Агенција за посредување работа во странство?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25689
Датум на принтање: 28.Декември.2024 во 02:14 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Агенција за посредување работа во странство?
Постирано од: energizer
Наслов: Агенција за посредување работа во странство?
Датум на внесување: 21.Април.2012 во 19:42
Здраво на сите иако сум нов тука имам едно прашање до сите кој што имат некоја информација за агенцијата ВАРИУС од Скопје Т.Ц. Мавровка втори кат.. посредува работа во странство. Ако има некој искуство од оваа агенција ке биде добродојдено ,однапред благодарам..
|
Коментари:
Постирано од: dalton
Датум на внесување: 07.Мај.2012 во 23:16
edinstven izlez e odenje vo stranstvo po rabota
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 04.Јуни.2012 во 17:30
energizer напиша:
Здраво на сите иако сум нов тука имам едно прашање до сите кој што имат некоја информација за агенцијата ВАРИУС од Скопје Т.Ц. Мавровка втори кат.. посредува работа во странство. Ако има некој искуство од оваа агенција ке биде добродојдено ,однапред благодарам.. |
Како воопшто ви се помислува да одите со некои вчера формирани агенции
И дали воопшто знаете што сакате да работите...каде да одите...и за колкава плата би работеле?
Има доста проверени агенции..а сите трчаат по преваранти..
абе чуден народ сме
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Asdis Islandska
Датум на внесување: 18.Јуни.2012 во 16:06
Зависи што сакаш да работиш... ама Коузон ми се чини дека е доверлива агенција
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 18.Јуни.2012 во 16:25
Asdis Islandska напиша:
Зависи што сакаш да работиш... ама Коузон ми се чини дека е доверлива агенција |
За на брод, Катар и ОАЕ
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 11:09
Здраво и одма да кажам дека не ти треба некоја вошлива агенција од Македонија да ти бара работа посебно кога типот шо ке ти раскажува басни за Аладин,Шехерезада,а можи и за Јети ,не знае на картата каде се Оман,Кувајт,Бахреин, само побарај си на интернет - работа во обединетите арапски емирати, приготви твое CV со сите податоци прикачи го и чекај одговор. И многу женски немој да гледаш таму зашто ке ти ја сменат ДНК структурата ...
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 11:22
Многу е полесно да добиеш работа преку посредничка агенција, отколку сам.
За ОАЕ, Катар и слично, работата е најчесто по хотели и забавниот парк на Ферари во Абу Даби, па така шансата да добиеш работа е сведена на минимум. Пример Ферари паркот прифаќа странски апликанти само преку нивните посреднички агенции. Добар дел од хотелите работат на истиот принцип. Си доаѓаат луѓе вработени во хотелите/паркот (или од нивна страна овластена агенција за вработување) и си бираат кои кандидати ги сакаат, притоа да напоменеме дека непосредниот контакт е најдобар начин да се продадеш.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 11:32
Ќе заборавев само да додадам нешто ...
Кој и да планира да аплицира за ОАЕ и Катар, прво нека се осигура дека нема да спие со уште 5 лица во соба, а најважното од се, да се осигура дека климата работи. Многу заминаа така, па бидејќи беа обврзани да седат две години си седеа и ќутеа. Некои пак, си ја платија од свој џеб казната за раскинување на договорот и си се вратија во Македонија, Србија и сл...
Иако презентираат одлични услови за работа ... далеку од одлични се.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 11:42
Ке се надоврзам на темата со уште неколку информации за кој треба на сите да им бидат јасни ако атакуваат на работа во блискиот исток... Мора да имате огромно знаење за областа за која сте аплицирале и теоретско,а посебно практично знаење бидејки еден месец ке бидите на тест за да се проверат вашите вештини, одлично познавање на англискиот јазик и доколку сте стварно квалитетен и иновативен во работата ке постигните добра цена за вашиот труд, поради напливот на Индијци,Филипинци,Виетнамци кои работат за смешна сума на пари.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 12:00
Епа и нашите работат за смешна сума на пари. Рецепционист за 500 и нешто долари. Платен превоз, сместување и храна. Што дека има тоа платено, кога платата им е никаква. Па и во Македонија ќе ја зема истата. Место тоа препорачувам правец на брод и тоа како bar waiter, па за плата од 2000 долари вреди тие 11 часа да се работат.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 12:30
Точно е дека работат за смешна сума пари и тоа е жално пошто само ке потрошат 4-5 години, ке уназадат а за профит да направат не станува збор пошто тие пари се под минимумот за опстанок во тие земји. Но луге како геодети со одлично познавање на Цивил 3Д,Ленд,Аутокад можи да стигнат и до неколку илјади долари месечно , да не зборувам и за графички дизајнери,програмери,хирурзи и останати профили кои се дефицитарни на блискиот исток
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 14:24
Девојка ми се распрашуваше пред некое време за платите и условите за работа за графички и веб дизајнери и не беше задоволна нешто многу. Освен стандардните програми, работи и со AutoCAD, ArchiCAD и не знам што уште ... и и рекоа плата 1800 долари Па се реши да ги тргне тие земји од список, се додека не и се укаже прилика да оди таму и од таму да побара нешто...
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 23:12
Ставрески: Очекуваме да се намалуваат каматните стапки кај банкитеНамалувањето на активните каматни стапки на банките, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е секогаш добредојдено за граѓаните и за стопанството и очекува тој тренд на намалување да продолжи и во иднина со оглед на координираноста на фискалната и монетарната политика. - Намалувањето на каматните стапки на Народна банка и на Министерството за финансии претставуваа јасен сигнал за банкарскиот сектор дека очекуваме и таму да дојде до постепено, но значајно намалување на каматните стапки бидејќи има простор тоа да се направи и има слободни ликвидни средства што е значајно во што поголем износ да завршат во економијата, изјави министерот одговрајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата на Република Македонија.
http://www.time.mk/read/e8ae870a17/20b4595ae9/index.html" rel="nofollow - http://www.time.mk/read/e8ae870a17/20b4595ae9/index.html
Во овие тешки економски времиња кога некои држави ја намалуваат стапката на интересот близу до нула, крајно време беше владава да повлече сличен потег доколку сака да ја стимулира економијата.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 19.Јули.2012 во 23:35
Messenger напиша:
Ставрески: Очекуваме да се намалуваат каматните стапки кај банкитеНамалувањето на активните каматни стапки на банките, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е секогаш добредојдено за граѓаните и за стопанството и очекува тој тренд на намалување да продолжи и во иднина со оглед на координираноста на фискалната и монетарната политика. - Намалувањето на каматните стапки на Народна банка и на Министерството за финансии претставуваа јасен сигнал за банкарскиот сектор дека очекуваме и таму да дојде до постепено, но значајно намалување на каматните стапки бидејќи има простор тоа да се направи и има слободни ликвидни средства што е значајно во што поголем износ да завршат во економијата, изјави министерот одговрајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата на Република Македонија.
http://www.time.mk/read/e8ae870a17/20b4595ae9/index.html" rel="nofollow - http://www.time.mk/read/e8ae870a17/20b4595ae9/index.html
Во овие тешки економски времиња кога некои држави ја намалуваат стапката на интересот близу до нула, крајно време беше владава да повлече сличен потег доколку сака да ја стимулира економијата.
|
А што има врска колега ова со агенциите за посредување? Ги помешавме лончињата?
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: bonemessi
Датум на внесување: 21.Јули.2012 во 15:28
може линк од некоја таква компанија што вработува на брод ?
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 21.Јули.2012 во 15:59
Па во Македонија има само две сигурни. Забранета е директна реклама на форумов, дури и за мене како админ. Пиши ми порака ако те интересира нешто.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
|