Испечати | Затвори го прозорот

Ванилици

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27868
Датум на принтање: 03.Март.2025 во 17:59
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ванилици
Постирано од: Valerija
Наслов: Ванилици
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 20:39
Вкусови различни,секогаш освојуваатсреќа

Ванилици со бадеми, путер и маст


Ванилици со бадеми,путер и маст

Состојки
100 г шеќер
1 јајце
125 г путер
125 г свинска маст
200 мл јогурт
600 г брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
100 г печени сецкани бадеми (несолени)
шеќер во прав за посипување

Рецепт од детството на секое дете.

1.Во еден сад измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето и смесата нека се изедначи.
2. Потоа додадете го јогуртот и омекнатиот путер и свинската маст. Измешајте убаво па додадете ги брашното и прашокот за пециво. Брашното додавајте го полека додека не добиете тесто кое може убаво да се отвори во кора, но не смее да биде претврдо. Значи од оваа количина 600 г можи да треба нешто помалку или нешто повеќе, зависи од брашното. 
Додадете ги исецканите бадеми и убаво измесете. Исучете кора со дебелина до 2 цм и со калап вадете форми и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Гурабиите се печат на 180 степени околу половина час. После печењето, извалкајте ги во шеќер во прав.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 20:42
Ванилици со мед

Ванилици со мед

Состојки
3 фил масло
3 фил шекер
3 лаж мед
1 ванила
1 лаж сода бикарбона
3 јајца
по потреба брашно
за полнење мармалад
за посипување прах шекер

Во длабок сад убаво се мати маслото и шеќерот, потоа се додава медот, ванилата и сода бикарбона, а потоа јајцата и брашното. Се меси тестото, се расукува и со помош на калап се вадат кругови. Се редат во плек обложен со мрсна хартија и се печат во загреана релна на 200степени окулу 5 до 10 мин да поруменат (да се внимава да не се препечат). Кога се готови се мачкаат со мармалад се поклопуват со друго парче и се посипуват со прав шеќер.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 20:48
Ванилици со ореви

Ванилици со ореви

Состојки
300гр. маст
3 жолчки
1 квасец свеж
1/2 шоља млеко
100гр. мелени ореви
1 лимон(сок)
600-700гр. брашно
1 пакетче (8-10 гр) ванилин шеќер
мармалад по желба
За валкање
100-150 гр шеќер во прав

Ретро рецепт од моето детство ванилици со маст и ореви.
Подготовка.
1. Во пластичен сад, со мискер го матиме ванилин шеќер, маста и жолчките додека не добиете пенеста смеса. Додадете сок од лимон, филџанот млеко заедно со подквасениот квасец,оревите и додавајте постепено брашно.
2. Со раце, месете се додека не добиете фино, мазно тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете во фрижидер барем половина час да се одмори.
3. Одмореното тесто расукајте го со дебелина од 2мм и со помош на модла вадете форми. Остатокот од тестото повторно расукајте го и повторно вадете форми.
4. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење и врз неа ставете ги ванилиците за да се печат.
5. Печете на 180 степени, околу 10 до 15 минути, водејќи сметка да не потемнат. Оставете ги да се оладат
6. Една ванилица премачкајте ја со мармалад и залепете ја со друга ванилица.
ДОБАР АПЕТИТ!!!




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 20:52
Ванилици со ореви и мармалад од шипки


Ванилици со ореви и мармалад од шипки

Состојки
200гр. брашно
50гр. мелени ореви
3 лажици мед
3 лажици путер
2-3 лажици млеко по избор
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка кора од лимон
150гр. мармалад од шипки

оздрава верзија на класичните ванилици со маст, воедно многу вкусни колачиња во кои можете да уживате без грижа на совест.

- Во сад се соединува брашното, мелените ореви, циметот и кората од лимон. Потоа се додаваат преостанатите состојки путерот, медот и млекото, се замесува тесто.
- Се остава да одмори 30 минути во фрижидер.
- Тестото се расукува и со калап се вадат форми. Се редат на плех и се печат 10-12 минути на 180 Ц, притоа се внимава да не се препечат.
- Оладените ванилици се мачкаат со мармаладот и се преклопуваат.
- По желба се посипуваат со шеќер во прав, јас ги посипав со мелен кокос.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 20:55
Чајни ванилици

Чајни ванилици

Состојки
150гр путер
150гр шеќер
3 жолчки
50гр исчистени бадеми
200гр брашно
Користени Делимано производи

Путерот и шеќерот се матат пенесто.
Се додаваат жолчките, бадемот и брашното.
Добро се замесува, да се добие мазно и меко тесто.
Се расукува кора.
Од кората се вадат со помош на калап во каква форма и сакате.
Се печат на тивок оган и кога се печени се валкаат во шеќер во прав зачинет со ванила.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 20:58
Ванилици со лимон и џем од вишни


Ванилици со лимон и џем од вишни

Состојки
тесто
500 гр брашно
200 гр шеќер
200 гр маргарин
100 мл кисела павлака
2 јајца
1 ванилин шеќер
1 лимон
уште
200 гр џем од вишни
100 гр кандирани цреши
50на гр шеќер во прав

Ставете ги сувите состојки во длабок сад за месење и измашајте ги.
Изрендајте ја кората од лимонот, па и неа додадете ја. Сокот исцедете го на страна.
Додадете го омекнат маргаринот, киселата павлака и јајцата и измесете.
На крај постепено додавајте од лимоновиот сок и домесете. Започнете со сок од пола исцеден лимон, па потоа регулирајте ако е потребно додавање. Доколку не сакате да ставате многу сок од лимон, можи да додадете 1-2 лажици масло покрај половинката исцеден лимон.

Откако тестото убаво е измесено, се расукува врз набрашнета површина со дебелина од отприлика 4 мм и со калапче се сечат форми, половина цели, а половина со засечен круг во средината.

Се печат на 170С околу 20 мин. , се внимава да останат бели.

Се лепат со мармалад од вишна (секако дека можи и со таков каков имате и сакате) и одозгора во отворот се става по половинка кандирана цреша.
Пред да почните со лепење, колачите со дупка предходно поросете ги со шеќер во прав.

Овие колачи, затворени во кутија, можат да стојат подолго време.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 21:01
Заљубени ванилици

Заљубени ванилици

Состојки
за тесто
450 гр брашно
200 гр. свинска маст (или маргарин)
3 лажици кајмак
5 лажици шеќер
2 жолчки
1 лимон (рендана кора)
уште ќе ви биде потребно
по потреба мармалад од јагоди
по потреба шеќер во прав

Во сад за матење пенесто ја матиме свинската маст (со маргарин не сум ги правела) и шеќерот. Ги додаваме жолчките и кајмакот, рендана кора од лимон и полека додаваме брашно додека не замесиме убаво, глатко тесто. Помеѓу две парчиња најлонска фолија се развлекува кора со дебелина од 0,5 см. Тестото да напоменам дека нема потреба да стои на ладно. Од кората со калап од срце се формираат колачите. половината како целосна форма на срце, а половината како рамка од срце. Се печат на 180 степени 15 мин.притоа внимаваме да останат бели.

Печените ванилици, убаво изладени ги слепуваме со мармалад од јагоди и ги валкаме во шеќер во прав.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2018 во 21:04
Видео рецепт: Ванилици со мак (посно)


Ванилици со мак

Состојки
125 гр. маргарин
70 гр. шеќер во прав
1 +1/2 лажичка ванила арома
150 гр. брашно
100 гр. мак (афион)
џем од кајсии (или по желба)

Подготовка
Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени.

Макот сомелете го во Нутрибулет.

Чекор 2: Во сад ставете ги маргаринот и шеќерот во прав. Матете додека да се соединат. Додадете ги брашното и мелениот мак.

Чекор 3: Расукајте го тестото, вадете форми со модла или чаша и редете ги во тавата.

Чекор 4: Печете ги 10-ина минути. Печени ќе бидат меки, но кога ќе се оладат ќе се стврднат.

Чекор 5: Соединувајте две колаченца со вашиот омилен мармалад.

Чекор 6: Сервирајте!




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Мај.2018 во 13:10
Ванилици од тиква
Ванилици од тиква

Состојки
1/2 шоља (117 гр) омекнат путер
1/2 шоља (112 гр) испечена или сварена испасирана тиква
1/2 шоља (125 гр) кафеав шекер
1 кесичка ванилин шекер
1 1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка џинџер во прав
1/4 лажичка пимент во прав
прстофат сол
1 шоља (100 гр) ореви
2 шољи (240 гр) брашно
За посипување
по потреба шекер во прав

Загрејте ја рерната на 175 Ц. На плехот од шпоретот ставете хартија за печење.
На сува тава потпечете ги оревите, па крупно исецкајте ги.
Во еден мал сад просејте го брашното со зачините и солта. Ако имате готова зачинска мешавина за медењаци, можете да ставите 2 лажички од неа, наместо наведените зачини.
Во еден поголем сад пенесто изматете го путерот со пирето од тиква и шекерот. Мешајки со шпатула или лажица додајте го брашното, па оревите и само малку на крај дооформете го тестото со рака. Ако го месите многу нема да бидат ровки ванилиците.
Направете со мала лажичка 42 топчина и наредете ги на плехот. Јас сите ги печев одеднаш зошто воопшто не нараснуваат.
Печете ги околу 15 мин, или додека долната страна малку не се зарумени. Нека се подоладат кратко и извалкајте ги во прах шекер.
Чувајте ги во добро затворена кутија со обилно количество шекер во прав измегу.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Мај.2018 во 13:11
Ванилици со кокос


Ванилици со кокос

Состојки
250 гр. маргарин
2 јајца
150 гр. шеќер во прав(може да намалите ако сакате)
100 гр. кокос
40-500 гр.(по потреба) брашно
1/2 пециво
1 ванилин шеќер
мармалад за лепење
шеќер во прав за валкање

Маргаринот, јајцата, шеќерот и кокосот пенесто изматете ги. Додадете го брашното, пецивото, ванилата и убаво месете да добиете убаво тесто.Тестото оставете го во фрижидер 30-60 мин.
Од тестото формирајте кора од 5 мм. и вадете со чашка за ракија кругови или пак со калапчиња.Се ставаат на плех со хартија за печење и се печат на 200 ц. околу 10-15 мин. Не треба да фатат боја (треба да останат бели). Лепете ги две по две со мармалад и валкајте ги во прав шеќер. Чувајте ги во кутивче (пластично лимено какво било).
Кога ќе отстојат ден два се поубави и помеки. Може да се замрзнат, исто така ќе си го имаат истиот вкус.
Пријатно.
Тестот може да го направите без јајца(за да бидат посни),маргаринот може да го замените со маст.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Мај.2018 во 13:14
Ванилици со лимон и кокос

Ванилици со лимон и кокос

Состојки
1 јајце
1 шолја шеќер
1 шолја масло
2 ванили
1 пециво
250 гр. стопен маргарин
700 гр. брашно
100 гр. кокосово брашно
1 лажиче ситно рендана кора од лимон
100 гр. шеќер во прав и 1 ванила за валкање на колачите

1. Јајцето се мати со 2 ванили и со шеќерот.
2. Се додава маслото и стопениот маргарин, а потоа се мати убаво со мискерот.
3. Потоа се додава брашното, пецивото, кокосот и лимоновата кора.
4. Прво се меша со лажица, а потоа се замесува тесто со рака.
5. За полесно да се работи, пожелно е да се стави пола час во фрижидер.
6. Се сука тестото, се вадат колачи со форма по желба, се редат во плех, се печат на 180 степени во загреана рерна додека да поруменат сосема малку.
7. Веднаш, топли се валкаат во шеќер во прав измешан со ванила.
8. Може да се послужат одма, но ако отстојат преку ноќ се уште поубави!
Шолјата е од 200 мл.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Мај.2018 во 13:16
Ванилици со маст, павлака и лимон

Ванилици со маст,павлака и лимон

Состојки
За тесто
200 гр сало на собна температура
1 шоља (250мл) шеќер + 1 кесичка ванилин шеќер
1 јајце
1 жолчка
2 лажици кисела павлака
1 лимон, сок и ситно рендана кора
400 - 450 гр брашно
За премачкување на колачите
1 белка
За одозгора
200 гр крупно мелени или толчени ореви
За лепење на колачите
4 - 5 лажици мармалад од кајсии
1 - 2 лажици шеќер

Салото изматете го со миксер заедно со шеќерот, ванилата, јајцето и жолчката да стане пенесто. Додајте ја киселата павлака, сокот од 1/2 лимон и изматете добро да се соедини. Во брашното измешајте ја ренданата кора од лимон, па додајте го во претходната смеса. Замесете мазно тесто кое не се лепи.
Загрејте ја рерната на 180Ц.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење.
Белката ставете ја во еден мал длабок сад. Не ја матете.
Дел од оревите ставете во еден плиток сад. Не ги ставајте сите ореви одеднаш, зошто ако се навлажнат нема да се лепат за колачите.
Од тестото правете мали топчиња, спуштајте ги во белката, извалкајте ги во оревите и редете ги на плехот. Не мора да се многу раздвоени, малку нараснуваат во печењето.
Печете ги 15 - 20 мин., сосема малку да заруменат.

На средно силен оган ставете го мармаладот и шеќерот да проврие, па кратко варете го мешајки да се растопи шеќерот.
Со малку жежок мармалад спојувајте по 2 колачина.
Чувајте ги во добро затворена кутија. Од наведената количина состојки, мене ми испаднаа 60 колачи.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Мај.2018 во 17:11
Посни ванилици со узо (со делимано калапчина)


Посни ванилици со узо

Состојки
1 маргарин
4 лажици шеќер
3 лажици узо
1 шолја масло
150 гр сецкани ореви
½ кг брашно
1. Маргаринот се бие со шеќерот. Се додаваат узото, маслото, оревите и брашното.
2.  Се меси сето заедно.
3.  Се прави кора и се вадат со форми.
4. Се печат  на 150 степени.
5. Откако ќе се испечат се брбелаат во шеќер во прав




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Мај.2018 во 17:13
Делимано ванилици со лешници

Делимано ванилици со лешници

Состојки
250гр. путер
1 жолчка
100гр. шеќер во прав
150гр. печени и мелени лешници
400гр. брашно
1/2 пециво
10 лажици мармалад од кајсии

Изматете го пенесто путерот со жолчката и шеќерот во прав.
Постепено ги додаваме брашното и пецивото и на крај ги додаваме лешниците.
Тестото што ќе го добиеме треба да е средно меко, да не е тврдо.
Сучиме кора со дебелина на еден прст и со калапите сечиме форми. Печиме на 170 степени околу 20 мин.
Ги филоваме со мармаладот и лепиме по две форми. Посипуваме со шеќер во прав.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2018 во 08:42
Ванилици со маст и маргарин

Ваниици со маст и маргарин

Состојки
100гр. маргарин
100гр. маст
50мл. зејтин
3 лажици шеќер во прав
1 лажица ванила
на врв нож сол
кора и сок од 1 лимон (помал)
400-450гр. брашно
по желба сецкани ореви
за лепење мармалад
за валкање шеќер во прав

Ова е половина доза, излегуваат отприлика 30тина ванилици во зависност од модличката која ќе ја употребите. Сокот од лимон им дава сосем малку киселкаст вкус, но нас ни се допаднаа и така.
Доколку не сте љубители на маст или немате може да се направат и само со маргарин, вкусни се и така.

1. Во подлабок сад ставете ги сите состојки и со рацете замесете меко тесто кое не се лепи, па оставете во фрижидер додека се загрева рерната.
2. На малку набрашнета површина развлечете кора со дебелина од 4-5мм па со модличка вадете форми. Наредете ги на плех обложен со хартија и ставете да се печат во загреана рерна. Треба да ви останат бели. Оставете убаво да се изладат, па лепете по две со мармалад и извалкајте во шеќер во прав.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2018 во 08:44
Најмеки ванилици (посни)

Најмеки ванилици -посно

Состојки
700 гр. брашно
1 маргарин
3 мали филџани масло
5 лажици минерална вода
6 лажици шеќер во прав
по желба/потреба мармалад

Ова е рецепт за најмеките ванилици кои некогаш ги имам пробано, едноставно се топат во уста.

Во сад за матење, со миксер се мати маргаринот. Се додаваат маслото, минералната вода и шеќерот во прав. Потоа постепено се додава брашното (до максимум 700 грама). Тестото треба да биде меко.
На набрашнета површина се става дел од тестото и внимателно се расукува до дебелина од 5-7 мм.
Се сечат разни форми (со мали модли или мала чашка) и се печат во подмачкан плех со маргарин или во плех на хартија за печење. Внимавајте при печењето да останат бели.

Од оваа количина на состојки излегуваат најмалку два плеха од шпорет.
Додека се пече едниот плех, подготвувајте ги ванилиците за другиот плех.

Веднаш по вадењето од рерна, се лепат по две ванилици со мармалад и се валкаат во шеќер во прав.
Готовите ванилици можете да ги чувате во затворен сад повеќе денови. Остануваат меки и свежи.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2018 во 08:47
Видео рецепт: Ванилици со ореви и мармалад

Ванилици со ореви и мармалад

Состојки
За ТЕСТО ќе ви треба:

100 грама маст на собна температура
100 грама шеќер
½ пакување ванилин шеќер
1 јајце
1 лажица кисела павлака
сок и ситно рендана кора од 1/2 лимон
200 грама брашно
За ЛЕПЕЊЕ ќе ви треба:

4 - 5 лажици мармалад од кајсии
1 - 2 лажици шеќер
Ќе ви треба и:

1 белка за премачкување на колачите
100 грама крупно мелени или толчени ореви
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица и Сад за сос.

Подготовка
Чекор 1: Изматете ја маста со миксер заедно со шеќерот, ванилата, јајцето и жолчката, матете додека стане пенесто. Чувајте ја белката од јајцето за подоцна. Додајте ја киселата павлака, 2 лажици сок од лимон и изматете добро да се соедини. Во брашното измешајте ја ренданата кора од лимон, па додајте го во претходната смеса. Замесете мазно тесто кое не се лепи.

Чекор 2: Подгответе се за обликување и печење на колачите. Загрејте ја рерната на 180 степени.

Белката ставете ја во еден мал длабок сад. Не ја матете.

Дел од оревите ставете во еден плиток сад. Не ги ставајте сите ореви одеднаш, затоа што ако примат влага од тестото, нема да се лепат за колачите.

Чекор 3: Од тестото правете мали топчиња, во зависност од тоа колку мали ќе ги правите, ќе добиете околу 40-60 топчиња. Спуштајте ги топчињата во белката, извалкајте ги во оревите и редете ги на плитката тава. Не мора да се многу раздвоени, не нараснуваат многу во печењето. Печете ги 15 - 20 минути, сосема малку да заруменат.

Чекор 4: Во меѓувреме подгответе го мармаладот за лепење на колачите. На средно силен оган ставете го мармаладот со шеќерот во Садот за сос да зоврие, па кратко варете го мешајќи да се растопи шеќерот. Ние употребивме мармалад од кајсии, но вие може да употребите било каков, според вашиот вкус.

Чекор 5: Откако малку ќе се изладат печените колачи, со малку жежок мармалад спојувајте по 2 колачиња. Сервирајте и уживајте во овој класичен десерт.

Ако случајно ви останат колачиња за наредниот ден, чувајте ги во добро затворена кутија.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2018 во 08:48
Милицини ванилици со моркови

Ванилици со моркови

Состојки
250 гр. рендан морков
300 гр. свинска маст
500 гр. брашно
Кора рендана од 1 лимон
2 лажици шеќер
1 лажичка пециво
За валкање
според потребата прав шеќер измешан со ванилин шеќер

Припрема
- Исчистените моркови на ситната страна од рендето изрендајте ги. Треба да имате количина 250 гр. рендани. 
- Нарендајте ја и кората од лимонот.
- Со миксер сматете ја маста со шеќерот, додадете во неа морковот, кората од лимонот - измешајте, додадете го брашното во кое сте го ставиле и пецивото. Измешајте повторно добро да се целото тоа спои.
- Од добиената смеса правете ги формите, редете на не подмачкан плех, ставете да се печат на 200 степени околу 15 минути, односно лесно се препознава кога се печени - (ова затоа што сите рерни не работат исто)
- Валкајте ги во шеќер измешан со ванила шеќер. 
Супер ми беа, утре повторно ќе ги правам.
Напомена 
Збунувачко е малку 2 лажици шеќер. Откако ќе бидат увалкани со шеќерот во прав, навистина се доволно благи. Смеам и да си дозволам да кажам да кој не сака многу благо може комотно да прави со 1 лажица шеќер, а кој пак сака поблаго тогаш нека стави 3 лажици што е повеќе над оваа количина...веќе е ТАЖНО благо..



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2018 во 08:50
Виткани ванилици

Виткани ванилици

Состојки
800гр. брашно
250гр. путер или свинска маст
300мл. вода
1 пециво
200гр. мешан мармалад
200гр. сецкани ореви
100гр. шекер во прав

Замесуваме тесто од сите состојки. Тестото замесете го помеко и потоа го сучиме со сукало. Со чаша сечиме форми ставаме по малку мармалад и орев и ги виткаме од по страните.
Ги редиме во намрсено тавче, ги печиме 25 мин.на 180 степени.
Ладни ги посипуваме со шеќер во прав.
На здравје.
Во тестото ако сакате ставете и јајца, мене лично повкусни ми се без.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2018 во 19:42
Ванилици со маст и бело вино (рецепт од стариот тефтер на мајка ми)


Ванилици со маст и бело вино

Состојки
За тесто
1кг брашно
500гр маст (свинска)
200мл бело вино
150гр шеќер
За мачкање
по потреба/желба мармалад, џем, крем
За валкање
по потреба шеќер во прав
Дополнително
1-2 пакувања (10-20гр) ванилин шеќер

Ровки, меки, вкусни, миризливи, колаченца од кои се станува зависен.
Овој рецепт е во нашето семејство од кога знам за себе, сигурно има 30 години. Не претрпел измени бидејки не му се потребни. Совршен е.

Подготовката е едноставна. Во поголем сад се ставаат сите состојки за тестото и се меси тесто додека не се добие убаво, меко и мазно тесто. Во ова тесто можете да додадете и 10ина грама (1 пакување) ванилин шеќер.

Од тестото сукате кора со дебелина помалку од половина сантиметар, со калапчиња извадете форми и редете ги во плех на хартија за печење. Доколку користите Делимано, нема потреба од хартија, воопшто не лепи, испорбано безброј пати.
Печете 10-15 мин на 200 степени и извадете ги да се оладат.

Кога ќе се оладат, земете едно колаченце, премачкајте го со џем или крем по избор и прилепете го со друго колаченце со иста форма. Извалкајте го во прав шеќер.
Можат да стојат на ладно и до еден месец, ама нема шанси да стојат. Превкусни за некој да знае дека ги има дома и да не ги јаде =))

Толку!

Кога бевме мали, баба ми формите за ванилици ги вадеше со чашка за ракија или капаче од чепкалки за заби.
Доколку ги приготвувате со калапчиња со некоја форма вимавајте како ги редите за печење. Некои од формите ќе треба да ги печете обратно за да може да се спојат подоцна. На пример ако имате форма пајче (делимано калапчињата), едното колаче ставете го со клунчето кон десно, а следното со клунчето кон лево.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2018 во 19:45
Ванилици со павлака

Ванилици со павлака

Состојки
200 гр свинска маст
100 гр кисела павлака
150 гр шеќер
2 јајца
2 ванили
500-600 гр брашно
Во сад ставете ги маста, јајцата, павлаката, шеќерот, ванилата и изматете ги со миксер. Додадете го брашното и замесете средно тесто. На набрашнета површина развлечете кора со дебелина 5мм и со калапчиња правите колачи. Печете ги на 180 степени околу 15 мин. Готовите колачиња лепете ги по две со еурокрем или мармалад по желба.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2018 во 19:47
Ванилици со фил од јаболка

Ванилици со фил од јаболка

Состојки
тесто
500 мл масло
300 мл вода
1 кг и 200 гр брашно
½ пециво
Фил
5 јаболка
100 гр шеќер
100 гр сецкани ореви
1 пакетче цимет
1 ванила

1. Маслото и водата ги ставаме во сад на оган да зовријат. Садот го тргаме на страна.
2. Брашното и пецивото ги мешаме заедно. Ги додаваме во зовриената вода и мешаме. Смесата ја оставаме да се подизлади.
3. Тестото го вадиме од садот и го месиме.
4. Фил- јаболката ги рендаме. Ги ставаме во сад на тивок оган. Во нив го додаваме шеќерот. Од време на време мешаме да испари водата. Садот го тргаме од оган. Во јабоката ги додаваме оревите, циметот и ванилата. Мешаме.
5. Од тетсото земаме тесто во големина на орев. Тетсото го расплескуваме на рака. Во средината ставаме по 1 лажиче од филот и правиме топчина.
6. Ванилиците ги редиме во плех обложен со хартија за печење.
7. Печиме на 180 степени 20 минути.
8. Топлите ванилици ги валкаме во шеќер во прав.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2020 во 09:29
Ванилици

https://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8-3" rel="nofollow - - Ванилици

Состојки
  1. 50 гр сало
  2. 100 гр шеќер
  3. 2 жолчки
  4. 1 јајце
  5. 500 гр брашно
  6. 1 пециво
  7. џем од сливи, кајсии, праски...
  8. 150 гр шеќер во прав
  9. 2 ванили

Салото измешајте го со шеќерот, убаво, со дрвена лажица, па додајте ги јајцата, брашното и пецивото. Убаво измесете го тестото и расучете кора со дебелина по желба.
Наредете ги исечените колачиња на плех прекриен со хартија и испечете ги на 200 степени додека малку не заруменат.
Уште жешки филувајте ги со џем и испрпелајте ги во шеќерот во прав во кој сте ја ставиле и ванилата.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2020 во 09:33
Ванилици од тиква


https://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B0" rel="nofollow - - Ванилици од тиква


Состојки
  1. 1/2 шоља (117 гр) омекнат путер
  2. 1/2 шоља (112 гр) испечена или сварена испасирана тиква
  3. 1/2 шоља (125 гр) кафеав шекер
  4. 1 кесичка ванилин шекер
  5. 1 1/2 лажичка цимет
  6. 1/2 лажичка џинџер во прав
  7. 1/4 лажичка пимент во прав
  8. прстофат сол
  9. 1 шоља (100 гр) ореви
  10. 2 шољи (240 гр) брашно
  11. За посипување
  12. по потреба шекер во прав
  1. Загрејте ја рерната на 175 Ц. На плехот од шпоретот ставете хартија за печење.
    На сува тава потпечете ги оревите, па крупно исецкајте ги.
    Во еден мал сад просејте го брашното со зачините и солта. Ако имате готова зачинска мешавина за медењаци, можете да ставите 2 лажички од неа, наместо наведените зачини.
    Во еден поголем сад пенесто изматете го путерот со пирето од тиква и шекерот. Мешајки со шпатула или лажица додајте го брашното, па оревите и само малку на крај дооформете го тестото со рака. Ако го месите многу нема да бидат ровки ванилиците.
    Направете со мала лажичка 42 топчина и наредете ги на плехот. Јас сите ги печев одеднаш зошто воопшто не нараснуваат.
    Печете ги околу 15 мин, или додека долната страна малку не се зарумени. Нека се подоладат кратко и извалкајте ги во прах шекер.
    Чувајте ги во добро затворена кутија со обилно количество шекер во прав измегу.




    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 18.Декември.2020 во 21:54
    Ванилици со бело вино – За секоја пригода


    Ванилици со бело вино – За секоја пригода

    Направете вкусни ванилици.

    СОСТОЈКИ:

    • 1 шолја масло
    • 1 шолја бело вино
    • пола лажиче сол
    • 2-3 шолји брашно
    • пола лажиче шеќер
    • локум за внатре

    ПОДГОТОВКА:

    1. Се замесува тесто од сите состојки и се додава брашно да се добие тврдо тесто.
    2. Се остава 15 минути.
    3. Се развлекува, се вадат триаголници или кругови или квадрати по желба и се става локум внатре, а потоа се мотаат ванилици.
    4. Се ставаат на плех со хартија и се печат на загреана рерна додека не добијат боја.
    5. Се става горе шеќер во прав.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



    Испечати | Затвори го прозорот

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk