Не знам дали е возможно да ослабеш само во образите, ќе оставам
да каже некој што повеќе е запознаен со ова.
Но еве нешто што прочитав пред малку...Диета со вода
Луѓето кои пијат вода пред секој оброк и се на диета, успеваат да ослабат во просек по седум килограми, за разлика од нив, оние кои не пијат вода кои успеваат да ослабат едвај четири килограми.
Со мали "финти" во исхраната можете да јадете а сепак да не се здебелите. Посебно во зима, кога исхраната е покалорична а физички не сме многу активни, па килограмите сами се таложат на телото.
Пред секој оброк испијте по една чаша вода.
За ова се направени низа истражувања во САД и се докажало дека луѓето кои пијат вода пред секој оброк и се на диета успеале да ослабат во просек за седум килограми, за разлика од оние кои не пиеле вода и биле на диета кои успеале да ослабат едвај четири килограми.
Водата моментално го заситува организмот, па не ве остава да се прејадете.
Во зависност од големината на човечкото тело, истото се состои од 55% до 78% од вода. За да функционира правилно, на телото му се потребни меѓу еден и седум литри вода дневно за да се избегне дехидрација.
Точното количество зависи од степенот на активност, температурата, влажноста, но и други фактори.
Поголемиот дел вода се внесува преку храна или пијалаци, наместо пиење чиста вода. Не е јасно колку вода е потребно да се внесе од страна на здрави луѓе, иако повеќето се согласуваат дека 6 до 7 чаши вода (2 литри) дневно, најмалку е потребо за да се одржи соодветна хидрација.
Но сепак, влијанието на водата за спречување на дебелеењето е вистинито! Затоа, природно слабејте не заборавајќи да се напиете чаша вода пред оброкот.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|