16:9 - Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни ни!” Дела, Лука
16:10 - По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нè повикал таму да го проповедаме Евангелието. Дела, Лука
16:12 - A оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена. Дела, Лука
18:5 - А кога Сила и Тимотеј слегнаа од Македонија, Павле беше подбудуван во својот дух да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос. Дела, Лука
19:21 - А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, па рече: „Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам и Рим.” Дела, Лука
19:22 - И прати во Македонија двајца од оние, кои му служеа – Тимотеја и Ераста, а сам остана извесно време во Азија. Дела, Лука
20:1 - Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и, откако им даде упатства, се прости со нив и излезе за да тргне кон Македонија. Дела, Лука
20:3 - Tаму престоја три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија. Дела, Лука
15:26 - Зашто Македонија и Ахаја благоволија да дадат некаков принос за бедните светии во Ерусалим. Павле до Римјаните
16:5 - Ќе дојдам при вас, откако пропатувам по Македонија, оти ќе минам преку Македонија. Коринтијани 1
1:16 - И преку вас да заминам за Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас, та вие да ме придружите до Јудеја. Коринтијани 2
2:13 - Духот мој немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и откако се простив од нив, заминав за Македонија. Коринтијани 2
7:5 - Оти, кога дојдовме во Македонија, никаков мир немаше телото наше; во сè бевме во маки; однадвор напади, одвнатре страв. Коринтијани 2
8:1 - Браќа, ве известуваме за благодатта Божја, дадена на црквите македонски. Коринтијани 2
9:2 - Зашто ја знам вашата ревност, за која се фалам со вас пред Македонците дека Ахаја приготвила помош уште од лани; и вашата ревност поттикна мнозина. Коринтијани 2
11:9 - Оти немаштијата моја ја употполнија браќата, што дојдоа од Македонија. Па и во сè друго се пазев и ќе се пазам, да ви бидам на товар.
4:15 - А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас. Филипјани
1:7 - Така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја. Солунjани 1
1:8 - Оти од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата ваша во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме. Солунjани 1
4:10 - Бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве молиме, браќа, уште повеќе да преуспевате . Солунjани 1
1:3 - Како што на тргнување за Македонија те молев да останеш во Ефес, така и сега те молам да им заповедаш на некои, да не проповедаат друго учење. Тимотеј 1
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|