САИ БАБА
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Мистерии и астрологија
Опис на форумот: Хороскоп, сонови, гледање во кафе, во карти, во раце, во НЛО...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8229
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 12:37 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: САИ БАБА
Постирано од: Isis
Наслов: САИ БАБА
Датум на внесување: 02.Јули.2007 во 16:22
“Јас
дојдов за да ја запалам светилката на љубовта во вашите срца за да
станува се посветла и посветла со секој нов ден; не дојдов да
ширам некоја посебна религија заради придобивање популарност или пак
за да основам нова секта или вера. Исто така не дојдов за да собирам
верници на ново верско учење. Немам намера да собирам ученици, поклоници
во некое следбеничко учење. Јас дојдов за да го подучувам човештвото
за духовниот принцип на единството, а со тоа за патот на љубовта, големината
на љубовта, задачата на љубовта и за давањето на љубов“
-
Сатја Саи Баба, 4 Јули 1968 -
|
Коментари:
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 02.Јули.2007 во 16:23
и Баба за повеќе
милиони луѓе во светот, коишто дошле во контакт со него, е Аватарот
на нашето време. „Аватар“ е санскритски термин и значи „инкарнација
на Божествената свесност на Земјата“. Тој е обожуван како инкарнација
на потполната Божественост. Тој е дојден како духовен учител за да
ја издигне свеста на човештвото во овој критичен период во историјата.
Исто како што не може со зборови да се објасни и долови сладоста на
шекерот, исто така не е можно со зборови да се објасни Саи-феноменот.
Неговата Вистина може да се долови само преку целосно применување на
неговата порака во мислите, зборовите и делата во секојдневниот живот.
Преку промената на начинот на живеење, полека ја разоткриваме нашата
вистинска природа. Тоа е највредното нешто, што ни го дава Аватарот.
Подлабокото ниво на неговата порака е дека Божественоста се инкарнирала
меѓу луѓето за да ги потсети на нивната божествена природа.
Во основа
ние не се разликуваме од него. И ние сме божествени инкарнации. Ова
е најважната поука од Багавад Гита (Божествен пев, најважната книга
на мудроста од индиската духовна традиција). Саи дојде како духовен
учител за да ни помогне да ја препознаеме вистината и човештвото да
го вратиме на изворот на Божественоста.
Исто како Алах за
муслиманите, Таткото, Синот и Светиот Дух за христијаните, Јехова за
Евреите, Буда-природата за будистите, Ахура Мазда за Парсите, Врвното
Себство за приврзенците на Ведантата или Големиот Дух за американските
Индијанци, Саи Баба е име за сеприсутна, највозвишена реалност, којашто
во повеќе религии се означува како „Бог“. Едната и единствена Божественост
зема многубројни имиња и се манифестира во многубројни форми. 250годишниот
период на аватарството на Саи започна во 19 век и опфаќа три инкарнации
на овој Аватар на Кали добата (според индиската космологија - мрачната
доба); целта на неговото доаѓање е повторното воспоставување на правилното
дејствување. Сите три инкарнации се нарекуваат Саи Баба, што значи
Божествени Мајка и Татко.
Сатја
Саи Баба
Сегашниот Саи Баба
е роден во1926 година и е втора од трите последователни инкарнации
на Саи. Првата инкарнација беше Ширди Саи Баба, којшто го напушти неговото
тело осум години пред раѓањето на Сатја Саи Баба. Ширди Саи Баба за
време на животот на Земјата поучуваше за Божјото татковство и за братството
меѓу луѓето. Тој им служеше на муслиманите и хиндусите во центрлана
Индија и долги години живееше во хиндуистички храм и муслиманска џамија.
И двете религии го почитуваат името на Саи.
Ширди
Саи Баба
Саи во сегашното
тело како Сатја Саи Баба живее и во 21 век. Повторно осум години по
напуштањето
на телото ќе се роди во јужна Индија како
третата Саи-инкарнација. Ќе се вика Према Саи Баба и ќе ја заврши
мисијата на Саи Аватарот во Кали-периодот, а човештвото ќе го поведе
во златното
време.
Саи
Баба, човек и богочовек |
Центарот на сите
активности е Сатја Саи Баба, кој уште од рани години на многумина им
ја има покажано неговата вистинска природа. Него можеме да го означиме
како чиста, целосна љубов, како отелотворување на врвниот мир и среќа,
како суштество коешто ја манифестира Божественоста. Тој ја отелотворува
секоја благородна човечка особина, а истовремено покажува божествени
аспекти, својствени на еден Аватар. Тој во неговата рака ја има моќта
за управување со природата. Тој го поседува целото знаење и ги знае
минатото, сегашноста и иднината на секој оној, којшто доаѓа кај него.
Овие карактеристики на семоќност, сезнајност и сеприсустност се знаци
за целосно отелотворување на Божественоста.
Во неговата порака Саи ги поддржува сите вери и ја нагласува единственоста
на сите религии и единственоста на Божественоста. Саи Баба живее во
ашрамот во Путапарти во мала и едноствна соба, а од утро до вечер им
е посветен на посетителите. Тој не е ограничен на неговиот физички
облик. Тој дејствува во сите димензии, во грубото и суптилното, се
појавува во сонови и визии, во внатрешни искуства и се појавува во
неговиот физички облик. Тој е божествен учител, кој ги води неговите
поклоници, ги инспирира однатре и им дава надворешни упатства. Тој
ги просветлува срцата, ја буди божествената љубов во луѓето и го открива
најголемото богатство, бессмртниот Атман, универзалното Себство, присутно
во сечие срце.
-------------
|
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 02.Јули.2007 во 16:28
Е овој човек го имам гледано на телевизија, и стварно е нешто што секој може да го види, а никој да го објасни... Дефинтивно неговата моќ до ден денеска е мистерија пред нашите очи...
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Јули.2007 во 16:31
i,...i za nego ednash imashe objasnuvanje,...kako, shto pravi,...ne s e sekavam,....od nishto (od vozduh!!) ,..."stvarashe" nekakov prashok,...i gi posipuvashe lugeto,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 02.Јули.2007 во 16:34
За да допатувате кај
Саи Баба и да се сместите во неговиот ашрам „Прашанти Нилајам“ (Пребивалиште
на врвниот мир) не е потребно претходно најавување. Не е можно да се
резервира соба. Сместувањето го координира Канцеларијата за сместување
(Accomodation Office) во самиот ашрам. |
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 02.Јули.2007 во 16:35
Најголемиот
дел од годината Багаван Шри Сатја Саи Баба го минува во неговиот ашрам
во Путапарти. Од време на време Саи Баба го напушта ашрамот на неколку
денови или недели. Тој се сели во Вајтфилд или посетува други градови
во Индија. Овие патувања се спонтани и поклониците не добиваат претходно
информации за патувањата на Саи Баба.
Саи Баба
за време на летните к*рсеви, почетокот на мај, Саи Баба најчесто се
наоѓа во
Вајтфилд. Од почетокот до средината на јуни повторно се враќа во Путапарти.
Сместувањето во ашрамот во отсуство на Саи Баба е дозволено само за
најмногу три дена (регулатива од 1999 година). Актулени информации
за тоа каде се наоѓа Свами можете да добиете и на Интернет: http://www.sathyasai.org/whereis.htm - Where
is Swami?
-------------
|
Постирано од: ASTRIX
Датум на внесување: 02.Август.2007 во 23:54
еве што напраил овој- може од ништо да напраи нешто, од граниТ напраил лижавче, левитирал, си ја мењал бојата на облеката што ја носел, мултиплицирал храна, мењал вода у вино, си го мењал ликот, правел да врне кога сака ....ама НЕ СЕ СОГЛАСИЛ научници да го ‘прегледаат‘ во лабораторија под контролирани услови така да, може е само некој илузионист и преварант
-------------
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 00:06
Prasajte go Monsi..toj bese tamu,vo negoviot ashram.
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 00:10
PRASAJTE ME MENE OTI JAS TAMU NEBEV
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 01:24
ништо чудно, се знае дека ке се појават лажни чудотворци како овој
-------------
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 04:53
SE E LAGA, SAMO EDNA VISTINA E!
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 12:32
da, da, prasanjeto e cija vistina e vistina
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 03.Август.2007 во 12:45
SAIT BABA TIPCE VIKAT INDIJSKO ILI TAMU OD NEKOE PLEME
SHO
USPEVA DA STVARA BOBONCINJA I NEKOJA PRASINA SO MAVNUVANJE NA RAKA PRED
SEDNATA TOLPA NA NAIVNITE INDIJCI I DRUGI NACIONALNOSTI
VIKA DEKA NE GI MATERIALIZIRA NEGO SAMO GI TELEPORTIRA OTI NA BOBONCINJA PISUVA bronhi
PA SE CUDAM IMA LI SMISLA BOMBONCINJATA DA IM GI KRADE OD DECATA KOI TAMAN SEDNALE DA SI KASNAT
SE
MISLEV PONEKOGAS KAKO PO GRESKA NE TELEPORTIRA EDNA NUKLEARNA BOMBA I
SITE NEVERNI TOMI NA 2 SEKUNDI DA SE UVERAT DEKA NAVISTINA TOA I GO
PRAVI A POSLE 2 SEKUNDI I CELIOT SVET KJE E UBEDEN DEKA BABA E
VISTINSKI SVETEC OTI KRATEROT KJE SVEDOCESE NAREDNI 100 GODINI DEKA
TUKA POSTOEL BABA I NEGOVOTO TELEPORTIRANJE
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Август.2007 во 00:59
moira напиша:
SE E LAGA, SAMO EDNA VISTINA E! | e,pa,..tuka i vi e problemot,...vashata vistina e,...totalna laga!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: PAVLIN
Датум на внесување: 04.Август.2007 во 20:03
brza напиша:
i,...i za nego ednash imashe objasnuvanje,...kako, shto pravi,...ne s e sekavam,....od nishto (od vozduh!!) ,..."stvarashe" nekakov prashok,...i gi posipuvashe lugeto,...
|
pesokot mu e izmama nekoja mnogu teska...gledav deka i naucnici toa go pravat....satja sai baba e najpoznat guru koj sto go poznava modernoto vreme
------------- “Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Август.2007 во 20:25
da e samo pesokot,..a be ,...celiot e izmama,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: molly
Датум на внесување: 05.Август.2007 во 01:07
tipov e cista prevara, poznavam luge so idat u toj sai baba centar pa mu slavat rodendeni, mu se molat...
------------- koga se osekas dobro ne grizi se ke ti pomine.
|
Постирано од: misterious
Датум на внесување: 24.Септември.2007 во 21:29
Во врска со прашакот што го прави-не знам од што е -ама многу луѓе мислат дека е лековит. Велат дека на самото негово тело има прашак и им дава на луѓето за да ги прати среќа. И денес по продавниците на фенг схуи има миризливи стапчиња од саи баба. Велат дека прашокот вечно мириса и ти дава вечен мир и спокојтво. Познавам типка која наводно проба од тој прашак и вели дека сеуште го чувствува мирисот и вкусот во нејзината уста.
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 25.Септември.2007 во 02:21
Можеби Саи Баба има моќ, но од каде е изворот на таа моќ. Сте се запрашале ли?
-------------
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 25.Септември.2007 во 09:47
se imam zaprasano ...
ama neznam dali e toa Bozja ili djavolska priroda ...
edno e ...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 25.Септември.2007 во 10:34
Јас мислам дека е ѓаволска Научници сакале во лабараторија да извршат прегледи и тестови врз Саи Баба за да ги набљудуваат феномените и ‘чудата ‘ кои ги прави ама овој не дозволил. И ѓаволот може да даде некому моќ и надприродни способности со кои ќе ги импресионира масите, и ќе ги заведе подалеку од вистинскиот пат
-------------
|
Постирано од: misterious
Датум на внесување: 25.Септември.2007 во 13:24
Тој пак вели дека моќта му е "доделена" од божеството. Ако е ѓаволска тогаш зошто ги лечи болните и им помага на сиромашните?
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 25.Септември.2007 во 14:08
dali ima mesto za "placebo" efetkt ...
mislam ...
koga covek ima maka i za slamka ke se fati ...
ima razni slucaevi ...
vo narodot ima se ...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 11:37
misterious напиша:
Тој пак вели дека моќта му е "доделена" од божеството. Ако е ѓаволска тогаш зошто ги лечи болните и им помага на сиромашните?
|
Па ако не го прави тоа , не лечи и не помага , како ќе се заведат мнозина по него. Луѓето паѓаат на такви финти Демонската моќ не мора секогаш да се манифестира само преку лоши и злобни дела
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 11:47
Во 2000 год. излезе документарен филм во кој малди следбеници на Саи Баба го обвинуваат дека сексуално ги злоставувал, еден од нив кажал дека Саи Баба обожувал да го мачка со масло по гениталиите.Наводно Саи Баба им велел дека таквото мачкање со масло било дел од Хиндуизмот, што не е точно
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 11:51
Саи Баба не бил суден и не била поведена судска постапка против него во врска со сексуалното малтретирање, бидејки бил и е многу популарен во Индија и е близок со власта со која ги дели разните финансиски донации кои се собираат во неговите организации кои ги има околу 1,200.
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 11:53
Болен човек, Мајкл Пендер во 2001 год. отишол да биде излечен од Саи Баба, но подоцна на својот пријател му кажал дека гуруто сексуално го злоставувал за време на сеансите за ‘лечење‘. Мајкл Пендер се самоубил после тоа
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 11:55
Дејвид Едвардс болен човек кому му требала помош од Саи Баба, не бил во можност да патува за да се види со гуруто туку му пишувал писма. Саи Баба нити еднаш не му одговори. Едвардс се самоубил и до себе оставил проштално писмо во кое жали што Саи Баба не му вратил одговор
Дански новинар пишува дека Саи Баба им забранува на луѓето да истражуваат по Интернет за него.
-------------
|
Постирано од: misterious
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 23:39
Ajdee e ova ne go znaev. Svasta
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 23:47
Кога се истражува за вакви ( а и за било што ) типови, секогаш се збираат информации од разни места, не само од посветените следбеници на Саи Баба кои за жива глава нема да признаат дека не се во право и дека Саи Баба навистина злоставувал млади момчиња. Се што ги интересирало нив е дека - Свами е чист- Мене ме заинтригира кога прочитав дека Саи Баба не сакал да се согласи неговите спосбности за правење чуда да бидат набљудувани во контролирани лабараториски услови. Ако си моќен нема да ти е проблем и во лабораторија пред научници да си ги манифестираш моќите и да ги подложиш на набљудување и анализа Слдно кое ме заинтригира беше што типов основал 1,200 центри кои примаат финансиски донации. Штом парата е во игра збогувај се со духовноста, и најпосле штом Саи Баба ужива поддршка и од властите...јас немам сомнеж дека Саи Баба е преварант, илузионист и во краен случај опседнат со демони.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 26.Септември.2007 во 23:54
a,jas ,..ednostavno samo ne veruvam deka bilo koj moze toa da go pravi,...ne mi trrebaat laboratorii da go dokazuvaat toa,..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 27.Септември.2007 во 08:05
име еден добар филм ILUSIONIST !!!
ви го препорачувам ...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: connected
Датум на внесување: 27.Септември.2007 во 21:13
-Sai Baba (tocno kako sto kaza ACELERA), koga pari se vo igra ne priznavam nikakva duhovnost. Ocigledno deka e dobar manipulator na prosecnata masa.
p.s super e filmot
-------------
|
Постирано од: ASTRIX
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 11:46
секакви ‘ново компонирани‘ гуруа и просветители за мене се само очаен обид човекот да се возгордее дека е Бог , а на некои им годи да бидат славени и обожувани како Богови Сите вакви пророци имаат цел да ги одвратат луѓето од вистината, а Злиот кој во се го копира Создателот им е сојузник и им дава моќ да манифестираат ‘моќи‘
|
Постирано од: naemnik
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 12:39
ACELERA напиша:
Па ако не го прави тоа , не лечи и не помага , како ќе се заведат мнозина по него. Луѓето паѓаат на такви финти Демонската моќ не мора секогаш да се манифестира само преку лоши и злобни дела
|
jas lichno ne znam sho da mislam za nego, ama toa shto go kazuvash ti isto i za Isus go vikale ko go gledale deka leche Lugje.
Isus im ima odgovoreno deka: Ako Gjavolo se bore so Bozhi metodi togash ne mozhe da bide Gjavol
ama chitajte go ova:
http://saibabaexposed.blogspot.com/2006/11/sanghvis-truth-about-sai-baba.html
|
Постирано од: Azrael
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 13:17
A kako ke poznaes ti deka saibaba e so Bozji metodi oooo, sai baba vadi prsteni i zlatni lanci i na toa site pagaat vo nesves a Isus ne bil show men taka da neka se TIT saibaba
------------- ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
Постирано од: naemnik
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 14:16
FALKON напиша:
A kako ke poznaes ti deka saibaba e so Bozji metodi oooo, sai baba vadi prsteni i zlatni lanci i na toa site pagaat vo nesves a Isus ne bil show men taka da neka se TIT saibaba
|
ja zboreshe za lechenjeto, a on sho prae show toa e fakt.......
Jas ne sum Saibabovec ako mislesh deka pravam propaganda tuka......
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 14:19
saibabovec,...,...interesen zbor,..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Azrael
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 14:20
ja zboreshe za lechenjeto, a on sho prae show toa e fakt.......
Jas ne sum Saibabovec ako mislesh deka pravam propaganda tuka......
EPA TOGAS OK NI ZA LECENJETO NE E KAJ SITE ZNAES DEKA TOJ OD CELA TOLPA BIRA SAMO NEKOLKU KOJ KE GI IZLECI...PREVARANT
------------- ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
Постирано од: naemnik
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 15:39
FALKON напиша:
ja zboreshe za lechenjeto, a on sho prae show toa e fakt.......
Jas ne sum Saibabovec ako mislesh deka pravam propaganda tuka......
EPA TOGAS OK NI ZA LECENJETO NE E KAJ SITE ZNAES DEKA TOJ OD CELA TOLPA BIRA SAMO NEKOLKU KOJ KE GI IZLECI...PREVARANT
|
tja............. iskreno da ti recham ne sam upaten u negovite raboti...... onaj sho gleda ozgore neka sude ;-)
|
Постирано од: naemnik
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 15:41
brza напиша:
saibabovec,...,...interesen zbor,..
|
|
Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 03.Октомври.2007 во 11:02
ACELERA напиша:
Јас мислам дека е ѓаволска Научници сакале во лабараторија да извршат прегледи и тестови врз Саи Баба за да ги набљудуваат феномените и ‘чудата ‘ кои ги прави ама овој не дозволил. И ѓаволот може да даде некому моќ и надприродни способности со кои ќе ги импресионира масите, и ќе ги заведе подалеку од вистинскиот пат
|
toa e poentata na Lukaviot , neli ? vo evangelieto na jovan , na krajot od dnite prvo ke se pojavi nekoj sile prorok, lugeto ke mislat deka toj e isus a ustvari toa ke bide izmamata od Lukaviot .
------------- во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 03.Октомври.2007 во 14:08
мислам дека Саи Баба е некој илузионист ...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 21:57
Дефинтивно неговата моќ до ден денеска е мистерија пред нашите очи...
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 21.Јуни.2008 во 18:17
marco_antony напиша:
мислам дека Саи Баба е некој илузионист ... |
На youtube.com неколку индијски илузионисти ги изведоа истите трикови што тој ги прави(а ги претставува како дејство на неговата „божествена„ милост) инаку многумина поранешни негови ученици го обвинуваат за педофилија.
Поранешниот следбеник Тал Брук ја раскажа својата исповед во книгата „Аватарот на Ноќта„.
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 02.Јули.2008 во 16:49
А што е разликата помеѓу САИ БАБА и ДЕЈВИД КОПЕРФИЛД...???
САИ БАБА не може да направи да исчезне кипот на слободата...
Ете тоа е разликата..
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 00:52
којсумјас напиша:
А што е разликата помеѓу САИ БАБА и ДЕЈВИД КОПЕРФИЛД...??? САИ БАБА не може да направи да исчезне кипот на слободата... Ете тоа е разликата..
|
Исто така Саи Баба не може да лета, не може да помине низ кинескиот ѕид, не може да преполови волантер од публика итн.
Обичен преварант, кој си ужива во славата и богатството стекнато од своите завадени поклоници.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Kristin969
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 16:04
Jas nemam poznavanje na negovoto ucenje , no ako e toj takov kakos to kazuvate, zosto tolku lugje odat kaj nego sekoja godina?
------------- Ljubov i Svetlina!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 17:06
Затоа што ние луѓето сме како овци кои живееме во едно духовно слепило и во нашата оскудна потреба од Господ и духовно исполнување, ние се фаќаме како давеници за сламка, па дури и за вакви циркузанти како Саи Баба.
"А кога излезе од коработ, виде големо множество (луѓе) и се сожали за нив, зашто беа како овци без пастир, и почна да ги поучува многу."
(Матеј 6:34)
На тој народ му треба поучување, му треба светлина, ми треба вода од вистинскиот извор - Исус Христос.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Astra
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 19:22
Kristin969 напиша:
Jas nemam poznavanje na negovoto ucenje , no ako e toj takov kakos to kazuvate, zosto tolku lugje odat kaj nego sekoja godina?
|
Затоа што многу луѓе не се свесни за што точно се работи. Но, не е само тој во прашање, има и многу други како него.Ова прашње е малце покомплексно.
------------- What you see,hear and feel is not always true.
|
Постирано од: Kristin969
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 20:07
Znaci za da se znae za sto tocno se raboti,, treba da se slusne, da se zapoznae dobro sto pretstavuva toj i negovoto ucenje, a ne da se tresat od rakav komentari.....kako i da e, bilo koj duhoven ucitel, koj lugjeto gi uci na ljubov, mir i megjusebno pomaganje za mene e vreden za pocit. Tocno e deka najdobro e da se sledi Isus HRISTOS i negovoto ZIVO UCENJE, no nikoj od nas ne ja znae Bozjata promisla i zosto tokmu sega i tokmu vo ova vreme dodeka nie ziveeme se pojavioja tolku mnogu spiritualni uciteli?
------------- Ljubov i Svetlina!
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 21:25
Kristin969 напиша:
Znaci za da se znae za sto tocno se raboti,, treba da se slusne, da se zapoznae dobro sto pretstavuva toj i negovoto ucenje, a ne da se tresat od rakav komentari.....kako i da e, bilo koj duhoven ucitel, koj lugjeto gi uci na ljubov, mir i megjusebno pomaganje za mene e vreden za pocit. Tocno e deka najdobro e da se sledi Isus HRISTOS i negovoto ZIVO UCENJE, no nikoj od nas ne ja znae Bozjata promisla i zosto tokmu sega i tokmu vo ova vreme dodeka nie ziveeme se pojavioja tolku mnogu spiritualni uciteli? |
Затоа што живееме во големата временска пресвртница позната и како времето на крајот, кога Пра-централното Сонце од духовниот универзум засилено зрачи и изнесува се` на виделина се` повеќе.
Како чистите позитивни така и темните негативни сили стапуваат се` повеќе во акција. Тоа воедно значи дека и многубројни души кои живеат во астралните подрачја се поттикнати на активност како и енергетските полиња зад кои тие стојат, и настојуваат своите желби и представи да ги објават и по можност спроведат во материјалниот свет, на Земјата преку духовно-сензибилни луѓе. Но овие души и енергетски полиња немаат ништо заедничко со Бога и неговата света волја. Во таа смисла Христос уште како Исус од Назарет ги предупреди луѓето дека ќе се појават многу „христоси„ и лажни пророци. Исто така рекол дека тој повеќе нема да дојде во тело, туку во Духот.
Саи Баба(вистинското име му е Сатјнарајан Раџу)меѓу другото вели дека е реинкарнација на Исус од Назарет, а тоа се коси со она што Христос го кажал за себе.
Инаку нема религија на светов која не учи за љубовта - но прашањето е како се сфаќа исполнувањето на Божјата љубов.
На пр. некои католички високодостоинственици рекоа дека топовите во првата светска војна громогласно ја објавуваат милоста Божја...
Папата Јован Павле Втори 90те години од 20-от век „жалејќи„ за геноцидот сторен низ Јужно-американскиот континент од страна на католичките конквистадори, изјави дека: сепак се работи за среќна вина, оти сепак макар и на тој начин Јужна Америка го запозна Евангелието(радосната вест)...
Да земе човек да си ги истрие очите дал му се присторува дека вакви работи се кажувале и кажуваат!
Мајка Тереза(вистинско име Боја Гонџиу) го демолирала целиот ентериер кој бил дониран во една нејзина индијска болница со цел да се живеат идеалите на сиромаштијата(?)...
А Тал Брук, поранешен ученик на Саи Баба изнесе тешки обвинувања од типот на сексуални перверзии на „чистиот„ духовен учител.
Но тоа и не би било толку страшно кога отворено би се велело:„според нашето учење така треба!„ па кој сака нека прифати.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 21:52
Не можам да судам од гледање на телевизија и од читање книги.... Да видам во живо, можеби ќе верувам....
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 23:59
Kristin969 напиша:
Znaci za da se znae za sto tocno se raboti,, treba da se slusne, da se zapoznae dobro sto pretstavuva toj i negovoto ucenje, a ne da se tresat od rakav komentari.....kako i da e, bilo koj duhoven ucitel, koj lugjeto gi uci na ljubov, mir i megjusebno pomaganje za mene e vreden za pocit. Tocno e deka najdobro e da se sledi Isus HRISTOS i negovoto ZIVO UCENJE, no nikoj od nas ne ja znae Bozjata promisla i zosto tokmu sega i tokmu vo ova vreme dodeka nie ziveeme se pojavioja tolku mnogu spiritualni uciteli? |
Ако го следиш учењето на Исус Христос ќе знаеш дека Саи Баба е лажен пророк, дека му служи на Сатаната, ги заведува луѓето и како таков не е воопшто вреден за почит. Да појаснам, јас не ти сугерирам ти да не го почитуваш Саи Баба, но само ти посочувам дека не можеш истовремено да го следиш Христос и да го почитуваш Саи Баба. Тоа се две контрадикторни учења. Тоа е како да газиш на два чамца кои пловат во спротивна насока.
Ако Го следиш Исус Христос и Неговото живо учење многу добро ќе ја знаеш Божјата промисла зошто токму сега во ова време додека ние живееме се појавија толку многу духовни (спиритуални?) учители. Во Библијата, во Евангелијата, во Новозаветните книги многу добро, јасно и концизно е објаснета таа Божја промисла. Читај, и нека Бог те просветли за да го разбереш тоа што ќе го читаш.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 16:39
EvAngelos напиша:
... Да појаснам, јас не ти сугерирам ти да не го почитуваш Саи Баба, но само ти посочувам дека не можеш истовремено да го следиш Христос и да го почитуваш Саи Баба. Тоа се две контрадикторни учења. Тоа е како да газиш на два чамца кои пловат во спротивна насока.
|
Иако во бројни работи не се согласувам со Евангелос, морам да речам дека ова е одличен одговор и сјаен илустративен пример!
Ако некој сака да го следи Сатја Саи Баба тоа е негово право, но тоа со Христос нема никаква врска и не е истоветно со неговото учење иако на прв поглед на не- или - делумно упатените така им изгледа, бидејќи обајцата зборуваат за Љубов и духовност.
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 27.Мај.2011 во 22:43
Погребан Саи Баба
27.04.2011 11:10
Индискиот духовен гуру Саи Баба денеска е погребан во
присуство на стотици илјади негови следбеници, кои сакаа да му ја
оддадат последната почит во храмот на југот на Индија Тибетски
свештеници, муслимански духовници, политичари и воени функционери, како
и обични следбеници, го преплавија комплексот на „ашрама“ (храм) во
Путапарти во сојузната држава Андра Прадеш на испраќањето на својот
духовен лидер. Во текот на церемонијата, кој беше спроведен со
сите државни почести, низ ашрамот одекнувале хиндуистички напеви, а
потоа телото на Саи Баба беше скриено со параван за да може со него да
се прости потесното семејство. Од неделата навечер, кога беше
изложено неговото тело, облечено во карактеристичната портокалова
наметка, крај неговиот одар и покрај големата жештина, продефилираа
стотици илјади луѓе. Харизматичниот Саи баба, кој самиот си се
прогласи за реинкарнација на Саи Баба од Ширди, светец кој починал во
1918 година, со своето горопадно учење кое беше мешавина од хиндуистички
и муслимански верувања, привлече милиони следбеници ширум светот. Тој почина во бедела, во 85-та година од животот поради откажување на внатрешните органи. Саи
Баба беше и културна икона и во светот и во Индија, земја која бргу се
модернизира, но во која религијата и духовноста се уште се интегрален
дел од животот на населението. Се проценува дека Саи Баба имаше
околу 10 милиони следбеници во стотина земји ширум светот, меѓу кои
имаше и политичари, славни актери од Холивуд и од Боливуд, како и
спортски ѕвезди. Тој предвиде дека ќе живее 96 години, па веста за
неговата смрт ги збуни следбениците, кои му препишуваат натприродни
моќи, меѓу кои се и лечење на болни во терминалната фаза на болеста.
Чисто да документираме форумски, Саи Баба си умре и еве го погребаа пред месец дена...Ќе го чекаме со нетпрпение филмот кој сигурно ќе го снимат за него ( мој фаворит за главен актер е Канго наш, некако ептен ми личат), како и да е почивај во мир Саи Баба и среќно...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 17:11
Саи Баба си ја промаши датата на сопствената смрт. Тој предвивде во 1960 год. дека ќе почине 2019.
За веродостојноста на таа изјава гарантира следниот сајт: http://www.sssbpt.org/Pages/Trust/AboutSite.htm - http://www.sssbpt.org/Pages/Trust/AboutSite.htm
Предвидувањето е документирано во Sathya Sai Speaks vol.1, говор од 29.септември 1960 тој тогаш изјави:
цитат: "I will be in this mortal human form for 59 years more and I shall certainly achieve the purpose of this avathaar; do not doubt it."
превод: „Во овој смртен човечки облик ќе бидам уште 59 години и ќе ја постигнам смислата на оваа аватара; не се сомневајте во тоа.„
официјален link - текстот е во pdf формат:
http://www.sssbpt.info/english/sssvol01.html - http://www.sssbpt.info/english/sssvol01.html
точка 31. 29/09/1960 Sathya Sai Geetha (III)
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 06.Јуни.2011 во 11:20
Оке, ако поаѓаме од христијанска гледна точка, Саи Баба би бил лажниот месија. Браво! Од хиндуистичко -будистичка гледна точка е пак светец, као демек аватар, т.е боженствена душа во тело со човечка форма. Е, од моја гледна точка па, глупости на кубен.
Ја прочитав книгата за него (од млад психијатар од САД, не ми текнува на авторот) и не бев ни малку воодушевена.
Глупости живи според мене, мас медиумите го прават да изгледа толку изопачено и бизарно според мене, премногу форсирање не е на арно. Го превртуваат до степен на морбидност.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 06.Јуни.2011 во 14:57
Tiggy Vicious напиша:
Од хиндуистичко -будистичка гледна точка е пак светец, као демек аватар, т.е боженствена душа во тело со човечка форма. | И од хиндуистичкаѕа гледна точка на гледиште за многумина не е светец. Имено ако бил аватар неговите предвидувања требале да се остварат(на пр. годината на умирање). Бактиведанта Свами Прабупад(од Харе Кришна движењето) 70те год. гопраша отприлика со зборовите: „Ако си ти навистина аватар зошто не си предвиден во шастрите(светите списи)?„ во друга прилика за него рекол „Ако е тој навистина багаван(Бог) зошто со ефтини трикови создава златни ланчиња наместо да создаде златен рудник како што вистинскиот Бог создал бројни рудници во утробата на земјата?„ и тн.
Други хиндуси му забележуваа на плагијатите т.е. умееше речениците на Ганди, Шивананда и други цитати да ги претставува како свои и тн...
Поентата не ми е да навредам некого со ова, секој има право да верува во што сака и како и колку сака. Но за волја на вистината, не му тргна од рака да си ја предвиди сопствената телесна смрт.
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 07.Јуни.2011 во 10:21
Тоа да. А што е со претворањето на светата прав во ете ко што викаш -накит, облека, други работи... Што мислиш за тоа?
П.С: Мислам, само барам мислење вака, од постар (пардон, повозрасен) човек на форумов.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 09.Јуни.2011 во 08:39
da beshe barem sai dedo ., avaka sai baba pa mashko
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 09.Јуни.2011 во 23:58
Tiggy Vicious напиша:
Тоа да. А што е со претворањето на светата прав во ете ко што викаш -накит, облека, други работи... Што мислиш за тоа?
П.С: Мислам, само барам мислење вака, од постар (пардон, повозрасен) човек на форумов. | Обични трикови, некаде ставив линк до видеа каде тоа е разоткирено а се зборува и за сексуалната злоупотреба на момчиња. Еве ги повторно:
http://youtu.be/EwOecpMkHH0 - http://youtu.be/EwOecpMkHH0
pajser напиша:
da beshe barem sai dedo ., avaka sai baba pa mashko
| Во повеќето индијски јазици „баба„ или „бапу„(хинди) значи татко. Неговото световно име беше Сатјанарајана Раџу.
|
|