Испечати | Затвори го прозорот

Се од морков

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27587
Датум на принтање: 27.Април.2024 во 05:21
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Се од морков
Постирано од: Valerija
Наслов: Се од морков
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 15:34
Дали го користите морковот во секојдневната исхрана?
Да споделиме некој рецепт од морковсреќа

Печени моркови со лук и магдонос


Морковите се фантастични. Полни со каротин и витамини. Тие се одлични во десерти, супи, како што покажува и нашиот најнов предлог рецепт и додатоци за главните јадења.

Печените моркови со лук и магдонос, не само што се здрави и вкусни туку и лесни за приготвување. Би биле како одличен прилог за неделниот ручек, а ова се состојките...

Состојки:

  • ½ кг моркови
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици балзамичен оцет
  • 5 чешниња лук (или 2 лажици сув лук)
  • 1 лажица сушен темјан
  • 2 лажици сецкан свеж магдонос
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Излупете ги морковите, пресечете ги на половина и вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови.


Во длабок сад ставете ги морковите, зејтинот, оцетот, зачините и лукот. Промешајте ги добро за секој морков да биде обложен, а потоа добро посолете и нанесете бибер.

Наредете ги морковите во намрсен плех и печете ги 35-40 минути.

Сервирајте топло.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 15:37

Солена торта од моркови

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, а бидејќи содржи малку калории и многу корисни состојки, често се користи во диеталната исхрана.

Пробајте го специјалитетот – Солена торта од моркови кој има незаборавен вкус и прекрасен мирис.


 

Потребни состојки:

300 грама брашно,

80 грама пармезан,

40 грама рендан кашкавал,

150 грама моркови,

60 грама црни маслинки без семки,

1 сув квасец,

3 јајца,

1 лажица млеко,

1 кафена лажичка шеќер,

семки од тиква,

масло,

сол,

црн пипер.

Подготовка:

Морковите излупете ги, измијте ги и изрендајте ги.

Брашното измешајте го со квасецот, малку сол, малку шеќер, 40 грама пармезан, и постепено додавајте 100 милилитри млака вода.

Јајцата изматете ги и додадете ги во тестото. Потоа додадете ги и изренданиот кашкавал, преостанатиот пармезан, маслинките и изренданите моркови.

Замесете тесто, формирајте топка, засечете крст на површината и оставете да отстои 1 час на топло место.

Преместете го тестото во намастен калап, покријте го со кујнска крпа и оставете го да одмори уште 1 час на топло.

Површината премачкајте ја со жолчка изматена со млеко. Одозгора наросете семки од тиква и печете 1 час на температура од 200 степени.

Тортата послужете ја топла со мезе од кулен, пршута и колбаси.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 18:43
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/koftinja-od-brokula-i-mor.jpg" rel="nofollow">Ќофтиња од брокула и моркови
 Ќофтиња од брокула и моркови

Предлог кој сигурно ќе им се допадне на вегетаријанците. Ќофтиња со зеленчук кој изобилуваат со витамини. Оброк кој го препорачуваме и на оние кои преферираат месо. Секоја промена верувајте е добра. А оваа сигурно ќе ве бендиса!

INGREDIENTS

  • http://migusto.mk/ingredient/%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b8/" rel="nofollow - компири  (поголеми)
  • 200 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bb%d0%b0/" rel="nofollow - брокула
  • 2-3  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8-2/" rel="nofollow - моркови
  • http://migusto.mk/ingredient/%d0%ba%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b8%d0%b4/" rel="nofollow - кромид
  • 1 чешње  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bb%d1%83%d0%ba/" rel="nofollow - лук
  • малку  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%b5%d1%9a%d0%b5/" rel="nofollow - масло за готвење
  • 1 лажица  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%b5%d0%bd%d1%84/" rel="nofollow - сенф
  • малку  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%be%d0%bb-%d1%86%d1%80%d0%bd-%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80-%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%be-%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b1%d0%b0/" rel="nofollow - сол, црн пипер и зачини по желба
  • малку  http://migusto.mk/ingredient/%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%be/" rel="nofollow - брашно  (за похување)
  • 1-2  http://migusto.mk/ingredient/%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0/" rel="nofollow - јајца  (за похување)
  • малку  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%bb%d0%b0/" rel="nofollow - презла  (за похување)

INSTRUCTIONS

  1. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/sosotjki.jpg" rel="nofollow">Состојки 1.Брокулата исчистете ја и исечкајте ја. Морковот излупете го и исечкајте го на крукчиња. И компирот излупете го и исечкајте го на парченца.
  2. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/morkov-i-brokula.jpg" rel="nofollow">Подготовка на морковот и брокулата 2.Во тава за готвење, ставете го сечканиот морков и брокула, зачинете го по желба, ставете неколку лажици масло за готвење и печете се додека зеленчукот не омекне и зарумени.
  3. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/kompir.jpg" rel="nofollow">Подготовка на компирот 3.Компирот сварете го. Најбрз начин е да користите микробранова печка (во садот ставете малку вода и покријте го со растеглива проѕирна фолија. На ситно исечканиот компир му е потребно околу 5-7 минути за да биде сварен).
  4. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/blendiranje-na-sostojkite.jpg" rel="nofollow">Блендирање на морковот, брокулата, кромидот и лукот 4.Во блендер, ставете го испечениот морков и брокула, додадете го сечканиот кромид, лук и блендирајте се додека не добиете компактна смеса.
  5. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/smesa-spremna-za-formiranje.jpg" rel="nofollow">Смеса спремна за формирање на ќофтиња 5.И сварениот кромид испасирајте го, додадете 1 лажица сенф и зачинете по желба.
  6. http://migusto.mk/wp-content/uploads/2012/10/podgotveni-koftinja.jpg" rel="nofollow">Подготвени ќофтиња 6.Двете смеси измешајте ги и со помош на рацете формирајте ги ќофтињата кои треба се прибли


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 21:17

Џем од моркови

Ако сакате да направите нешто слатко, евтино и брзо тогаш наш предлог е џем од моркови.

Можеби ви звучи чудно, но сепак подгответе го, ветуваме дека ќе бидете пријатно изненадени.

Состојки:

  • Еден килограм  моркови
  • 500 грама шеќер
  • Сок од 1 лимон и изрендана кора
  • неколку бадеми
  • 2 лажици бренди
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/djem-od-morkovi-01.jpg" rel="nofollow">djem od morkovi 01

Подготовка:

Подготовката е уште еден плус кој го прави овој џем уште подобар. Од лесно полесно…Излупете ги морковите и ставете ги во тенџере со вода на среден оган за да омекнат.

По кратко време додадете ги во водата и бадемите. Кога ќе процените дека се доволно меки морковите и бадемите извадете ги од водата и изблендирајте ги, ставете ги во тенџере во кое ќе го додадете и сокот и ренданата кора од лимон.

Потоа ставете го и шеќерот и ставете ја смесата да се вари на тивок оган со повремено мешање.

По десетина минути додадете го и брендито а на самиот крај од приготвувањето на овој џем ставете ги кесичките со ванилин шеќер како и екстрактот од ванила.

Овој џем не само што има неверојатен вкус, туку има и интензивна портокалова боја и прекрасен мирис  па слободно можеме да заклучиме дека ги задоволува сите сетила.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2016 во 21:51
Банана колач со моркови



Потребни состојки:

3 зрели банани
2 изрендани моркови
2 јајца
100 мл. јогурт
160 гр. брашно
140 гр. интегрално брашно
1 ќесичка ванилин шеќер
1 ќесичка прашок за печиво
1 лажичка цимет
150 гр. сушена брусница

Подготовка:
http://www.nezavisne.com/zivot-stil/recept_dana/Banana-kolac-s-mrkvom/314926" rel="nofollow - Бананите  испасирајте ги со вилушка, додајте го морковот, јајцата и јогуртот. Измешајтја смесата додека не се изедначи. Во друг сад измешајте ги двете брашна, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и циметот. Додајте ја смесата од банани и повторно измешајте се убаво да се соедини.

На крај ставете ги исушените брусници. Излијте ја смесата во намачкан калап и печете на загреана рерна на 180 степени се додека чепкалката не излезе сува кога ќе ја забодете во колачот. За мафините е доволно 20 минути, додека за куглоф ќе ви бидат потребни 40 минути.

Печениот колач оставете го во калап малку да се излади, а потоа извадете го колачот и посипете го со шеќер во прав.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 08:25

Шницли од моркови

Потребни состојки:

  • 750гр морков
  • кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 јајца
  • лажица риган
  • лажица сол
  • презла
  • масло

Начин на подготовка:

Сварете го морковот во солена вода, исецкајте и помешајте го месотот со ситно исецкан кромиди изматени јајца.

Посолете, зачинете со риган и згуснете со презла. Од смесата направете ролат, ставете го во плех премачкан со масло и печете половина час на 200 степени.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 08:32
Пиперки со морков

Пиперки со морков

Ова е еден од поубавите рецепти за зимница кој не само што е вкусен и декоративен туку е и здрав.

Пиперките се мијат и чистат од семето и рачките. Се подпргавуваат на рингла и се оставаат да се оладат.
Морковот се мие, чисти и се ренда на покрупната страна на рендето. Во него се истура зејтинот, се посолува и закиселува по вкус. Се додава и шеќер и конзерванс и се убаво се меша. Се остава да одседи 3-4 часа, а потоа се полнат пиперките. Одкако ќе се наполнат, се редат во тегли со отворот свртени нагоре, а помеѓу пиперките се става сецкан лук и магдонос. Одкако ќе се наполнат теглите се преливаат со течноста од морковот и се затвараат.
Јас по наш вкус ставам пола филџан ексенција, една шака сол и една шака шеќер, но секој може по свој вкус.
Можеби количината на зејтин ви изгледа многу, но не е така плус витаминот А е мрсен и за да се искористи од морковот мора да се комбинира со зејтин, така најдобро се искористува.
Рецептот е добар, а за хранливоста толку од мене, нека се јават тука со коментар постручни лица.
Салатата е доста декоративна кога се сече на тркалца или пак ако се гамби на 4 дела.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 08:38

КРЕМ СУПА ОД ПЕЧЕНИ МОРКОВИ

Фичо ќе приготви крем супа од печени моркови, со арома на ѓумбир и нане. Необичен спој на состојки, со совршен баланс на вкусови.

Подготовка:

Чекор 1: Морковите излупете ги, исечете ги на поголеми делови, намастете ги со маслиново масло и наредете ги во тавата за печење. Додадете повеќе сол. Печете ги во загреана рерна на 215 степени, 15-20 минути. Превртувајте ги при печењето за да се испечат од сите страни.

Чекор 2: Бујонот ставете го во сад да проврие. Додадете го парчето ѓумбир и нането.

Чекор 3: Исечете ја смесата на коцки и повторно оставете ја да избие течноста од неа.

Чекор 4: Главицата кромид исецкајте ја ситно, продинстајте ја во тавче и додадете една кутлача од бујонот. Додадете го лукот и динстајте ги заедно околу 5 минути. Извадете ги ѓумбирот и нането и изблендирајте ја смесата со рачен блендер. Изблендираната смеса оставете ја да проврие уште малку и додадете сол и бибер.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Можете да декорирате со павлака за готвење.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 15:14
Бомбици од морков со ѓумбир
Бомбици со морков и ѓумбир

Морковот се мие се чисти и се ренда. Се става во тенџере на оган и се динста на не многу јака температура еден час. Потоа се додава сокот од половина лимон, шеќерот и се динста уште околу еден час.
Се трга на страна и се додават мелените ореви, циметот и ѓумбирот. Се меша се заедно и потоа се формират бомбици кои се валкаат во кокос.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 15:17

Велигденски колач со моркови

Велигденски колач со моркови

Состојки
  1. 250 гр. моркови ситно рендани
  2. 5 жолчки
  3. 5 белки
  4. 150 гр. шеќер
  5. прстофат сол
  6. 250 гр. мелени бадеми (може и лешници)
  7. 100 гр. брашно
  8. 1 пакетче пециво
  9. Прелив
  10. 200 гр. чоколадо за готвење
  11. 1 лажица маргарин

Кремасто изматете ги жолчките и шеќерот. Во посебен сад изматете ги белките во цврст снег. Брашното, пецивото, бадемите и солта додадете ги во смесата од жолчки. Во оваа смеса внимателно додадете ги изматените белки. На крај се ставаат и ренданите моркови.
Се пече во подмачкано и побрашнето тавче бр.26 на 180°Ц околу 50 мин. во зависност од рерната.

Прелив
Чоколадото и маргаринот стопете ги на пареа.
Со ова се прелива изладениот колач и се украсува со морковчиња од марципан.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 15:21

Вкусен колач од моркови





http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2013/02/Carrot-Cake-2.jpg" rel="nofollow">

Приготвување:

За тестото: загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете го и набрашнете го калапот за печење торта.

Во голем сад изматете ги јајцата, маслото, шеќерот и 2 лажички ванила. Додајте ги брашното, сода бикарбоната, прашокот за печиво, солта и циметот и повторно матете. Додајте ги ренданите моркови и оревите и измешајте со лажица. Истурете ја смесата во подготвениот калап.

Печете 40-50 минути, или додека чепкалката боцната во средината на тортата да излезе чиста. Оставете го колачот целосно да се олади.

За преливот: измешајте ги путерот, крем-сирењето, шеќерот во прав и 1 лажичка ванила. Матете додека смесата да стане мазна и кремаста. Додајте ги сечканите ореви.

Кога колачот целосно ќе се олади, премачкајте го со преливот. Послужете.

Состојки:

За тестото:

4 јајца

300 мл растително масло

400 г шеќер

2 лажички екстракт од ванила

250 г брашно

2 лажички сода бикарбона

2 лажички прашок за печиво

1/2 лажичка сол

2 лажички мелен цимет

350 г рендан морков

130 г сечкани (или мелени) ореви

За преливот:

130 г путер, омекнат

200 г крем-сирење, омекнато

450 г шеќер во прав

1 лажичка екстракт од ванила

130 г сечкани ореви



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 15:26
Кроасани со моркови и премаз од сенф

http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8/" rel="nofollow -

Состојки
  1. 500 г брашно
  2. 1 свеж квасец
  3. 1.5 лажиче сол
  4. 3 лажици шеќер
  5. 250-300г моркови
  6. 150 мл масло

Овој рецепт ми го кажа една пријателка која ја запознав на интернет, а се дружиме и во вистинскиот живот. Многу често го правам, бидејќи не само што се лесни, туку се и вкусни, а може да поминат и како посни кифли, кога се пости со масло.

1. Квасецот се става во малку млака вода, со малку шеќер и брашно, да се растопи убаво и да скисне.

2. Морковите се варат и блендираат.

3. Во длабок сад се мешаат брашното, шеќерот и солта, се додаваат морковите, маслото и квасецот и се замесува меко тесто. По потреба може да се додаде млака вода или брашно, важно е тестото да биде меко и да не се лепи многу.

4. Добиеното тесто се дели на два дела. Секој од овие два дела се дели на уште четири делови.

5. На набрашнета површина од секое делче се сука кора, се мачка со маргарин и се редат една над друга, при што последната кора не се мачка со маргарин.

6. Вака наредените кори (4) се расукуваат во нова кора со дебелина од половина сантиметар. Се сече на 8 или 16 делови (зависно колкава големина сакате) и се виткаат кифли.

7. Истото се повторува и со другиот дел од тестото.

8. Кифлите се премачкуваат со сенф растворен со млака вода и се попрскуваат со сусам. Се печат на 180 степени околу 20-30 минути, зависно од рерната.

Може да го киснете квасецот пред да ги замесите кифлите, исто може и кифлите да се киснат пред печењето. Ама јас не го правам тоа, оти тогаш не ми личат на кроасани, туку на класични домашни кифли.








-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 15:30
Амерички колач со моркови

https://moirecepti.mk/post/%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8/" rel="nofollow -
Состојки
  1. 500гр рендан морков
  2. 400гр шеќер
  3. 2 јајца
  4. 120гр сечкани ореви
  5. 5гр цимет
  6. 1/2 морско оревче
  7. 6гр сол
  8. 1 пециво
  9. 120мл масло
  10. 250гр брашно
    1. 200гр крем сир(АБЦ)
  1. 200гр шеќер во прав и 2 ванили

1.Со миксер се мати јајцата со шеќерот.Се додаваат морковите, оревите,циметот,оревчето,солта пецивото ,маслото и брашното.Се се меша и се пече на 180-30ми


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 18:56

ПОСЕН КОЛАЧ СО МОРКОВ И ПОРТОКАЛ

http://diva.mk/category/recepti/posnahrana/" rel="nofollow -
http://diva.mk/wp-content/uploads/kolac-morkov-portokal.jpg" rel="nofollow">Посен колач со морков и портокал

Ако случајно се прашувате што бара морковот како состојка во овој колач, сетете се дека заради неговиот неутрален вкус и сочна природа, тој е дел од рецептурата за најголемиот број здраво сокови кои се подготвуваат.

Поради тоа, и ние сме убедени дека овој сочен и вкусен посен колач со својот изглед и арома ќе ги задоволи и најпребирливите.

Состојки:

2 шолји брашно

1,5 шолји изрендан морков

2 лажички цимет

1 портокал

7 лажички шеќер

половина шолја масло

1 прашок за пециво

рака ореви (или други јаткасти плодови по ваш избор)

За преливот:

2 лажички какао

малку масло

малку соино/оризово млеко

2 лажички шеќер

Подготовка:

Изрендајте ги морковите најситно што можете, а во нив изрендајте ја и кората од еден добро измиен портокал. Исцедете го сокот од портокалот, па измешајте го со маслото и шеќерот.

Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и циметот, па додајте ги и ситно исечканите ореви. Во оваа сува мешавина додајте го сокот од портокалот, па потоа полека додавајте ги и и изренданите моркови. По потреба додадете малку соино/оризово млеко. Смесата ставете ја во претходно намастена тава за печење и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече 40 минути на 180 степени.

За преливот, сите состојки измешајте ги и ставете ги на рингла на максимална температура, со постојано мешање, додека смесата не се згусне. Потоа прелијте го испечениот колач и ставете го да се лади во фрижидер. Послужете го за неколку часа или уште подобро следниот ден, кога сите вкусови ќе бидат упиени и измешани едни со други. Уживајте.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2016 во 18:59
Видео рецепт: Торта со моркови (Керот кејк)

http://moirecepti.mk/post/torta-morkovi/" rel="nofollow -

Тортата со моркови (Керот Кејк) моментално се смета за класичен Американски рецепт, но таа станала популарна за време на Втората Светска Војна кога количините на брашно биле ограничени и морковот во тортата претставувал ефтина замена. Ова е прекрасен колач со фил од крем сирење.

Состојки

  • 125 грама брашно
  • 1 супена лажица прашок за пециво
  • 1 супена лажица мелен цимет
  • 200 грама шеќер во прав
  • 175 милилитри растително масло
  • 2 јајца
  • 175 грама рендани моркови

За филот од Крем Сирење ќе Ви треба:

  • 115 грама крем сирење
  • 55 грама путер
  • 225 грама шеќер во прав
  • Половина кафена лажичка екстракт од ванила
  • Ореви за декорација

Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 6
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: На почетокот ќе почнеме да ги мешаме сувите состојки заедно. Брашното, шеќерот, циметот и прашокот за пециво.

Чекор 2: Во смесата додадете 2 јајца и растително или сончогледово масло. Убаво измешајте ја со миксер додека состојките да се спојат и смесата да стане мазна. На крај ставете и 175 грама рендани моркови и измешајте со лажица.

Чекор 3: Намачкајте ја правоаголната силиконска тава со путер и потоа во неа сипете ја целата смеса за торта, и изгребете го садот за да не остане ни малку од смесата. Ставете ја тавата во рерна загреана на 180 степени 30 минути.

Чекор 4: Во меѓувреме ќе го направиме филот од крем сирење – во длабок сад ставете го крем сирењето заедно со малку путер. Убаво измешајте. Потоа додадете и шеќер во прав и продолжете да мешате додека да се спојат состојките. на крај ставете неколку капки екстракт од ванила. Измешајте уште еднаш, и готови сме.

Чекор 5: Извадете ја тортата од рерна. Оставете ја да се излади 15 до 20 минути, превртете ја и оставете ја да отстои уште малку, а потоа ставете го филот.

Чекор 6: Намачкајте го филот врз тортата и внимавајте тој рамномерно да ги покрие и аглите. Попрскајте со мелени кршени дробени ореви одозгора и ставете ја тортата во фрижидер пред сервирањето.

Чекор 7: Сервирајте ја тортата исечена на парчиња, и секако поканете неколку гладни пријатели!

СОВЕТ: Филот од крем сирење е генијален. Киселкастиот вкус на крем сирењето измешан со путерот и шеќерот во прав одлично одат со колачот со моркови одоздола. Слободно додадете ореви и во смесата за колачот, или пак ставете двојно повеќе од состојките и направете торта на слоеви.







-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Април.2016 во 22:24
Морков салата

Потребни состојки: 
  • моркови
  • млад лук
  • брусница
  • вински оцет
  • зејтин
  • сол 
Чекори за подготовка: 
  1. Изрендајте ги морковите.
  2. Ситно исецкајте го младото лукче и додадете го.
  3. Додадете ја брусницата.
  4. Додадете зејтин и вински оцет. Можете и јаболков во случај ако винскиот ви е јак.
  5. Зачинете со сол, промешајте и уживајте во неверојатниот вкус. Живели!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Мај.2018 во 08:34
Кекс со моркови


Кекс со моркови
Состојки
2 јајца
прстофат сол
115 гр. кафеав шеќер
175 гр. стопен и оладен путер
2 лажици свеж сок од портокал
1 кора рендана од портокал
175 гр. просеано бело брашно
1 пециво
1 лажиче цимет
300 гр. ситно рендани моркови

Мек, сочен и вкусен колач со моркови.

Јајцата се матат со шеќерот, па се додава путерот, сок од портокал.
Со намалува брзината на миксерот и се додава помешано брашното со пецивото, циметот и кората од портокал.
На крај се додаваат морковите. Убаво се изедначува.
Смесата се излева во два помали правоаголни калапи.
Се печи во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Малку да одмори во калапот и се вади.
Ладно се сечи.
На здравје! :)




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Мај.2018 во 08:35
Колач со моркови

Колач со моркови

Состојки
300 гр исчистени моркови
300 гр брашно
200 гр шеќер
1 пакетче ванилин
4 јајца
180 мл масло
половина пакетче пециво

Препорачувам овој кревок и ароматичен колач на љубителите на зеленчукови десерти.
1. Морковите се рендаат на најситното ренде, јајцата се матат со миксер заедно со шеќер и ванилин.
2. Кон матените јајца се додаваат морковите, маслото и полека се додава брашното со пециво и се промешува цело време.
3. Смесата ја ставаме во тавче намачкано со масло и брашно и се пече на 180 степени околу 30-40 минути.
Пријатен апетит! - Приятного вам аппетита! :))))




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Мај.2018 во 09:02
Амерички колач со моркови


Амерички колач со моркови

Состојки
500гр рендан морков
400гр шеќер
2 јајца
120гр сечкани ореви
5гр цимет
1/2 морско оревче
6гр сол
1 пециво
120мл масло
250гр брашно

200гр крем сир(АБЦ)
200гр шеќер во прав и 2 ванили

1.Со миксер се мати јајцата со шеќерот.Се додаваат морковите, оревите,циметот,оревчето,солта пецивото ,маслото и брашното.Се се меша и се пече на 180-30мин.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Мај.2018 во 09:04
Сладок посен колач со моркови


Сладок посен колач со моркови

Состојки
200 гр брашно
90 гр нишесте
170 гр шеќер
400 гр рендани моркови
60 гр дробени фстаци
6 големи лажици вода
100 мл масло
1 пакетче прашок за пециво
рендана кора од лимон

1. Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат. Смесата се става во подмачкан правоаголен калап (30х11).
2. Се става да се печи во загреана рерна на 180 степени 45-50 минути.
3. Откако убаво ќе се олади, се наросува со шеќер во прав и се сервира.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Мај.2018 во 09:29
Бомбици со моркови


Бомбици со моркови

Состојки
250 грама моркови рендани
1 чаша шеќер
1/2 чаша вода
250 грама ореви мелени
Морковите рендани на јадро со шеќерот и водата се ставаат да се варат се додека не стани како мед. Кога ќе биде млако се додаваат мелени ореви и се формираат бомбици. Може за декорација чоколадо одозгора. Од оваа доза излегуваат малку, па затоа препорачливо е во две дози да се прават.

Иако од моркови , сепак брзи и вкусни, неосетливи дека има морков!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Мај.2018 во 10:04
Спанаќ со моркови


Спанаќ со морков

Состојки
500 г спанаќ
5 моркови
1 шолја ориз
1 чаша благо млеко
1 говедска коцка
1 ½ шолја вода

1. Спанаќот се чисти, мие и сецка.
2. Се става во тавче. Се додава масло и ½ шолја вода. Се меша додека не се подобари.
3. Се додаваат 5 сецкани моркови и тие се пропржуваат со спанаќот. Се додава 1 шолја ориз, 1 чаша благо млеко, 1 шолја вода и 1 говедска коцка.
4. Се готви додека да испари течноста. Спанаќот треба да биде густ.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Мај.2018 во 10:05
Ароматични моркови

Ароматични моркови

Состојки
400гр моркови
4 лажици маслиново масло
1 чешне лук
1 ловоров лист
3 лажици црни маслинки без семки
1 лажица сенф
1/2 чаша бело вино
малку сол
малку бибер
1 чаша вода


1. Исчистете ги морковите и исечете ги на кругови.
2. Ставете ги во тава со останатите состојки, додадете по вкус сол и бибер.
3. Оставете ги да динстаат за 30 минути, додавајќи по потреба вода.
4. Сервирајте ги како додаток на печено месо, пржена риба, ќофтиња и сл.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Мај.2018 во 10:07
Бомбици со моркови (посно, веган)


Бомбици со моркови (посно)

Состојки
120 гр мелени ореви
100 гр мелени бадеми
120 гр морков
2-3 лажици вода или јаболков сок
2-4 лажици агаве сируп или мед
2 лажици какао путер
2 лажици мелено ленено семе
За чоколаден прелив
1 лажица агаве сируп
2 лажици кокосово масло
2 лажици какао
фстаци за декорација

Подготовка
1. Морковите ги мелеме со вода или сок во блендер.
2. Ги мелеме и јаткастите плодови.
3. Какао путерот го растопуваме на тивок оган.
4. Ги соединуваме сите состојки и формираме бомбици. Ги оставаме да се стегнат во фрижидер.
5. За преливот го растопуваме кокосовото масло, па додаваме агаве и какао.
Мешаме до соединување, кратко време го ладиме, па ги прелеваме бомбиците секоја посебно.
6. Украсуваме со сечкани фстаци.

Забелешка
Од оваа смеса излегуваат околу 25 бомбици.
За да ви се формираат бомбиците и да имаат потврда структура, многу зависи сочноста на морковите, затоа густина калкулирајте ја со додаток на ореви или бадеми.
Сокот или водата ви се потребни за да се изблендира убаво морковот.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Мај.2018 во 15:55
Морков салата со сос


Морков салата со сос

Состојки
6 моркови
1 супена лажица сусам
1 чешне лук
2 мали лажичиња мед
2 големи лажици вински оцет
2 мали лажици сенф
5 големи лажици маслиново масло

Морковите рендаме на ситната страна.
Сусамот го запржуваме во сад на оган без масло.
Сосот се спрема на овој начин
Лукот се пасира. Маслото, сенфот, медот и оцетот се миксираат.
Јас ги измешав со апаратчето за нескафе.
Се зачинува со сол и црн бибер.
Се меша сосов со пасираниот лук,и се зачинува сосот.
Се додава сусамот и се помешува се заедно.Полејте ја салатата.

Ова е еден уникатен вкус кој мене лично многу ми се допадна.
На здравје




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Мај.2018 во 15:57
Салата со пржен морков


Салата од пржен морков

Состојки
5 средени моркови
5 лажица кисело млеко
3-4 лажици зејтин
1-2 лажици мајонез
сол по потреба

Салата од морков е прекрасно предјадење.Се приготвува брзо и едноставно и на тој начин ќе имате доволно време да се посветите на пригутвувањето на ручек...

1. Морковот излупете го и изрендајте го на ситната страна на рендето.
2. Ставте го во сад на оган и додајте го зејтинот и сол по вкус.
3. Пропржете по желба може малку, но може и повеќе ако сакате морковот да ја задржи крцкавоста пржете околу 4-5мин, а ако сакате помек пржете повеќе минити.
4. Откако ќе се испржи оставете да се олади.
5. Во изладениот морков додајте го мајонезот и киселото млеко промешајте и сервирајте
Добар апетит...




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Мај.2018 во 15:58
Сладолед со моркови и ѓумбир


Сладолед со моркови и ѓумбир

Состојки
500 гр. моркови
2 чаши слатка павлака
1 чаша млеко
3 жолчки
50 гр шеќер
50 гр мед
1 голема лажица ѓумбир (ако сакате може и повеќе)
2 ванилин шеќер
1/3 мало лажиче цимет

Морковите се варат и се блендираат.
Во еден сад се ставаат жолчките, шеќерот, медот, солта и ванилата и се матат (како за торта). На оган се става млекото и 1 чаша слатка павлака и се загрева, пред да зоврие се тргнува од оган, жолчките додаваат во млекото. Целата смеса се става на оган и се вари за да се добие крем, на кремот му се додава пирето од моркови, циметот и ситно ренданиот ѓумбир, смесата се вари уште неколку минути и се тргнува од оган.
На топлата смеса се додава уште едната чаша слатка павлака и се остава половина час да излади.
Смесата се става во кутија и се замрзнува.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Мај.2018 во 11:36

КОЛАЧ ОД МОРКОВИ

http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0405.jpg" rel="nofollow">
FIC_0405

Рецептот оди вака:

Во сад за матење ставете 4 јајца, 2 шолји шеќер, 2 лажички ванила арома, 1 1/4 шолја сончогледово масло и 1/3 лажичка сол. Изматете ги додека не добијата пенаста структура. Потоа додадете 2 шолји брашно, 2 лажички сода, 2 лажички прашок за пециво и 2 лажички цимет. На крај додадете 3 шолји рендан морков и промешајте да добиете еднаква смеса. http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0396.jpg" rel="nofollow">FIC_0396 Сипете ја смесата во нелепливо тавче за печење и печете 50 минути на 180 степени. Потоа извадете го тестото и ставете го на решетка добро да се олади. http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0399.jpg" rel="nofollow">FIC_0399 Во меѓувреме изматете крем од 40гр путер (на собна температура), 2 шолји шеќер во прав, 4 лажици млеко и 1 лажичка ванила арома. http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0400.jpg" rel="nofollow">FIC_0400 Премачкајте го колачот со кремот и наросете го со цимет.  http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0401.jpg" rel="nofollow">FIC_0401 Фантазија! 😉 http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0402.jpg" rel="nofollow">FIC_0402
http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0411.jpg" rel="nofollow">FIC_0411 http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0406.jpg" rel="nofollow">FIC_0406 http://gotvimesofico.mk/wp-content/uploads/2018/01/FIC_0407.jpg" rel="nofollow">FIC_0407





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 19:59



Превкусна торта од моркови

Тортата послужете ја топла со мезе од кулен, пршута и колбаси.

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2017/05/t1.jpg" rel="nofollow">

Потребни намирници

300 грама брашно, 80 грама пармезан, 40 грама рендан кашкавал, 150 грама моркови, 60 грама црни маслинки без семки, 1 сув квасец, 3 јајца, 1 лажица млеко, 1 кафена лажичка шеќер, семки од тиква, масло, сол, црн пипер.

Подготовка

Морковите излупете ги, измијте ги и изрендајте ги. Брашното измешајте го со квасецот, малку сол, малку шеќер, 40 грама пармезан, и постепено додадете 100 милилитри млака вода. Јајцата изматете ги и додадете ги во тестото. Потоа додадете ги и изренданиот кашкавал, преостанатиот пармезан, маслинките и изренданите моркови. Замесете тесто, формирајте топка, засечете крст на површината и оставете да стасува 1 час на топло место. Преместете го тестото во намрснет калап, покријте го со кујна крпа и оставете го да стасува 1 час на топло. Површината намачкајте ја со жолчка изматена со млеко. Одозгора наросете семки од тиква и печете 1 час на температура од 200 степени.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јули.2018 во 10:54

Ќофтиња од моркови


  • Приготвување:

    Измешајте ги јајцата, морковите, магдоносот и брашното во голем сад; зачинете со сол и црн пипер.

    Загрејте 2 лажици масло во голема тава на средно-висока температура. Со лажица земајте од смесата и спуштајте ги топчињата во загреаното масло, а потоа притискајте ги одозгора да добијат дебелина од 1 см.

    Пржете ги ќофтињата додека да добијат светлокафена боја, околу 3 минути од секоја страна. Пренесете ги на кујнска хартија и оставете ги да се исцедат и да се подоладат. Повторете ја постапката сè додека не ја потрошите целата смеса, додавајќи уште масло во тавата ако треба.

    Послужете ги ќофтињата со кисела павлака.

    Состојки:
    4 јајца, матени

    500 г моркови, излупени и крупно изрендани

    3 лажици магдонос, ситно сечкан

    30 г пченкарно брашно

    сол и црн пипер, по вкус

    3 лажици маслиново масло, плус уште по потреба

    кисела павлака, за сервирање




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Октомври.2018 во 21:44


Сладок посен колач со моркови
Сладок посен колач со моркови


  • Состојки
    200 гр брашно
    90 гр нишесте
    170 гр шеќер
    400 гр рендани моркови
    60 гр дробени фстаци
    6 големи лажици вода
    100 мл масло
    1 пакетче прашок за пециво
    рендана кора од лимон

    1. Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат. Смесата се става во подмачкан правоаголен калап (30х11).
    2. Се става да се печи во загреана рерна на 180 степени 45-50 минути.
    3. Откако убаво ќе се олади, се наросува со шеќер во прав и се сервира.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Октомври.2018 во 21:46
Брз колач со сирење и моркови (без миксер)

Брз колач со сирење и моркови

Состојки
3 јајца
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
1 пециво
1/2 лажичка сол
6 лажици бело мешано сирење (изрендано)
2 моркови (ситно рендани)
за посипување сусам и малку ленено семе
чаша = 250 мл.

1. Јајцата се матат убаво со жица, се додава јогуртот и маслото, се меша убаво и се додава солта, брашното со помешаното пециво, сирењето и на крај ситно изренданите моркови (средно големи).

2. Убаво се изедначува смесата со мешање и се истура во намрсена и набрашнета тава бр. 30, се посолува со сусам и малку лен, се пече на 190 степени околу 40 минути.

Се лади и се сечи на ленти или по желба.
Мешаното бело сирење ни е омилено дома и јас претежно го користам него во солени работи, а секако наместо такво може да се користи сирење по вкус или пак изварка, па според тоа се подесува и количината на сол во колачот.
Ако се пече во тава бр. 28, колачот ќе биде малку повисок.
На здравје!




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Декември.2019 во 09:48
Морков торта


https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-3" rel="nofollow - - Морков торта


Состојки
За кората
250 мл. масло
180 гр. кафен шеќер
3 јајца
1 ванила
250 гр. брашно
1 лажичка пециво
1/3 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
1 лажичка цимет
1/2 лажичка мускатно оревче
1/2 лажичка мелен ѓумбир
350 гр. рендан морков
150 гр. ореви
Крем
250 гр. крем сирење
60 гр. шеќер во прав
1-2 лажици сок од лимон
За посипување
1 шака сецкани или толчени ореви

Состојки
За кората
250 мл. масло
180 гр. кафен шеќер
3 јајца
1 ванила
250 гр. брашно
1 лажичка пециво
1/3 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
1 лажичка цимет
1/2 лажичка мускатно оревче
1/2 лажичка мелен ѓумбир
350 гр. рендан морков
150 гр. ореви
Крем
250 гр. крем сирење
60 гр. шеќер во прав
1-2 лажици сок од лимон
За посипување
1 шака сецкани или толчени ореви
Љубител сум на ваквите колачи или торти. Подеднакво ги сакам и со тиквички и со моркови. Во врска со поставената тема, јас ја направив, а вие проследете го рецептот. Впечатоците ќе бидат воодушевувачки - почнувајки прво од аромата по кујната додека се печи, а после - после- јас знам колкава вкусотија е, оставам сега вие да кажете откако ќе ја спремите. Во дилема бев дали да напишам Торта или пак Колач.
Постапка
- Морковот изрендајте го. 
- Измешајте ги брашното, пецивото, содата и ароматните мелени состојки и сецканите или толчени ореви.
- Во сад за матење изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го маслото и продолжете да матите додека се спојат состојките.
- Исклучете миксерот, додадете го брашното, со шпатула добро измешајте, додадете ги морковите и измешајте да добиете компактна смеса. Излијте ја во модла постелена со хартија за печење, а ѕидовите премачкајте со масло. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Нека се пече околу 50 мин. Извадете од рерна, ставете на решетка и дозволета да се олади.
Додека се лади вие ќе го спремите кремот кој е готов за чинам секунда време.
Крем
- Измешајте со миксер крем сирењето и шеќерот во прав, пробајте и овкусете додатно со исцеден сок од лимон 1 или 2 лажици. Доколку сметата дека не е потребно не мора да ставите.
- Оладената кора пресечете ја хоризонтално, половина од кремот ставете на едната кора, поклопете со другата, премачкајте со останатата половина, посипете со сецканите или толчени ореви.
Нека одстои неколку време као би се споиле кремот со корите, потоа ви предлагам само да уживате. Неверојатен вкус!
Напомена
- Модлата пожелно е да биде бр.20-21 см. Јас ја печев во 24 бидејки немав помала.
- Би ви предложила да навистина користите кафениот шеќер иако може и бел, но има разлика, а не ги изоставајте зачините, ако тоа го сторите нема да го добиете тој бајковит вкус кој потсетува на Божиќните празници.
- Морквот треба да биде рендан 350 гр. Јас еден дел изрендав на поедрата страна, а другиот дел на ситната страна.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Декември.2019 во 10:11
Морков торта


https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-4" rel="nofollow - Морков торта


Состојки
6 јајца
250 гр шеќер
250 гр моркови
1 паковка лимонов шеќер
200 гр брашно
200 мл слатка павлака

Јајцата се делат белки од жолчки
На страна се матат белките со пола шеќерот, а во друг сад се матат жолчките со пола шеќерот. Се здружуваат заедно, па се додава лимон шеќерот и морковите. Се разбркува со дрвена лажица, па се додава брашното.
Се печена претходно загреана рерна, на потивко. Кога е печено, се остава да излади, а потоа се декорира со матена слатка павлака. Можете да не ставате слатка павлака, па да го посипете со шеќер во прав. На здравје








-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:10

Торта од моркови со мармалад од малини

Иако на многу луѓе оваа кобинација им е се уште необична, оние што пробале, знаат

Морковите му даваат на тестото сочност која не влијае на вкусот, односно, не го менува. А знаеме дека морковите се голем извoр на каротеноиди кои помагаат во заштита од болести на крвотокот, за регулирање на шеќерот во крвта и за подобрување на видот, такашто и ова се дополнителни причини зошто да ги употребиме и за правење торти и колачи.

Состојки:

3 средни моркови
3 јајца
100 кафеав шеќер
100 г брашно
1 лажица какао
1 лажичка прашак за пециво
1 лажичка цимет
½ лажичка ѓумбир
Прстофат ѓумбир
Прстофат сол
Џем од малини
За кремот:
200 г крем сирење
2 лажици путер
2 лажици мед
Екстракт од ванила

Приготвување:

Матете ги јајцата 3-4 минути па додадете и го шеќерот и матете уште 1-2 минути. Соединете ги сувите состојки па додадете ги јајцата и се добро измешајте.

Додадете ги ренданите моркови и ставете ја смесата во калапот за печење кој претходно сте го намрсиле или сте ставиле хартија за печење.

Печете 10-тина минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

За кремот е потребно со помош на миксер да се соединат сите состојки.

Единствено внимавајте путерот да биде на собна температура за да не останат грутчиња.

На бисквитот намачкајте слој мармалад од малини (или било кој друг мармалад по ваш избор) и ставете слој крем од сирење.

На кремот ставете мали купчиња мармалад и раширете ги со помош на чепкалка за да го декорирате колачот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2020 во 11:57

Морков торта

https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-2" rel="nofollow - - Морков торта


Состојки
за кора потребно
4 јајца
1 чаша шеќер ( 200 мл)
1 чаша брашно
1 пециво
потребно за морков желе
2 големи моркови
1 чаша вода
6 лажици шеќер
2 лажици густин
1 лажица кора од лимон
1 ванила
потребно за крем
2 чаши млеко ( од кои половина чаша за натопување на кората )
6 лажици шеќер
2 лажици брашно
1 лажица густин
1 ванила
1 лажица путер

Јајцата ги матиме со шеќерот. Кога се изматени го додаваме брашното промешано со пецивото. Печеме во тавче бр.24 см на 180 степени.

Морковот го вариме заедно со кората од лимон додека морковот убаво да омекне. Потоа морковот го блендираме убаво да се раскаша и во него ја додаваме ванилата, шеќерот и водата во која сме го раствориле густинот. Вариме додека да се згусти, а потоа оставаме да се излади.

Во 1 чаша млеко додаваме шеќер и ванилин шеќер во половината чаша го раствараме брашното и густинот. Кога млекото и шеќерот ќе зоврие го додаваме другата половина од млекото и вариме густ крем во густиот крем додаваме 1 лаж путер и го оставаме кремот да се излади.
Готовата кора ја пресекуваме на половина да добиеме 2 кори и ги попрскуваме со половина чаша млако млеко. Едната кора ја премачкуваме со кремот од млеко, а врз него половината од морков крем, па преклопуваме со другиот дел од кората и ја премачкуваме со морков крем.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2020 во 11:59
Филувана торта со морков

https://moirecepti.mk/post/%D1%84%D0%B8%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2" rel="nofollow - - Филувана торта со морков


Состојки
5 јајца
1 чаша шеќер
1 и 1/2 чаша масло
1 чаша млеко
1 пециво
1 ванила
2 чаши брашно
ПОСИП
100 гр шеќер во прав
2 ванили
Слатко од моркови во средишниот дел
Јајцата ги матиме пенесто со шеќерот откако ќе ја добиеме посакуваната смеса, додаваме масло, млеко, пециво, ванила и брашно.
Миксерот го исклучуваме уште кога ќе ги изматиме јајцата и шеќерот, а се останато се мати со вилушка. Пола од сместа ја префрламе во плех за печење кој претходно сме го намастиле со путер.
Печеме и проверуваме дали е печено со чeпкалка.
Кога е печено, ги цедиме морковите од шербетот и ги редиме врз печениот пандишпан. Врз него постиламе уште еден ред од преостанатата смеса. Продолжуваме да печеме додека не се испече убаво цела торта.
Кога е готова ја вадиме од рерна и попрскуваме шеќер во прав врз целата торта. Оставаме да се излади, па сечеме коцки по желба.
Многу ни се допадна вкусот на оваа брза торта.
Вистината е дека ова не е оргиналниот рецепт, туку моја идеја за комбинација торта - слатко.
Забелешка
Оргиналниот рецепт вели дека треба да се стават вишни од компот наместо моиве моркови, ама немате престава колку е убава на мојов начин.
На здравје




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2020 во 12:04
Кекс со морков - BISCOTTI ALLA CAROTA

https://moirecepti.mk/post/biscotti-alla-carota" rel="nofollow - - Кекс со морков - BISCOTTI ALLA CAROTA



Состојки
250гр брашно
50гр растителен кашкавал
1 кесичка прашок за пециво
200гр морков
300мл масло

Во превод Кекс со морков, инаку може да се прави и во солена и во блага варијанта.
Јас ја одбрав солената варијанта.
Брашното, кашкавалот и пецивото измеашајте ги заедно. Морковот изрендајте го на ситната страна, додадете го и него, малку сол и маслото.
Замесете тесо од смесата. Ако ви е ровко додадете уште масло.
Размесете кора и правете форми по желба.
Се пече 15 минути на 200 степени.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2020 во 12:05
Дукати од морков

https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D1%83%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2" rel="nofollow - - Дукати од морков


Состојки
400гр моркови
1 јајце
1 лажица гриз
2 лажици брашно
1-2 лажици презла
1 лажица пармезан
1 главица сецкан кромид
сол, бибер, зачин по вкус, масло

Едноставни за припрема, а краен ефект одличен и за око и за непце.
Прво морковите се чистат и се ставаат во касерола, се налеваат со вода во која има малку сол и се варат на тивко да омекнат.
Се процедуваат (водата може да се искористи за подготовка на домашна чорба)и се пасираат со вилушка.
Се ставаат во ситна цедалка да одстојат 10 минути.
Потоа се ставаат во сад, се додаваат зачините, кромидот, јајцето, пармезанот, гриз, брашно и лебни трошки по потреба, за да се добие смеса од која ќе може лесно со влажни раце да се формираат дукатите.
Се редат на чинија и се пржат на многу малку масло во загреана тава од двете страни по 2 минути, благо да заруменат.
Сервирајте со кисела павлака, сирење, кајмак........






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2020 во 12:07
Плескавици со морков

https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2" rel="nofollow - - Плескавици со морков

Состојки
500 гр. мелено месо (телешко и свинско)
1 главица кромид (средно голем)
1 морков (голем)
1 лажица брашно
1 лажица масло
2 лажици презла (лебни трошки)
1 лажица мешан сув зачин
по малку црн пипер, кари, масло

1. Во меленото месо се додава морковот изрендан на крупната страна од рендето, кромидот исечкан на ситни коцкички.

2. Се додаваат останатите состојки, се измесува сето убаво со рака и се формираат плескавиците. При формирањето на плескавиците по потреба рацете се намастуваат со масло и се пржат во жешко масло.

Јас направив 6 плескавици, а бројкава може да варира според големината на плескавиците.

Едноставен и брз ручек кој одговара со гарнир од варен ориз, пржени цели пиперки, домати и се друго по желба.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk