Испечати | Затвори го прозорот

МАКЕДОНИЗАМ ИЛИ МАКЕДОНСТВО?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25727
Датум на принтање: 13.Декември.2024 во 10:45
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: МАКЕДОНИЗАМ ИЛИ МАКЕДОНСТВО?
Постирано од: Rade Kumitkata
Наслов: МАКЕДОНИЗАМ ИЛИ МАКЕДОНСТВО?
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 00:17
Ве поздравувам сите тука на форумот!

Имав една идеја која сакав да ја споделам со вас. Имено, честопати читам и слушам од самите Македонци како својата национална мисла ја нарекуваат ''македонизам''. Меѓутоа, мислам дека тоа е погрешно. Зошто? Имено, колку што ми е познато, сите именки кои завршуваат на ''-изам'' ни укажуваат на тоа дека станува збор за некаква идеологија, најчесто политичка или социјална. Треба да се каже и тоа дека тоа е погрден, бугарски израз со кој биле опишани сите оние акции на нашиот народ (против навлезениот бугаризам во Македонија) со кои се бореше за македонската посебност и слобода.

Во оние прашања, кои се во директна врска со духот на народот и со неговото внатрешно чувство за себеси, мислам дека е посоодветно и, за разлика од посочениот збор (македонизам), во духот на македонскиот јазик, да се каже ''македонство''! Именките кои се завршуваат со ''-ство'' укажуваат на нештата кои се поврзани со битието, со суштината, а јас мислам дека се она што произлегува и е во директна врска со македонскиот дух, би требало да се нарече македонство, зашто тоа е нешто што е израз на нашите најдлабоки чувства, на нашето внатрешно битие, а не нешто што е идеологија и што може да се смени кога ќе ни текне.

Значи,

ЗА МАКЕДОНСТВО, А НЕ МАКЕДОНИЗАМ!

Поздрав до сите!



Коментари:
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 01:07
А македонштината?

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 01:11
македониерство исто може

-------------
Go ahed be! Mejk maj dej!


Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 01:28
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

А македонштината?

Нели ''-штина'' му дава погрден тон на именката?


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 16:03
Originally posted by Rade Kumitkata Rade Kumitkata напиша:

Originally posted by gonzo gonzo напиша:

А македонштината?

Нели ''-штина'' му дава погрден тон на именката?


ам за општина имаш ли предлог?


-------------
Go ahed be! Mejk maj dej!


Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 16:05
за суштина?

-------------
Go ahed be! Mejk maj dej!


Постирано од: Rade Kumitkata
Датум на внесување: 29.Април.2012 во 17:13
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:


Originally posted by Rade Kumitkata Rade Kumitkata напиша:

Originally posted by gonzo gonzo напиша:

А македонштината?

Нели ''-штина'' му дава погрден тон на именката?


ам за општина имаш ли предлог?
Кај општина и суштина наставката не е ''штина''. Општина = општ + ина; суштина = сушт + ина. Значи наставката е ''- ина'', а не ''-штина'', како на пример во зборот ''збирштина'', ''валканштина'', ''балканштина'', ''папштина'' итн.


Постирано од: Murtagon
Датум на внесување: 07.Мај.2012 во 21:20
Македонштина е љубов кон македонското такво што било и е.
Македонизам е фантазирање за Македонци одсекогаш.



Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 07.Мај.2012 во 23:32
Мило ми е што еден Македонец како тебе фантазира за македонштината. Добродојде.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 10.Мај.2012 во 01:17
Ни македонизам,ни македонство ме интересира.
Национализам-НЕ


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 10.Мај.2012 во 12:57
Ај тогаш хипи револуција можи?

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: goran-twin
Датум на внесување: 10.Мај.2012 во 17:42
Револуција-ДА
Не со војна,не со крв,туку со силен збор и дела!!!
Револуција за правда,револуција за добри дела!!!
Па ако треба и наша крв да падне



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk