Убиства и затварања поради конвертирање?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24407
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 22:56 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Убиства и затварања поради конвертирање?
Постирано од: spiros
Наслов: Убиства и затварања поради конвертирање?
Датум на внесување: 08.Мај.2011 во 13:57
Дали според вашата вера, вашето уверување, светоглед ... е дозволено убивање, тепање, психичко малтретирање или физичко затворање на лица кои сакаат да конвертираат (да ја сменат верата)?
Денес проби веста дека во Египет поново се убијени 9 лица, кои се наоѓале во една Христијанска црква во моментите кога таа била нападната и запалена!
Изворите кои се трудат да ги оправдаат (и заштитат ) напаѓачите, изјавуваат дека радикалните исламисти тоа злодело го направиле бидејќи христијаните во црквата присилно затвориле една жена (христијанка) која - стапувајќи во брак - сакала да конвертира во верата на напаѓачите!
Како гледате вие на овој крвав и присилен феномен?
Дали има некој право некому да му го забранува правото на слободен верски избор и дури поради тој избор да биде затваран или дури убиван?
Јас лично сум уверен - и знам - дека има многу луѓе кои најрадо би ја презеле Верата на БОЖЈОТО Евангелие (Христос) за сопствена, но поради агресијата и репресалиите на сопствената традиција, тие тоа јавно не го прават. Имате ли вие можеби информации и сознанија кои го покажуваат баш спротивното?
Што мислите: од каде потекнуваат ваквите злодела?
Јас сум уверен дека ваквиот антихристијански, агресивен и животонепријатен однос на верските крвави фанатици (без разлика од која традиција тие доаѓаат) - според Верата Христова - е недопустлив и потполно погрешен!
Како гледате вие на овој неубав феномен?
http://www.welt.de/politik/article13358996/Muslime-greifen-Kopten-in-Kairo-an-neun-Tote.html - Одново убиства и палење на Христијански објекти! (на германски)
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Коментари:
Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 08.Мај.2011 во 21:30
Ubava tema brate spirose. Moe mislenje e deka sekoj treba da ja praktikuva svojata vera, se do momentot dodeka so toa prakticiranje ne im nastetuva na drugite.
Za zal deneska sme svedoci deka verata ima golema uloga vo mnogu konflikti, duri nekoi se inspirirani od nejze.
Vo slucajov koj go naveduvas, se raboti za ludacki fanatizam, koj e samo kapka vo moreto na verskiot fanatizam koj se slucuva sekoj den.
------------- Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
|
|