Испечати | Затвори го прозорот

Вонпарламентарната опозиција

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Историја и политика
Опис на форумот: историски, политички, изборни дебати
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25640
Датум на принтање: 27.Април.2024 во 07:30
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Вонпарламентарната опозиција
Постирано од: mickey mouse
Наслов: Вонпарламентарната опозиција
Датум на внесување: 05.Април.2012 во 16:12
Вонпарламентарната опозиција почна да се закрепува со коалициски ручек.
Лидерите на ВМРО-Народна, ЛДП, Достоинство и раководството на ОМ, по серијата меѓусебни состаноци, денеска седнаа сите заедно на едно маса.



На работниот ручек во кафеаната „Пелистер“ на скопскиот плоштад, кој треба да биде увод за силна политичка политичка соработка, Љубчо Георгиевски, Андреј Жерновски, како и Наталија Ивчева и другите од врвот на ОМ, потсетија дека иако идеолошки се разликуваат, сепак сакаат да разговараат за тоа како може да се усојузат.



На маса ги седна незадоволството од владеењето на актуелната гарнитура.



Извори за телевизијата Алфа велат дека на средбата станало збор понудата од СДСМ, но без конкретен заклучок - дали ќе се прифати или ќе се одбие. Неофицијално, четирите партии преферираат заеднички блок, што значи дека изгледа ќе се бара сојуз и со социјалдемократите. Но дали ќе дојде до тоа, сепак ќе каже времето.

http://www.plusinfo.mk/vest/39093/Vonparlamentarnata-opozicija-pochna-da-se-zakrepuva-so-koaliciski-ruchek



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk