Испечати | Затвори го прозорот

Сте пробале ли млеко?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24555
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 07:04
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Сте пробале ли млеко?
Постирано од: pecok
Наслов: Сте пробале ли млеко?
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 12:46
Знам дека сите сте пиеле млеко, само мене ме интересира колку луѓе пробале чисто, непреработено селско млеко, измолзено од крава, тазе сеуште топло од самото тоа што било во вимето од кравата, и дедо ти подава природна сламка еквивалент на пластично цевче и после тоа веќе млекото никогаш не е исто. Купуваш млеко од продавница, спакувано, пастеризирано, хомогенизирано, без вкус, без мирис, и знаеш дека тоа млеко не е млеко, и незнаеш по кого да пцуеш, дали по дедо што те почести со знаење што е млеко или по млекарнициве што произведуваат бела вода.

А сте пробале ли селско прасе, или селско пиле, ранети со природна селска храна? Чудно како вкусот е тооолку многу поразличен, месото е поровко без динстање, а мирисот е многупати пати појак.

Ах дедо, дедо, што ми направи...



Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 12:55

не



-------------


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 12:58
Сум пробала и млеко и пиле ама вештачково ми е поубаво..она свежо млеко многу јако ми мириса.



-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 13:06
Ајде вака.

Мој предлог  е никогаш,ама баш никогаш да не консумирате млеко туку што измолзено.

Свежо измолзеното млеко и да е од најздрава крава постои опасност од болести,најмногу Бруцелоза и еден куп штетни бактерии.

Најлошо нешто е да се пие свежо измолзено млеко,практикувајте секогаш домашна пастеризација,или загревање на температура поголема од 72 степени целзиусови додека самото млеко не формира врв или кора и се стреми кон претекување или температурата му е блиску до вриењето

После тоа загревање млекото може слободно да се консумира,бидејќи може да се рече дека е извршена и стерилизација,т.е млекото е прочистено од бактерии и нивни спори.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: pecok
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 13:14
Дедо ми 90 години тераше и си пиеше свежо млеко. Прашање е што е поштетно, свежо млеко или ова во продавнициве.

Многу си параноичен. По селава живеат по 80+ години, тешко со таа километража да се пофали некој в град оти многу внимаваат на исхраната изгледа.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 13:28
Не е тоа параноја Пецок,тоа е исправно постапување со млекото за консумирање.

Доволна е една бактерија причинител на Бруцелоза па да си го зезнеш здравјето.

Секое млеко молзено во еве да речам домашни или селски услови има голем број на соматски клетки од вимето на кравите кои доколку се во голем број предизвикуваат за брзо време негово расипување,а исто така и голем број на бактерии кои со своето делување му ја даваат таа Миризба што ја спомена Калипсо,а која е почетен стадиум на неисправност на млекото.

За разлика од свежо измолзеното мелко,млекото за широка потрошувачка е во потполност безбедно за употреба бидејќи е врз него извршена пастеризација.

Според правилниците за млеко и млечни производи млекото во продавници треба да е исто со свежо измолзеното млеко и не треба да има разлика.

Единствена разлика е во стандардизацијата на млечната маст и хомогенизацијата која преставува разбивање на масните капки .

Нека не те лаже никој Пацок,свежо млеко да не си дозволиш никогаш да консумираш,а ако си пробал еднаш немој никогаш повеќе,посебно овчо свежо млеко кое е молзено во Бачилата во Македонија.

Да беше толку безбедно како што велиш ти сите ќе јадевме сирење после неколку дена од правењето и немаше да чекаме по два месеци за да одлежи во саламура.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 13:42
shteta shto dedo mu ne e seushte ziv ,
...inache ke mu kazev da go prasha dali cel zivot go piel toa mleko od slamka  ili pak
 
....go provaruval prethodno,...k'o shto vika ovoj....glavniov,...pogore!
 
 
usput,...dedo mi 92 imashe ,koga vekje mu zdosadi da bide t''tuka'' ,
 a, ''cel'' zivot vitkashe i shmukashe  kachak,
 
...mozebi toa znachi i deka pushenjeto e ushte pozdravo,...od pienje mleko direktno od krava,
 
...osobeno chist nefermentiran tutun?збунетост


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: pecok
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 13:53
Пред некој месец отворив трајно млеко, и имаше 1/3 вода, а другото беше згусната бела пифтиеста смеса. Млекото не беше со поминат рок според штампата на паковањето. Незнам јас како пастеризирано и хомогенизирано млеко постанало такво.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 13:56
...sigurno ne zatoa shto bilo napraveno po specifikacija za toa i ...osobeno...chuvano kako shto treba!
 
...tuku,...go piel li dedo ti cel zivot onaka ,...neprovrieno?
 
...inache i po pazarive moze da se najde takvo svezo ''iscedeno'',...nishto odzemeno ili dodadeno na nego !


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 13:58
Во ред,нема ни прв и последен пат да ти биде да најдеш расипано млеко.

Иначе едно појаснување за тебе,секое млеко има вода во себе и тоа од фабрика и тоа тукушто измолзено и многу повече од 1/3 од количеството


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 14:02
NE i ne sakam da probam!

-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 05.Јуни.2011 во 14:27
...jas pa  najmnogu ja sakam korata shto ke se ''natalozi'' otkako ke se svari !да

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 06.Јуни.2011 во 01:44
Да


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 07.Јуни.2011 во 13:14
Ајде вака.

Бидејќи гледам повеќе членови поради неинформираност кубурат со процент на многу или малку вода ајде една информација за сите во однос на процентот на вода во млеко туку што измолезено и млеко купено од продавница за да нема забуни.

Количеството на Вода  во Млекото е 87,5 % во просек голема%20насмевка,останатите 12,5 % се состојат од млечна маст,лактоза и минерални материи.

Истиот состав како предходно споменатиот се наоѓа и во купечкото пресно млеко,така да муабетите од типот има многу вода и слично не држат ама ич.

Производителот на пакувано пресно млеко нема ама никаква корист од додавање и на најмал процент на вода бидејќи се губи квалитетот на истото и тоа многу лесно се открива,за само 10 секунди со помош на апарат кој се нарекува Милкоскан,кој за само 10 секунди го дава хемискиот состав на млекото во однос на сите важни параметри.

Додавањето на вода во млекото го практикуваат индивидуалните производители на млеко кои имаат за цел како такво да го протурат на Индустриските производители,но ако се земе во обзир дека во последно време цената на литар млеко од индивидуалните производители кои млекото го продаваат на индустриските производители се формира по степен на масленост или количество на млечна маст и тоа е тотално промаршување за зголемување на количеството.

Така да ви гарантирам дека сите големи фабрики за производство на млеко и млечни производи имаат потполно исправно млеко кое во потполност ги исполнува критериумите за Млеко кое оди за широка потрошувачка.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: zverka_
Датум на внесување: 07.Јуни.2011 во 18:09
Originally posted by brza brza напиша:

...jas pa  najmnogu ja sakam korata shto ke se ''natalozi'' otkako ke se svari !да


Bliznakголема%20насмевка....tuka sme istiголемо%20гушкање.........inace imam pieno i tukusto izmolzeno mleko i .........brrrrrrrrrrrrrболен....nikogas povekje!


-------------
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk