Испечати | Затвори го прозорот

Совест?!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27515
Датум на принтање: 31.Јануари.2025 во 02:41
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Совест?!
Постирано од: Joshua_Tree
Наслов: Совест?!
Датум на внесување: 27.Септември.2015 во 20:55
Од каде доаѓа?
Знае ли секогаш да не изведе не правиот пат за нас?
Знае ли да не направи среќни?

Моето видување на совеста онака “одстрана“ гледано...социјална карактеристика на толпата која поставила свои видувања на тема добро и зло.А ние како единки сакале или не со нашето одгледување во семејството и движење во толпата како социјални битија не “калапи“ во некои рамки што не се сосема дел од нашето битие.Оние што се свесни на апсурдноста на истите се или асоцијални или чудаци,па тешко успеваат да “пливаат“...
Е сега,прашањето дали сум среќен со неа ќе го одговорам,како и секогаш,искрено...НЕ,оти сум свесен дека не ми чинат добро.Затоа сум си поставил лично свои правила и кодекс на однесување што се во склад со мојот дух и начин на размислување.
Ќе речите егоистично и нарцисоидно...тука веќе има што и да се каже...но ете.да видиме какво е вашето мислење? 


-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes



Коментари:
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 27.Септември.2015 во 21:40
Добро е што и си се задржал на "своите" правила и кодекс на однесување,
оти тоа си ти и тоа е твојата совест.Она што толпата го прави под маска
на нечија совест и нечив кодекс може да биде страшно.Еве ако
го земеме Хитлер за пример.
Со среќата и не би ја поврзал совеста,има времиња кои бараат сериозни одлуки.
Ајде да речам заради мирна совест,но не и среќа.
Мој пример си лупнав отказ,и без работа сум.Мирна ми е совеста,
ама по десетина дена ако не ми испадне ништо и не баш среќен ќе бидам.


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 27.Септември.2015 во 21:44
...и тоа ќе пројде среќа
...задоволството од сопствениот интегритет останува и е слатко намигнување


-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 27.Септември.2015 во 21:52
...е да,Хитлер како социјална појава а не како индивидуа е правиот пример како под завесата на совеста може да се манипулира со масите.
...земајќи ја сегашната ситуација со избеглициве што ја поплавија Европа не е чудно да се појави некој нов таков...интересно е како некои работи се повторуваат...среќа


-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 27.Септември.2015 во 21:59
Или можеби интересно што се ни се мота низ главите,па ако уште имаме и малце повеќе моќ.
Еволуцијата одамна е завршена.


Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 27.Септември.2015 во 22:03
...еволутивниот пат е изоден во физички смисол...сигурно нема понатака да ни пораснат крила голема насмевка
...туку тоа што ни е во главчето и сосема предвидлива категорија затоа и се вртиме вака во круг среќа


-------------
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 09:28
na mars teche voda!

a ovde e nekako vaka - sovest ili svest ?

koj se zamara

ti veli - te sakam, mi nedostigash vo nokjite

a potoa...

pa sho morame sekoj den.. mesec..godina

krug ili evolucija..?

bidi - voda!

-------------
едно е - не се две


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 09:31
Мене ми е мирна совеста.
Никој не ми вика така.


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 09:33
ami

sigurno ne si zhenet..

-------------
едно е - не се две


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 09:42
Да де и затоа не ми кажуваат...Сега за сега на уво ми шепкаат.


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 09:49
abe kakvo shepotenje na uvce?

sega i ovde??

eden mal sovet , ako dozvolish..

glej si raatlukot ..



-------------
едно е - не се две


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 11:33
Овде такви работи нееееее
Заради раатлукот едно,заради мирна совест друго.


Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 01.Октомври.2015 во 09:11
interesno ova mirnata sovest

nekako, mnogu nemir ko da stvara

a i ova pekolot, mnogu verojatno deka

nekoj moralist go izmislil(so cel de)

pa sigurno si legnuval so mirna sovest

-------------
едно е - не се две


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Октомври.2015 во 11:20

Совеста доаѓа внатре од нас самите.

Таа е нашиот чичко полицаец, кој ни виси над глава или чека скриен позади грмушка да не мавне со некоја казна за сторен прекршок.
Дали сме прекршиле некој фактички или некој општествено прифатен морално-етички “закон“, дали некој наш личен принцип и кодекс на однесување , дали сме ја прекршиле внатрешната рамнотежа добро/зло, дали некое дадено ветување... што да е.
Чичкото полицаец чека во заседа и самата наша свест дека е тука некаде и чека да не казни, ни ствара притисок.

И исто колку што може да не направи среќни, можеби уште повеќе може и да не унесреќи.

Поздрав за Џош кој си нашол начин да му каже на чичкото полицаец: “Стоп. Од тука натаму немаш пристап. Мој живот - мои правила.“ да




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 02.Октомври.2015 во 11:34
Но да не заборавиме,полицаецот е под контрола
на министерството за внатрешни работи...
Илустративно да го опишам јас министерот.



Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 02.Октомври.2015 во 20:55
jas nema ilustrativno..

kontrola i manipulacija?

i mirna sovest?

ushte eden mala pouka -

sekako, ako dozvolite

- ona shto kje te vozvishi denes,

vekje utre,

- kje te otepa.. (tresne odzemja)!

e aj spijte so mirna sovest

dragi moi..

-------------
едно е - не се две



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk