Испечати | Затвори го прозорот

Заминување во Велика Британија (Лондон)

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26737
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 15:38
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Заминување во Велика Британија (Лондон)
Постирано од: ndimovska
Наслов: Заминување во Велика Британија (Лондон)
Датум на внесување: 31.Октомври.2013 во 23:13
Здраво,

Би сакала да отворам тема за заминување во В Британија (Лондон) со македонски или бугарски пасош. Дали некој од Вас заминал таму или познава некој што заминал? Дали можете да споделите некое искуство? Можеби некоја македонска или бугарска агенција што се занимава со оваа проблематика? Од јануари 2014 година бугарските државјани ќе можат слободно да бараат работа во В Британија без никакви ограничувања. Дали некој од Вас планира да замине таму после Нова Година? Ова е одлична шанса со оглед на тоа дека се зборува на Англиски јазик, авионската карта до Лондон со WIZZ AIR е навистина ефтина, а се стигнува за околу два часа.

Во очекување на интересни разговори.

Поздрав,
Невена



Коментари:
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 01.Ноември.2013 во 01:37
Освен ако англискиот јазик не ти е скоро како мајчин нема што да бараш таму.
Исто така гледај да имаш професија што е навистина дефицитарна, инаку пиши пропало.

А за тоа дека ефтино ќе си поминеш со Виз Ер, не се залажувај. 



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk