Испечати | Затвори го прозорот

Лица што пелтечат

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8478
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 02:23
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Лица што пелтечат
Постирано од: AlisaMM
Наслов: Лица што пелтечат
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 12:36
Ме интересира вашето мислење за овие лица, како ги прифаќате, дали гледате на овој недостаток како на голем хендикеп, колку тие ќе го имаат проблемот со вклопување во средината во различни ситуации во животот, конкретно кога станува збор за деца од предучилишна и рана училишна возраст, кога другите деца, па има ситуации и возрасни кога се подбиваат на оваа говорна мана

-------------
Alisa



Коментари:
Постирано од: jasminaiva
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 13:43

Јас гледам недостаток со тоа што не можат да работат некои јавни функции, како што е овој на пример во здравство сега, не можат да работат со деца во развој заради тоа што децата ќе научат да пелтечат, телефонски оператор итн. но затоа може да бидат прекрасни пеачи Smile.

Секој човек има некаков недостаток. Недостатокот се јавува само во ситуација кога од лицето се бара нешто што директно е поврзано со него и неговиот проблем. Значи недостаток е и што некој човек е дебел кога не може да се протне низ тесна дупка Smile


-------------
"Оние што танцуваат можеби им изгледаат луди на оние што не ја разбираат музиката"


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 09:51
лицата што пелтечат имаат психолошки проблем.
тоа е променлива работа и со подолготраен третман тоа може да се промени. познавам човек кој сам си има излечено сличен проблем. со подолготрајно и макотрпно работење над материјали од психологија, астрологија, филозофија и слично.
пелтечењето е само проблем на изговор. тие лица имаат брза мисла и тешко им е тоа да го изговорат со таа брзина со која го мислат.


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 10:00
lichno se pravam deka ne zabelezuvam deka liceto peltechi pa si prodolzuvam normalna konverzacija...koga stanuva zbor za dete-toa sigurno nema moznost i sila da go nadmine samo toj problem,a mnogu pati i posetite kaj logopedi vo institutot za razvoj na glas,govor i sluh ne davaat rezultati.Mislam vo takov sluchaj treba na deteto da mu se objasni deka site sme razlichni i site imame nekakov problem.Nekoj e podebel,nekoj nosi ochila,nekoj nezboruva jasno nekoj peltechi i slichno....znachi treba da se raboti na samodoberba na deteto,da ne se zatvori vo sebe,da sfati deka ima drugi vredni raboti koi moze da gi istakne i so toa da predizvika vosh*t kaj drugite deca...primer sport,slikanje,peenje,matematichki disciplini i slichno.Znachi mnogu ukazuvanje deka site imame mani i nedostatoci no toa ne ne pravci pomalku vredni od drugite

-------------


Постирано од: jasminaiva
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 11:29
Лицата што пелтечат, доколку немаат некој проблем на централно ниво (оштетување на мозокот) проблемот им е емоционален. Под наплиц на емоции не можат така лесно да ја контролираат моториката на говорниот апарат и тоа во ситуација кога сакаат да изразат нешто лично. Кога изразуваат туѓи зборови и мисли никогаш не пелтечат и затоа ви напишав дека можат да бидат одлични пеачи. Smile
Дали може да се отстрани? Кај возрасни потешко, треба многу работа и при секој момент на висок наплив на емоции ќе мора да има голема способост за самоконтрола, а кај деца лесно се отстранува посебно од 5-7 години доколку нема некои дополнителни проблеми.


-------------
"Оние што танцуваат можеби им изгледаат луди на оние што не ја разбираат музиката"



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk