IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 34>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2012 во 22:16

Нова кражба на икони – Македонија и натаму без стратегија за заштита

11.09.2012 

Не престануваат кражбите на икони од македонските цркви. Во трка за лесна и добра заработувачка – кратците, мошне прецизно, целат кон она што е највредно. Последниот плен им се 15 икони и една позлатена плаштеница од дебарската црква „Успение на Пресвета Богородица“. Благоја Спиркоски, намесникот на дебарската епархија, вели дека станува збор за богатство во вредност од 100-тина илјади евра.

http://www.time.mk/read/be733c3a18/68db33336e/index.html






Изменето од Messenger - 11.Септември.2012 во 22:17
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2012 во 02:40
Црковниците не можеа да продрат кај дечињата во основните и средни училишта, па сега се обидуваат кај идните академски граѓани, но:

На студентите не им е до молење

„Поголемиот дел од анкетираните студенти сметаат дека не треба да се почне годината со литургија и дека црквата беспотребно почнува да се меша во сè„

„....
На неа не присуствувале ниту студентите со кои се сретнавме пред студентскиот дом „Стив Наумов“. Тие не ги коментираа ректорско-верските активности, но разочарано констатираа дека и Господ ги има заборавено. „Седум дена чекам да ми кажат дали има кревет. Јас знам дека има, но тие очигледно се чуваат за некој специјален“, вели Горан.


Изменето од Majkl - 18.Септември.2012 во 02:40
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2012 во 03:10
Е па така им е кога не се молат...

Кој им е сега крив ?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2012 во 13:34

Во документ од 4 век се споменува за жената на Исус


Карен Кинг, експерт за раното христијанство од Харвардскиот богословски универзитет, презентираше парче папирус од 4-от век на коптски јазик, во кој се содржи досега невидена фраза во кој и да е текст на Светото писмо, поврзана со можната жена на Исус.

На папирусот пишувало: „И Исус им кажа, „Мојата жена....“, за кој текст Кинг тврди дека е единствениот досега постоечки документ што експлицитно го цитира Исус во врска со тоа дека има жена.

Избледениот папирус, со големина помала од визит карта, од едната страна има осум редови, испишани со црно мастило, кои се читаат со лупа.  

Точно под редот, во кој станува јасно дека Исус има жена, се содржи и втората провокативна реченица: „Таа ќе може да биде мој ученик“.

Откритието беше обелоденето вчера во Рим на Меѓународниот конгрес по коптологија од страна на Карен Кинг - историчарка, која досега објави неколку книги за нови откритија во Евангелието и која е првата жена носител на најстарата титула во САД - професор по богословие „Холис“.

Потеклото на папирусот е енигма. Неговиот сопственик побарал да остане анонимен. До вчера Кинг го покажувала парчето папирус само на мал круг експерти за папируси и за коптски јазик, кои заклучиле оти тој најверојатно е автентичен.

Откритието може одново да го разгори спорот дали Исус бил женет, дали Марија Магдалена била негова сопруга и дали имал жена наследник. Овие спорови датираат уште од раните векови на христијанството, тврдат научниците. Тие се актуелни и денес, кога христијанството е разбранувано од прашања како можноста на жената да е свештеник и границите на бракот, додава „Њујорк тајмс“.

http://www.idividi.com.mk/futurama/nauka/798193/index.html?utm_source=daily.mk



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2012 во 23:59





Е сега ќе видите како хомоскесуалците со леснотија ќе ви го побијат овој дискриминирачки хетеросексуално обоен “документ“ и ќе ви ги покажат нивните “документи“, кои “сигурно“ се “оргиналните“ папируси!








Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2012 во 06:05

Папата потврди - тие што ќе извршат крвна одмазда во Албанија веќе не се католици?!



Папата Бенедикт 16 даде поддршка на Декретот на католичката црква на Албанија за бришење на католичките верници од верата, ако убијат или извршат крвна одмазда.


http://www.plusinfo.mk/vest/59341/Papata-potvrdi---tie-shto-kje-izvrshat-krvna-odmazda-vo-Albanija-vekje-ne-se-katolici?utm_source=daily.mk



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2012 во 04:42

Вехабистичките заедници во БиХ функционираат како воени формации, смета експерт за антитероризам

Вехабистичката заедница во селото Горња Маоча, како и сите останати во БиХ, функционираат како воени формации, каде обичен човек не може да влезе без да биде подложен на безбедносни процедури, а тука се кријат и лица кои се бараат со потерница, предупреди денеска босанскиот експерт за антитероризам Џевад Галијашевиќ.

Тој наведува дека оваа заедница сама ги утврдува принципите за сопствената безбедност и ангажира „стражари“ вооружени со огнено оружје.

Галијашевиќ објаснува дека Горња Маоча и останатите вехабистички заедници претставуваат „безбедносни карантини“ за лицата со меѓународни потерници, бидејќи тие тука се кријат се додека не им се дадат нови идентитети, односно додека не им се обезбеди лична документација од БиХ.

- Тогаш тие со нови имиња продолжуваат да ја загрозуваат меѓународната безбедност и да ја компромитираат БиХ, истакнува експертот.

Галијашевиќ тврди дека во овие места не се следи текот на парите, ниту кој ги исплаќа и со каква цел.

- Не се следи ниту движењето на лидерот на вехабистичката заедница Нусрет Имамовиќ, ниту трансферите на оружјето и воената опрема, додава Галијашевиќ.

Како што тврди тој, во Горња Маоча децата не одат на училиште, а жените мораат да прифатат живот во полигамна заедница.

Осврнувајќи се на неодамнешниот вехабистички собир во Сараево, на кој зборувал Имамовиќ, експертот објаснува дека неговото појавување во тој момент не е случајно и дека тој тогаш повикал на воспоставување исламско општество и држава.

- Тој јасно повика на изградба на шеријатска држава и војна против сите кои тоа не го прифаќаат, потсетува Галијашевиќ.

Експертот за антитероризам објаснува дека вехабистите во БиХ, како верска заедница се обична секта, но кога станува збор за безбедноста, тие се најголемиот проблем што го има земјата.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2012 во 16:28

Прослава за 45 години од возобновувањето на Охридската архиепископија

Одлуката на Светиот синод донесена во Охрид пред 45 години е историски настан, кој донесе целосно духовно воскресение, настан што ја исправи двевековната неправда, настан–темелник врз кој се потпира современата историја на Црквата во Македонија и меѓу Македонците во светот, рече поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан пред учесниците на Црковнонародниот собор што денеска се одржува во манастирот во Калишта.

На соборот посветен на 45-годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, архиепископот Стефан нагласи дека се работи за „праведна, родољубива и богоугодна“ одлука со која и било вратено достоинството на древната македонска црква.
 
 
 
 
 


Изменето од Messenger - 06.Октомври.2012 во 16:47
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2012 во 16:36

Г.г. Стефан: МПЦ е реалност која треба да ја прифати целото православие


 
07.10.2012
По повод одбележување на 45 години на возобновената Охридска архиепископија во  храмот Св. Софија, во Охрид, синоќа се одржа Свечена академија. Пред присутбите свое обраќање имаа поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, и претседателот Ѓоре Иванов, кои  ја потенцираа важноста на одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и ги повика верниците и свештенството на зачувување на традицијата, богатото културно наследство и вредности. Архиепископот Стефан во својот говор истакна дека чинот на возобнувањето лошо разбран во православието но сепак е реалност и нека му служи на чест на секому што поради  духовна незрелост и политички интереси не дозволува таа реалност да стане вистина. 
Иванов  во својот говор истакна дека во време на ерозија на моралните и духовните вредности, во свет обременет со економска криза, конфликти и нестабилност, духовното е она што му е потребно на современиот човек.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2012 во 11:50




Во овие моменти, кинескиот писател Liao Yiwu ја прима германската награда за мир, која ја доделува германската книжевност.

Во црквата Св.Павле - во Франкфурт на Мајна - писателот на “За една песна и сто песни“ држи говор пред најпознатите и највлијателните германци.


Тука Livestream на првата германска национална телевизија (ARD):    >>Доделување на награда за мир, од страна на германската книжевност.<<


http://kurier.at/kultur/4515686-frankfurt-friedenspreis-an-liao-yiwu.php












------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


п.с. Оваа годишна нобелова награда за мир ја доби - унијата која на знамето има 12 ѕвезди - Европската Унија!








Изменето од spiros - 14.Октомври.2012 во 12:29
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2012 во 23:10





Талибан врши напад на 14 годишно девојче



На 9 октомври беше извршен атентат врз 14 годишната Malala Yousufza, која се бори за поголеми права на девојчињата и жените во авганистан!
...


Amnesty International








Изменето од spiros - 17.Октомври.2012 во 23:14
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2012 во 14:27
Сараево: Христијаните заминуваат поради исламизацијата и дискриминацијата
Пуљиќ се пожали дека последните 13 години властите во Сараево не дозволиле изградба на ниту една црква, а истовремено се изградиле повеќе од 50 нови џамии. Поради силното влијание од Саудиска Арабија и Иран, овој град ја загуби толеранцијата и мултиетничноста, а околу 200.000 христијани, Срби и Хрвати, го напуштија Сараево.

sarajevo.jpg500

-Многу верници ја напуштаат земјата од војната којашто беше пред 20 години, велат од црквата со претставништво во Холандија.

На Балканот има уште само 440.000 католици, а оваа бројка пред војната беше двојно поголема.

Извештајот излезе пред почетокот на разговорот на сараевскиот кардинал, Винко Пуљиќ и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, околу тешкотиите со коишто се соочуваат христијаните во Босна.

Градење џамии

Пуљик се пожалил дека во Сараево се изградени десетици џамии, но немало издадено дозволи за изградба на христијански цркви.

-Кардиналот веќе 13 години чека дозвола за изградба на малечка црква, велат од црквата.

Властите одбиваат да ги вратат стотиците национализирани црковни згради и покрај пресудата од Судот за човекови права, велат христијанските претставници.

http://kurir.mk/svet/region/88609-Saraevo-Hristijanite-zaminuvaat-poradi-islamizacijata-i-diskriminacijata?utm_source=daily.mk
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2012 во 12:18
Originally posted by spiros spiros напиша:






Е сега ќе видите како хомоскесуалците со леснотија ќе ви го побијат овој дискриминирачки хетеросексуално обоен “документ“ и ќе ви ги покажат нивните “документи“, кои “сигурно“ се “оргиналните“ папируси!









Не видов дека некој хомосексуалец овде се потепа да го направи тоа, но ете те, ти како стрејтер одма скокна да се браниш од хомосексуалците голема насмевка
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2012 во 08:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 34>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.