Испечати | Затвори го прозорот

Навики кои може да убијат

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22108
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 01:56
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Навики кои може да убијат
Постирано од: Ninja 35
Наслов: Навики кои може да убијат
Датум на внесување: 29.Март.2010 во 20:34
 
Четири навики кои има добри шанси да бидат причината за вашето лошо здравје, ако не и за некои потешки последици. Значи, доколку сакате да бидете здрави и среќни почитувајте го напишаното подоле.

Пушење

Пушењето е најштетното нешто што можете да му го направите на својот организам. Предизвикува срцев удар, мозочен удар, рак на бели дробови и рак на грло. Немојте да чекате ни секунда за откажување од цигарите, бидејќи може да биде предоцна.

Брза храна и црвено месо

Ако вашата исхрана се состои од црвено месо, полно маснотии и шеќер, имате големи шанси да завршите лошо. Наместо месо и тестенини изедете неколку парчиња овошје или уште подобро зеленчук.


Алкохол

Премногу алкохол секако е лоша идеја, но дури и мала количина на алкохол секојдневно конзумирана може да ве доведе до доктор. Чаша вино за време на вечерата е здрава, но секој ден по едно шише за кратко време ќе ви направи вистински проблеми. Префрлете се на обична вода.

Недостаток на активности

Долго работите, а на работа само седите, Било каков облик на физичка активност не ви е ниту на крај памет. Ако не сакате да завршите во болница или на лекови против депресија под итно започнете нешто да спортувате, засилете си го имунитетот и разубавете си го животот.


-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!



Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 09:35
site naviki sho se shtetni za zdravjeto ne ni se genetski preodredeni...
toa se nashi zhelbi i proroci da ne rechem nashiot lezet..
toa e na edna strana na vagata....
ako na drugata strana na vagata stavame drugi naviki shto ke gi sprechat ...ke dobieme eden balans...
pushenje...toa e kjef... se balansira so 1gr vitamin C i so ne vovlekuvanje na dimot ....samo onaka puf, puf vo usta..
brza hrana se balansira so posle ednochasovno prepotuvanje so vasha omilena fizichka aktivnost...mislam prepotuvanje da se smeni kompletno ispoteniot dolen vesh...
alkohol vazhi isto kako aktivnosta pri brza hrana...
zakluchok.... sekojdnevno prepotuvanje, velime zhiva voda se ispotiv!!!....ke gi balansira site loshi naviki....
razbira se do odredena granica.....

-------------


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 09:44
Не пушам, не пијам, не јадам брза храна, активна сум психофизички-вежбам и работам на себе-и пак се нешто ми е.


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 09:54
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Не пушам, не пијам, не јадам брза храна, активна сум психофизички-вежбам и работам на себе-и пак се нешто ми е.

Hmmm so seksot kao si?? aaa ??

-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 19:01
Па ... ко за белја , јас (освен со 1 друга) во главном живеам со тие 4 навики ... или што се вика - без нив не можам да си го замислам уствари животот.

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 19:09
Цигари пушам,алкохол пијам,јадам брза храна,не вежбам(освем пешачењето ако се смета во активност) и пак имам совршено здравјеголема%20насмевка

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 20:28
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Не пушам, не пијам, не јадам брза храна, активна сум психофизички-вежбам и работам на себе-и пак се нешто ми е.

Hmmm so seksot kao si?? aaa ??


Ама овде се зборува за навики кои може да убијат нели, а сексот прво не е навика (лошо е ако стане навика) а уште помалку е лош.

Но, еве да речеме, кога би требало да го оценам тој аспект на скала од 1 до 10 би рекла...хмммм, солидна осмица.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 21:56
сексот е навика која навистина може да убие ........ доколку има љубоморен сопруг ...........

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: pmmladen
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 22:19
Пушам цигари, јадам брза храна и многу црвено месо и ништо не ми е....освен што к*р ме боли за туѓото мислење во врска со моите навики .....и не верувам дека цигарите или црвеното месо можат да бидат повеќе штетни од пестицидите, адитивите во храната и пијалоците, конзервансите........


Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 23:58
не пушам, пијам (ама не сум пијана секој втор ден ) јадам црвено месо и тестенини, пливам и тоа мнооогу...пешачам во последно време...
крв испитувам стално и се е ОК...ама често имам главоболки и сите доктори ми рекоа имаш добра исхрана активна си...не е од тоа...

-------------


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 00:02
дали си била на очен преглед мачкица збунетост

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: гоcтин
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 00:27
уфф...да...ми мереа очен притисок..нешто друго таму со капки и ништо не ми најдоа...и јас прво помислив дека главоболката ми е од очите...

-------------


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 01:53
Или може од некој заб да боли.
не мора да значи дека е расипан,но непцата воспалување,некој забен џеб може да направи проблем.
Јас поминувам низ ова,тешко ми оди ама приметив бидејки секогаш ме боли само десната страна,јаки главоблки до гадење.

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk