Утринава во ирски даблин се слави (грегоријански) Големден (Воскресение=Велигден) но и 100 години од вооруженото востание на ирците против големобританската империја, кое беше крваво угушено од страна на големобританците. Покрај милитантниот пораз, овој ден во ирска важи како денот на кој што започнува “слободата и независноста“ на ирците.
Дали ирците, македонците, грците, албанците, бугарите, србите, ... арабите и евреите, покрај толку големи борби и пролиена крв (во минатото и сегашноста), се навистина слободни и можат на тој начин да дојдат до Вистинската Слобода?
За жал и (околу) 2000 г. после Христовото раѓање, неверниците и кривоверниците предводени од нивните (духовни и национални) водачи, се’уште (процентуално) повеќе го љубат “ослободителниот пат“ на Исус Варава одколку на Исус Христос!(види во Матеј 27:17)
Да, пред (околу) 2000 г. израелскиот народ - предводен со неговите тогашни духовни водачи - на демократски начин (мнозински) Го одфрли Совршениот Пат БОЖЈИ (Исус Христос) и го избра патот на милитантното (верско и национално) борење за “слобода“, чиј што репрезетант тогаш беше Исус Варава. (види во Матеј 27:26)
Што треба уште да му се случи на човештвото за да се разбуди и одлучи за Вистинскиот Исус (Христос), Вистинскиот Пат и Вистинската Слобода, а да го заврти грбот на крвавиот империализам, крвавиот национализам, крвавиот фундаментализам ... ?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|