Испечати | Затвори го прозорот

Спомени

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Љубов
Опис на форумот: Верност, другарство, страст, љубомора, мерак... или се’ заедно?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23183
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 19:23
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Спомени
Постирано од: james dean
Наслов: Спомени
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 19:46

Дали и колку ви значат спомените?

Претпоставувам дека сите имаат убави спомени... од сегашната или некоја мината љубов...
Тоа би можело да бидат слики, писма, разни подароци, пораки... но некогаш можат да бидат и спомени во меморијата ... од некои места и настани...
Сигурно добро го помните местото на кое сте се запознале... начинот... ситуацијата... времето...

Дали сакате да се навратите на спомените?
Дали понекогаш сте посакале повторно да го посетите местото кое толку ви значи.... само за до го видите...? Дали сакате одвреме-навреме да ги погледнете и допрете нештата кои сте ги добиле од љубов на подарок ...? Дали сакате повторно да ги читате љубовните писма?
.... И што доколку тие спомени, од одредени причини, исчезнат?
Дали би можеле да бидат "заменети"
Дали новата слика може да ја замени старата?
Дали новото писмо може да го замени старото?





Коментари:
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 19:52
Неможе...........секој спомен си е приказна за себе
Имам многу спомени,малку се во слики,писма,подароци
повеќето се складирани во главата,настани, забави,погледи,зборови..........
Убаво ми е да се потсетувам кога ги премотувам во глава

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: pagane
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 19:59
сакам...понекогаш, не секогаш...но кога сакам...са потапам во нив докраj... има некоj мазохизам...сладка болка е.среќа


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 20:02
Мислам дека сите ги чуваме добрите спомени само,лошите не верувам.
Спомените се за да се вратиме низ времето и да ја почувствуваме убавината на некој момент кој ни останал во сеќавање,на кој ќе не подсети испразнетото шишенце од парфем,некоја шашава слика од чуден настан сликана во уште почуден момент,некое кадифено мече или парче облека.
 
Се трупаат тие низ годините,колку повеќе изгубени љубови толку повеќе слики,парфеми,мечиња и облеки.
Овие нешта ќе ги разбудат спомените,ама само добрите,лошите сме ги потиснале,оти биле болни за нас,ни донесле болка и ни одземале парче од срцето.
 


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 20:52
не знам како може некоја љубов што исчезна од нашиот живот да има убави спомени....
колку да е љубовта голема со убави спомени ако  крајот е конечен нема тука веќе присетување тоа е крајјј.....
идеме напред .....ништо не е незаменливо......да


-------------


Постирано од: pagane
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 20:53
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

не знам како може некоја љубов што исчезна од нашиот живот да има убави спомени....
колку да е љубовта голема со убави спомени ако  крајот е конечен нема тука веќе присетување тоа е крајјј.....
идеме напред .....ништо не е незаменливо......да



мило тоа дека идеш напред не ги негира спомените.
во нашата памет остануването на некои спомени не е избирателно.
и нема delete.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 21:02
знајш срц кога ќе се присетиш на убавите спомени????
дали кога ти е моментално убаво и си среќна ќе се сетиш за минатото???
јоооок нека%20ти%20е%20срам
секогаш се присетуваме на спомените од минатото кога ...
1. сме депресивни
2. несреќни
3. осамени
ааааааааааааааа  не , не ......таква состојба нема да ми ја ублажи помислата на спомени од минатото.....
затоа што ништо од минатото не се вратило ...барем не на ист начин да
а за фантазирање .....ќе си најдам ново нешто ......плазење



-------------


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 21:08
eee bijonce
па не мора да значи дека сите љубави имале толку трагичен крај

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 21:12
трагично е кога ќе сватиш дека живееш од и во спомени кои спомени се трагични ........ збунетост

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 23:19
nikogas i nikoj ne moze samo ,,spomenot,,da ni go izbrishe.

-------------
druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 19:51
Спомените се убава работа (ова ко у парламентголема%20насмевка).
Спомените се во срцето, во умот. Има луѓе кои мислат дека ако ги искинат сликите, ги изгорат писмата (сега - ги бришат поракитеизненадување) и дека завршиле. Не драги мои, спомените не се бришат, тие немаат физички облик. Напротив.црвенеење


-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 20:10

Добри ,лоши...спомени се спомени,тие се врежани  длабоко во нас ,сакале ние или не.

Неможеш  да земеш гумичка и за миг да избришеш све....неможе!

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 20:17
релативно сум мал за некои којзнае какви спомени, ама нешто што ми било попресно често знае да ми расипи дентага

-------------


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 21:00
новата слика никогаш не може...а и не треба...да ја замени старата...некогаш спомените се храна за мојата душа...некогаш тоа се само некои слики...еден обичен збор...нечија насмевка...нежен стисок на раката...една мала коцкичка чоколадо,обично но така посебно...

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: james dean
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 21:34


Морам да си признам дека сум "љубовен носталгичар"...
Ми значат премногу спомените... и често се навраќам на нив...
Па мислам дека со сигурност можам да кажам дека нема ништо поубаво од убав спомен...
Повторно ќе кажам... Не е битно дали сме или не сме со таа личност од која ни се спомените...
Споменувањето е уште поубаво кога се доживува заедно...




-------------


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 21:09
Сакам да се сеќавам, сакам да си правам ретроспективи во мозокот, интересно ми е, така се набљудувам себеси низ годините и изборите што сум ги правела.
Никогаш не се сеќавам со тага, само набљудувам, како на филмсреќа


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 22:11
кога не би биле спомените, ( читај, искуствата ), не би била истата личност која што сум денес..... да така да,... фала ви спомени бакнеж

-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 21:00
 
..Минатото  отиде....спомените останаа....
иднината  сеуште не е дојдена ....
...Колку и да се трудиме...останува фактот дека
само во едно ..единствено време ..можеме да живееме ...
...а тоа е ...Сегашноста .... 
Се живее ...секогаш  ...Денес......!!!
 

 

 
 


-------------


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 23:29
Ehaaa... da vidis kako jas fantaziram...


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 00:23
 
Подобро е да го живееш сегашниот миг... отколку мигот
што поминал  веќе ...што не постои ....
Минатото е такво какво што е ... и тука ништо не може да
се измени.... 
Единствено нешто што можеш да направиш е ..само
да го прифатиш како такво.... Да се прифатиш ....
..и да се засакаш  и себеси ...во него ....... 
 
..Но сегашноста ..е таа ... што можеш...да ја обликуваш...
...како што сакаш .....!!!

 



-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 09:08
Спомени...ма тие се како жив песок.
Добро е понекогаш да се потсетиш,но никако да се задлабочиш.....


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 09:52
Originally posted by renatax renatax напиша:

Спомени...ма тие се како жив песок.
Добро е понекогаш да се потсетиш,но никако да се задлабочиш.....
 
 
 
аплаузаплауз
аплаузаплауз
аплаузаплауз големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: valentina-pp
Датум на внесување: 09.Септември.2010 во 22:11
aj spomeni aj sekavanja.......sekavanja sekavanja kako krila beli....slusnete ja posekako nasata nezaboravna Saska Petkovska!


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 09.Септември.2010 во 22:19
spomenite se del od nas...nesto ni se slucilo i ostanalo vo nasata svest...dali dobri ili losi....sekogas sum malku depresivna i nostalgicna koga se spomeni vo prasanje....posebno spomenite od edna ljubov....ух

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 09.Септември.2010 во 22:21
ма какви спомени .......... неќу бре ни да се сетим ...... не

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 24.Септември.2010 во 19:23
 
..Само ако имаме нешто за ...сеќавање ....
..тогаш знаеме...колку време сме биле со некого...
..или колку време сме живееле .....
...Само тогаш ... знаеме зошто треба ...
...да ги чуваме тие  ... Спомени ....!!!
 
 


-------------


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 30.Септември.2010 во 15:29
сеа...
ако почнам да се лигавам...
по неа...
на форумов...
кај ќе ми биде крајот...


Постирано од: valentina-pp
Датум на внесување: 30.Септември.2010 во 21:31
jas ziveam mnogu so spomenite,duri mislam deka ne i davam sansa na idninata.Cesto se "fakam"kako sporeduvam luge,ljubavi sto mi dale prethodnite,dali mi davaat idnite dozivuvanja,edinstveno sto me vraka vo stvarnost,deka ziveam vo nova kuka a ne vo tatkovata se decata,ubavi najubavi na svet,eeeee za niv treba da im recam cao na spomenite...ama kako?....ke ostaram duri da najdam nacin kako.


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 04.Октомври.2010 во 01:22

I ubavite spomeni znaat da ti ja jadat dusata...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 30.Април.2011 во 19:07
 
 

Најубави спомени се оние кои не можеш да ги преточиш во зборови....!

Полесно е да се насмееш... отколку да објасниш зошто си тажен...!

И добро познатата  голема  мудрост ....
Четири работи на човекот никогаш не му се враќаат...
фрлената стрела,
изговорениот збор
поминатиот живот
и пропуштената можност......


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 20.Октомври.2011 во 00:41
 
 
 Спомените се како препарирана....
 пеперутка под стакло......
Гледаш дека пеперутката е убава .....
ама тажна е сликата ....
зашто таа веќе никогаш нема да лета...


-------------


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 20.Октомври.2011 во 00:55
... a srceto ti go ostavaat kako upotreben poklon...
otpakuvan, upotreben proizvod pa pak spakuvan, ovojpat neveshto, koj ceka povtorno da bide poklonet...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 22.Февруари.2014 во 08:10
Во моите очи  многу солзи... а врз моето рамо твојата рака ....
Уште колку спомени......


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Февруари.2014 во 08:16

Од спомени не се живее.
Но човек без спомени е како дрво без корени.



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 22.Февруари.2014 во 08:32
Да....Сврти се и погледни назад ....
потсети се па и заплачи ако е потребно ....
Но немој да живееш во минатото ....
продолжи храбро и гледај во иднината....
...ќе си речам.....си викам....си мислам.....



Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 31.Август.2014 во 13:05
Познат парфем на непознат минувач...
буди.... спомени .....


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 25.Декември.2018 во 22:14


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 22.Мај.2019 во 23:39
Image result for ljubovni poraki


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 04.Мај.2020 во 21:35
4 Мај 2008

4 Мај 2020

Најубави спомени се оние кои не можеш да ги преточиш во зборови....!




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk