Трет, неутрален, пол...
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Право
Опис на форумот: Tолкување и коментирање закони, правни совети, судска практика
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27086
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 01:33 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Трет, неутрален, пол...
Постирано од: zamislena
Наслов: Трет, неутрален, пол...
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 22:50
Австралија воведе трет, неутрален, полАвстралискиот Врховен суд во среда донесе пресуда според која едно лице законски не мора да се води ниту како маж ниту како жена, туку како лице кое припаѓа на неутрален пол, со што заврши долгата кампања на активистите за полова рамноправност во земјата.„Врховниот суд дозволи регистрирање на неодреден пол", се наведува во пресудата, со која е отфрлена тужбата на сојузната држава Нов Јужен Велс со која се бараше признавање само на машки и женски пол. Во центарот на целиот случај е лице по име Нори, кое не се идентификува ниту како жена ниту како маж, а на суд се борело за признавање на категоријата „неутрален пол". Нори е родена како маж, а во 1989 година го сменила полот. Операцијата, меѓутоа не и ја решила дилемата на Нори во врска со нејзиниот сексуален идентитет, што ја поттикнало да се бори за признавање на неутрален пол.крај/мф/сд
|
Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 23:02
Сешто чекори по земјава Искрено жал ми е за вакви ко таа/тој Нори Тешко и на нив и на блиски Дома имаш човек,а не знаеш што е
Што беше тоа Човек е прашање тука најголемо?
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 23:03
Не е само Австралија. Пред некое време го читав истото и за Германија. И таму е веќе дозволено да се регистрира трет пол при раѓање и таа е мислам првата европска земја која дозволува такво нешто. И сигурно нема да остане само таму.
Па ќе имаме машки, женски и среден род: тој, таа и тоа...? Не знам веќе што да кажам на вакви новитети. Јас сум за биполарност, да се знае: машко - женско и точка. Ама па кој ме прашува мене...
Од друга страна пак, којзнае како живеат луѓето со такви збрки во главите и во хормоните, да не знаат што се...?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 04.Април.2014 во 23:11
Пред месец-два беше објавено во весниците дека во тој период во Македонија се родиле неколку бебиња без одреден пол.
Од друга страна, знаеме дека одсекогаш се раѓале хермафродити - луѓе со карактеристики од двата пола.
Сето тоа води до прашањето - зарем потполно точна е општествената поделба на луѓето само на два пола ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Април.2014 во 23:14
А на мене ми е интересно како на бебе разбират дека е хермафродит ? Да кажеме се е родило со К*ре .Како какво ќе биде запишано ?
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 04:00
емил, дали знаеш што значи хермафродит, псеудохермафродит и интерсекс ?
Лекарите секако дека веднаш знаат дали бебето е машко, женско или интерсекс.
Соодветни четива за ова проблематика се книгите на Alice Dreger, асистeнт професор на Мичигенскиот Државен Универзитет за Научни и Технолошки Студии :
1. Hermaphrodites and the Medical Invention of Sex
2. Intersex in the Age of Ethics (Ethics in Clinical Medicine Series)
И двете книги можат да се набават од Аmazon.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 04:08
Messenger напиша:
емил, дали знаеш што значи хермафродит, псеудохермафродит и интерсекс ?
Лекарите секако дека веднаш знаат дали бебето е машко, женско или интерсекс.
|
а бе ајде
а за тоа црвеното ќе ми биде интересно да прочитам твојата верзија
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Април.2014 во 04:14
емил напиша:
Messenger напиша:
емил, дали знаеш што значи хермафродит, псеудохермафродит и интерсекс ?
Лекарите секако дека веднаш знаат дали бебето е машко, женско или интерсекс.
|
а бе ајде
а за тоа црвеното ќе ми биде интересно да прочитам твојата верзија |