IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 34>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 20:41


Кон крајот на декември 2010 во Иран биле заробени околу 600 иранци кои го имаат прифатено Исус за свој Господ, Спасител и Духовен Водач кон БОГА!

Најголемиот дел од ними го пречекаа БОЖИЌ 2010 во иранските зандани, поради верата Христова!










Поради верата во Христос затворени во ирански зандани!








Стисни тука за слика





Пред околу 2 недели германската национална телевизија соопшти дека во Иран се спрема убивање на еден младич - иранец - кој го прифатил Исус Христос за свој Господ и водач кон БОГА!

Дали знае некој нешто поконкретно? Дали младичот е веќе отепан?


Поздрав






   




Изменето од spiros - 15.Февруари.2011 во 20:46
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 22:25



Жалостна вест: Денес - 22.2.2011 - во претходните постови (на темата “Екологијата и Христијанската етика“) веќе споменатиот (втор по големина) Новозеландски град Christchurch, овојпат за жал не помина без жртви!

Денот (дај БОЖЕ) ќе дојде кога секое срце ќе се разбуди и ќе постане жив камен, дом, храм на Живиот ГОСПОД во Кого лично е СОВРШЕНИОТ БОГ и никогаш повеќе нема да има жртви, смртно да не' изненадуваат катастрофи, да има еколошки уништувања ...!


Единствениот БОГ гревовите да им ги прости на починатите и да ги воведе во Царството Небесно

Амин!
















Изменето од spiros - 22.Февруари.2011 во 23:19
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 13:34



На 1ви Март во Авганистан, одкако една патрола на ИСАФ била нападната, тие побарале воздушна подршка, при што се убиени 9 авганистански деца!

Одговорните кај ИСАФ најдлабоко се извинуваат на народот и претседателот за случката и поведуваат дисиплинарна постапка против одговорните на грозниот чин!
















Два месеца после убиството на пакинстанскиот гувернер, минатата среда - 2 Март 2011 - од страна на радикални исламисти беше убиен единствениот христијанин во владата, министерот за малцинства Шабаз Бати!







http://www.nzz.ch/nachrichten/politik/international/attentat_auf_pakistanischen_minister_1.9740013.html


На истиот ден - 2 Март 2011 - на терминал број 2 од Франкфуртскиот аеродром, после извикот Алах уегбер, албанецот од косово Арид Ука (со српско/црногорски пасош в џеп) убил 2 американски војника и 2 тешко повредил! Полицијата известува дека пиштолот му се заглавил кога тој се обидел да отепа еден понатамошен (22 годишен) војник - кој покасно при неговото бегство го совладал и уапсил - и само затоа немало повеќе жртви!


Ќе остане да се памети дека првиот “успешен“ терористички напад на германско тло беше направен од страна на еден балканец (косовски албанец), кој што стоел во верска врска и влијание на исламски проповедници, кои со својата идологија се противат на Евангелието БОЖЈЕ (Исус)!






















Изменето од spiros - 05.Март.2011 во 21:49
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 11:03
„Тибетскиот лидер Далај Лама најави дека ќе се откаже од својата политичка улога во тибетската влада во егзил и ќе му ги пренесе овластувањата на избран претставник.
Духовниот водач на Тибетанците веќе подолго време тврди дека сака тибетанската влада во егзил да добие поголеми овластувања, но денеска прв пат даде конкретна временска рамка за пренесувањето на власта.
Се уште не се знае колкави промени може да се очекуваат, но Далај Лама рече дека наскоро ќе предложи амандмани за измена на Уставот во егзил кои ќе ги овозможат тие промени.
Тибетската влада ја води премиер и улогата на Далај Лама е главно церемонијална, но неговиот статус го надминува статусот на другите политичари.„
извор: А1 вести



За разлика од принцот Гаутама Сидарта(околу V вeк п.н.е.) кој штом тргна во потрага по духовното за да се просветли и стане Буда си се повлече од политиката(кралскиот двор) уште околу својата триесетта година, денешниот водач на тибетанските будисти чекаше 75 за да даде таква најава.

Власта честопати е помила од духовната патека кон просветлувањето. Западните властодршци таа љубов ја негуваат со векови, но изгледа ниту оние кои пристигаат од исток не дозволуваат да заостанат.

Изменето од Majkl - 10.Март.2011 во 11:06
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 15:28
Najchesto najlesno e da se govori za najdalechni raboti...

Za tibetancite Lama e religijski vodach, kako shto e Ajatolah kaj muslimanite ili Papa kaj katolicite. Za vernicite i narodot toj ne e samo prosvetlen chovek, verski vodach, tuku i politchki vodach i sekojdneven sovetnik bidejki revnite vernici ne pravat razlika megju religijskiot i politichkiot zhivot vo nivnoto opshtestvo.

Odbivanjeto na takviot chovek da bide vo postojana sluzhba na svojot narod od sekoj aspekt, vo ushtina e odbivanje na sochustvo, milosrdie i vodstvo na onie koi toa go ochekuvaat od nego, ushte povekje ako toa e teokratsko opshtetsvo kako shto se del od muslimanskite drzhavi i Tibet .


Kina, koja go okupira Tibet i se obiduva da go organizira i restruktuira kako kineska provincija, vo Dalaj Lama go ima svojot najsilen protivnik. Poradi toa tie chekaat ovoj spiritualen vodach da dojde do krajot na svojot aktiven zhivot i da namestat svoj kineski Lama na negovo mesto kako nivna politichka marioneta.

Znaejkji go toa, 75-godishniot Dalaj Lama saka da osiguri tibetski politichki Lama koj kje go vrshi administrativniot del od rabotata do reinkarnacijata na sledniot duhoven Lama. Na toj nachin kje go onevozmozhi planot na Kina posle negovata smrt da imputira svoj politichar na mesto koe ne mu pripagja. Toj znae deka ako toa se sluchi, togash Tibet zasekogash kje gi izgubi svoite duhovni vodachi.

Ednostavno, neli?







Изменето од Messenger - 10.Март.2011 во 16:39
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 17:10
Поповите ќе платат за блудничењето

Католичката црква се согласи да исплати по 5.000 евра за жртвите на сексуална злоупотреба
Католичката црква во Германија предложи отштета од 5.000 евра за секоја од жртвите на сексуална злоупотреба, во случаи кои повеќе нема да можат да бидат донесени пред суд, бидејќи премногу време мина откако се случиле наведените злосторства. Во некои посебно сериозни случаи ќе биде исплатена поголема сума. Освен тоа, црквата ќе ги плати трошоците за терапија на оние лица што биле злоупотребени од свештеници или од други црковни службеници.

Според Матијас Кач од групата на жртви „Квадратна маса“, тие ја отфрлаат понудата, нарекувајќи ја сумата „навредлива“. Кач изјави за весникот Франкфуртер Рундшау дека е „злобно тоа како најбогатата црква на светот се обидува да се амнестира од скандалот“.

Најавата од Католичката црква дојде во средата на владината тркалезна маса за испитување на прашањето за сексуална злоупотреба на деца. Околу 60 претставници од светот на политиката, религијата, општеството и од други интересни групи се сретнаа во Берлин да дискутираат за предлозите што ги даде Кристине Бергман, која заседава со форумот.

Бергман е поранешен семеен свештеник која сака да направи шема за компензација што ќе биде обезбедена од прилози од црквите, државата, школите и други организации. Од овој собран фонд ќе бидат покриени терапиите, советувањата и шемите за спречување идни злоупотреби.

Од своја страна, Католичката црква најави дека ќе вложи 500 илјади евра во таканаречениот „фонд за превенција“. Црквата категорично потенцираше дека парите нема да дојдат од даночните обврзници.

Од засегнатите ќе биде побарано да дадат писмена изјава со детали за нивните обвинувања. Тоа ќе биде разгледувано од комисија која ќе го одреди нивото на потенцијалната отштета. Не е јасно колку луѓе ќе излезат со такви тврдења.

Во меѓувреме, јавната дебата беше фокусирана на висината на финансиската компензација, која жртвите можат да ја добијат.

Во јануари редот на Језуитите беше една од првите групи кој го направија првиот чекор, доделувајќи симболичен износ од 5000 евра за секоја жртва. Некои други држави веќе одредија компензациски шеми со повисоки суми. Во Ирска, фондот создаден од државата и од Католичката црква веќе исплати по околу 65.000 евра за секој случај.

Кристијан Аренд, постар член на партијата Слободни демократи, за весникот Ное оснабрикер цајтунг изјави дека секоја сума помала од 5.000 евра нема да биде задоволителна. Аренд верува дека „најмалку“ соодветна ќе биде шема како онаа која е направена во Австрија. Таму Католичката црква исплати по 25.000 евра за секој случај, во зависност од сериозноста на обвинувањата.

„Компензација за жртвите е морална должност на Католичката црква“, изјави Аренд за весникот.

Тркалезната маса започна со работа во почетокот на 2010 година, по напливот од сознанија за сексуални злоупотреби во црквите и во другите установи. Комитетот, исто така, доби задача за да исцрпи сите правни можности, вклучувајќи можност за донесување статут на ограничувања, како и превенциски методи и поддршка за жртвите. Се очекува ова тело да ја заврши работата до крајот на 2011 година. (Дојче веле
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 17:11

Германскиот министер за внатрешни работи ги разлути муслиманите 08.03.2011 | 14:21Извор: НетпресПрочитано: 195 патиИспрати на пријателСподели на Facebook Зголеми го фонтотНамали го фонтот Ханс Петер Фридрих, новиот германски министер за внатрешни работи изјавил дека на Исламот “не му е местото во Германија“, држава во која живеат четири милиони муслимани, пишува британскиот весник “Индипендет“, пренесува НетПрес. Фридрих, кој припаѓа на баварското крило на христијанските демократи, познато по спротивставувањето на доселувањето на муслимани, станал шеф на полицијата пред две недели во оквирот на реконструкцијата на владата, но неговата изјава предизвикала остри реакции кај опозицијата и жестоки коментари од исламските организации, кои порачале дека ова е “шлаканица за сите муслимани“.

“Дека на Исламот му е местото во Германија е факт кој не може да се поткрепи со историски податоци“, изјавил Фридрих. Тој додал дека емигрантите мора да бидат свесни за “христијанските корени“ на Германија и дека “пред се’ мора да научат да зборуваат германски“.

Овие ставови се во спротивност со гледиштата на Кристијан Вулф, конзервативниот претседател на Германија, кој минатата година, настојувајќи да ги намали расправите за интеграцијата на странците во Германија, одржал говор во кој нагласил дека “на Исламот местото му е во Германија“, токму поради тоа што во неа живеат голем број муслимани.

Ангела Меркел, канцеларката на Германија минатата година изјавила дека обидите да се изгради мултикултурно општество целосно пропаднале
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 18:22
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Odbivanjeto na takviot chovek da bide vo postojana sluzhba na svojot narod od sekoj aspekt, vo ushtina e odbivanje na sochustvo, milosrdie i vodstvo na onie koi toa go ochekuvaat od nego, ushte povekje ako toa e teokratsko opshtetsvo kako shto se del od muslimanskite drzhavi i Tibet .
Нема тоа врска со милосрдие туку со исполнување на интересите на енергетските полиња и души кои стојат зад таквите водачи. Во спротивно тој ќе беше свесен дека тибетанскиот народ не е „негов„ народ, и дека нема потреба од такво теократско општество со кое владее свештеничката елита.

Целото нивно верско шоу паѓа во вода кога ќе се спореди со учењето и животот на големиот Буда(Гаутама).
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 19:32
Za Buda imash pravo... Istoto vazhi i za Isus... i za site prosvetleni lugje kako niv.

I potoa... postoi samo postepeno, no sigurno degradiranje na nivnoto uchenje. Ne mozhe da se ochekuva nishto drugo. I ne e fer da ochekuvame od drugite da bidat isti kako Isus i Buda.

Ako se obiduvame da ja pronajdeme reskata vo nivnoto oko togash prvin da ja izvadime gredata od nasheto.





Изменето од Messenger - 10.Март.2011 во 23:30
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 23:46
Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:


Ангела Меркел, канцеларката на Германија минатата година изјавила дека обидите да се изгради мултикултурно општество целосно пропаднале


Pa za nekoi germanci multikultura znachi doagjanje na razni etnichki grupi vo Germanija kade shto site kje stanat hristijani, kje go obozhavaat Vagner i kje pijat pivo.

Tie zatoa imaa tolku vojni so francuzite... nikako da go oduchat od vino i shansoni.


Nekoi lugje nikako ne mozhat da razberat deka kulturata vo edno opshtestvo zavisi od nacionalnosta. I kolku shto toa stanuva po multinacionalno (miks od razni nacii) tolku povekje kje bidnuva multikulturno.

Shto ima tuka teshko da se razbere ?

Ma, nema nishto teshko za razbiranje... samo teshko se prifakja.





Изменето од Messenger - 10.Март.2011 во 23:56
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2011 во 15:49
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Najchesto najlesno e da se govori za najdalechni raboti...

Za tibetancite Lama e religijski vodach, kako shto e Ajatolah kaj muslimanite ili Papa kaj katolicite. Za vernicite i narodot toj ne e samo prosvetlen chovek, verski vodach, tuku i politchki vodach i sekojdneven sovetnik bidejki revnite vernici ne pravat razlika megju religijskiot i politichkiot zhivot vo nivnoto opshtestvo.

Odbivanjeto na takviot chovek da bide vo postojana sluzhba na svojot narod od sekoj aspekt, vo ushtina e odbivanje na sochustvo, milosrdie i vodstvo na onie koi toa go ochekuvaat od nego, ushte povekje ako toa e teokratsko opshtetsvo kako shto se del od muslimanskite drzhavi i Tibet .


Kina, koja go okupira Tibet i se obiduva da go organizira i restruktuira kako kineska provincija, vo Dalaj Lama go ima svojot najsilen protivnik. Poradi toa tie chekaat ovoj spiritualen vodach da dojde do krajot na svojot aktiven zhivot i da namestat svoj kineski Lama na negovo mesto kako nivna politichka marioneta.

Znaejkji go toa, 75-godishniot Dalaj Lama saka da osiguri tibetski politichki Lama koj kje go vrshi administrativniot del od rabotata do reinkarnacijata na sledniot duhoven Lama. Na toj nachin kje go onevozmozhi planot na Kina posle negovata smrt da imputira svoj politichar na mesto koe ne mu pripagja. Toj znae deka ako toa se sluchi, togash Tibet zasekogash kje gi izgubi svoite duhovni vodachi.

Ednostavno, neli?




Не би се сложил дека сите верници не прават разлика меѓу религијата и политиката. Секако, во одредени моменти се испреплетуваат, но не секогаш.

Во однос на Тибет, не би се сложил дека станува збор за класична окупација, исто како што сметам дека не може да се очекува Тибет да се стекне со целосна независност, затоа што фактички таков не бил ниту во времето кога со Кина владееле кинеските Императори, иако де факто уживал најширока автономија, па дури бил и на чело на владата, која сепак владеела со благослов на династијата Кинг. Подоцна навистина контролата ослабнала, па по паѓањето на династијата Кинг, Далај Лама еднострано прогласил независност. Секако, тоа довело до она што довело, па уште и владата на националистичката Куоминтанг презела активности за да ја врати контролата на Кина.

Со доаѓањето на комунистичката партија на власт, веќе знаеме што се случуваше. Тука има и мошне интересни моменти кои треба правно да бидат разгледани, но, не е местото тука да ги разгледуваме и на овој подфорум да изигруваме судии по меѓународно јавно право.

Сепак, случајот Тибет не е ист со она што е Ајатолахот и Папата. Во случајот на Папската држава, односно она што е сега Ватикан, Папата својата власт не ја црпел од Императорот на Светото Римско Царство уште со доаѓањето на Григориј VII за Папа. Далај Лама својот авторитет го црпел од положбата прво на оној кој го поставил на чело на Тибет, односно монголските владетели, а потоа од кинеските Императори.


Ако сето ова двете страни го земат в предвид, решението е на повидок.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 09:40
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ako se obiduvame da ja pronajdeme reskata vo nivnoto oko togash prvin da ja izvadime gredata od nasheto.
Се согласувам, некој како поединец колку е во својата духовна реализација сличен со Исус или Буда тоа е негова приватна работа.

Но она што сакав да кажам е дека не може да се очекува духовно водство од луѓе кои не ги исчистиле сопствените очи. А ние луѓето во нашата духовна потрага честопати се поведуваме по надворешната појава на некое лице кое е присутно низ медиумите и тоа обично претставено во мошне позитивно светло(воглавно светот пофално збори за нив), но кога поаналитички ќе се ѕирне во нивната дејност, традиција која ја застапуваат и тн. се добива вистинската слика а таа е далеку од она што тие во својата реклама(или некоја друга форма) го нудат.

Во таа смисла значи неопходна е претпазливост на што се придодава важност, на што се отвораат порти.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 17:03
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Се согласувам, некој како поединец колку е во својата духовна реализација сличен со Исус или Буда тоа е негова приватна работа.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 14:42
Прославување на Баташките и Новоселските маченици во Бугарија



Во Неделата на св. Јован Лествичник, на 3-ти април, во храмот “Св. Александар Невски” се изврши официјалното вбројување на жртвите на Баташкиот и Новоселскиот колеж за време на Априлското востание од 1876 г. кон ликот на светиите на Булгарската Православна Црква, а со тоа и на целата Православна Црква. Канонизација беше извршена од страна на Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Максим во сослужување на митрополити, епископи и други духовници од Бугарската Православна Црква, претставници на духовната семинарија, на Светиот Синод, свештеници. Игуменот на Зографскиот манастир архимандрит Амвросиј, исто така присуствуваше во храм “Свети Александар Невски”. Лично Патријархот Максим ги освети иконите со изобразбите на мачениците. На канонизација присуствуваа и претседателот Георги Парванов, други личности од политичката сцена, како и верен народ од земјата.

Историјата запазила само некои од имињата на мачениците од Батак – ѕверски убиените локални свештеници Петар и Нејчо, великомаченик Трендафил Тошев, како и Иван, Илија и други. Меѓу познатите имиња на Новоселските маченици се оние на двајцата свештеници – Никола Барбулов и Георги Долгодрејски, на седум монахињи и на една мирјанка.

Иконите беа изнесени од храмот и беше извршен литиен поход околу него.

По повод на овој настан, Синодот на БПЦ го објави следново патријаршиско и синодално послание:

Возљубени во Господа чеда на нашата света Црква,

Со срца преисполнети со духовна радост, известуваме дека во исполнување на својата света должност пред Бога, Црквата и Татковината, и имајќи го во предвид сето она што е познато за животот и подвигот на постраданите Баташките и Новоселските маченици за својата вера во Христа Спасителот, Св. Синод на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија, одреди сите тие да бидат вброени во ликот на просветлените Божји угодници, со последици кои произлегуваат од ова дело – црковна прослава, обштоцрковно служење на посебно составените за нив богослужбени последованија, поклонение пред нивинте свети мошти и пред нивните свештени изобразувања и упатување молитви за нивното небесно застапништво.

Подвигот на Баташките и Новоселските маченици, претрпените од нив мачења, се посведочени во многубројни историски извори од епохата и се познати на секое христољубиво и родољубиво бугарско срце. Сведоците на времето го споредуваат претрпеното од нив со она што ни е познато за првите векови од историјата на Црквата. Вистина е дека ужасите и бесчестењето кои Баташките и Новоселските маченици биле принудени да ги претрпат, за да го завршат својот живот како христијани, можат да се споредат само со злосторствата вршени во последната етапа од прогонувањето на Црквата во Римската империја. Жестокоста на мачеништвото, нечовечките страдања и испитувањата кои ја растресуваат совеста пред најскриените човечки чувства на жртвите на колежите од оваа толку драматична за нашиот народот епоха, можеле да бидат претрпени само од христијани тврди во својата вера и во својата надеж; од луѓе кои знаеле дека “кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби, а кој ја погуби душа заради Мене и Евангелието – како што Самиот Господ вели – тој ќе ја спаси” (Марко 8:35).

Христовата Црква е Црква маченичка. Уште во деновите на Своето земно служење, Господ беше рекол: “Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе гонат” (Јован 15:20). “Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот” (Јован 16:33). Припадноста кон Црквата на Христос е припадност кон заедницата на оние кои – според зборовите на св. апостол Павле – доброволно прифатиле да бидат погребани преку чинот на своето крштевање во смртта. “Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението” (Рим. 6:5). “Зашто – додава на друго место апостолот на народите – за мене животот е Христос, а смртта – придобивка” (Филип. 1:21). Токму придобивка се покажува смртта и за денеска прославeните Баташки и Новоселски маченици, зашто и тие, надевајќи се на Господа, го исполнија своето христијанското и црковно послушание и го запазија “дури до смрт” (Филип. 2:8) даденото ветување на св. Крштение. Зашто и тие – како свештеномаченик Игнатиј Богоносец – не само се нарекуваа христијани, туку и се покажаа како такви (Послание до Римјаните 3:2). Зашто и тие “не се грижеа за животот свој” (Откровение 12:11), “имајќи го во себе словото на животот” (Филип. 2:16) и со својата маченичка крв се удостоија да ја доукрасат Црквата „на Господа и Бога, која Тој ја придоби со Својата крв” (Дела 20:28).

За ниту еден од мачениците на Црквата смртта не била единствениот излез. Секој од нив можел лесно да го спаси својот живот и својата земна добросостојба. Така беше и во римско време, така беше и во вековите на Отоманската империја – секогаш и секаде. Се барало едно единствено нешто – одрекување од Христос и од припадноста кон Неговата Црква. Меѓутоа, токму тоа се покажува како највредно за секој Христов маченик, за кое тој е подготвен, ако и кога ќе треба, да плати дури и со својот живот. ”Зашто каква полза е за човекот – прашува Спасителот, – ако го придобие целиот свет, а й наштети на својата душа?” (Матеј 16:26). И на Своите ученици им го вели уште и ова: “Кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме прати, има вечен живот и на суд не доаѓа, а преминал од смрт во живот” (Јован 5:24).Верни на Божјото ветување, од смрт кон живот преминаа и Баташките и Новоселските маченици. А денешната извршена нивна земна прослава доаѓа само за да ја потврди нивната припадност кон бројот на Божјите угодници – на оние кои, поради својата верност дури до смрт, Седарителот Бог одамна ги прифатил како Свои страдални чеда – сведоци и подражатели на спасителните страданија на Неговиот возљубен Син, нашиот Господ Исус Христос.

Браќа и сестри во Господа,

Христољубивиот бугарски народ секогаш со особено благоговение го почитувал и се вдахнувал од споменот на сите свои светители и особено од мачениците за верата и родот. Нивниот свет лик секогаш бил бесценет бисер во ризницата на нашата духовност и надеж во деновите на испитанија. Вбројувајќи ги Баташките и Новоселските маченици во ликот на светителите кои заблескаа во својот жртвен подвиг, Светиот Синод на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија не само што го објавува нивното овенчување со венците на мачеништвото, туку и ја одобрува почитта која одамна им се оддаваше од нивните наследници – христољубивото исполнување на Бугарската Православна Црква – вчера, денес и утре. Светиот Синод ќе продолжи со процесот на истражувањето и канонизирањето на оние кои заблескаа во бугарската земја – во мачеништвото или со други подвизи – Божји угодници. Кон тоа нé повикува и нé обврзува не само нивниот спомен, но и нашата одговорност кон доверената ни од Господа Бога паства – сите верни чеда на светата и маченичка Бугарска Православна Црква.

По молитвите на Баташките и Новоселските свети маченици, семилостивиот Бог да му дарува на благочестивиот православен бугарски народ изобилно здравје и духовни сили, та сите достојно да се исправиме пред Божјиот престол како верни сведоци на Господа и сонаследници на вечниот живот во Царството Божјо!












Извор: Маран Ата


Изменето од Maran Ata - 04.Април.2011 во 14:42
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 34>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.