RAW и JPG во посебни фолдери
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Фотографија, камери и видео
Опис на форумот: foto.idividi.com.mk, опрема, локации, совети за аматери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24612
Датум на принтање: 26.Ноември.2024 во 09:40 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: RAW и JPG во посебни фолдери
Постирано од: pecok
Наслов: RAW и JPG во посебни фолдери
Датум на внесување: 18.Јуни.2011 во 02:03
Како да ги раздвоите RAW и JPG фајловите во различни фолдери (За камери кои при RAW сликање прават и JPG слики)
Креирајте обичен текст фајл и сменете му ја екстензијата од TXT во CMD
Во фајлот внесете го овој текст
copy *.jpg JPG
copy *.cr2 RAW
Доколку сакате автоматски да се креираат и фолдери тогаш користете ја командата
md JPG
md RAW
На крај додадете exit за да се затвори командниот прозор после извршување на акцијата.
Доколку сакате да се избришат сликите од првобитниот фолдер (затоа што ќе бидат префрлени во новиве) додадете:
del *.* (го брише и CMD fajlot)
или
del *.jpg (за бришење само на ЈПГ фајловите)
del *.cr2 (за бришење само на РАВ фајловите)
Доколку не сакате да се појавува тоа прозорчето за конфирмитација на бришешењто на кое треба да кликнете Y тогаш користете ја командата:
del *.* -y
Толку
Во глобала креирате TXT фајл во него пишувате:
@echo off
md JPG
md RAW
copy *.jpg JPG
copy *.cr2 RAW
del *.jpg -y
del *.cr2 -y
exit
(овие наредби креираат нови фолдери, ги префрлаат сликите во нив и ги бришат сликите од првобитниот фолдер освен CMD фајлот)
На крај ја менувате екстензијата од TXT во CMD.
п.с. фајлот ќе треба да го снимите (фрлите - drag & drop) во фолдерот каде што се сликите и да кликнете два пати. Завршена работа. ЈПГ и РАВ фајловите се во различни фолдери.
Или може да користите софтвер за ова од 60$. Ваш избор.
ВАЖНО: CR2 e екстензија на РАВ фајлови од Канон, за вашиот апарат ќе треба да ја користите екстензијата која ја користи апаратот.
За повеќе инфо за batch комади напиште во google batch programing или batch commands.
Додаток. За стартување на ГИМП на англиски јазик наместо на македонски креирајте CMD фајл со следниов текст:
@echo off
set lang=en
cd c:\Program Files\GIMP-2.0\bin
start GIMP-2.6.exe
exit
Толку.
Јас сега го направив од што ми требаше лесно и бесплатно решение, па викам ај да го постирам и тука.
------------- http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk
|
Коментари:
Постирано од: pecok
Датум на внесување: 18.Јуни.2011 во 02:40
Доколку сакате само РАВ фајловите да ги преместите во нов фолдер а ЈПГ да си останат во првобитниот фолдер тогаш тоа изгледа вака:
@echo off
md RAW
copy *.cr2 RAW
del *.cr2 -y
exit
Во суштина
MD IME_NA_FOLDER креира фолдер со име IME_NA_FOLDER
copy *.cr2 IME_NA_FOLDER ги копира сите фајлови со екстензија cr2 во фолдерот IME_NA_FOLDER
del *.cr2 -y ги брише сите фајлови со екстензија CR2 во фолдерот каде се наоѓа batch fajlot.
------------- http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk
|
Постирано од: dimitarmisev
Датум на внесување: 19.Јуни.2011 во 16:45
а ако користиме Linux или Mac?
|
Постирано од: сашо
Датум на внесување: 21.Јуни.2011 во 13:41
togas vikas da ti gi sredi spored file type i pravis cut i paste kaj sto ti treba :-))) ili sednuvas i vezes kodovi za nesto koe moze da se napravi peski em pobrzo :-))))
------------- objektiv pred aparat, subjektiv pozadi
|
Постирано од: pecok
Датум на внесување: 22.Јуни.2011 во 05:07
Ако некој користи Мас не сум му јас крив. Истото важи и за ЈасЛажен, ова... АјФон де.
„togas vikas da ti gi sredi spored file type i pravis cut i paste kaj sto ti treba :-)))“
Само и фолдери ЈПГ и РАВ треба да креираш на секое.
------------- http://foto.evolucija.mk - Мои Фотки на foto.evolucija.mk
|
|