно место кое го викале "Светината над светините" (на старословенски "Свјатаја Свјатих") или тоа е она што денес го викаат олтарот. среќа
 
На ова место, како што кажа Мариа, само еднаш во годината, на празникот Пасха, само првосвештеникот смеел да влезе таму и да ја принесе пасхалната жртва. На ова место Бог дирекно комуницирал со човекот. Тоа било местото каде што се давала едногодишната пасхална жртва која имала за цел да го стивне Божјиот гнев врз човекот и да ја претскажува идната Христова жртва. 
Тоа бил многу сложен свештенички ритуал. Првосвештеникот морал да помине низ низа ритуали за прочистување за да се удостои да посредува меѓу Бог и луѓето. Ако првосвештеникот не поминел како што треба низ процедурите за себе очистување Божјото присуство го убивало на лице место. Затоа обично првосвештениците ги врзувале со јаже за нозете и ако некој од нив се задржел прилично долго во олтарот, тие констатирале смрт и го влечеле јажето за да го извадат првосвештеникот, бидејќи ни самите не можеле да влезат таму.
Ако првосвештеникот добро си ја вршел работата тој не умирал. Кога ќе влезел внатре, го положувал пасхалното јагне врз жртвеникот, ги ставал рацете врз главата на јагнето и ги исповедувал прво своите гревови, а потоа гревовите на народот. Откако ќе го завршел тоа, го заколувал јагнето. Пасхалното јагне се жртвало за човекот. Тоа привремено го покривал гревот на човекот, но не можел потполно да го избрише, затоа што на Божјата праведна вага, јагнето не било исто што и човекот.
 
За да биде простен во потполност човековиот грев, била потребна човечка жртва, но не било каква, туку како што Пасхалното јагне не смеело да има никаков недостаток, исто таква човечка жртва била потребна - човек без сопствени гревови.
 
Бидејќи не се нашол ниеден таков човек под небото, и не се пријавил никој друг добровоцел на небото, тука стапува на сцена Божјиот Син - Исус Христос Кој се отелотвори преку човекот (Марија), зеде човечко обличје, и доброволно дозволи да биде распнат на Голготскиот крст.
Распнувањето се случило во истиот ден кога, според старозаветните обичаи се принесувала и пасхалната жртва. Затоа и Павле го нарекува Христос - нашето Пасхално Јагне. Верувате дека ова е случајно? Јас не. На тој прв велики петок во Светината над Светините конечно влезе човечката жртва (Христос) која беше доволна да го покрие и во целост да го поништи како Адамовиот грев, така и целиот грев на човештвото. Со раскинувањето на Храмската завеса Бог даде јасен доказ дека ја одобри Христовата жртва и дека веќе нема простор за никакви дополнителни жртви.
 
На тој ден, Бог ја раскина Храмската завеса. Интересно е што евангелистот дополнително забележал во неговото евангелие дека Храмската завеса била раскината "одозгора надолу" - што е дополнителен доказ дека Бог е Тој што ја раскина таа преграда, а не човекот. Во тој голем ден, Бог го укина од употреба олтарот, ја укина функцијата на свештеник (посредник) бидејќи, после Христовата жртва, таква функција не е веќе потребна во Храмот.
На тој голем ден, Бог склучи Нов Завет со Својот народ. Не завет како стариот, преку Законот и преку крвта на јагниња, јунци, гулаби и сл. туку склучи Нов Завет, Завет на милоста, Завет потврден и заверен преку скапоцената Христовата крв.
 
Во овој Нов Завет Христос стана единствениот посредник (свештеник и првосвештеник) помеѓу Бог и луѓето, и тоа не преку крвта на животните, туку преку Сопствената крв. Затоа Новиот Завет и Изворното Христијанство не познаваат титула "свештеник" и свештеничка служба, затоа што сметаат дека таквата титула и таквата служба хули врз Христовата првосвештеност, хули на Христовата жртва и истата ја нарекува "недоволна".
Затоа Новиот Завет не познава никакви жртви, никакви свеќи кои се палат за живи, за мртви, никакви к*рбани, никакви свештеници, посредници, олтари и сл.
 
Сепак, и покрај оваа недвосмислена библиска вистина, сепак некои ткн цркви сеуште го имаат олтарот во нивните храмови, сеуште имаат свештеници во великодостојнички одора, сеуште луѓето палат свеќи за живи за мртви, нивните свештени лица сеуште колат јагниња за да ги благословат темелите на некоја нова куќа итн итн.
 
Ја отворив оваа тема со цел да прашам: ЗОШТО?
 
Однапред им благодарам на оние што ќе се потрудат да ми одговорат.


Изменето од EvAngelos - 14.Април.2008 во 23:08
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Azrael Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Azrael Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2008 во 23:20
Koga veke objasnivaat neka objasnat zosto eden del od hramot, pravoslavniot, e zabranet za zena da vleze vo nego, Do sega ne sum naisol na odgovor koj mi gi razjasnul dvoumenjata.
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !     
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2008 во 00:35
Drzhete se za temata.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2008 во 00:37
Постот на Azrael беше сосема он-топик и дирекно поврзан со темата.
Зошто жените не смеат да влегуваат во олтарот т.е. во Свјатаја Свјатих?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2008 во 00:54
Po greshka so izbrishav i nego, zaedno so drugite. Eve go nazad.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Azrael Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Azrael Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2008 во 22:25
Originally posted by Azrael Azrael напиша:

Koga veke objasnivaat neka objasnat zosto eden del od hramot, pravoslavniot, e zabranet za zena da vleze vo nego, Do sega ne sum naisol na odgovor koj mi gi razjasnul dvoumenjata.


Za zal dosega nema odgovor na prasanjata, pa eve jas ke si odgovoram sam na sebe

Зошто на жените им е забрането да влегуваат зад олтарот?

- Тоа е забрането канонски затоа што жената има дар од Бога, а тоа е плодноста. Месечниот циклус кај жената е проследен со крвавење, а последната крвна жртва за нас, христијаните, е Господ Исус Христос. Затоа на жените отсекогаш им било забрането да влегуваат таму. Единствена жена што влегла во светиот олтар е Богородица, која на денот на Воведението, светиот пророк Захарие, без да знае, веројатно воден од Господ, ја внел во светијата на светиите во старозаветната црква, каде што и правосвештеникот влегувал само еднаш во годината.


Постојат и други жени во Православната црква кои имаат право да влезат во олтарот, а тоа се монахињите, кои имаат посебен благослов од надлежниот епархиски архијереј. Но не во секое време, туку само при исклучителна потреба, кога треба да го исчистат олтарот и да ги запалат кандилата и свеќите.

ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !     
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 19:41
Добро и што со тоа? Не ја сваќам темата..сепак не сваќам Ев за што прашуваш зошто? за колењето јагниња и за свештениците во свјатаја свјатих или?


Изменето од blueprayer - 24.Април.2008 во 19:46
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 21:53
ЕвАнгелос, интересен е заклучокот што го изведуваш... но... кинењето на завесата не мислам дека значи поништување на олтарот и на Храмот, туку негово отворање. Храмот се отвори за сите, и за евреите и за не-евреите. Светлината од Храмот допира до сите и е достапна и за чистите и за нечистите, затоа што Љубовта Негова ќе не исчисти сите...
Чисто тема за размислување...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 21:56

Излез: 26:34 Стави го Шаторот над Ковчегот на сведоштвото во Светината над светините.

Броеви: 4:4 А службата на Каатовите синови во Шаторот на средбата е: грижа за Светината над светините.
4:19 Постапувајте вака со нив, за да не умрат, кога пристапуваат кон Светината над светините нека дојдат Арон и неговите синови за да го постават секого од нив на неговата служба и на неговата должност.

1 Цареви: 6:5 Покрај ѕидот на Храмот околу Светината и Светината над светините, соѕида приградба на катови, сè наоколу.
6:19 Светината над светините ја уреди внатре во Храмот, за да го смести таму Ковчегот на Господовиот Завет.
6:20 Светината над светините беше дваесет лакти долга, дваесет лакти широка, а ја обложи со чисто злато. Направи и жртвеник од кедровина,
6:21 пред Светината над светините, и го обложи со чисто злато.
6:22 И сиот Храм го обложи со злато, сиот Храм и сиот жртвеник, кој е пред Светината над светините, го обложи со злато.
6:23 Во Светината над светините направи два херувима од маслиново дрво. Беа високи десет лакти.
6:31 А за влез во Светината над светините направи двокрилна врата од маслиново дрво; довратниците со праг беа на пет агли.
8:6 Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во внатрешното светилиште на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.
8:8 Драговите беа толку долги така што краевите им се гледаа од Светилиштето спроти Светината над светините, но не се гледаа однадвор. Таму останаа до денес.

1 Летописи: 6:49 Арон и неговите синови принесуваа жртви паленици и врз кадилниот жртвеник, извршувајќи ја сета работа во Светината над светините и вршејќи го обредот за очистување од сè над Израел, според сè што заповеда Божјиот слуга Мојсеј.
23:13 Амрамови синови: Арон и Мојсеј. Арон беше одреден да ја осветува Светината над светините; тој и неговите синови довека, да кадат пред Господа, да Му служат и да благословуваат во Негово Име довека.

2 Летописи: 3:8 Потоа ја создаде дворницата на Светината над светините. Беше, според храмската широчина, долга дваесет лакти и широка дваесет лакти, и ја обложи со шест стотини таланти чисто злато.
3:10 Во дворницата на Светината над светините направи два херувими, леано дело. И нив ги обложи со злато.
4:22 ножиците, котлињата, машичките и кадилниците од чисто злато; влезот во Домот, внатрешната врата на Светината над светините, и вратата на Храмот во Светилиштето, беа златни.
5:7 Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во Дебирот на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.

Евреите: 9:8 Со тоа Светиот Дух покажува дека патов во Светината над светините уште не е откриен; додека уште постои првиот дел на Шаторот,
9:12 влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп.

 -Ako некого го интересира ова...големо%20гушкање

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Omer El Faruk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 997
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omer El Faruk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 22:26
Аха мене ме интересира,и би сакал да потпрашам дали под ковчегот се подразбира на Мојсеевиот ковчег во кој биле Тората и неговиот стап,и уште нешто,дали денес некој знае каде е тој ковчег.Ако прашањево не се поклопува со темата ќе го префрлам во соодветна тема.
Кон врв
Almahdi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 183
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Almahdi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 22:32
Originally posted by Omer El Faruk Omer El Faruk напиша:

Аха мене ме интересира,и би сакал да потпрашам дали под ковчегот се подразбира на Мојсеевиот ковчег во кој биле Тората и неговиот стап,и уште нешто,дали денес некој знае каде е тој ковчег.Ако прашањево не се поклопува со темата ќе го префрлам во соодветна тема.



Не прашуј жити се :)

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 22:38
Не е баш за оваа тема... Оди во прашања за религиите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 12:33
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

ЕвАнгелос, интересен е заклучокот што го изведуваш... но... кинењето на завесата не мислам дека значи поништување на олтарот и на Храмот, туку негово отворање.
 
zidarski, Божјото раскинување на Храмската завеса и отварањето на олтарот АВТОМАТСКИ значи и негово укинување. Целата поента на олтарот беше во неговата завеса - преградата која забрануваше пристап на обичниот грешен човек до светиот жртвеник, до плочите на заветот. Целата поента на олтарот беше во принесувањето на Пасхалната жртва, Пасхалното јагне. Откако Христос, на оној прв Велики Петок, се принесе Себе Си во олтарот и во целост ја плати казната за човековиот грев, тогаш која е ползата од понатамошното постоење на отларот? Зар се потребни уште пасхални јагниња? Зар се потребни уште жртви? Уште свештеници?
 
Еве ти една многу добра илустрација.
Ако една држава реши да плати кауција за сите затвореници, да ги отвори сите врати на еден затвор и да ги разурне зидовите на затворот, ДАЛИ можеме да кажеме дека тој затвор сеуште постои?
Ако функција на затворот е да ги држи затворениците во заробеништво, и сега таа функција е укината, тогаш дали можеме овој отворен и празен затвор да го наречеме затвор? Дали можеме да го наречеме затвор ова место во кое никогаш повеќе нема да влезе затвореник, чии врати нема никогаш да бидат затворени?
Дали се потребни затворски службеници во овој затвор?
Доколку сите твои одговори се "не", тогаш направи ја следнава аналогија со олтарот:
 
Олтарот = Затворот
Храмската Завеса = Вратите и ѕидовите на затворот
Свештениците = Затворските службеници
НЕ = НЕ
 
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Храмот се отвори за сите, и за евреите и за не-евреите.
 
...и мажите и жените. А жените? среќа


Изменето од EvAngelos - 25.Април.2008 во 12:38
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 01:04
Ако е јасно пресведочено во Новиот Завет дека Храмската завеса се раскина и Светината над Светините се отвори за сите луѓе, тогаш зошто потребата свештеник? Зошто потребата од првосвештеник? Зошто жените не смеат да влегуваат во олтарот? Зошто потребата од принесување на свеќи?
Зарем не е Христос единствениот Посредник во Новиот Завет?
 
"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5)
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,703 секунди.