IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За Иконите (само текст, без слики!)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За Иконите (само текст, без слики!)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 57>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 19:23
Па и ти не ги почитуваш твоите преди. Тие биле пагани и многубошци, го обожувале Перун и компанијата а ти си се одметнал од твоите предци и си станал монотеист и веруваш во еврејскиот Бог! Значи и ти не ја сакаш твојата земја и не ги почитуваш традициите на твоите предци.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 19:56
Каде сте бре? Кај отидовте?
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 23:44
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Зборот икона доаѓа од грчкиот збор εἰκών (еикōн), што значи лик, образ, слика. Господ го создал човекот според своја икона (лик, образ, слика), но не во материјална, односно надворешна, туку во духовна смисла. Значи, Господ е првообразот, а ние сме создадени според Неговата икона (лик, образ). Но, со паѓањето во грев, ние го валкаме тој образ, таа икона. Затоа, само оној кој ќе си го очисти срцето од страстите и ќе го просветли својот ум, само тој го стекнува оној чист образ кој Бог на почеток им го даде на првите луѓе. А таа цел ја имаат постигнато светителите – тие се оние луѓе кои се вратиле кон првобитната состојба која Бог ја дал на Адам и Ева, односно таквите луѓе станале богови по благодат.

Затоа св.Василиј Велики ќе рече: “Почитувањето упатено на иконата, допира до првообразот”.

За православните, иконата е цртано Евангелие. На неа се прикажани сите настани од Библијата. Само брз поглед да се фрли, на пример, на иконата на св.Јован Крстител, јасно ни станува дека тој бил обезглавен и главата му била ставена на чинија, дека живеел во пистина, дека бил облечен во облека од камилски влакна и појас од кожа околу слабините, и по крилјата кои му се нацртани разбираме дека тој е оној ангел кој бил испратен пред лицето на Господа, за да го приготви Неговиот пат. Иконите се средства преку кои се буди нашата внатрешна духовна состојба. Само кога ќе ја погледнам иконата на св.Јован Крстител, мене веднаш ми текнува колку ревносно тој Го следел Господ и дека заради Неговото име и пострадал, и ми доаѓаат покајнички мисли.
Порано, тоа на сите ни е познато, луѓето не се школувале како што денеска тоа се прави. Тие не можеле да го читаат Светото Писмо, но преку иконите ја дознавале неговата содржина.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Би сакал да ви цитирам нешто од Православниот молитвеник на Брегалничката епархија (стр. 224)

   „Кога и како се целиваат светите икони?

При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средината, па и оние отстрана...
Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин:
се прават два поклона пред неа, па се целива, потоа се прави уште еден поклон..."


Православните христијани не се поклонуваат и не ја почитуваат иконата како материјал, како боја и дрво, туку се почитува таа човечка икона која е насликана на неа. Значи, кога има голем број на цитати од Библијата во која луѓето се поклонувале еден на друг…

1 Мојсеева 27, 29 Народи да ти слугуваат и племиња да ти се поклонуваат! Да бидеш господар над братот свој и да ти се поклонуваат синовите на мајка ти! Проклет да биде оној, што тебе те проколнува, а благословен – оној што тебе ќе те благословува!

1 Мојсеева 42, 6 А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа земја. И браќата Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија со лицето доземи.

1 Мојсеева 47, 31 И му рече: „Заколни ми се!” И тој му се заколна. Тогаш Израил му се поклони врз перницата од својата постела.

Дела 16, 29 А тој побара светло, истрча и растреперен падна пред Павле и Сила;

…зошто тогаш би било грев да се поклонуавме пред изобразба на некој кој е бог по благодат, пред некој кој достигнал еден дел од совршенството, од кое ние сме многу далеку? Тоа воопшто не значи дека го ставаме на местото на Бог, туку дека го почитуваме затоа што живеел свет живот и е добар пример за нас како и ние треба да живееме угодувајќи Му на Бога, знаејќи дека тој светител сега е во небесните обители во радоста на славата Божја. Ако некој бакне икона на која е изобразен св.Јован Крстител, тој со усните го бакнува, а со умот се вознесува до светителот, т.е. не го бакнува материјалот, туку оној што е насликан. Православните христијани не ја обожаваат иконата, ниту пак светителот кој е изобразен, туку го почитуваат. Пак ќе нагласам – НЕ ОБОЖАВАМЕ светители, туку почитуваме. Истото се случува и со сликите кои дома си ги чуваме. На нив има многу наши мили личности и знаеме понекогаш со чувство на љубов да ја бакнеме сликата, односно личноста која е сликана, но тоа не значи дека ние сме идолопоклоници.
Некој тука ќе приговори зошто тогаш не се молиме на тие наши мили личности кои се на сликата, ама логиката е многу јасна – затоа што тоа може да се луѓе кои, како што реков, си го имаат извалкано својот првобитен образ, луѓе кои не се христијани, кои се атеисти, луѓе кои воопшто не се ни трудат да живеат богоугодно. Луѓе кои не ја исполниле и не сакаат да ја исполнат својата цел да станат богови по благодат.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Што е суштината на оваа заповед?

Забележливо е дека таа содржи три основни сегменти:

1. Забранета е изработка на ликови и слики кои ќе служат како сакрални предмети, претстави или претставители при нашето општење со Господ.
2. Забрането е да им се прават метании на вакви предмети како дел од побожноста и духовноста.
3. И конечно, Божја закана дека ќе го казни непочитувањето на оваа заповед.


Најчесто, најголема полемика се ствара околу втората Божја заповед. Но за да се сфати суштината што сака Бог да каже преку тоа, ќе ја пастирам и првата заповед, бидејќи втората доаѓа како нејзина последователност.

Исход 20, 2 „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството. 3 Немој да имаш други богови освен Мене! 4 Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;5 немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, ако тие Ме мразат;

Во овие стихови јасно се вели дека се забранува да се прави идол, друго божество кое ќе се почитува и ќе се стави на местото на Бог. А со оглед на тоа што православните христијани не ги обожаваат иконите и светителите, значи дека не се ни идолопоклоници.

Господ понатаму Самиот појаснува дека навистина со оваа заповед мисли на туѓи божества, идоли, кои се во врска со бесовите.


Исход 20, 23 Не правете си сами сребрени богови, ниту златни богови не правете сами за себе.

Исход 22, 20 Кој принесува жртва на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби.

Исход 23, 13 Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на туѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша.

Исход 23, 23 Кога ангелот Мој ќе појде пред тебе и те одведе кај Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, (Гергесејците), Евејците и Јевусијците, и кога ќе ги истребам (од пред вашето лице): 24 немој да им се поклонуваш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку скрши ги и спомениците нивни уништи ги.

Исход 34, 13 туку жртвениците нивни урнете ги, и спомениците нивни скршете ги; и светите дрвја нивни исечете ги (и нивните излеани Богови изгорете ги во оган). 14 Зашто ти не треба да се поклонуваш на други богови освен на Господ (Бог), бидејќи името Негово е ревниво; Тој е Бог ревнител. 15 Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та кога ќе се оддаваат на блуд за своите богови и им принесуваат жртва, да не те поканат и тебе да јадеш од нивните жртви. 16 И не земај од ќерките нивни жени за своите синови (и не давај ги своите ќерки за нивните синови), та да не би и ќерките нивни, вршејќи блуд за боговите свои, да ги натераат и синовите твои на блуд за боговите нивни. 17 Не прави за себе лиени богови!

Броеви 25, 1 Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав; 2 и тие го покануваа народот да присуствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.3 И му се приклони Израил на Ваал Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израил.

Напротив, Бог дури и му заповедал на Мојсеј да направи ликови за богослужбена употреба на вистинскиот Бог.

Исход 25, 9 Се, (направете) како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа – така да направите.

Исход 25, 18 И направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот; 19 направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од очистилиштето. 20 херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон очистилиштето. 21 И стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас

Светилник со седум гранки
Исход 25, 31 И направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде кован; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови – сите тие од него да излегуваат;32 шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата
страна на светилникот; 33 три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот, 34 а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови; 35 едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки – така под шесте гранки што излегуваат од светилникот (и на светилникот четири чашки во вид на оревов цвет). 36 Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато.40 И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.”

Исход 26, 1 „Направи и скинија од десет платништа: од пресукан лен, од сина, црвена и светлоцрвена волна; врз нив да направиш и херувими – уметничка изработка. 30 Така ќе ја направиш скинијата според образецот, што ти беше покажан на планината. 31 И направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен; и на неа нека има уметнички извезени херувим

3Царства 6, 18 По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; се беше покриено со кедар; камен не се гледаше. 23 А во Светињата над светињите направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти. 29 И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор.

Езекил кажува - 1, 5 во средината негова, пак, видов призраци на четири животни - по обликот свој слични на човек; 6 секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив - по четири крилја; 7 а нозете нивни - прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита (крилјата, пак, нивни беа лесни). 8 А под крилјата нивни имаа човечки раце - на сите четири страни. 9 четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во насока на лицето свое. 10 Обликот на лицето нивно им беше како лице човечко и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна - лице телешко кај сите четири, и лице орловско кај сите четири животни.

Езекил 41, 18 беа направени херувими и палми: палма меѓу двата херувима и кај секој херувим - по две лица. 19 Од едната страна кон палмата имаше свртено човечко лице, а од другата страна кон палмата - лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу. 20 Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по ѕидовите на храмот.

Во заповедта се вели дека не треба да се прави слика на се она што е на земјата (вклучувајќи ги и растенијата и животните), но веднаш потоа Бог вели да се направат цветови и палми и херувими со животински и птичји лик.

А треба со особено внимание да го забележиме овој стих

Исход 25, 22   и тука, над капакот, меѓу двата херувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за се ќе им заповедам преку тебе на синовите израилски.

Господ не само што дава заповед да се направат Херувими, туку и се јавува меѓу нив!

Значи, разликата помеѓу оние ликови кои претставуваат идол и помеѓу ликовите кои се за богослужбена употреба се состои во тоа што идолите се нереални претстави на нешто што не постои, зад чија позадина стојат нечистите духови и им се препишува славата која може да ја има само единиот Бог, додека, пак, иконите за богослужбена употреба се реални луѓе кои постоеле, кои живееле за Бога и кои со својот живот Го исповедале, т.е нешто што е Божјо и нема никаква врска со бесовите.

Интересна работа е што Евреите до нивното излегување од египетското ропство немале храм, немале скинија, и за да знаат како таа треба да изгледа, Бог им заповеда да ја направат по образецот што Тој им го дал. Истото се однесува и на иконата со ликот на Господ. Во Стариот Завет Христос сеуште не бил воплотен преку Богородица, сеуште никој не знаел како изгледа Господ, но откога Тој се објавил на човештвото и откако видовме и знаеме како изгледа, нема никакви пречки за Неговиот лик да го изобразуваме и да го почитуваме. Всушност, таа вистина ја потврдил и Тој Самиот, кога цар Авгар бидејќи бил болен и верувал дека преку Господ ќе се исцели, пратил сликар да го наслика, но Господ зел крпа, Го отиснал Својот лик на неа, и му ја пратил на царот. (тој спомен го славиме на 29-ти август – нов стил).


СВЕТИ ИКОНИ, СВЕТИ КРСТ, СВЕТИ МОШТИ

 

Секташите ја обвинуваат Црквата дека ја “прекршила“ втората Божја заповед затоа што во богослужбата употребува и “обожава“ икони; освен тоа се поклонуваат на Крстот - како на “идол“, а исто така и на моштите од светителот. Тоа е идолопоклонство, и директен грев против  втората Божја заповед - кажуваат секташите. Црквата, во својата историја “слушнала“ многу вакви обвинувања но сепак одново ќе им посветиме малку внимание!

 

Кажуваме дека на самиот почеток на втората Божја заповед не е забрането правење ликови и сликање слики, а нешто друго: нивно обожавање, клањање - ниту им служите, зашто Јас сум Бог твој (2Мој.20,4-5)

 

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ТОА ГО ПОЧИТУВААТ, И ТИЕ НЕ ОБОЖАВААТ НИКОГО И НИШТО ОСВЕН БОГА. Да слушнеме најнапред што кажува втората Божја заповед:

Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш, ниту да им служиш ...

 

Кога оваа заповед би се разбрала (истолкувала) буквално - би настанал општ хаос. Во такви околности, секој сликар, биолог, фотограф, вајар,... би бил најголемиот грешник. Албумот со нашите слики би представувал кип “идолски“, а за телевизијата да не спомнуваме. Личните документи не би биле потребни, а новините би штампале само сувопарни текстови...

 

Па како тогаш треба да ја разбереме оваа заповед?! Просто - доволно е да се осврнеме на БИБЛИЈАТА,  и тука е одговорот. Во образложение на оваа заповед Бог кажува:

Не правете ракотворни образи, ни делкани; и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се клањате, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог (3Мој. 26.1)и понатака: Тогаш ќе се свртат назад и со голем срам ќе се покријат оние, што се надеваат на идоли, кои им велат на идолите: вие сте наши богови

(Иса. 42.17 ; 44.9-17 ; 45.20 ; 46.6-7 ; итд.).

Значи, Господ Бог децидно забранува што точно и на кој не треба да му се поклонуваме како на БОГ. Само тоа, и ништо повеќе! А ЦРКВАТА ТАКВО НЕШТО НИКОГАШ НЕ НАПРАВИЛА! ЦРКВАТА НИКОГАШ НЕКОЈ ПРЕДМЕТ ИЛИ ЛИЧНОСТ НЕ ГО ПОСТАВИЛА НАД БОГА, ИЛИ НАМЕСТО БОГА! Да видиме - во Библијата постои дирекна Божја наредба да се прават кипови и икони за богослужбена потреба!

 

ЕВЕ ГИ И ТИЕ МЕСТА ВО СВЕТОТО ПИСМО:

 

- Бог наредува да се направат две статуи ангели (херувими) во Храмот Божји:

(2Мој. 25.18-22 ; 1Кн. Дн. 28.18 ; 1Кн. Цар. 6.23-29 ; 8.6-7)

- Бог наредува да се направат резани ликови во Храмот

(1Кн. Цар. 6.29-35 ; 7.29,36 ; 2Кн. Дн. 3.7)

- Бог наредува да се извезат ликови на ангели на порфирната завеса во светилиштето:

(2Мој. 26.31 ; 2Књ. Дн. 3.14)

- Бог наредува да се извезат ликови на ангели НА ДЕСЕТ ЗАВЕСИ во шаторот:

(2Мој. 26.1 ; 36.8)

- Бог му ја покажува на Мојсеј сликата на Својот храм и се што е во него:

(2Мој. 25.9,40)

- Во самата небесна Црква се наоѓаат кипови на ангели, како и извајани ликови:

(Езек. 41.18-26)

 

 

Понатаму, Бог не само што не забранува користење на религиозни слики за богослужбена потреба, туку, на против - НАРЕДУВА! Затоа, поистоветувањето на СВЕТИТЕ ИКОНИ со “идоли“ би било навистина НЕРАЗУМНО, или нешто повеќе - голем грев! ЗАТОА ШТО НИЕ ПРАВОСЛАВНИТЕ НЕ ГИ ОБОЖАВАМЕ СВЕТИТЕ ИКОНИ, НИТИ СЕ МОЛИМЕ НА ИКОНАТА КАКО НА ПАРЧЕ ДРВО ИЛИ ХАРТИЈА. ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ СЕ МОЛАТА НА ИКОНАТА, КАКО СИМБОЛ НА ЛИЧНОСТА ВИЗУЕЛНО ПРЕДСТАВЕНА НА НЕА; КАКО НА ПРВООБРАЗ. ТИЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ИКОНАТА КАКО БЛАГОСЛОВЕНА ПРЕДСТАВА НА НА ЕДИНСТВЕНИОТ ЖИВ БОГ - НЕГОВИТЕ АНГЕЛИ, СВЕТИТЕЛИ И МАЧЕНИЦИ, КОИ, КАКО ШТО ВИДОВМЕ ТИЕ СЕ НАШИ ПРИЈАТЕЛИ И ЗАСТАПНИЦИ. (Отк. 5.8 ; 8.3-4)  НИЕ СО УСТАТА ГО ЦЕЛИВАМЕ СВЕТИТЕЛОТ КАКО ЖИВА И РЕАЛНА ЛИЧНОСТ ВО НЕБЕСНАТА ЦРКВА.

 

Она што е представено - запишано во Евангелието, то е представено и во нашите очи, и со боја, насликано на ѕидовите од храмовите, или на дрво или некој друг материјал. Она што со читање се прикажува за нашите уши, тоа истото се прикажува со сликање за нашите очи.

 

Во Св. Писмо гледаме дека Бог понекогаш правел чуда преку мртвите, без животни:

 

- преку “ древниот“ Мојсев стап: (2Мој. 7.17 ; 8.17 ; 9.3 ; 17.5-6)

- преку БАКАРНАТА ЗМИЈА: (4Мој. 21.6-9)

- преку МОШТИТЕ НА ЕЛИСЕЈ: (2Кн. о Цар. 13.21)

- преку ХРИСТОВАТА ОБЛЕКА: (Мат. 9.20-22)

- преку ПЕТРОВАТА СЕНКА: (Д. ап. 5.15)

- преку ПЛУНКАТА И БАЊАТА СИЛОАМ: (Јован. 9.6-7)

- преку ПРЕКУ УБРУСОТ И ПОЈАСОТ ап. Павле: (Д. ап. 19.11-12)

 

 

ПА, ЗОШТО И ПО НАТАМУ СЕ СОМНЕВАТЕ ВО ЧУДОТВОРНАТА МОЌ НА СВЕТИТЕ МОШТИТЕ, СВЕТИТЕ ИКОНИ ИЛИ СВЕТИОТ КРСТ? ИСТОРИСКОТО ИСКУСТВО НА ЦРКВАТА И НЕКЗИНОТО ПРЕДАНИЕ ТОА ГО ПОТВРДУВА.!

 

На крај да имаме предвид и тоа дека , до Второто Христово Пришествие, Бог никој никогаш не го видел, и дека Бог во ЛИЦЕТО НА ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА ПРИМА ЧОВЕЧКА ПРИРОДА (ЈОВАН. 1.14 ; 14.9). ПОРАДИ ТОА БОГОЧОВЕКОТ ИСУС ХРИСТОС ОПРАВДАНО МОЖЕМЕ ДА ГО ПРЕДСТАВУВАМЕ ВИЗУЕЛНО ВО НЕГОВИОТ ВИЗУЕЛЕН ОБЛИК.

 

787 ГОДИНА НА СЕДМИОТ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР, ЦЕЛАТА ЦРКВА ГО ПРИФАТИЛА ОВА УЧЕЊЕ И ДОНЕСЛА КОНЕЧНА ОДЛУКА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ИКОНИТЕ!!! А НАВИСТИНА БИ БИЛО НЕВКУСНО ЛИКОТ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, БОГОРОДИЦА, АПОСТОЛИТЕ, АНГЕЛИТЕ, И СИТЕ СВЕТИТЕЛИ ДА ГИ НАРЕКУВАМЕ “ИДОЛИ“.

 

СВЕТИОТ КРСТ - ап. ПавлеОти мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов“(Филип. 3.18).

Навистина, и ден денес многу од секташите се јавуваат како крстоборци (иконоборци) и противници на почитувањето на СВ. КРСТ

- “. Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, *сила Божја“(1Кор. 1.18)

 

НИЕ КЕ СЕ ПРИДРЖУВАМЕ НА ЗБОРОВИТЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ:

“А мене, да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос,

преку Кого за мене светот е *распнат, а и јас за светот“(Гал. 6.14) ЗАШТО ЗА НАС КРСТОТ ХРИСТОВ Е СИМБОЛ И СРЕДСТВО ЗА СПАСУВАЊЕ!

 

Од историјата на Црквата знаеме дека првите христијани имале свои симболи кои во тоа време представувале тајни знаци за распознавање. еден од тие е “риба“ а се знае и зашто. Риба на грчки ИХТИС - ИСУС ХРИСТОС ТЕУ ИОС СОТИР - ЗНАЧИ : ИСУС ХРИСТОС БОЖЈИ СИН, СПАСИТЕЛ! И ЗАРЕМ ТОЈ СИМБОЛ БИЛ НЕКОЈ ГОЛЕМ ГРЕВ ПРЕД БОГА?

 

НЕ! БИДЕЈЌИ ТОЈ ВО СУШТИНА ЈА ИЗРАЗУВА ГЛАВНАТА ВИСТИНА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО! Па зашто тогаш и крстот како предмет (симбол), и Крстниот знак со кој се прекрстуваме да биде грев? зашто кога со нашата рака ние правиме крст, со тие потези го изразуваме ЦЕЛОСНОТО ХРИСТИЈАНСКО ВЕРУВАЊЕ - НА СИМБОЛИЧЕН НАЧИН!

ТРИТЕ СПОЕНИ ПРСТИ И НА РАКАТА СИМВОЛИЧКИ ЈА ОЗНАЧУВААТ НАШАТА ВЕРА ВО ЕДИНСТВЕНАТА И НЕРАЗДЕЛНА СВЕТА ТРОИЦА. И КОГА СЕ КРСТИМЕ ИЗГОВАРАМЕ:

“ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ. АМИН! 

Тука се наметнува прашањето: како “секташите“ еретиците и останатите “христијански“ деноминации ја манифестираат својата вера (молитвеност)? обично и најчесто седат на земја, ги ставаат рацете меѓу колена и длабоко се замислуваат, или изговараат своја слободна (измислена) молитва.

Нас СВЕТОТО ПРЕДАНИЕ (историја-археологија) НЕ НУЧИ ДЕКА ПРВИТЕ ХРИСТИЈАНИ ИМАЛЕ ОБИЧАЈ ДА СЕ ОСЕНУВААТ СО ЗНАКОТ НА ЧЕСНИОТ КРСТ (да почитуваат мошти и икони), ПА НИЕ СЕГА ТОА И ГО ПРАВИМЕ . А “СЕКТАШИТЕ“ НЕКА НИ ДАДАТ НАС ОДГОВОР НА ОСНОВА НА ШТО, ТИЕ ЈА “ОСНОВААТ“ (СЕ ПОВИКУВААТ) СВОЈАТА ТРАДИЦИЈА И МОЛИТВЕНОСТ!?

 п.с.

со деца маштејнца не се сркат...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 00:08
Дајте бре еден конкретен, јасен и краток одговор на моето прашање: зошто не употребувате цитати од Светото Писмо наместо икони? Без православни медитации.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 00:10
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Дајте бре еден конкретен, јасен и краток одговор на моето прашање: зошто не употребувате цитати од Светото Писмо наместо икони? Без православни медитации.
 
п.с. со деца маштејнца не се сркат..., ама слушам и востание не се кревало/....газење%20од%20смеење
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
bratljube Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bratljube Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 00:12
kolku tastatura poarcena za da se prepirate so Boga deka ne e dobro sto zabranil da se pravat ikoni.

ama so Boga moze li covek da se prepira?
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 00:20
Добро може за тебе сум дете тетратка. Ама зар тоа ме спречува да размислувам и да истржувам? Само барам одговори.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 00:25
,,не ставајте во вашата земја камења со ликови, за да се клањате пред нив; зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.’’(Левит 26:1)
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 00:33
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

,,не ставајте во вашата земја камења со ликови, за да се клањате пред нив; зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.’’(Левит 26:1)
 
абе братче, големо%20гушкањеима се тука ... не е лошо да истрашуваш ама лошо е да провоцираш ...
 
тука има се САМО ТИ ОТВОРИ ГО СРЦЕТО ЗА ДА ГО ПРИМИ ХРИСТОСголемо%20гушкање, тогаш ке ја спознаеш твојата дедовска и прадедовска вистина... ти можеш да го направиш тоа, тука е вистината, а не некаде од страна во новото време по новиот суетен горделив човечки разум некој да ти го помрачува умот... тоа се потврдува со одрекувањето на историјата и традицијата... тоа го прави новата вера...
 
п.с.
имаш очи - читај
имаш срце - љуби го Бог
имаш душа - положи ја за ближниот и отвори се за Христос - Тој е тука...те чека..
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 00:38
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Црква на грчки екклезија, е собрание на верници.
 
Така е на старогрчки, ама на православен јазик Црква значи музеј на византиска уметност голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 00:39
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 01:00
Кога Исус беше искушуван во пустината се навраќаше на цитати од Светото Писмо. Така? Или пак гледаше во икони?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 01:04
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Кога Исус беше искушуван во пустината се навраќаше на цитати од Светото Писмо. Така? Или пак гледаше во икони?



АIDra замисли си храм од 5 век од новата ера. И на него цитати од Светото Писмо, а народот е 90% неписмен. И одат луѓето во Црква и ги гледаат тие цитати. Им значат ли нешто? Ама баш ништо. Ако мене ми дадеш некој цитат на кинески, ќе ми значи ли нешто ако јас не знам да го прочитам? Секако дека не. Така и тогаш. Имаше на ТВ еден свештеник кој говореше за вербата кај некоја постара жена која била неписмена ( со оглед на тогашната состојба во Македонија ) и која научила многу работи за Исус и верата токму преку сликите во црквите и проповедите на свештениците. Зарем таа жена правела лошо гледајќи во сликите и учејќи од нив?
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 01:07
Ај сеа замисли си храм од 21 век во земја со голем дел на писменост (мислам дека беше 90%) во која еволуцијата на црквата застанала во петти век.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 57>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,578 секунди.