Испечати | Затвори го прозорот

Кој систем и зошто ???

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25934
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 15:44
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Кој систем и зошто ???
Постирано од: de-mak
Наслов: Кој систем и зошто ???
Датум на внесување: 26.Јули.2012 во 09:43
Малку за разјаснување и проширување на сваќањата (а да не се мешаме во други теми)

Предности, недеостатоци и намена на Фотокамерите...

СЛР
Предности:
- моќни
- брзи аутофокуси
- избор на голем број објективи и опрема..
- добар квалитет на фотографијата...

недостатоци:
- големи и тешки
- скапи

намена:
- професионална фотографија


КОМПАКТНИ
Предности:
- мали и со тоа секогаш добри за при рака...
- поволни цени

недостатоци:
- спори аутофокуси (и понекогаш не прецизни)
- многу “шики-мики“ ама ретко нешто употребливо..

намена:
- фотографирање на роденденски и одморски фотографии

МИРОРЛЕС
предности:
- ?

недостатоци:
- сите недостатоци на СЛР и КОМПКТНИтЕ!!!

намена:
- да до клучевите од Мерцедесот и нешто друго за покажување да имаш...


... овак јас го гледам Светот....



Коментари:
Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 28.Јули.2012 во 04:10
Originally posted by de-mak de-mak напиша:

Малку за разјаснување и проширување на сваќањата (а да не се мешаме во други теми)

Предности, недеостатоци и намена на Фотокамерите...


МИРОРЛЕС
предности:
- ?

недостатоци:
- сите недостатоци на СЛР и КОМПКТНИтЕ!!!

намена:
- да до клучевите од Мерцедесот и нешто друго за покажување да имаш...


... овак јас го гледам Светот....


Се шегуваш? Или дека имаш ЕсЕлЕр па збориш така??? Што е лошо во тоа да добиеш технички висок квалитет на фотографија, во помало тело??? Што е лошо во тоа да можеш апаратот да си го носиш секаде, на секоја шетња, на секој излет, на секој одмор, а притоа да не мкнеш цели торби со тебе и поголемо внимание и сила посветиш на апаратот него на луѓето со кои што си??? Да не дополнувам тука дека се многу потивки, подискретни за сликање на улица, подобри за планинари, велосипедисти и секој кој ужива во спортот (каде и се пронаоѓам јас)... Замисли да мкнам и најмал SLR кога го качувам точакот по планина!

Всушност, само погледни ги продажните резултати и самиот фокус на главните производители на овие камери и ќе ти стане јасно дека во грамади од апарат иднина нема... Освен за некои специјални апликации. За мене, за да си сликам секој ден? Ма јок!

И прочитај некаде пред да пишеш - автофокусот во малите камери (contrast) е скоро 100% прецизен, за разлика од автофокусот кај SLR (phase) кој има многу помал процент на успешност (треба подесување за многу објективи, особено third party). Плус, во брзина се веќе "neck to neck", а тоа особено важи за high end компактните камери со променливи објективи. А многу од нив имаат и phase и contrast автофокус заедно...

На крај се се сведува на еден оптички окулар... Да де, има предности, ама дај да бидеме реални - во време на автофокус, доволен е и помочан LCD екран за да се направи добар фрејм... А да не зборам за новите LCD-а... Секако, може уште не се на нивото на оптиката, али за доброто на рбетот, get over it!


Постирано од: mdeni
Датум на внесување: 29.Јули.2012 во 11:25
Убаво го гледаш светот. :) Се сложувам.

Иако 80% од сите што имаат СЛР денес им е за покажување.


-------------
http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=7450 - Неколку мои фотки. - Идивиди
It's not a camera. It's a Nikon.
http://dmalikovski.deviantart.com/gallery/ - dmalikovski - Deviant



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk