IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 203204205206207 242>
Автор
Порака
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 11:04
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:


Многу е добро и душополезно - добро да се знае кој, кога, зошто и какви промени вршел, а во тоа ќе се успее ако добро се проучи и анализира што се случувало во Христовата Црква после она што го пишува во последниот стих од последната глава од книгата “Дела на Светите Апостоли“ во Новиот Завет од Библијата



Абе брат не си чул?!
не знам дали знаеш но протестантите уствари веруваат дека по последнат глава од делата апостолски се случила една катаклизма од космички размери кога се појавила една голема ЦРНА ДУПКА во која било вшмукано целото Христијанство.

И тоа така не си постоело се до оној момет кога некој си таму батко отворил Свето Писмо(а како то дошло до него не се запрашауваат нели,барем не до ден денес)и пап!!!!
Тој исто батко уставри го ВОСКРЕСНАЛ христијанството кое до тогаш било во фаза на хибернирање.
И сега нормално нема тој батко да се замара со некави си свети оци,вселенски Собори,нема да губи време да чита од историјата на Црквата,зашто на него доволна му е само Библијата и он.

Скратено "Антитројство" на протенстантизмот:
Бог,Библија и он лично и персонално!!(нели како врховен репер за толкување на библијата и на вољата Божја,нешо као папа сам на себе)
Затоа и разбирливо е кога некој ќе им контрира се случува тоа што се случува тука на форумов.
Уствари како па ние правоверните се дрзнуваме да го ставаме под знак прашање неговото толкување на Библијата!!??Кој сме па ние фактор за нив?!!


Изменето од ahmar1 - 04.Септември.2009 во 11:07
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 11:45
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Ми текна да прашам, кога Исус Христос му вели на апостолот Петар дека ќе му ги даде клучевите од Рајот, дали под тоа навистина се подразбира дека Петар ќе биде нешто како  портир на Рајските порти, или е нешто во преносно значење?




Дали сите сметате дека овде се мисли на знаењето, како клуч, (Благој) или има и поинакви мислења?




Абе ќе ми образложи ли некој или не?лутина
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
папата Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 81
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај папата Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 12:10
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:



Никогаш во Православието (зборувам за неговата Теологија) ниту имало ниту ќе има друг поголем авторитет од Бога и од Божјиот Збор! Сето она што било зборувано од Светите отци било врз база на Божјото Откровение во Светото Писмо (или Светите Списи и Светите Преданија и Пракса и Практично Искуство пред да биде оформена и канонизирана Библијата, како попис/листа на книги). Вселенските Собори биле свикувани за да се разговара по разни Теолошки прашања кои произлегувале од практицирањето на напишаното во Светото Писмо... Во Светата Христова Православна Црква одлуките по позначајните прашања се донесувале СОБОРНО, ЗАЕДНИЧКИ и КАКО ЦРКВА!! Сите оние кои упорно и непокајано се противеле на она кое ќе го изгласа мнозинството, и кои со тоа им пречеле на останатите и им правеле проблем(и), Црквата ги одлачувала (ги отсекувала) од себе. Тоа е ДРАСТИЧНА РАЗЛИКА од она што се случувало од моментот на појавата на Протестантизмот како движење, во кој заедниците ги формирале групи на радикали, кои не се согласувале со мислењето на мнозинството во рамки на матичната заедница... Затоа се случило големо цепкање на Црквата и еве што се случува денес... Изброј само колку регистрирани Христијански Цркви има само во Македонија и размисли: дали кога Господ Исус Христос зборување за Својата Црква, мислеше на вакви цепкања во рамки на истата?


Сето она што тебе драг мој EvAngelos ти изгледа во Теологијата на Православието дека го погазува Светото Писмо, во суштина го практицира и тоа интензивно! МОЖЕБИ со тек на време низ вековите, поради ситуациите во кои се наоѓала Светата Црква некои ФОРМИ и начини на практицирање на СУШТИНАТА биле изменети, но самата Суштина никако и никогаш!!


Многу е добро и душополезно - добро да се знае кој, кога, зошто и какви промени вршел, а во тоа ќе се успее ако добро се проучи и анализира што се случувало во Христовата Црква после она што го пишува во последниот стих од последната глава од книгата “Дела на Светите Апостоли“ во Новиот Завет од Библијата



Прво не знам што се мешате вие во Вселенските Собори. Тие не се, ниту пак можат да бидат дел од православната историја, кога вие сте отсечена, одлачена, како што велиш - црква.

Второ, многу интересен и погубен ти е аргументот на мнозинството. Од кога бе тоа е репер за вистината? Па што ако мнозинството вели вака или така? Ако Исус го следеше мнозинството, немаше да има христијанство. Истото важи и за Апостолите и за црквата.

Библиската објава е дека тесен е патот и МАЛКУМИНА врват по него. Така да тоа што мнозинството мислеле така и така, тоа може само да биде знак за световноста на таа црква и учење.

Во црквата не може да има демократија, не е ова парламент, па некои си што лапнале поголеми фотелји и крстови од другите, да ГЛАСААТ пази ти се молам, што било вистина, а што не! Смешно е ова.

Во црква мора да има теократија - управување од Бога. А тоа значи дека човек, замислете колку страшно тоа ви звучи, и ЕДЕН САМ може да биде во право. Нашиот учител Атанасиј Велики рече: Ако сите се против мене, тогаш јас сум против сите, ама Христос е Господ!

Денес вие му велите, „а не, ќе видиме како ќе изгласа синодот. Ако изгласа дека не е Господ, нема да биде“. Фала многу на таквата колеблива и световна вера.
Баци!!!
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2009 во 12:54
Папо...
мада реков дека нема да те коментирам,сепак просто си неодолив со со тоа дека МИСЛИШ дека не правиш будали тука сите.
На претходнат дискусија(која црква спасува) нешто ко демек абе православните се само у 5-6 народи и заради тоа не се католици во права смисла на зборот.
А сега тука нешо глумиш лудило цитирајќи го свети Атанасиј Велики.
Како второ,мислам дека ти воопшто не си РИМОкатолик,
(во финесите се гледа тоа)туку повеќе некој циник-мајтапчија но ајт да го оставиме тоа на страна како мое лично мислење..

Ајде тогаш одговори ми затоа што нам, православните, „не ни се дадени светите отци и вселенските собори“, туку само на римо-католиците, ајде тогаш објасни како настанало Светото Писмо. Кој го има утвдено канонот?
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 01:37
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Интересно е што ова (адвентистите) никогаш нема да го признаат... Светото Писмо е за нив ВРВ, а не Хелена Вајт. Ако не ми веруваш, прашај го Никола Тасевски и тој ќе ти каже дека не знае која е таа...
 
Тоа што нема да признаат, тоа не значи дека тоа не е така. Ако Светото Писмо за нив е ВРВ, тогаш тие нема би ја признале современата пророчица Елена Вајт затоа што Господ Исус Христос во Светото Писмо вели дека пророците се до Јован Кристителот, а потоа следува проповедање на евангелието.
Апостолот Павле во Светото Писмо вели дека можеме да јадеме се што се продава во месарница (нема веќе чиста нечиста храна), но сепак адвентистите не јадат храна која што била забранета во стариот завет (како свинското на пример). А да не зборувам пак за забраната за јадење одредени зачини, кафе, црн чај и сл - работи кои Елена Вајт, а не Светото Писмо им ги забранила.
Значи, не гледај што вели нивната уста, туку што велат нивните дела.
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Никогаш во Православието (зборувам за неговата Теологија) ниту имало ниту ќе има друг поголем авторитет од Бога и од Божјиот Збор!
 
 
Слична е дискусијата и за православието како и за адвентизмот. Православните на уста велат дека нивниот краен авторитет е Бог и Божјиот Збор, а во пракса гледаме дека тоа се одредени луѓе (ткн. свети отци).
Православието верува и подучува дека Светото Писмо не може да го разбере обичниот верник (мирјанин) со својот непрочистен ум и дека треба истото да го чита преку толкувањата на светите отци. Со други зборови тоа значи дека православието го чита Светото Писмо преку призмата на светите отци. Од тука следува дека не е авторитетот Светото Писмо, туку она што светите отци "протолкувале" дека Светото Писмо всушност велело. Значи Божјата заповед "не си прави слика ниту идол на им се поклонувај и не им служи" не е авторитет за православните, туку авторитет е светиот отец кој вели "прави си слика, поклонувај се пред неа, пали и кандила, осветувај ја итн."
 
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Во Светата Христова Православна Црква одлуките по позначајните прашања се донесувале СОБОРНО, ЗАЕДНИЧКИ и КАКО ЦРКВА!! Сите оние кои упорно и непокајано се противеле на она кое ќе го изгласа мнозинството, и кои со тоа им пречеле на останатите и им правеле проблем(и), Црквата ги одлачувала (ги отсекувала) од себе.
 
Со оваа реченица, како што забележи папата, вие всушност го прогласувате за еретик еден од оние кои ги нарекувате "свети отци" Атанасиј Велики кој, наспроти горната православна изјава, рекол: "Ако сите се против мене, тогаш јас сум против сите, ама Христос е Господ!" среќа
Како што кажа папата, теократија, а не демократика. Божјиот Збор е авторитетот во Црквата (барем Христовата), а не надгласувањето на човечките зборови.
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Тоа е ДРАСТИЧНА РАЗЛИКА од она што се случувало од моментот на појавата на Протестантизмот како движење, во кој заедниците ги формирале групи на радикали, кои не се согласувале со мислењето на мнозинството во рамки на матичната заедница...
 
Не е само тоа случајот си протестантизмот. Ист е случајот и со Христос и апостолите кои исто така не се согласувале со мислењето на мнозинството во рамките на матичната заедница, па затоа се отцепиле, затоа и биле наречени "сектата Патот" (Дела 24:14), затоа и Христос бил распнат (затоа што бил Радикал и не се согласувал со мнозинството вероучители тогаш), затоа и биле прогонувани Христовите следбеници, затоа и протестантите излегле од католичката црква, затоа што не се согласувале со мислењето на мнозинството дека треба да купуваат индулгенции (прошталници) за своите гревови или пак за да бидат избавени од чистилиштето и сл.
Гледаш, сите овие си се во една совршена теолошка хармонија со Христос, наспроти демократијата на православните среќа
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Сето она што тебе драг мој EvAngelos ти изгледа во Теологијата на Православието дека го погазува Светото Писмо, во суштина го практицира и тоа интензивно!
 
Христос учеше дека треба да Му се молиме и поклонуваме само на Бог, а православната учи дека треба да им се молиме и поклонуваме и на починатите верници и на ангелите.
Христос учеше дека привелигираните позиции на Небото единствено Бог ги одредува, а православните веќе ја поставија Марија над Господ на Небото нарекувајќи ја пресвета и преблагословнеа (титули кои ниту Бог ги нема во Светото Писмо)
Христос учеше дека нема поголем човек кој е роден од жена од Јован Крстител освен Исус, а православните учат дека блажената Марија е поголема.
Христос учеше никого на земјава да не нарекуваме наш Отец, а православните тоа го прават.
Христос учеше дека не треба да се прави бизнис и тезгарење во храмовите, православните тоа редовно го прават со одреден нагласок за нивните празници.
Доволно е?


Изменето од EvAngelos - 05.Септември.2009 во 01:37
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 01:39
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... Сепак, ова е теорија и не тврди дека тоа е така. Но иако е теорија, таа се поткрепува со одредени материјални докази кои наведуваат на такво нешто. А библијата не дава такви докази. Значи, од една страна барате докази за спротивната теорија, а од друга страна вие самите не давате. И сега?
Можеш да наведеш барем еден од тие "материјални докази" кои ја поткрепиваат Дарвиновата теорија? среќа
Ајде вака да ја направиме паралелата:
Она што го тврди Дарвиновата теорија ние не го гледаме во реалноста околу нас. Не гледаме ни "е" од еволуција. Ги истражуваме фосилите, не наоѓаме фосили на меѓувидови (иако според Дарвиновата теорија 99% од фосилите треба да се токму тие - фосили на меѓувидови).
Од друга страна она што го вели Библијата во извештајот на создавањето ние го гледаме и околу нас. Библијата вели дека Бог ги создаде животните според своите видови и ние тоа го гледаме во природата, ...


Ев, и ти како и сите верници, упорно избегнуваш во давањето одговор, односно доказ, за божјото постанување на човекот. И постојано велите: „ еве погледни околу тебе и ќе видиш дека тоа бог го создал ...“ или нешто во тој стил.
Но, каде е тука превидот кој (намерно или не не%20знам) го правите?
Вие, во стремежот да го објасните постанокот на животот, самиот тој живот го користите како доказ!губитник Или поинаку кажано, последицата  (човекот, животот) ја давате како причина (доказ) со која ќе се потврди самата себе!изненадување
Значи да се разбереме, работата е кој го создал човекот и се она „што ние го гледаме во природата“? И за тоа да се даде доказ. А не самото појавување на постоење на животот да биде доказ дека е божјо дело.
Ако одам по оваа твојата логика во објаснувањето, јас би требало да речам: „па еве гледај, се околу тебе е дело на еволуцијата. Зарем тоа не е доволен доказ...“?
Значи, да резимираме, дај доказ дека човекот е дело на бог, како што Дарвиновата теорија (која е сепак  те о р и ј а ) дава докази.
А кои се тие?
И самиот кажа, дел од доказите се фосилните остатоци.
Е сега дека има некои празнини ... има.
Се сеќавем уште како ученик во основно наставничката по биологија ни’ кажа дека при еволутивниот развој се прави двоен квалитативен скок во мозокот, односно бројот на клетките се удвостручува од понискиот кон повисокиот вид. Е сега, овде е оној недостаток за што вие (сега засега со право) се „фаќате“! Имено, денес човековиот мозок има (да речеме) 100 милијарди клетки, а има такви животински видови кои имаат 25 милијарди клетки, но (за жал) сеуште нема откриено некое суштество (фосил) кој би имал 50 милијарди клетки. Тоа е таа алка која недостасува и која ви е „мелем на рана“! Но незначи дека ако денес не е нешто откриено, дека „утре“ тоа нема да биде познато. Да го земеме за пример периодниот систем на елеменети во кој имало многу празнини (и денес ги има), но тоа секако не значи дека тие елементи не постојат! Можеби ги нема овде на Земјата, но кој вели дека на друга планета ги нема?
Btw. некој со иронија спомна дека „можеби животов е донесен од вселената ...“ А што е тука чудно или смешно? Зарем навистина верувате дека само овде има живот?збунетост

Вториот доказ за еволутивниот развој на човекот е во утробата на мајката. Од самото зачнување, па се до породувањето, човњекот мине низ разни еолутивни фази како и многу други животни (водоземци, ’рбетници, цицачи...).
Можеби моето непознавање на овој процес некој од вас ќе го искористи да најде некоја „цака“ па да се фати за неа, но сепак тоа не го менува фактот дека внатре, во утробата, плодотот се менува, се додека не дојде до - човек!

размислување

Р.Ѕ. Ми падна на памет ова да го претставам „табеларно“:

                            верници                                                           атеисти                    

   извор                 библијата                                           дарвиновата теорија
 
 „учење“       бог го создал човекот                  човекот настанал по еволутивен пат

 доказ(и)                  не%20знам                           фосили, развој на човековиот плод во матката


Р.Р.Ѕ
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

... HRISTOS E ZIV.

Е?!


Изменето од Zlatnik - 05.Септември.2009 во 01:43
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
папата Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 81
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај папата Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 01:56
Фосилите се доказ за атеизмот?

WOW!
Баци!!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 02:02

Originally posted by папата папата напиша:

Прво не знам што се мешате вие во Вселенските Собори. Тие не се, ниту пак можат да бидат дел од православната историја, кога вие сте отсечена, одлачена, како што велиш - црква.


Од кого или од што е отсечена Православната Црква? Од кого или од што е одлачена Православната Црква?
Зошто да не можат Вселенските Собори да бидат дел од Православната Историја? Кој ги поседува?

Кој ти е реперот?

Originally posted by папата папата напиша:

Второ, многу интересен и погубен ти е аргументот на мнозинството. Од кога бе тоа е репер за вистината? Па што ако мнозинството вели вака или така? Ако Исус го следеше мнозинството, немаше да има христијанство. Истото важи и за Апостолите и за црквата.

 

Само да те потсетам. Господ вели:
“Каде што се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас помеѓу нив“, а не вели “Таму каде што поради Моето Име се случуваат раздори, поради егото на секој од оние кој САМ ЛИЧНО си создава своја претстава за Мене, наместо да биде СМИРЕН и да се потруди ДА РАСТЕ во МенеПознавањето, па со љубов да ги поправа браќата и сестрите за да би останале заедно во Мене и во МенеПознавањето и во Мојата Љубов и СИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ДА СЕ СПАСУВААТ, а не еден на друг да си кажат меѓу редови ’Не ни е гајле за вас, а ние сме во право’...“

И на уште едно нешто ќе те потсетам:
“...Да бидат ЕДНО во Нас, како што Сум Јас Отче во Тебе и Ти во Мене...“


И Светата Мисија на Господ Исус Христос и Светата Мисија на Светите Апостоли и на Светата Црква се да го зближат во една љубовна Заедница во која владее мир, разбирање, пожртвуваност за доброто на ближниот и заедница која ќе расте во познавањето, разбирањето, живеењето на Вистината, заедница која ќе им ја сведочи Вистината на дело на другите кои се надвор од неа и која правилно ќе ја пренесува на другите генерации. Дали постои покоректна дефиниција на Светата Црква?

Originally posted by папата папата напиша:


Библиската објава е дека тесен е патот и МАЛКУМИНА врват по него. Така да тоа што мнозинството мислеле така и така, тоа може само да биде знак за световноста на таа црква и учење.

 

Кои се ВИСТИНСКИТЕ малкумина? Баптистите? Анабаптистите? Новата реформирана апостолска црква? Едните или другите адвентисти? Евангелистите?... кои? Кој е реперот за тоа? Зарем СИТЕ тие не претендираат дека ја зборуваат Вистината? Колку Вистини има? А колку претенденти за Неа има?

Originally posted by папата папата напиша:


Во црквата не може да има демократија, не е ова парламент, па некои си што лапнале поголеми фотелји и крстови од другите, да ГЛАСААТ пази ти се молам, што било вистина, а што не! Смешно е ова.

 

Ако си ја проучувал Историјата на Светата Црква во делот на Вселенските Собори, ќе знаеше дека присутните на тие собори биле најревносните СВЕДОЦИ на Христовата Православна Вера. Не само ЗБОРУВАЧИ, туку оние кои со својот ЖИВОТ и ДЕЛО - ПОСВЕДОЧИЛЕ што е и која е Вистината!! На тие собори не се гласало во стилот “јас гласам вака и вака зашто така МИ приличи МЕНЕ и на МОЕТО ЕГО“ туку “гласам вака зашто сметам дека Му е на Бога така угодно“. Ако ти го нагласи зборот “ГЛАСААТ“, јас би го нагласил зборот “ЖРЕПКА“. Прочитај во книгата “Дела Апостолски“ од Новиот Завет како бил избран дванаесеттиот апостол на местото на Јуда Искариот... Ако гласањето заедно со молитвата на Светите Отци на Вселенските Собори била погрешна, тогаш дали била погрешна жрепката заедно со молитвата на Светите Апостоли во споменатиот случај?

Originally posted by папата папата напиша:


Во црква мора да има теократија - управување од Бога. А тоа значи дека човек, замислете колку страшно тоа ви звучи, и ЕДЕН САМ може да биде во право. Нашиот учител Атанасиј Велики рече: Ако сите се против мене, тогаш јас сум против сите, ама Христос е Господ! Денес вие му велите, „а не, ќе видиме како ќе изгласа синодот. Ако изгласа дека не е Господ, нема да биде“. Фала многу на таквата колеблива и световна вера.

 

Тогаш ајде сите да тегнеме на своја страна и да продолжиме да ја расцепкуваме Црквата, затоа што на едни вака ќе им се чини исправен тој и тој став, а на други така ќе им се чини исправен. На крајот, факт е дека кај ЕДЕН од нас СИГУРНО ќе биде објективната Вистина, ама еден со еден нема да бидеме во општење... ма каква Црква... само една дезорганизирана незаедница на верници-индивидуалисти од кои секој за себе е во право, а во суштина секој за себе, освен едниот кој е објективно во право, си има СВОЈА претстава за Бога и за Верата и СВОЕ лично толкување на Библијата и СЕКОЈ за себе си го гради својот личен однос со Него, и СЕКОЈ е РЕАЛНО во својата објективна ИЛУЗИЈА дека ја знае објективната Вистина. Зарем не е ова тажно...?

Блазе мене што не сум од тие!! Фала Му на Бога!!

Баш заради тоа Господ и ја изгради Својата Црква! Читаш? ЦРКВА (а не само по еден човек во една генерација). Неа ја изгради за да биде не само вистински и правилен чувар на објективната Вистина, туку и вистински и правилен пренесувач на објективната Вистина на другите луѓе од оваа генерација и  на луѓето од наредните генерации, а освен тоа и да биде Семејството во кое ќе пребива Христовиот Мир и Љубов.

Дали е така во Протестантизмот како движење? Дали Протестантизмот се залага за такво нешто со тоа што ги зближува луѓето или прави спротивно од ова и со тоа ги разединува луѓето?

Зарем еден од начините на дејствувањето на злиот не беше она “Раздели, па владеј!“ ??
Паметиш ли дека ѓаволот цитира дури и стихови од Светото Писмо заради своите цели?
Паметиш ли дека ѓаволот може да се престори дури и во светол ангел за да би си ги реализирал плановите?



Изменето од Pravoslavie - 05.Септември.2009 во 02:03
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 02:10
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:



Ако си ја проучувал Историјата на Светата Црква во делот на Вселенските Собори, ќе знаеше дека присутните на тие собори биле најревносните СВЕДОЦИ на Христовата Православна Вера.



Доста несериозно.



Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 02:39
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


И самиот кажа, дел од доказите се фосилните остатоци.
Е сега дека има некои празнини ... има.

 
Не празнини, туку меѓу секој животински вид на планетава постојат непремостливи провалии кои се крунски аргумент за создавањето, а погубителен доказ за теоријата на еволуцијата.
 
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Вториот доказ за еволутивниот развој на човекот е во утробата на мајката. Од самото зачнување, па се до породувањето, човњекот мине низ разни еолутивни фази како и многу други животни (водоземци, ’рбетници, цицачи...).
Можеби моето непознавање на овој процес некој од вас ќе го искористи да најде некоја „цака“ па да се фати за неа, но сепак тоа не го менува фактот дека внатре, во утробата, плодотот се менува, се додека не дојде до - човек!

размислување
 
Zlatnik, ако самиот признаваш дека имаш непознавање во овој процес, тогаш од каде таа храброст во тебе истиот да го наведуваш како "доказ" за еволцуијата?
Човечкиот ембрион не поминува низ никакви еволутивни фази. Тој нема никакви чкрги, нема никаква опашка, во никој стадиум не е влекач, туку тој од самиот почеток до крајот е човечки ембрион кој полека се оформува во бебе, а тоа што нам субјективно ни изгледа (или пак ни се причинува како што ќе објаснам подоле) нема никаква врска со реалноста.

Оваа "теорија" т.е. научна измама дека човечкиот ембрион поминува низ некакви еволутивни фази и дека во нив тој наликува на другите животни ја пласираше Ернст Хекел во почетокот на минатиот век. Тоа тој го направи пласирајќи една низа на сликички, емрбиони на различни животни, кои многу наликуваа едни на други. Бидејќи во тој период еволуцијата беше сеуште WOW речиси никој не се посомнева во веродостојноста на неговите слики и во недостигот на очекуваната фосилна подршка на еволуцијата, сите еволуционисти се фатија како слепец за стап за овој "крунски доказ" за еволуцијата.
Но подоцна некои паметни решија да ги проверат сликичките на Хекел и увидоа дека се работи за тежок фалсификат т.е. за најголемата измама во науката.
Речиси секаде во светот оваа измама е јасно разобличена и им се кажува на учениците уште во најраните школски денови, освен ако што гледаме во нашиве посткомунистички индоктринизирани држави.

Хекеловите сликички се отстранети или пак маркирани како фалсификати речиси во сите сериозни научни музеи.
Еве ви доказ за тоа:
http://www.truthinscience.org.uk/site/index.php?option=com_content&task=view&id=215&Itemid=63

Еве ви и слика каде што можете да ги видите сликичките на Хекел споредени со вистинските ембриони на наведените животни.

http://www.helsinki.fi/~pjojala/textbook%20fraud%20deceit%20fake%20doctoration%20Haeckel%20embryo%201.jpg

Имајте предвид дека горната низа на слики се фалсификатите на Хекел, а долната се слики на вистински ембриони.
Се надевам дека разјаснивме околу "еволуцијата" на човечкиот ембрион.


И уште нешто заборавив да додадам. Тоа што некорекно се нарекува "жабри" кај човечкиот ембрион всушност се "Фарингални ќеси" кои немаат никаква врска со дишење, ниту пак се отвараат. Тие се развиваат во тимусна жлезда, паратироидни жлезди и во канали на средното уво - и ниту еден од овие органи нема ништо заедничко со дишењето, под вода или над вода.
Исто така и "Опавчето" не е никакво опавче, туку тоа е орган во кој се формира крв. Е сега ако вие знаете некое животно што има опашка во која се формира крв, бујрум наведете го тој "доказ" за еволуцијата газење%20од%20смеење



Изменето од EvAngelos - 05.Септември.2009 во 02:41
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 14:10

Како и што претпоставив ...!
Со самото читање на твојот пост, помислив која е таа институција, кои  се автори на тоа што го наведе ... и, побарав во линкот кој го даде.
Што најдов таму? Од кои профили се луѓето во таа институција, поточно компанија? Сакам да нагласам дека во ниту еден момент не го ставив под сомнеж нивниот бекграунд, нивната стручност во нивната област на делување, но каква врска имаат подолунаведените авторитети со биологијата, генетиката и другите сродни науки од областа за која ние дискутираме?
Еве што најдов:

Originally posted by http://www.truthinscience.org.uk/site/content/view/191/82/ http://www.truthinscience.org.uk/site/content/view/191/82/ напиша:

About Truth in Science

Truth in Science is a Limited Company, run by a Board of Directors...

Board of Directors

Stephen Hyde

(Chairman) Chartered Engineer and Managing Director of a Building and Development Company.

Andy McIntosh

Professor of Thermodynamics and Combustion Theory at the University of Leeds and author of over 100 research papers...

Philip Metcalfe

An agriculturalist, also involved with the publication and distribution of evangelical Christian literature, particularly in the Russian language.

John Perfect

A teacher with almost four decades of experience in the public and private sectors.

Maurice Roberts

Minister of the Inverness congregation of the Free Church of Scotland (Continuing). Rev. Roberts is well known as a conference speaker in many countries around the world and was formerly a school classics teacher.

Council of Reference

Stuart Burgess

Professor of Design and Nature, and Head of Mechanical Engineering at Bristol University...

John Blanchard

Author of many popular books including Evolution: fact or fiction? Has Science Got Rid of God? and Does God Believe in Atheists?

Gerard A. Chrispin

A lawyer and qualified and experienced in management, he has developed and directs Daylight Christian Prison Trust.

George Curry

Minister of Elswick Parish Church [St Stephen and St Paul], Newcastle upon Tyne.  Mr Curry is the Chairman of Church Society and a governor of two schools, one primary, the other secondary.

David Harding

Pastor of Milnrow Evangelical Church, Lancashire.

Russell Healey

Formerly a Fellow of Selwyn College and Lecturer in the Engineering Department at Cambridge University, Dr Healey now teaches mathematics at a leading independent school.

Derek Linkens

Professor and Dean Emeritus, Department of Automatic Control and Systems Engineering, University of Sheffield. Elected a Fellow of the Royal Academy of Engineering for his research on biological systems modelling and control. 

John MacArthur

Pastor of Grace Community Church in Sun Valley, California, and president of The Master's College and Seminary, John MacArthur is a well known author and broadcaster.

Albert N. Martin

Pastor Of Trinity Baptist Church, in Montville, New Jersey, for forty five years, Albert Martin taught Pastoral Theology for twenty years in the Trinity Ministerial Academy...

Steve Taylor

Reader in Micro and Nano Technology at the University of Liverpool, Dr Taylor's research involves design, simulation and fabrication of microengineered electronic devices as well as detailed physical measurements at nanoscale dimensions. He is author or co-author of over 170 papers and articles in the scientific literature.

Scientific Panel

Geoff Barnard

Visiting Senior Research Scientist in the Department of Veterinary Medicine, University of Cambridge. Dr Barnard has held Senior Lectureships at three UK Universities with a research career in the development of immunodiagnostic tests. He has over 50 peer-reviewed papers and several chapters in scientific textbooks.

Paul Garner

Holds a BSc (Hons) in Environmental Science (Geology and Biology) and is a Fellow of the Geological Society. Mr Garner worked for some time as a Senior Information Scientist and is now a full time lecturer and researcher with Biblical Creation Ministries. His current research interests include the depositional environment of the Coconino Sandstone of the Colorado Plateau.

Arthur Jones

Science and Education Consultant. Dr Jones is a member of the Institute of Biology and holds a PhD from Birmingham University for research on the diversification of cichlid fish.

Tim Wells

Senior Lecturer in Neuroendocrinology at Cardiff University . Dr Wells is an internationally recognised expert in the actions of ghrelin, a recently discovered hormone produced by the stomach, ...

Како што може да се забележи, има луѓе од разни профили:
градежници, професори за термодинамика, земјоделци, инжинери за нано технологии, машинци, учители, правници,...
а, има и такви кои иако не директно, сепак се индиректно поврзани со биологијата и за нив може во извесна смисла да имам некакво разбирање, оправдување.
Но, во професииве,
некако црвенава боја ми е најзастапена! Се некои пастори, евангелисти, министри во евангелски, баптистички цркви, се некои автори на религиозни книги ... да ти е милина да си читаш!намигнување

Случајност!збунетостизненадување
Пристрасност!збунетостизненадување
Субјективизам!збунетостизненадување
Неее! Кај смее да има такво нешто!намигнување

На крај, реков и порано, не тврдам дека е сосема точно тоа што го вели Дарвин, затоа таа е само теорија, но тој дава можен доказ за неговиот поглед за тоа како настанал човекот (како што се доказите за теоријата за „големата експлозија“). За разлика од него, верниците секогаш од другите бараат докази ...
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... бујрум наведете го тој "доказ" за еволуцијата 
газење%20од%20смеење

... и притоа паѓаат од смеа, а незнам зошто? не%20знамглупчо

А, кога некој ќе даде било каков доказ, тие (ако не е во врска со бог и неговото дело) веднаш го отфрлаат. Ова не се однесува само за дарвиновата теорија, туку за било која област. Отпрво негираат и се потсмеваат (а „бога ми“ некаде и убивале) за секое научно докажување. Подоцна, откога и самите ќе согледаат дека не биле во право, ќе се „помират“ со тој факт, но сеоак, тоа ќе си го прилагодат на сопствените потреби, па ќе речат: „ете гледате ли каква совршеност направил бог. Кој друг може да направи овакво нешто ...“ (Пр. за движењето на Земјата околу Сонцето)!

И повторно, по којзнае кој пат, ќе побарам, дајте вие (верниците) ваш доказ за тоа што го тврдите, дека бог го направил човекот од кал и вода. Само немојте она веќе виденото: „па погледни околу тебе, се што гледаш е најголем доказ за божјото дело“ или „така пишува во библијата, а ти треба само да веруваш и ќе видиш“!губитник
А доколку и вие немате такви докази какви што ги барате од другите, не е ништо страшно или срамно, едноставно признајте го тоа и готово! големо%20гушкање

Р.Ѕ. Отпосле забележав, и затоа направив edit.
Дали приметивте дека сите наведени личности се мажи!размислување
Не, сосема случајно, како во црквите, е и ова!намигнување



Изменето од Zlatnik - 07.Септември.2009 во 14:16
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 21:57

Златниче мило, што не ти е јасно од она што ти го напишав во предходниот коментар?

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2009 во 20:41
...
 
Можеби не е овде местото... но сепак сакам да ве прашам...
..Дали  може да се извршат две венчанија во рок од две недели... имено...дали може, кумот кој едната недела венчаваше млад брачен пар, оваа  недела тој  да се венчава... ???
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2009 во 20:50
Колку што знам мислам дека не е никаков проблем.
п.с
ал што ќе се шине од играње дечкото


Изменето од ahmar1 - 08.Септември.2009 во 20:50
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 203204205206207 242>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,563 секунди.