Испечати | Затвори го прозорот

Македонија нападната од соседите

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Електронски игри
Опис на форумот: За PC, Play station, Xbox, Gamecube...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27635
Датум на принтање: 19.Април.2024 во 16:36
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Македонија нападната од соседите
Постирано од: boriljovac
Наслов: Македонија нападната од соседите
Датум на внесување: 27.Август.2016 во 02:52
Веќе еден месец Македонија војува со Албанија и Грција,а бидејќи не се доволни јаки за да не окупираат утре ќе не нападне и Бугарија.Македонија сама,против трите соседи заедно! Се разбира,не станува збор за реалност туку онлајн игра,eRevollution, во која се симулира виртуелна држава.Секој кој ќе си направи акаунт всушност станува граѓанин на својата држава.Играта е нова,2016 година,така да можете за многу брзо време да бидете помеѓу најјаките играчи.

Со самата регистрација на играта вие добивате македонски пасош и сте горд член на македонската фаланга.Ќе можете да избирате и да бидете избран на претседателски и парламентарни избори кои се одржуваат еднаш месечно.Ќе можете да развивате ваш приватен бизнис или да бидете дел државната армија.И најважно,ќе можете да се дружите со Македонската еРеволушн заедница на играта кој брои околу 1000 регистрирани гејмери.

Ситуацијата и не е многу различна од реалниот свет,главни непријатели ни се Грците.Тие потпомогнати од Албанците и Бугарите сакаат да не окупираат,но не им се даваме!
За да успееме да се одбраниме ни е потребна свежа крв,нови играчи!

Ако сте љубител на политичко-воени стратегии тогаш ова е играта која со денови ќе ве држи пред компјутерот. На македонската виртуелна држава и се потребни нови граѓани, кои подоцна би израснале во врвни војници, страв и трепет за сите непријателски војски. Доколку имате по околу половина час слободно време во денот и сакате да се дружите и забавувате, направете си акаунт на овој линк и помогнете и на еМакедонија во намерата да владее со светот.

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА - https://www.erevollution.com/en/register/47173




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk