Царството БОЖЈЕ - каде се наоѓа тоа?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26431
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 06:29 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Царството БОЖЈЕ - каде се наоѓа тоа?
Постирано од: spiros
Наслов: Царството БОЖЈЕ - каде се наоѓа тоа?
Датум на внесување: 20.Април.2013 во 18:08
Централното место во учењето Господово е Царството БОЖЈЕ!
Дури и во главната молитва која што Господ ни ја дари - после славењето на Небесниот *ОТЕЦ - *Царството и *Волјата БОЖЈА се на самиот врв.
Главната молитва почнува вака:
>>> Оче наш, Кој си на Небесата, да се свети *Името Твое; да дојде *Царството Твое; да биде *Волјата Твоја, како на Небото, така и на земјата <<< http://www.bibleserver.com/text/CKK/Matej6:9-10" rel="nofollow - Ние повеќепати низ форумскиве теми сме разговарале за Царството БОЖЈЕ, но никогаш на една тема кадешто конкретно се бара објаснувањето на прашањето: “Каде се наоѓа Царството БОЖЈЕ“?
Дека Царството БОЖЈЕ се’уште не завладеало во секое срце и на целата земја, мислам дека нетреба посебно да се истакнува, но дека целта на Евангелието БОЖЈЕ (Христос) е баш тоа, дотолку повеќе!
Според сведоштвото и учењето на коешто му веруваат Чедата БОЖЈИ, Царството БОЖЈЕ е пред се’ на Небото во *БОГА (Отецот), но и секаде таму каде што е *БОЖЈАТА првородена Светлина (Логос) и *БОЖЈИОТ Светол Дух!
Што мислите вие (?): Каде се наоѓа Царството БОЖЈЕ и дали е можно сите да се разбудат за *БОЖЈАТА Светлина (Логос = Христос)?
Поздрав до сите
„Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!” Ефес. 5:14
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Коментари:
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 22.Април.2013 во 00:51
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Април.2013 во 08:01
spiros напиша:
Ние повеќепати низ форумскиве теми сме разговарале за Царството БОЖЈЕ, но никогаш на една тема кадешто конкретно се бара објаснувањето на прашањето: “Каде се наоѓа Царството БОЖЈЕ“?
|
Не можам да тврдам дека никогаш немало отворено таква тема (не ми се бара сега по архивите), но затоа знам дека неброени пати е цитиран Исусовиот одговор на ова прашање запишан во Новиот Завет:
20. Запрашан од фаризеите кога ќе дојде Царството Божје, он (Исус) им одговори: "Царството Божје нема да дојде забележливо, 21. ниту ќе кажат: "Еве, овде е" или: "Ене, онде е". Затоа што Царството Божје е во вас внатре". Лука 17
Во некои преводи напишано е "во вас внатре", а во некои "меѓу вас".
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 23.Април.2013 во 19:22
ZeZnAtA напиша:
[/DIV
|
Чудесен е Живиот БОГ! Чудесен!
Само неколку часови пред ти да ја постираш оваа слика (некаде околу зајдисонце на 21 април, со што - библиски - започнува 22 април), бев на едно баеѓи благословено место кадешто има еден лавиринт од 12 круга, во должина од 444 метри. Во центарот на лавиринтот имаше една коцка и нешто изгравирано на неа. Значи, чоек мора да ги помине 444 метри до центарот, да ја види гравијатурата и пак да оди 444 метри, како би го напуштил лавиринтот.
Што мислиш која (стилизирана) форма беше во центарот на лавиринтот?
Јас на 20 април - тука на форумов - во темата Најубавите стихови во Библијата, постирав еден стих и формата како слика, заедно со стихот.
п.с. Никогаш во мојот живот - свестно - не сум изодел лавиринт, како што беше тоа на денот кога ти ја постираше сликата на темава!
Чудесен е Небесниот Отец - Чудесен!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 23.Април.2013 во 20:02
Messenger напиша:
Не можам да тврдам дека никогаш немало отворено таква тема (не ми се бара сега по архивите), но затоа знам дека неброени пати е цитиран Исусовиот одговор на ова прашање запишан во Новиот Завет:
20. Запрашан од фаризеите кога ќе дојде Царството Божје, он (Исус) им одговори: "Царството Божје нема да дојде забележливо, 21. ниту ќе кажат: "Еве, овде е" или: "Ене, онде е". Затоа што Царството Божје е во вас внатре". Лука 17
Во некои преводи напишано е "во вас внатре", а во некои "меѓу вас". |
Значи пред фаризеите стои Инкарнацијата на Словото (Семето) БОЖЈЕ (Исус), Кој е пред Небото и земјат и се’ што е во ними, преку Кое Единствениот Совршен БОГ создал (и создава) се’што е’, во Кого Царството БОЖЈЕ потполно презентно е, а тие не Го препознаваат Царот на Царството БОЖЈЕ - нити се во состојба да Го видат Царството БОЖЈЕ во Него - и затоа го прашуваат:
>> “Кога ќе дојде Царството БОЖЈЕ?“ а Исус (според Лутер) им вели: “Види; Царството БОЖЈЕ е на средина помеѓу вас!“ <<
Лука 17:20 сл.
Кога фаризеите - наместо нивното сознание - би имале дечјо верно срце исполнето со Дух Свети (Кој што заедно со Семето БОЖЈE е неоделива основа на Царството БОЖЈЕ), дали воопшто би имале потреба да Го прашаат тоа?
Може ли Царството БОЖЈЕ да е некаде без дарот и презентноста на Светиот Дух?
п.с. Што мислиш на што - или подобро на Кого - упатува фигурата на средната чакра во индија; таканаречената чакра на срцето?
На 20ти Април во темата http://www.forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17114&PID=2875268#2875268" rel="nofollow -
„Со што да го споредиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?
Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња; а кога ќе се посее, израснува и станува поголемо од сите грмушки, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески.”
Марко 4:30 сл.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 23.Април.2013 во 22:14
Види сега, треба првин да се разбере еврејското верување, па потоа да се дискутира за тоа зошто фаризеите го поставиле тоа прашање.
Јудаизмот во основа е фокусиран на материјалниот живот и нема некои посебни верувања, теории и догми за некакво егзистирање после смртта. Тоа не значи дека потполно сe негира таква опција, но освен за ортодоксните евреи тоа не е тема од интерес за другите јудејци.
Можеби е од интерес за христијаните да дознаат дека ортодоксните евреи веруваат дека душата на правичните оди Рајот (слично како христијанското верување), дека душите на грешниците се измачувани од демони (слично како христијанскиот пекол) и дека душите се реинкарнираат и дека чекаат на месијата за да воскреснат. Значи тука нема некои големи разлики од првичното христијанско верување, како и од поновото ако се исклучи реинкарнацијата која отпосле е отфрлена од христијанската догма.
Гледано од тој аспект, разбирливо е фаризејското прашање "А кога ќе дојде Царството Божје?" обидувајќи се разберат кое е Исусовото учење.
Од една страна и фаризеите и Исус се на иста страна кога тврдат дека Царството божје е тука и сега (дека тоа зависи само од нас), но разликата е што фаризеите тоа го гледат како буквално следење на законите и правилата во нивните писанија и сето оноа што тие со векови го надопишувалe и надградувале како инспирација од истите (слично како муслиманите) и доаѓањето на Месијата (месијанското време). Одвојувањето на Царството Божје некаде надвор и горе од нас и од овој наш свет е подоцнежно христијанско учење.
Како што знаеме, Исус учи надрастување и надминување на законите со просветлување наместо нивно робување, осознавање дека сме синови и ќерки Божји, а со тоа и Едно со Него, тврдејќи дека Царството Божје е во нас и посреде нас, а не некаде горе-долу, ваму-таму, после-тогаш.
И токму поради тоа, поради неговото тврдење дека е Син Божји, а со тоа за останатите луѓе ултимативно и Бог, тој беше осуден од фаризеите и предаден на римјаните да биде егзекутиран со дополнителни обвинувања дека е против римскиот император.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 24.Април.2013 во 00:02
spiros напиша:
ZeZnAtA напиша:
[/DIV
|
Чудесен е Живиот БОГ! Чудесен!
Само неколку часови пред ти да ја постираш оваа слика (некаде околу зајдисонце на 21 април, со што - библиски - започнува 22 април), бев на едно баеѓи благословено место кадешто има еден лавиринт од 12 круга, во должина од 444 метри. Во центарот на лавиринтот имаше една коцка и нешто изгравирано на неа. Значи, чоек мора да ги помине 444 метри до центарот, да ја види гравијатурата и пак да оди 444 метри, како би го напуштил лавиринтот.
Што мислиш која (стилизирана) форма беше во центарот на лавиринтот?
Јас на 20 април - тука на форумов - во темата Најубавите стихови во Библијата, постирав еден стих и формата како слика, заедно со стихот.
п.с. Никогаш во мојот живот - свестно - не сум изодел лавиринт, како што беше тоа на денот кога ти ја постираше сликата на темава!
Чудесен е Небесниот Отец - Чудесен!
|
spiros, jas mozham samo da predpostavam (kako i ti predhodno,pred da go izodish toj pat koj veruvam deka bil povekje od 444 metri(sepak e lavirint)) i eve blagodarenie na tebe da ja potvrdam mojata predpostavka. me interesira tvoeto tolkuvanje za lavirintot,izgraviranoto na kockata i slikata koja ja postirav na dadenava tema. chudesno e,vistina
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 24.Април.2013 во 23:39
Messenger напиша:
Види сега, треба првин да се разбере еврејското верување, па потоа да се дискутира за тоа зошто фаризеите го поставиле тоа прашање.
Јудаизмот во основа е фокусиран на материјалниот живот и нема некои посебни верувања, теории и догми за некакво егзистирање после смртта. Тоа не значи дека потполно сe негира таква опција, но освен за ортодоксните евреи тоа не е тема од интерес за другите јудејци.
Можеби е од интерес за христијаните да дознаат дека ортодоксните евреи веруваат дека душата на правичните оди Рајот (слично како христијанското верување), дека душите на грешниците се измачувани од демони (слично како христијанскиот пекол) и дека душите се реинкарнираат и дека чекаат на месијата за да воскреснат. Значи тука нема некои големи разлики од првичното христијанско верување, како и од поновото ако се исклучи реинкарнацијата која отпосле е отфрлена од христијанската догма.
Гледано од тој аспект, разбирливо е фаризејското прашање "А кога ќе дојде Царството Божје?" обидувајќи се разберат кое е Исусовото учење.
Од една страна и фаризеите и Исус се на иста страна кога тврдат дека Царството божје е тука и сега (дека тоа зависи само од нас), но разликата е што фаризеите тоа го гледат како буквално следење на законите и правилата во нивните писанија и сето оноа што тие со векови го надопишувалe и надградувале како инспирација од истите (слично како муслиманите) и доаѓањето на Месијата (месијанското време). Одвојувањето на Царството Божје некаде надвор и горе од нас и од овој наш свет е подоцнежно христијанско учење.
Како што знаеме, Исус учи надрастување и надминување на законите со просветлување наместо нивно робување, осознавање дека сме синови и ќерки Божји, а со тоа и Едно со Него, тврдејќи дека Царството Божје е во нас и посреде нас, а не некаде горе-долу, ваму-таму, после-тогаш.
И токму поради тоа, поради неговото тврдење дека е Син Божји, а со тоа за останатите луѓе ултимативно и Бог, тој беше осуден од фаризеите и предаден на римјаните да биде егзекутиран со дополнителни обвинувања дека е против римскиот император.
|
Без ралика кој е и што е, без разлика дали се работи за јудејски, христијански, антихристијански, гностички, агностички, теистички, атеистички ... или било какви поинакви надувени книжници, без Светиот Дух и вера од детско срце во Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - http://www.bibleserver.com/text/CKK/Matej11:25-27" rel="nofollow -
Исус му одговори и рече: - „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.”
Никодим Му рече: - „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?”
А Исус му одговори: - „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух! Ев. Јован 3:3-6
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 25.Април.2013 во 00:19
ZeZnAtA напиша:
spiros, jas mozham samo da predpostavam (kako i ti predhodno,pred da go izodish toj pat koj veruvam deka bil povekje od 444 metri(sepak e lavirint)) i eve blagodarenie na tebe da ja potvrdam mojata predpostavka. me interesira tvoeto tolkuvanje za lavirintot,izgraviranoto na kockata i slikata koja ja postirav na dadenava tema. chudesno e,vistina
|
Во Него (се мисли на Отецот) се’ е повржано!
п.с. Зборот религија потекнува од латинскиот religare и означува по(вторно)вржување, (освестување за) ... со Коренот, со Изворот на Вечниот Живот!
Од една крв го создаде сиот род човечки за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и граници на нивните живеалишта, за да Го бараат Господа, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого меѓу нас: зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме ...!
Дела Ап. 17:26-28
п.п.с. Лавиринтот е фиксен (тотално 888 метри) и всушност неможеш да ја промашиш целта!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 25.Април.2013 во 00:38
koj e otecot,spirose?
povrzuvanjeto se misli na povrzuvanje na site istomislenici ili??
p.s. mnogu polesno ke se razbudea site "zaspani" dokolku takov beshe i lavirintot na zhivotot
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 25.Април.2013 во 01:23
Всушност и лавиринтот на животот е многу едноставен, доколку (без лукавости) потполно (и со дечјо срце) оддадени - како што ни покажа Исус - Го одиме Патот на Милоста (Мудроста) БОЖЈА, Кој што е Единсвениот Совршен Пат, Вистина и Живот во БОГА (Отецот)!
Исус му рече: „Јас сум Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене.
Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.”
Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!” Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ,Покажи ни Го Отецот?‘
Не веруваш ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. Ев. Јован 14: 6-10
п.с. Што се работи за истомислениците - одкако ќе го прочиташ вториот стих на погоре цитираната глава од Јовановото Евангелие -, би те замолил да ми најдеш барем двајца (од оние коишто се’уште не го надминале индивидуалниот и колективниот егоизам) кои потполно исто мислат и перцепираат ...
Дотогаш
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 25.Април.2013 во 23:31
spiros,sekoja chest za izvadocite , no zaludno e ako ne se razberat ne zemaj od serviranoto,probaj protolkuvaj go gi pochituvam vernicite i neka si go sledat svojot pat,ubavo e shto veruvaat vo neshtoto (kako sakash narechi go) no,samo zamisli seta taa nivna verba shto e nasochena kon neshtoto da e nasochena vo samite niv...?? i tvoite izvadoci posochuvaat na bog-chovekot...
p.s. lavirintot na zhivotot e ednostaven za onie koi se na praviot pat
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Април.2013 во 20:14
Зезе, човекот (и се’ друго) воопшто не може да постои, без Нештото!
Денот доаѓа кога сите ќе се разбудат за Отецот (и Мајката) на Животот, за нашето високо Јас и никој повеќе нема да не Го разбира нашиот Единствен вистински Спас - Кој е Мудроста Негова (Христос) - во нас!
Тоа е денот на кој Царството БОЖЈЕ вистински и подполно ќе завладее на земјата, како што владее на Небото!
п.с. Нештото не е (како кај книжниците) само нешто абстрактно, туку преку Милоста БОЖЈА (Христос) - и со вера од детско срце - тоа може да се доживее во секое чукање на срцето, секој здив, секој чекор, секој збор, ... конкретно!
А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
2 Петр. 1:19
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 27.Април.2013 во 22:29
neshtoto ne e nishto konkretno - zatoa i nemozhe da se vidi, slushne, dopre..... ama se chustvuva i taka i osoznava - a kade na drugo mesto ako ne vo Nas i preku Nas
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 27.Април.2013 во 22:45
postoi edna rechenica >> i ova e pobedata shto go pobedi svetot - verbata nasha <<
verbata e najmokjna sila vo chovekot,a koga e pridruzhuvana od iskrenosta nishto ne mozhe da ja pobedi... ednostavno verbata e zasluzna za se' shto postoi..., verbata e ljubov,energija koja shto go dvizhi svetot vo sekoj pravec...
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 27.Април.2013 во 23:24
....овде не е!.Со глава гарантирам. На 1000км можеби има нешто,не знам.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 00:59
viktorija123 напиша:
neshtoto ne e nishto konkretno - zatoa i nemozhe da se vidi, slushne, dopre..... ama se chustvuva i taka i osoznava - a kade na drugo mesto ako ne vo Nas i preku Nas |
Е тука - за малку - потполно би се сложил со тебе, систер!
Блаженството (надприродната радост и мир) конкретно се доживува во нас - тоа е навистина така (!) -, но не преку нашите сетила, туку преку Светиот Дух, Кој што е најскапоцениот дар на Небесниот Отец и Цар!
Нему вечна Слава!
п.с. Таму каде што е Светиот Дух и Мудроста БОЖЈА чиста (Христос), таму е и Царството БОЖЈЕ!
п.п.с. Ако нашите сетила и органи (очи, уши, нос, јазик, раце, ...) не сме во состојба самите да ги створиме, туку предсе’ се Милостив Дар на Небесниот Отец и Цар, колку тогаш е поголем и поскапоцен Дарот на Светиот Дух и Мудроста Негова чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа?
„Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ,Дај Ми да пијам‘ - ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода!”
Ев. Јован 4:10
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 01:05
kade toa jas spomnav preku nash*te setila ?? rekov - preku nas!
shto e vo nas??
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 01:20
e ajde kazhi vekje ednash so shto jas toa se velicham i so shto go devalviram Sovrsheniot???
jas celo vreme ne go pravam toa shto ti go velish... ama ete ti uporno mi sudish....ajde edno zatoa...
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 01:27
se dodeka ne se razbudi i ne stane svesen za samiot sebe ,covek za navek ke bide zaslepen
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 01:47
Вистинското будењето, Мудрост, Свест, Светлост, Дух, ... не е заслуга човечка, туку - предсе’ - е милостив дар на Небесниот Отец и Цар!
Тука е една од одлучувачките разлики помеѓу Евангелието на Милоста БОЖЈА (Христос) и надувените “просветлени“ од овој свет, кои - свестно или несвестно - се израмнуваат или дури се прават попаметни од Светлината БОЖЈА (Христос) и Нејзината инкарнација во Исус, а со тоа докажуваат дека за најважното се’уште не се вистински будни!
Се’ додека човекот - свестно или несвестно - се велича себеси, својата свест, својата мудрост, своето просветление, ..., а Го игнорира или девалвира Делото и Дарот на Совршено *Светиот Творец, Неговата *Света Мудрост и Неговиот *Светол Дух, тој се’уште не знае како треба да знае!
Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”
Ефес. 5:14
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 01:53
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 03:58
Спиросе, сум забележал дека во секоја прилика каде се зборува за
царството божје, за неговите дела, за неговата безгрешна креативност, за
... поставуваш разни идилични слики како доказ за таа негова
величенствена моќ, љубов, мудрост ...
spiros напиша:
KINGDAVID напиша:
|
Чудо БОЖЈЕ! |
Убаво е што, во твојата намера да го претставиш
царството божје како нешто прекрасно, безгрешно, идилично ... приложуваш слики како овие погоре.
Само ме буни една работа! Дали во таа твоја намера за претставување на царството божје, ти намерно избегнуваш да поставуваш други слики? Или сосема случајно си изумил да претставиш нешто вакво:
Што мислиш, кон што или кон кого пружаат раце овие дечиња? Можеби кон бог*, барајќи му барем едно мало парче од неговото царство?
Немој да речеш дека ова не е дел од твоето божје царство!
* - Хм ... , можеби овие деца живеат во царството на некој друг, погрешен, невистински бог. Можеби ако живееја во царството на оној твојот, вистинскиот, мудриот, правдољубивиот, човекољубивиот бог, се ќе беше како на сликите на почетокот, а?
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 11:21
Викторија, без разлика дали внатре или надвор (наоколу), без разлика дали на Небото или на земјата (материјата), ... се’опфатната Мудрост (Милост) БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, е пред внатрешното и надворешното, пред Небото и земјата, пред и над Ангелите и луѓето, пред и над секое Ангелско и човечко сознание и просветление, пред и над секој Ангелски и човечки збор и јазик, пред и над секое Ангелско и човечко разбирање и толкување ...!
Мислам дека сега e (или би требало да биде) јасно зошто не треба ама баш ништо друго да ни биде поважно од Дарителот на најголемиот Дар, Кој што е нашиот Небесен Отец и Цар, Кого никогаш не треба да Го игнорираме, девалвираме или дури банализираме (како што некои возгордеани милуваат да прават), со што би ја направиле најголемата грешка воопшто!
Оче наш, Кој си на Небесата, да се свети Името *Твое; да дојде Царството *Твое; да биде Волјата *Твоја, како на Небото, така и на земјата! Ев.Матеј 6:9+10
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 28.Април.2013 во 13:33
Zlatnik напиша:
Спиросе, сум забележал дека во секоја прилика каде се зборува за царството божје, за неговите дела, за неговата безгрешна креативност, за ... поставуваш разни идилични слики како доказ за таа негова величенствена моќ, љубов, мудрост ...
Убаво е што, во твојата намера да го претставиш царството божје како нешто прекрасно, безгрешно, идилично ... приложуваш слики како овие погоре.
Само ме буни една работа! Дали во таа твоја намера за претставување на царството божје, ти намерно избегнуваш да поставуваш други слики? Или сосема случајно си изумил да претставиш нешто вакво:
...
Што мислиш, кон што или кон кого пружаат раце овие дечиња? Можеби кон бог*, барајќи му барем едно мало парче од неговото царство?
Немој да речеш дека ова не е дел од твоето божје царство!
* - Хм ... , можеби овие деца живеат во царството на некој друг, погрешен, невистински бог. Можеби ако живееја во царството на оној твојот, вистинскиот, мудриот, правдољубивиот, човекољубивиот бог, се ќе беше како на сликите на почетокот, а?
|
Златен златник, одсрце ти благодарам за ова прашање и се надевам дека без предрасуди ќе го примиш одговорот.
Мудроста БОЖЈА (Исус) дојде во светот - и до последна капка крв Го дари Својот прачист Живот - баш за да ја уништи владавината на оној лажен, нечист и нељубезен дух (душманот на Царот и Царството БОЖЈЕ), кој е причинител на грозотиите кои во форма на слики ги постираше ти, а кои (за жал) се ништо во споредба со тоа што се’ има направено и се’уште прави во овој свет.
Еден свет кој што – за жал се’уште - Ја одбива Светлината на Евангелието БОЖЈЕ, а го љуби својот животонепријатен индивидуален и колективен егоизам, со интезитет со кој што треба да се љуби само *Единствениот БОГ* и ближниот, како *себеси!
Најжалното е што многу луѓе коишто себеси се сметаат за добри луѓе или за верни луѓе и изјавуваат дека етички се исправни, праведни, ги држат заповедите, ... се’уште се слепи за Царот и Царството на Милоста БОЖЈА чиста, за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа!
Повели погледни ги Исусовите зборови кои подолу ќе ги постирам и размисли, или пак повели на темата: http://www.forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24449" rel="nofollow - - Гревот на вљубените во материјалното богатство?
Поздрав
А Исус му одговори:
>> Возљуби Го יהוה, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум! <<
тоа е прва и најголема заповед, а втората е слична на неа:
>> Возљуби го својот ближен како себеси! <<
(Ев. Матеј 22:37 - 40)
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 30.Април.2013 во 12:41
spiros напиша:
Викторија, без разлика дали внатре или надвор (наоколу), без разлика дали на Небото или на земјата (материјата), ... се’опфатната Мудрост (Милост) БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа, е пред внатрешното и надворешното, пред Небото и земјата, пред и над Ангелите и луѓето, пред и над секое Ангелско и човечко сознание и просветление, пред и над секој Ангелски и човечки збор и јазик, пред и над секое Ангелско и човечко разбирање и толкување ...!
Мислам дека сега e (или би требало да биде) јасно зошто не треба ама баш ништо друго да ни биде поважно од Дарителот на најголемиот Дар, Кој што е нашиот Небесен Отец и Цар, Кого никогаш не треба да Го игнорираме, девалвираме или дури банализираме (како што некои возгордеани милуваат да прават), со што би ја направиле најголемата грешка воопшто!
Оче наш, Кој си на Небесата, да се свети Името *Твое; да дојде Царството *Твое; да биде Волјата *Твоја, како на Небото, така и на земјата! Ев.Матеј 6:9+10
|
Nema razlika spiros toa e toa Ama ako nekoj ja gleda .... kje ja ima ... I zemjata i neboto se ovde i sega, sekogash i sekade ....
Isus rekol - jas postojam...., ne rekol - postoev ... I se e kazhano
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 30.Април.2013 во 18:39
viktorija123 напиша:
Nema razlika spiros toa e toa Ama ako nekoj ja gleda .... kje ja ima ... I zemjata i neboto se ovde i sega, sekogash i sekade ....
Isus rekol - jas postojam...., ne rekol - postoev ... I se e kazhano
|
Вики ма, се додека Милоста (Мудроста) БОЖЈА - и Неговиот Светол Дух - не зацарува во срцето на човекот, Царството БОЖЈЕ воопшто (и вистински) не е можно!
Те молам немој сега пак да ми филозофираш и да ми кажеш дека нема разлика, дека дури и Христос и хитлер - всушност - е едно те исто!
Јас знам дека (во македонскиот јазик) и на двајцата со иста буква им почнуваат имињата, но сепак во Исус Христос Царството БОЖЈЕ беше - и е’ (како никаден на друго место) - потполно презентно, додека во хитлер тоа беше третиот рајх, кај сталин атеистичкиот (антихристијански) комунизам, ... итн.!
Ја сфаќаш разликата?
Дај - додека не стане прекасно - да Го ставиме на прво место Оној на Кому тоа и навистина Му припаѓа!
Се сеќаваш во молитвата http://www.bibleserver.com/text/CKK/Matej6:9" rel="nofollow -
п.с. Ве молам немојте со вашето (во суштина дуалистичко) размислување, да ја категоризирате разликата и разликувањето (а со тоа и приоритетите) како нeшто http://en.wiktionary.org/wiki/per_se" rel="nofollow -
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 30.Април.2013 во 20:19
spiros напиша:
се додека Милоста (Мудроста) БОЖЈА - и Неговиот Светол Дух - не зацарува во срцето на човекот, Царството БОЖЈЕ воопшто (и вистински) не е можно!
|
spiros напиша:
Вистинското будењето, Мудрост, Свест, Светлост, Дух, ... не е заслуга човечка, туку - предсе’ - е милостив дар на Небесниот Отец и Цар!
|
Ако е така, тогаш зошто го спомнуваш ова:
spiros напиша:
Те молам немој сега пак да ми филозофираш и да ми кажеш дека нема разлика, дека дури и Христос и хитлер - всушност - е едно те исто!
|
Ако обвинуваш некого тогаш тоа треба да биде Небесниот Отец и Цар кој не го дарувал Хитлера со својот милостив дар. Нели тој не се добива со никаква заслуга ?
Патем, едно прашање до тебе на кое очекувам конкретен одговор наместо бегање од него со бескрајно препишување цитати од Библијата:
Kога веќе постојано го повторуваш истото дека "Вистинското будење, Мудрост, Свест, Светлост и дух се незслужен дар на Небесниот Отец", објасни ни каков критеријум користи Небесниот Отец кога некому му го доделува овој свој дар, а другите ги одбегнува ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 30.Април.2013 во 23:24
Taka e brate Spirose , se dodeka ne zacaruva "Carstvoto Bozhje" vo nash*te srca - koga sum kazhala poinaku??
A koga i dali kje zacaruva toa e vekje "Vistinska filozofija" Kako i samiot shto velish, "Toa" e nezasluzhen dar i kako takvo, site imame mozhnost da go osvestime vo Nas.
Ne e dovolno samo chitanje, citiranje na citatite i veruvanje vo istite - kolku i da e jako i mokjno - potrebno e i zhiveenje na ona vo shto veruvame za da se osvesti i osoznae "carstvoto" - koe, kade e ? ako ne Vo Nas - Tokmu ova go pishuva i vo niv.... ama koj ima "ushi" kje slushne i razbere, sfakjash??
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 01.Мај.2013 во 14:33
Messenger напиша:
Ако обвинуваш некого тогаш тоа треба да биде Небесниот Отец и Цар кој не го дарувал Хитлера со својот милостив дар. Нели тој не се добива со никаква заслуга ?
Патем, едно прашање до тебе на кое очекувам конкретен одговор наместо бегање од него со бескрајно препишување цитати од Библијата:
Kога веќе постојано го повторуваш истото дека "Вистинското будење, Мудрост, Свест, Светлост и дух се незслужен дар на Небесниот Отец", објасни ни каков критеријум користи Небесниот Отец кога некому му го доделува овој свој дар, а другите ги одбегнува ?
|
Милоста (Мудроста) Негова чиста - совршено понижна и кротка, a - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа, е критериумот!
Секој кој што Ја негира или девалвира, му предстои страшен пад, иако можеби е добро едуциран со/од источњачки, западњачки и поинакви филозофии и “мајстори“.
Веќе погоре споменатиот хитлер - и неговите советници - беа “многу добро“ информирани, а во сопствените и во редовите на нивните сојузници беа дури и “просветлени мајстори“, “свештеници“, “учители“, ... кои поради својата “светлина“ сепак Го подценија единстевното вистинско и вечно Евангелие БОЖЈЕ (Христос)!
Зарем сега - според вашата “светлина“ - поради гордоста на гордите треба да му се придружам на обвинителот и да Го обвинам Небесниот Отец и Цар, Кој одсебе Го жртвуваше најважното како би ни Го дал најскапоцениот дар, Кого ние во нашата (помалку или повеќе свестна гордост и несвест) Го одфрламе!?
А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: ,Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘ Затоа ви велам дека Царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови. И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.”
Ев.Матеј 21:42-44
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 01.Мај.2013 во 14:51
viktorija123 напиша:
Taka e brate Spirose, se dodeka ne zacaruva "Carstvoto Bozhje" vo nash*te srca - koga sum kazhala poinaku??
A koga i dali kje zacaruva toa e vekje "Vistinska filozofija" Kako i samiot shto velish, "Toa" e nezasluzhen dar i kako takvo, site imame mozhnost da go osvestime vo Nas.
Ne e dovolno samo chitanje, citiranje na citatite i veruvanje vo istite - kolku i da e jako i mokjno - potrebno e i zhiveenje na ona vo shto veruvame za da se osvesti i osoznae "carstvoto" - koe, kade e ? ako ne Vo Nas - Tokmu ova go pishuva i vo niv.... ama koj ima "ushi" kje slushne i razbere, sfakjash?? |
Со најголемиот дел од кажаното, се сложувам, иако неможам потполно да се сложам со тоа дека Божјата Света Мудрост - (посебно) Светиот Дух БОЖЈИ , а со тоа и Царството БОЖЕ - била и е’ секогаш и секаде!
Покрај нашите евидентни разлики, ние - драга Викторија - треба да се концентрираме на тоа што ние заедничко.
Поздрави
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 01.Мај.2013 во 21:14
spiros напиша:
Веќе погоре споменатиот хитлер - и неговите советници - беа “многу добро“ информирани, а во сопствените и во редовите на нивните сојузници беа дури и “просветлени мајстори“, “свештеници“, “учители“, ... кои поради својата “светлина“ сепак Го подценија единстевното вистинско и вечно Евангелие БОЖЈЕ (Христос)!
|
Со други зборови, значи треба едуцирање и треба дознавање и осознавање, а не отфрлање на истото како што имаш обичај често пати да посочуваш, за да биде човек дарен со милостив дар. Инаку зарем ќе имаше потреба Aпостолите три години да го следат и да учат од Христа ? Ако Милоста Божја се свати буквално како незаслужен дар тогаш немаше да има никаква потреба Aпостолите да се одделат од своите семејства и со години да бидат просветлувани од Христа.
Оној кој не го дознал оноа што треба да се дознае, не може истото ниту да го осознае ниту да го негира.
Истото важи и за тебе. Зарем ти не го дозна оноа што го говориш сега ? Од каде ти е сознанието за цитатите кои постојани ги постираш ?
Се сложувам оти глупост е тврдењето дека знаењето само по себе просветлува, но користењето на тој факт за тврдење дека истото е непотребно е уште поголема глупост.
7 барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. МАТЕЈ, Глава 7
http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи. ЈОВАН, Глава 8 http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - МАРКО Глава 4
P.S. Осознавањето е вистинскиот критеријум за примање на Божјата Милост. Дарот е секогаш понуден и не е никому ускратен, но тој не е секогаш приемчив. http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - И им рече: „Вам ви е дадена тајната на Божјото Царство, а на оние кои се надвор, сè биднува во параболи, http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - за ‘гледајќи да гледаат и да не видат; и слушајќи да слушаат, а да не разбираат, за да не се покајат и да не им биде простено’.” http://www.mkbible.net/biblija/index.php" rel="nofollow - И им рече: „Не ја разбирате ли оваа приказна? А како ќе ги разберете сите параболи! МАРКО, Глава 4
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 02.Мај.2013 во 19:49
Благословени се сите кои не И’ се противат и со детско срце И’ веруваат на Милоста БОЖЈА чиста, за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа! Дали верувал ти или не, роде драги, Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - е повеќе дури и од секое човечко едуцирање, дознавање, осознавање, ... кое засигурно не нешто лошо, ако не Го негира или девалвира Телото и Делото на Вечното Евангелие!
Поздрав
И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата, та верата ваша да не почива на човечката мудрост, туку на силата Божја!
1 Коринт. 2:4-5
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: anaa55
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 15:39
Библијата со ништо не укажува на тоа дека Божјето Царство е во срцето на луѓето. Напротив, тоа е вистинска влада, која ќе направи драстични промени на Земјата, токму како што претскажале пророците,
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 22:33
anaa55 напиша:
Библијата со ништо не укажува на тоа дека Божјето Царство е во срцето на луѓето. Напротив, тоа е вистинска влада, која ќе направи драстични промени на Земјата, токму како што претскажале пророците, |
" rel="nofollow - 20 А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види; " rel="nofollow - 21 ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во ваc. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА, Глава 17
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 14.Мај.2014 во 10:36
anaa55 : Напротив,тоа е вистинска влада, која ќе направи драстични промени на Земјата... ____________
Влада можи да има една но дека ке направи промени каде луѓето ке живеат во мир и хармонија малце потешко бидејки тоа е Утописко размислување,со тоа само ја потврдуваш теоријата на стадото. Стално оној кој е избран од мнозинството за да го преставува носи норми и правила кои првенствено се за негова лична корист за да можи да отскокнува од останатите единки во колективот , материјално,духовно,интелектуално...,а останатите на тој начин да бидат потчинети на неговите интереси.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Мај.2014 во 11:03
Во срцето на секој добар човек .
-------------
|
Постирано од: svetosparki
Датум на внесување: 14.Мај.2014 во 17:38
A.... KOGA KE IMA IZBORI?
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Мај.2014 во 00:11
kade?
...pa vo glavite na negovite ponizni podanici,de.
...a i kade na drugo mesto bi bilo.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Јануари.2015 во 12:36
емил напиша:
Во срцето на секој добар човек . |
Светиот Дух БОЖЈИ е безкрајно повеќе и поважен од секое срце, душа, знаење, сознание, ... човечко, кое per se немора да биде нешто лошо, освен ако не се противи на Вистината, Која е вечната Милост БОЖЈА чиста ...!
Тој/Тоа/Таа е дар а не сопствена заслуга, исто како и учењето на вечната Милост БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - Кое/Која е трн во око на сите надувени самобендисаници, без разлика како тие се нарекуваат и перцепираат себеси !
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 18.Јануари.2015 во 02:59
spiros, добредојде поворно на овој форум.
Ти пожелувам пријатно дружење со членовите, а за да се оствари тоа би ти свртил внимание во своите коментари да се држиш за темите на кои ќе се јавуваш наместо постојано на сите нив да се повторуваш со некакви генерални изјави. Подучен од минатото искуство, не би сакал постојано да ти свртувам внимание за тоа.
Ти пожелувам убаво минување на слободното време во рамките на правилата и прописите на овој форум.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|