Испечати | Затвори го прозорот

Донација за лицата од поплавените подрачја во РМ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27348
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 07:37
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Донација за лицата од поплавените подрачја во РМ
Постирано од: evangeline
Наслов: Донација за лицата од поплавените подрачја во РМ
Датум на внесување: 04.Февруари.2015 во 17:56

Заклучно со денес на телефонските броеви за донации собрани се 619.000 денари помош за настраданите од поплавите кои во изминативе денови зафатија делови од Македонија. 


Хуманитарната акција за помош на поплавените веќе е во тек, собрани се средства за лична хигиена, вода за пиење, прехранбени продукти, кебиња и душеци. Како што информираат од Црвениот крст на Р.Македонија со донациите ќе им се помогне на околу 650 загрозени семејства, од кои на околу 300 семејства помошта им е веќе доставена.

Надлежните институции апелираа и да не се пие водата во настраданите подрачја, а за таа цел се донирани над 50 илјади литри вода да пиење.

Од  денеска Црвениот крст на Р.Македонија отвори и донаторска девизна сметка на која можат да донираат граѓани од странство.

donaciii500

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска апелираше до сите граѓани, приватни компании, Македонците од дијаспората и луѓе надвор од државата да се приклучат кон хуманитарната помош и да дадат свој придонес на еден од телефонските броеви 070/075/077-143-400.

– Донациите се засега доволни за да се задоволат потребите на поплавените домаќинства, обезбедени се донации во вид на прехранбени продукти, облека, пакети за хигиена. Центрите за социјални работи во соработка со општините се на терен и прват увид во самите домаќинства коишто се погодени, до сега има околу 100 домаќинства коишто се во ризик и коишто се детектирани од страна на Центрите за социјални работи, посочи Спасов.

Тој додаде дека на овие семејства ќе им биде дадена и еднократна помош, а за истите ќе бидат одделени и голем број средства собрании од телефонските донации.

Како што нагласи, Спасов, Владата планира да се откаже од ДДВ-то од пораките за донација на поплавените подрачја, а предлогот ќе биде ставен на дневен ред на следната Владина седница.



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE



Коментари:
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Февруари.2015 во 11:12

http://zase.mk/makedonski-pratenik-se-otkazha-od-platata-za-da-im-pomogne-na-poplavenite/" rel="nofollow - Браво. да

Некој друг има ли да се откажал од една плата од познативе, од политичарите, од пејачите, глумците, спортистите, бизнисмените... од сите оние кои можат да си дозволат? Да се откажат од плата, од една дневница, од некој хонорар, од патен трошок нешто...?






-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: tyga
Датум на внесување: 14.Март.2015 во 21:44
kolku sto imam informacii nikoj ne go napravil toa, osven del od sportistite , potocno rakometarite koi doniraa sredstva

-------------
http://www.gametracker.rs/server_info/195.26.159.86:27022/" rel="nofollow">


Постирано од: Mark22
Датум на внесување: 17.Март.2015 во 19:26
http://dolingo.con.mk/ - регистрација па пробен модератор :)



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk