|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 2122232425 34> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Врзуванките (attachments) се лоша работа.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, ама едниот е похристијански од другиот.
А каде има разум во вера? Вера е слепо следење догми и канони. Знаеш како оди тоа, Светиот Дух пребива во црквата и кога таа ќе донесе некое решение тогаш тоа е под негово водство... а бидејќи Светиот Дух не прави грешки излага дека сите други биле во грешка и с'е другo ќе бидат во грешка за век и векови. Знаеш што е доблест и религиозност во живеењето? Тоа е оноа што го рече Далај Лама - ако науката докажи нешто што е спротивно од учењето на Будизмот, тогаш треба да го смениме Будизмот. Изменето од Messenger - 03.Јануари.2014 во 18:25 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај наздравје нека ви е !
Значи си течат таму Божиќните пости , народот си пости и еднаш доаѓа Нова година . Сите се прават лом со свинско и винско и сармичиња со мелено месо и потоа од 1ви до 6ти јануари пак си постат ..........
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Специалка за тебе од ѕвездите Иако се правени обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божик во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 декември. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години. Ќе почнеш од 7ми декември до 7 јануари нонстоп журка
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Печатна грешка е... мислеше на 8. јануари, а не на 8. декември...
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе почекаме и ќе видиме до 2101 година . Ама ако не е печатна грешка , ќе частиш ли Јелен ?
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Божик – единствен настан, единствено значење, различно одбележувањеВо времето на Отоманската империја цариградскиот патријарх Еремија го одбил предлогот на папата за прифаќање на Грегоријанскиот календар и за усогласување на верските празници. Примената на Грегоријанскиот календар во православните христијански цркви почна во првите децении на 20 век, на инсистирање на вселенскиот патријарх Јоаким. Во 1919 година новиот календар е прифатен во Кралството на СХС, во 1923 во Грција, а потоа и во Бугарија, Романија и Турција. Меѓутоа дел од калуѓерите на Света Гора, Ерусалимската патријаршија, Руската, Српската и Македонската православна црква и натаму се водат според Јулијанскиот календар, за разлика од Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ-ОА ПОВЕЌЕ НИ ТРЕБА ДУХОВНА ПРЕОБРАЗБА, ОТКОЛКУ ПРОМЕНА НА КАЛЕНДАРОТ |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека со последниве неколку постови забегуваме од темата, но сепак, би било добро во неколку постови да се продискутира и за ова прашање.
Ај што не верувам во бог - не верувам. Ама како да им верувам бре, како да ги почитувам поповиве, па макар тие биле и владици или и самиот архиепископ? Ќе си земам за право да речам дека шлапаат, зборуваат без врска. Празна демагогија. Просудете сами што треска „шефов“. Еве го извадокот од изјавата (од линкот што го даде Меси) на г.г. Стефан во однос на календарот:
Ова прашање премногу било апсолвирано во јавноста! Па добро бре, на кого му се обраќа овој? На кого му мачка очи? Дали јас сум толку неинформиран па незнам кога се случувале овие расправи за (не)промена на календарот или човеков навистина блада? Или пак, сметајќи дека никој нема да го слушне и да размисли за тоа што тој рекол, а уште повеќе и да му се спротивстави, едноставно - лаже. Кога се дискутирало по ова прашање? И каде? Јас сум убеден дека некој посериозен пристап во разгледување на ова прашање немале ниту во САС (Светиот Архиерејски Синод), а не пак за ова да потегнат прашање каде ќе биде опфатена пошироката јавност. И, вели, ставот на САС е јасен. Имаат ли донесено некаква одлука по однос на тоа прашање? Вистина ли е дека имаат донесено одлука за промена на календарот, ама таа сеуште стои во фиоките? Зошто не се објават тие одлуки? Колку често се зборува за овој проблем кажува и самиот, кога вели дека ова прашање се иницира пред секој Божиќ. Ако ова разменување мислења само еднаш во годината за него претставува „премногу“ дискутирање, тогаш што треба да прави народецов? Секоја десета година да дебатира? Или и тоа е премногу? Ма, што воопшто има народот да дебатира. Негово е да си трае и да слуша што им велат „пресветлите“. Неговата демагогија оди до таму што го поставува прашањето: „Кога ќе го славиме Илинден, ако го прифатиме новиот грегоријански календар?“ Размислува ли некој што всушност овој треска? Ами на кој датум денес се слави Илинден? Поточно, по кој календар денес го славиме 2 Август? По јулијанскиот или по грегоријанскиот? Незнам, јас мислев дека во моиве 50 години 2 Август (Илинден) сум го славел според грегоријанскиот календар, ама еве (според „очево“) изгледа цело време сум бил во заблуда. Навистина сум . Ами што е со Петровден, Павловден ... тие се на 12 и 13 Јули според ... според ... хм ... според кој календар ги славиме и овие празници? По јулијанскиот? Нели е демагогија и кога зборува за духовната преобразба? За каква духовна преобразба ни’ зборува кога сеуште не’ тера да прифаќаме заостанати методи, да отфрламе новитети, посебно такви кои се потврдени дека се подобри, покорисни за човекот. Самиот тој повик на отфрлање на нешто ново, кое е спротивно на дотогаш воспоставеното, во принцип, потсвесно го убива нагонот кај човекот за нешто ново, за ососзнавање, за проширување на видиците ... што всушност е добро позната намера на црквата. Нив не им треба народ кој мисли, не им требаат новитети со кои ќе ги срушат нивните „учења“! Нив им треба покорен народ, кој молчешкум, со свиткана глава покорно ќе им служи. И кој ќе ги финансира, се разбира. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро кажано. Јас не сакав да коментирам бидејќи веќе ми се забалежува дека премногу сум ја критикувал институцијализираната вера. Оноа што и мене веднаш ми падна во очи беше "аргументот" - како ќе сме го славеле Втори Август ако го смениме календарот ??? Не знам што да мислам... смeтам дека навистина не вреди да се дискутира. П.С. Од еден свештеник, мој пријател, пред некој ден го слушнав и ова - да не ја критикуваме премногу МПЦ оти и онака не н'е признаваат во христијанскиот свет и сме имале доволно непријатели. Демек тоа е аргумент за да молчиме за очебијностите и да голтаме с'е што ќе ни се сервира ?
Изменето од Messenger - 08.Јануари.2014 во 00:44 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Водици е неработен ден за православните граѓаниМинистерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2014 година (недела), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најнови вести се...
дека догодина за Водици, нема да давале награди на оној... што ќе го фати крстот... само икона... А бе дедо попе, не е у реду тоа... па колку ќе се пријават до година...? кај ги карате тука, ги строите у ред... мирно на обала стојте ,бе... верници... па сега уште без телевизори, златници, машини за перење садови... и уште на оној у Охрид да му забраните со тајфата... да иде да се богати збирајќи пари од Охриѓани... капак... па и да речете дека Бадник... уствари... "паднало греде утепало деде"... вришти со пагански обичаи... па нема да давате греана ракија во божиќен пост, во сред црква бе... па и да речете дека ќе ги тргнете она... менито... за нарачка што стои по црквите за услуги... слава - 150 денари... кум - 2000 ден... девер - 1000 ден... (ако грешам со цени, нека изгорам)... можеби... ќе му бнацам рака на дедо Попе... а... можеби... Изменето од којсумјас - 20.Јануари.2014 во 19:51 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Папата Франциско-интернетот е божји подарок |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Имаш погрешно сфаќање за верата Меси. Се согласувам со тебе дека повеќето вери им прокламираат на своите верници да ги прифаќаат догмите без прашање, но вистинската вера почива врз длабок разум |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
Внеси реплика | страница <1 2122232425 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |