Што е повеќе од Се’, и што е помалку од ништо ?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27290
Датум на принтање: 31.Јануари.2025 во 02:42 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Што е повеќе од Се’, и што е помалку од ништо ?
Постирано од: janevzoran1
Наслов: Што е повеќе од Се’, и што е помалку од ништо ?
Датум на внесување: 22.Октомври.2014 во 02:19
Помалку од /ништо/ е кога нема ништо – нема дури ни /ништо/;
Така е ? Така е.
Го сфаќате ова ? Не.
Го сфаќам ова ? Не.
* * * * *
(велам јас: филозофијата, логиката, математиката, науката,…, се (само) интересни игри);
на пример, еден познат математичар рече:
- Признаваме дека со откритието на парадоксите во математичката логика во 19-ти век, математиката е уништена; Супер !!! Бидејќи тоа не само што не значи сеопфатен прекин на логичкото размислување, туку напротив: отвара големо ново поле за истражување таа работа да се реши, на овој или оној начин, за кому му е тоа интересно ! Мене лично, и до даљег во мојот живот, математиката ми станува се’ поинтeресна и поинтересна !
|
Коментари:
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 22.Октомври.2014 во 10:56
janevzoran1 напиша:
Помалку од /ништо/ е кога нема ништо – нема дури ни /ништо/;
Така е ? Така е.
Го сфаќате ова ? Не.
Го сфаќам ова ? Не.
* * * * *
(велам јас: филозофијата, логиката, математиката, науката,…, се (само) интересни игри);
на пример, еден познат математичар рече:
- Признаваме дека со откритието на парадоксите во математичката логика во 19-ти век, математиката е уништена; Супер !!! Бидејќи тоа не само што не значи сеопфатен прекин на логичкото размислување, туку напротив: отвара големо ново поле за истражување таа работа да се реши, на овој или оној начин, за кому му е тоа интересно ! Мене лично, и до даљег во мојот живот, математиката ми станува се’ поинтeресна и поинтересна !
|
Сам си поставуваш прашање,сам си одговоараваш,па згора на тоа и за другите одговараш,монолог.
Да може да постои одредена вредност на спротивности,најнапред треба да постои набљудувач,ако нема набљудувач нема ниту вредности. Помалку или повеќе од се и ништо не би имале "обеликс" на кој би се вагале!
Разбра? Да! Разбравте? Да!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Октомври.2014 во 11:28
Не знам дали имам déjà vu или Зоран веќе некаде го има поставено прашањево, можеби и како посебна тема. Многу ми е познато, како да сум одговарала веќе на прашањево...
Помалку од нИшто е минус НЕШТО. Не може да има минус ништо, како што не може да има и минус нула. Значи помалку од ништо е минус нешто или кажано народски, кога нешто ти фали.
Повеќе од се' e алчност.
Разбрав? Не. Ако и вие не разбравте, прајте се на Тошо... таква е темава.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 22.Октомври.2014 во 11:33
Абе ајде ....
Со /ништо/ не се замарам ....
------------- Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus!
|
Постирано од: janevzoran1
Датум на внесување: 22.Октомври.2014 во 21:10
Анастеа напиша:
Не знам дали имам déjà vu или Зоран веќе некаде го има поставено прашањево, можеби и како посебна тема. Многу ми е познато, како да сум одговарала веќе на прашањево...
Помалку од нИшто е минус НЕШТО. Не може да има минус ништо, како што не може да има и минус нула. Значи помалку од ништо е минус нешто или кажано народски, кога нешто ти фали.
Повеќе од се' e алчност.
Разбрав? Не. Ако и вие не разбравте, прајте се на Тошо... таква е темава.
Така, Анастеа:
1. На пример, некој богаташ се раѓа и умира со, на пример, сто милиони долари во банка, кои никогаш не ги ни чепнал;
Тоа е повеќе од Се’;
2. Некој човек има на располагање, на пример, 50 долари, а должи некому 100 долари;
Тоа е помалку од ништо;
* * * * *
(ова не е тешко за сфаќање);
|
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Октомври.2014 во 23:40
Ова е слично како темата за бесконечноста…
… само има еднa голема разлика.
Имено, со бесконечноста се разговара за НЕШТО.
Овде се почнува тема за НИШТО. Ништо е синоним за непостоeњe. Ако не постои, ако е ништо, тогаш како може да се говори за помалу или повеќе ?
Зарем има повеќе од ништо и помалу од ништо ???
P.S. Ја оставаме на страна математиката како човечка конструкција која работи и со ирационални броеви.
P.P.S. Истата логика би се употребила и за "повеќе од с'е".
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: outlook123
Датум на внесување: 23.Октомври.2014 во 09:55
.
------------- едно е - не се две
|
Постирано од: Joshua_Tree
Датум на внесување: 24.Октомври.2014 во 18:29
Procitaj go Lao Tze edno pet-sestotina pati i pomnozi go seto toa so tezinata na zelbata za pisuvanje bezkorisni recepti za pamet ke dobies i rezultat
------------- “Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.” ― William Faulkner, Mosquitoes
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 24.Октомври.2014 во 18:59
Помалку од ништо е ако си во минус во банка, а повеќе од се` е ако си вложил одредена сума во банка и ти стига камата... е каматата е повеќе од се`...
УаааааааУ, како да сум завршил економија.. :)
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 30.Октомври.2014 во 12:24
sedi, (5)! drug?!
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: Devojcence
Датум на внесување: 28.Октомври.2015 во 21:50
Ne postojat vakvi kategorii.
|
|