Во Се’држителот е се’ повржано. Во Се’држителот се’ комуницира и има одредено значење.
Дали некогаш сте биле во таа блажена состојба и сте ја вкусиле, сте ја почувствувале, сте ја осознале, ... оваа комуникација, кадешто сето создание на чудесен начин во Се’држителот комуницира?
Би ве замолил ако сте имале вакви искуства - со животни, растенија и сл. - да ги споделите тука со нас.
Вечерва бев на едно предавање за едно растение кое се употребува за зајакнување на имуниот систем и референтот - помеѓу другото - го спомена овој феномен.
После предавањето смееше да се разговара и поставува прашања, а јас како четворти ја поттикнав баш оваа тема, нагласувајќи дека на еден чудесен начин додека возев кон местото на предавањето - без да знам дека и за овој феномен ќе стане збор - Милостивиот ГОСПОД во срцето ме натера да ја слушам 1 Коринтјаните, глава 14 , кадешто во 10иот стих (кој јако ме “касна“ за срце) вели вака:
Во светот има многу различни гласови, и ниеден од ними не е без значење!
Поздрав до сите!
п.с. Јас познавам луѓе кои комуницираат со созданието и му ја проповедаат Спасителната Вест!
п.п.с. Референтот на крајот ни подари едно пакување од тинктурата и една книга која ги опишува сите растенија кои досега од ними се произведуваат. За мене беше многу интересно што (без дарителот да биде свестен за тоа) и во регистарскиот број на тинктурата (лекот), но и во ISBN бројот на книгата за лекарствата, (иако беа потполно различни броеви) само еден единствен позитивен број се повторуваше. 22
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|