|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 34> |
Автор | ||
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
99,999 % нивните деца очекуваат нешто од неверникот Дедо Мраз , и тие истите имаат закажно по најскапите ресторани
Изменето од Crna Arapina - 19.Декември.2013 во 22:57 |
||
Train hard,Fight easy !
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Брадата на Дедо Мраз е неверничка, вахабистичката- светаПлакати на кои човек со брада во име на Алах му удира тупаница на Дедо Мраз и со порака до муслиманите во земјава да не ја слават Нова година е резултат на веќе долготрајната инфилтрација на порадикални исламски учења во земјава, поинакви од традиционалниот ислам. Неколку скопски џамии, кои не се под контрола на Исламска верска заедница, се повидлива присутност на верници кои исламот го практикуваат на поинаков начин од другите, проповеди со кои се велича џихадот, па сè до одењето и загинувањето на доброволците од Македонија во редовите на радикални исламистички структури блиски до терористичка Ал каеда во Сирија, се само највидливи последици од сè поприсутното влијание на овие структури. Досега сè уште не е познато колкав е бројот и кои се главните цели на припадниците на ваквите учења. Судејќи според досегашни манифестации, воведувањето на исламското право и традициите се главната цел да им се наметне на муслиманите во земјата. Оттаму се бара отфрлање секакви традиции и празнувања кои не му се својствени на исламот. - Тие што протестираат против славењето на Нова година, всушност, не го познаваат нашиот ислам. Тоа е погрешно толкување на зборовите на нашиот пророк. Нова година како празник не е христијански, па да се бара од исламските верници да не го празнуваат. Тоа е само еден обичен календарски ден кој означува премин од една година во друга – ни го кажа вчера својот коментар за повиците „во име на Алах“ скопскиот муфтија Ибрахим Шабани. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЗОШТО ИМА ДВА ПРАЗНИКА ЗА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ МПЦ 44 ГОДИНИ НЕ ЈА АКТИВИРА ОДЛУКАТА БОЖИК ДА СЕ СЛАВИ НА 25 ДЕКЕМВРИ Иако уште пред четириесет и четири години МПЦ донела одлука за враќање на Божик пред Нова година, но македонските православни христијани с` уште го слават раѓањето Христово тринаесет дена подоцна од сите. Значи, броејќи од денес, од денот што го празнува целиот христијански свет - освен Руската, Српската и Грузиската православна црква, заедно со Ерусалимската патријаршија и манастирите на Света Гора - нашиот Исус Христос ќе се роди тринаесет дена подоцна од неговото вистинско раѓање! |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И јас се прашувам, зошто да не се усогласат календарите? Живееме по еден календар, славиме празници по друг: Зошто и ние денес не го славиме Божиќ? |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е, знаеш како е во институцијализираната вера... не смее да се прифатат промени на нејзините догми и канони бидејќи тоа би значело дека не била во право. А како може да не биде во право кога, демек, Светиот Дух пребива токму кај неа, а на секое друго место ѓаволот врти коло. Затоа никогаш не сум бил за институцијлизирана вера и слепо верување, туку за религија. Религијата е постојано трагање по вистината и постојано рушење на оноа што не кореспондира со неа, без обзир колку било старо како верување и колку било застапено во секојдневниот живот на луѓето. Но ние немаме религија, иако така ја нарекуваме, туку имаме вера. Верата не може да си го дозволи луксузот одеднаш на верниците да им покажи дека залудно верувале во било кое нејзино убедување. Оти ако падне една карта од кулата, тогаш таа целата ќе се распадне, побрзо и од онаа Вавилонската. Затоа нека не те изненадува зошто се бараше и забрана на користење на ФБ и други нешта кои помагаат во раширувањето на информациите низ светот... оти каде што пристапува знаењето, таму се повлекува верувањето. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е тоа е Меси. Луѓето сакаат да веруваат со главите, наместо со срцата. Веруваат на попови и догми, се крстат, се молат, палат свеќи, ги знаат напамет основните Божји заповеди, а во секојдневието “забораваат“ да ги применуваат и да живеат според нив. Одат на црква затоа што е празник и треба. Прават гревови, убедени дека со едно исповедање ќе им се исперат душите. Оставаат курбани на црквите, а некој сиромашен кој нема што да јаде го шуткаат како партал. Туку мене ме изненади ова сознание дека МПЦ имала донесено одлука за усогласување на календарите. Знаејќи ги тогашните и сегашни прилики и состав на Синодот, не се сомневам дека одлуката ќе си остане архивирана (или под тепих) уште долго време. Па читајќи ги и реакциите од народот, дека ќе им се смени верата ако се смени календарот, што да се очекува повеќе... |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Навистина ли вака размислувате ?
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е што браво, ако одлуката била донесена пред 44 години и ставена ad acta? Ги има кои така размислуваат. Читам коментари под статиите во весниците и им се чудам на умот. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Браво за тоа што ја има одлуката па макар и да седи замрзната веќе 44 години . Си признавам јас тоа не го знаев . Ако . Еден ден и вие како и сиот свет ќе славите Божиќ на 25 декември ?
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Народот мисли така бидејќи тоа е постојано потхранувано од институцијализираната вера. Тоа е вековното плашење на луѓето дека ако почнат да веруват во нешто подруго од оноа што авторизирано дошло или доаѓа од црквата тогаш тоа би значело пропаѓање на верата, пропаѓање на националноста, пропаѓање на државноста, предавање на душата на ѓаволот, Армагедон, пропаѓање на светот... Стравот го чува лозјето (се извинувам - верата), нели ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најсиромашната епархија почна да им помага на сиромашните |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Денешниов „световен“ календар всушност е верски т.е. христијански календар, бидејќи за негов почеток се зема христовото раѓање. Затоа во одредена смисла ги разбирам муслиманите зошто не сакаат да ја слават Нова година по овој календар! Но, не ги разбирам зошто не ја прифаќаат само Нова година!? Зошто оваа нивно неприфаќање не се однесува и на дргуите сфери од секојдневното живеење? Ако се верници, тогаш нека бидат верници до крај, а не за една работа се верници, а за друга ...! Многу луѓе во светот, покрај тоа што имаат свој сопствен календар (кинески, муслимански, еврејски, ...) сепак, во обичниот, секојдневниот живот го користат „световниот“ христијански. Дали се работи за ред на летање, дали за банкарски трансакции... за сите нив денес е 03.01.2014. Зборот ми е, како може (муслиманите) за една работа да прифаќаат нешто, а за друга да не прифаќаат?
Во контекст на ова и за православните христијани (од Македонија, Србија*, Русија и уште некои други). Нивниов пример ми е уште по апсурден. Иако христијани, тие одбиваат да го прифатат новиот грегоријански календар и упорно се придржуваат кон стариот и понеточен јулијански календар иако и двата во основа се христијански, бидејќи, како што погоре реков, за почеток се зема христовото раѓање. И за православниве како и за муслиманите важи истото прашање. Зошто само за божиќ и „стара нова година“ се применува јулијанскиот календар? Зошто Илинден се слави на 2-ри Август по грегоријанскиот календар? Дали свети Никола е на 19 Декември според Јулијанскиот календар? Или кога се слави Петровден т.е. дали тој е на 12 Јули или на 25 Јули? Зошто православниве верници се плашат да ја прифатат оваа промена? Некој ќе им префрли дека станале католици? Унијати? Дека не си стојат на традицијата? Дека го напуштаат православието? Зошто упорно се оди со „глава во ѕид“ и не се сака да се признае дека нешто е погрешно? Во крајна линија тоа и не е грешка на православието, па сега да им биде срам да признаат дека згрешиле! Ништо од ова нема врска. Ако не се работи само за тврдоглаво непопуштање и инаетење, навистина не гледам друга разумна причина. Тие едноставно треба да го прифатат посовременото и поточно сметање на времето, исто како што прифаќаат и применуваат многу други посовремени работи (пр. возење џипови наместо јавање на магариња, користење мобилни или отворање фејсбук ... )
*- Ако ги гледате православниве срби, тие одат дури доттаму што јулијанската Нова година ја присвојуваат и ја нарекуваат „српска“ Нова година. Р.Ѕ.
Да Бе! И јас сум ! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Златник, еве да речеме дека ќе се прифати новиот календар... и потоа што?
Ќе се добие само тоа што ќе се појави нов празник: СТАР БОЖИК! (на 7.јануари), така што повеќето луѓе ќе си останат на тој празник, а никој нема да го ферма новиот божик на 25. декември. |
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Nova godina - Stara Nova godina
Bozhik - Star Bozhik nekako sleduva... Isus najverojatno bi rekol - Prosti im bozhe ne znaat shto pravat
Изменето од viktorija123 - 03.Јануари.2014 во 13:30 |
||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||
Внеси реплика | страница <1 2021222324 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |