Истанбул
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26968
Датум на принтање: 03.Декември.2024 во 18:29 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Истанбул
Постирано од: Valerija
Наслов: Истанбул
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 19:32
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 19:36
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 19:41
Капали чаршија
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 19:50
Топкапи сарај
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 18:28
Вкусете го Истанбул во само шест часа
Сте се нашле ли некогаш "заробени" на
аеродромот во некој голем град чекајќи со часови да дојде времето за
вашиот лет? Додека сте се наоѓале на ничија земја сигурно сте го гледале
градот низ прозорците посакувајќи да шетате по улиците и музеите
наместо да го минувате времето седејќи на клупите од аеродромот.
Во Истанбул таков проблем нема да имате. Сите патници кои
патуваат преку Турција и кои помеѓу летовите имаат повеќе од седум часа
разлика наместо да седат на аеродромот можат да одат на возбудлива тура
низ градот.
Турата наречена „TourIstanbul“ ја организира најголемиот авиопревозник во земјата Туркиш Ерлајнс,
а трае точно шест часа и што е најдобро е бесплатна. Шест часа се
сосема доволно време да вкусите еден залак од Истанбул и да посакате да
се вратите повторно за да го добиете комплетното мени.
Ги прашавме организаторите како дошле до идејата да организираат ваква
турза за патниците кои имаат поврзување на летови преку најголемиот град
во Туриција.
- Нашата компанија е со седиште во Истанбул, па преку аеродромот Ататурк
во овој град се сите конекции со другите светски дестинации. Затоа
одлучивме на оние патници кои имаат таканаречени „лоши коненции“ да им
овозможиме тура низ Истанбул со која ќе можат да се запознаат со
историјата на градот и повозбудливо да им мине времето наместо да седат
на аеродромот чекајќи го летот, велат за Балкон3 од „TourIstanbul“.
Додаваат дека има голем интерес за овие тури и патниците се задоволни од тоа како им е организирано времето.
- Некогаш ако има долго време помеѓу два лета патниците преферираат
хотелска услуга, но нашите патници повеќе сакаат да уживаат во турата
низ градот, дури и да се уморни сакаат да го разгледаат прекрасниот
Истанбул, објаснуваат организаторите.
Со турата следи и доручек или ручек за сите патници и тоа бесплатно. На
тој начин патниците се запознаваат и со традиционалната турска кујна
која им останува во сеќавање дури и кога ќе си заминат.
- Сметаме дека на овој начин го промовираме не само Истанбул туку и туризмот во целата држава бидејќи постојано добиваме мејлови, телефонски повици и пораки од целиот свет, завршуваат од „TourIstanbul“.
Има три тајминзи за турите низ Истанбул:
- Од 9 часот до 15 часот
- Од 9 часот до 18 часот
- Од 12 часот до 18 часот
Што добивате:
- Транспорт со автобус
- Професионален водич на англиски јазик
- Доручек и ручек
- Посета на музеи
- Време за шопинг
Што ќе видите:
Тура 1
Змијскиот столб познат како Серпентински столб или столбот Делфи.
Станува збор за антички бронзен столб кој се наоѓа на Хиподромот во
Истанбул, Турција. Овој столб е еден од најстарите споменици во
Истанбул. Тој бил посветен на богот Аполон, а преместен е во Истанбул од
неговото наоѓалиште во градот Делфи во Грција.
Хиподромот во Истанбул кој не бил еден од најспектакуларните
објекти во градот, но претставувал центар на општествено-политичкиот
живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за
собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски
борби и трки со коли.
Обелиск на Теодосиј: Станува збор за староегипетски обелиск кој
денес се наоѓа на Хиподромот познат како Плоштад Султан Ахмед во
Истанбул, Турција. Бил изграден од страна на римскиот император Теодосиј
I во текот на 4 век. Првичниот обелиск е подигнат во периодот од
1479-1425 п.н.е. во големиот храм на Карнак. Римскиот иператор
Констанциј II (337-361) го донел во Александрија за да одбележи 20
години од неговoто владеење во 357 година. Обелискот во Александрија
останал до 390 година, кога по заповед на Теодосиј I бил пренесен во
Константинопол, каде бил ставен на Хиподромот, каде што се наоѓа и
денес.
Цистерна Базилика е музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Во
времето на Византија, оваа подземна цистерна го снабдувала
Константинопол со вода. Се наоѓа помеѓу Хиподромот и Аја Софија, а
позната е по своите столбови. Цистерната е долга 146 метри, широка 65
метри и зазема површина од 9.800 м2.
Султан Ахмедова џамија наречена и Сина џамија, е муслимански храм
во Истанбул. Ја изградил архитектот Седефкар Мехмед Ага по наредба на
султанот Ахмед I во периодот меѓу 1609 и 1616 година. Поради своите бои –
сина, зелена и бела кои доаѓаат од употребените материјали- плочка и
порцелан, во Европа исто така е позната и како Сина џамија. Џамијата
Султан Ахмед е првата џамија во Османлиската империја, која има 6
минариња.
Германската Фонтана е стилизирана фонтана во северниот крај на
стариот Хиподром. Таа била изградена да ја одбележи годишнината од
посетата на германскиот император Вилхелм II во Истанбул во 1898 година.
Првично е изградена во Германија, а потоа транспортирана парче по парче
и склопена на сегашната локација во 1900 година.
Топкапи Сарај е палата која била главното седиште на
администрацијата на Османлиската империја во периодот помеѓу 1456 до
1853 година. Била изграден во времето на султан Мехмед II. Палатата
претставувала место каде се одржувале голем број на државни конференции,
совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има
непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и
мечот на пророкот Мухамед. Денес, Топкапи Сарај претставува една од
најголемите туристички атракции на градот.
Тура 2
Кулата Галата: Средновековната кула е сместена во населбата
Галата, во близина на Златниот рог. Изградена е од камен,а висока е
66,90 метри (62,59 метри без украсот на врвот). Во времето кога била
изградена, таа била највисоката градба во градот. Факт е дека ако ја
посетите Кулата и ако преку нејзините „очи“ не го разгледате Истанбул,
всушност не сте го виделе вистинскиот Истанбул.
Прошетка од Булеварот Истиклал до Бејоглу
Истиклал е еден од најпознатите булевари кој се наоѓа во Истанбул, во
округот Бејоглу, во близина на плоштадот Таксим. Булеварот е долг околу
три километри. Се смета дека во текот на неработните денови, булеварот
го посетуваат околу 3 милиони луѓе.
Бејоглу е округ кој се наоѓа на европската страна на Истанбул, Турција.
Овој регион се наоѓа на т.н. историски полуостров во Константинопол од
страната на Златниот Рог. Во текот на средниот век, регионот се викал
Пера, и тоа име се одржало до создавањето на модерната турска република.
Тура 3
Сите знаменитости од Тура 1 плус Капали чаршија
Таа е една од најголемите и најстарите покриени пазари во светот.
Комплексот се состои од 12 основни згради и располага со 22 порти, кои
се наоѓаат на 85 улици кои собираат меѓу 250.000 и 400.000 посетители на
ден.
Уживајте во овој вкусен залак од Истанбул и вратете се повторно за да го добиете комплетното мени:)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 23:07
Истанбул најпосакувана европска дестинација Непрофитабилната организација "European
Consumers Choice", како резултат од гласовите на туристите и
туристичките работници, го прогласила Истанбул најдобра европска
дестинација за 2013 година.
Споменатата агенција со седиште во Брисел, го правела
истражувањето три седмици. Истанбул бил прогласен за најпосакувана
дестинација, а зад него се нашле Лисабон, Виена, Барселона, Амстердам,
Мадрид, Валета, Ница, Милано и Стокхолм.
Во соопштението на организацијата "European Consumers Choice", наведено е
дека Истанбул е единствениот град кој се простира на два континента, и
дека е град кој ги поврзува Истокот и Западот. Истанбул станал познат по
своите минариња, палати и по местата кои кај луѓето влеваат спокојство,
се наведува во соопштението.
Од организацијата препорачуваат Истанбул да се посети оваа година, за
време на отварањето на културниот центар Ататурк, настан што ќе ја
одбележи 90-годишнината од создавањето на Република Турција.
"European Consumers Choice", во 2010 година, за најпосакувана
дестинација го прогласил Лисабон, а во 2011 и 2012 година тој примат го
носеле Копенхаген и Порто.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 20:55
Еве едни поприлично тазе слики од Истанбул.
За ова вреди патот до таму
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 21:50
Фестивал на лалето,Истанбул
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 21:51
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 21:51
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 16:03
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 16:04
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Април.2014 во 19:19
Француската улица во Истанбул Франсиз Сокаги е тесна уличка којашто се спојува со Истиклал, една од најпознатите улици во Истанбул. Главниот град на светот е романтичен сам по себе и ќе ве плени со духот на ориентот, мешавината на културите од истокот и западот и начинот на кој му пркоси на времто. Но, ако сакате да поминете едно навистина романтично попладне, појдете кон француската улица. Повеќе од 100 години ова место ја чува својата автентичност - газиени фенери, кафулиња на отворено, тивка музика и можност навистина да се посветите еден на друг. Згора на тоа, долж уличката се поставени греалки на отворено, кои ќе ви овозможат да останете надвор и кога застудува.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Април.2014 во 19:22
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Септември.2014 во 22:38
Истанбул најполуларeн туристички град во светот
Истанбул е град што е рангиран како најпопуларно одредиште за туристите од ширум светот, објави сајтот TripAdvisor. Милиони корисници на TripAdvisor гласаа за својата омилена дестинација ширум светот, а Истанбул го зазеде првото место. Тоа е помалку и изненадувачки, бидејќи градот „скокна“ за 11 места на листата во однос на минатата година. Истанбул, по гласањето, зад себе ги остави вечните фаворити Лондон и Рим. Зошто туристите навалуваат во Истанбул? Можеби затоа што овој град ги спојува и модерните и старите времиња. Истанбул е преполн со историски споменици и џамии, уметници и други занимливости. Градот е многу „шик“, а тоа им го докажува на патниците од цел свет кои доаѓаат во него во огромен број, пишува „Buseness Insider“.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2014 во 09:30
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/23387-13-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-vo-istanbul" rel="nofollow -
Истанбул е еден од најубавите и најпосетувани градови во светот кој воодушевува со својата уникатна неповторлива убавина. Турскиот чај, вкусната баклава и впечатливите џамии се само дел од убавините кои во овој град може да ги видите и вкусите. Ова се 13 работи кои мора да ги направите во Истанбул доколку одлучите да го посетите:
1. Пробајте го турскиот традиционален чај
2. Јадете турски бурек
3. Посетете ја црквата Мала Света Софија
4. Напијте се турско кафе послужено со локум или баклава
5. Пробајте го солениот пијалок Ајран
6. Пробајте наргиле со овошна арома
7. Уживајте во погледот на Galata Tower
8. Вечерајте во ресторанот со најубав поглед кон Истанбул - Хамди
9. Пробајте го турскиот десерт - сутлијаш
10. Посетете ги Princes’ островите
11. Влезете во познатата Сулејманова џамија
12. Уживајте го гламурот на Истанбул во палатата Топкапи
13. Изгубете се во убавините на Истанбул и дозволете патот да ве одведе до некое ново, необично место
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 08.Декември.2014 во 21:59
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Декември.2014 во 08:38
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 31.Јануари.2015 во 00:20
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 12.Ноември.2017 во 12:26
Istanbul sum bila nekolku pati na sopping
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 14.Април.2019 во 13:15
Два континенти,еден Истанбул! Фаворит објект Сафир Сеир Тераса,од таму цел град го имаш на дланка,незаборавно!
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|