Давачки за увоз на половни автомобили - н
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22005
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 12:25 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Давачки за увоз на половни автомобили - н
Постирано од: NRGMKD
Наслов: Давачки за увоз на половни автомобили - н
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 05:13
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УВОЗ НА
СТАРИ ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛИ (физички лица)
1. Потребни документи за царинење
- Фактура, договор за купопродажба или изјава за вредност, во
зависност од купопродажбата
- Сообраќајна книшка/и на возилото
- Царинска декларација од гранична царинска испостава каде возилото е
пријавено при влезот во Република Македонија
- Доколку сакате да примените преференцијална царина од 1% за
автомобили со потекло од земја членка на Еврпската Унија, потребно е да
поседувате доказ за преференцијално потекло "ЕУР.1" кој го издава
царината во земја од ЕУ или "изјава во фактура за преференцијално
потекло" за царинска вредност помала од 6.000 ЕУР. Го препорачуваме
доказот за преференцијално потекло ЕУР.1.
2. Царинска вредност
Царинската вредност за утребуван патнички автомобил се утврдува на
следниов начин:
a) кога цената на патничкиот автомобил наведена
во фактурата или купопродажниот договор е поголема од
каталошката цена (според каталогот кој го употребува царината), царинската
вредност претставува цената на патничкиот автомобил наведена
во фактурата или купопродажниот договор зголемена за транспортните
трошоци и трошоците за осигурување
б) кога цената на патничкиот автомобил наведена
во фактурата или купопродажниот договор е помала од
каталошката цена (според каталогот кој го употребува царината), царинската
вредност претставува каталошката цена зголемена за
транспортните трошоци и трошоците за осигурување
3. Примери за каталошка цена и увозни давачки за одредени
автомобили увезени од Германија (според каталог кој го
употребува царината на 12.03.2010)
Модел на возилото |
Ката- лошка цена во Евра |
Транс- порт и осигуру- вaње во Евра |
Царинска вредност во денари (к*рс 61,5) |
Царина 5% |
Еколошка такса |
Акциза |
ДДВ 18% |
Вкупно увозни давачки денари (евра) |
Opel Astra 1.7 DTI Lim/5
Производство: 2000 година
KW/KS: 55/75
|
2.450
|
300
|
169.125,00
|
8.456,25
|
5.000,00
|
0
|
32.864,63
|
46.320,80 (753,18)
|
Volkswagen Golf 1,9 TDI Highline Lim/4
Производство: 2000 година
KW/KS: 110/150
|
5.500
|
300
|
356.700,00
|
17.835,00
|
5.000,00
|
5.618,03
|
69.327,54
|
97.780,57 (1.589,93)
|
Toyota Rav 4 2,2D-4D 4x4 Travel Kom/5
Производство: 2007 година
KW/KS: 100/136
|
16.250
|
300
|
1.017.825,00
|
50.891,25
|
5.000,00
|
96.184,46
|
210.582,13
|
362.657,84 (5.896,88)
|
Suzuki Grand Vitara 2,0 Kom/5
Производство: 2002 година
KW/KS: 94/128
|
6.200
|
300
|
399.750,00
|
19.987,50
|
4.000,00
|
8.394,75
|
77.783,81
|
110.166,06 (1.791,32)
|
Забелешка: Заради исполнување на условите за хомологација
препорачуваме да увезувате автомобили кои не се постари од 1998 година.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Коментари:
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 08:52
УВОЗНИ ДАВАЧКИ ЗА ПАТНИЧКИ
АВТОМОБИЛИ
(Се плаќаат при царинење на
автомобилите)
БЕНЗИНЦИ
|
Зафатнина на моторот |
Царина |
Царина (потекло од ЕУ)
|
Акциза |
Еколошка такса (денари)
|
ДДВ |
1 |
до 1.000 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
2.500,00 |
18 % |
2 |
од 1.000 см3 до 1.500 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
3.500,00 |
18 % |
3 |
од 1.500 см3 до 2.000 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
4.000,00 |
18 % |
4 |
од 2.000 см3 до 2.500 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
4.000,00 |
18 % |
5 |
од 2.500 см3 до 3.000 см3
|
5 % |
1 % |
А* |
4.000,00 |
18 % |
6 |
над 3.000 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
5.000,00 |
18 % |
ДИЗЕЛ
|
Зафатнина на моторот |
Царина |
Царина (потекло од ЕУ)
|
Акциза |
Еколошка такса (денари)
|
ДДВ |
1 |
до 1.000 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
4.000,00 |
18 % |
2 |
од 1.000 см3 до 1.500 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
4.000,00 |
18 % |
3 |
од 1.500 см3 до 2.000 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
5.000,00 |
18 % |
4 |
од 2.000 см3 до 2.500 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
5.000,00 |
18 % |
5 |
од 2.500 см3 до 3.000 см3
|
5 % |
1 % |
А* |
6.000,00 |
18 % |
6 |
над 3.000 см3 |
5 % |
1 % |
А* |
6.000,00 |
18 % |
А* - АКЦИЗА (во зависност од царинската вредност на патничките
автомобили)
ОД (ЕВРА)
|
ДО (ЕВРА)
|
Стапка на акциза |
0 |
3.000 |
0,0 % |
3.001 |
4.000 |
0,5 % |
4.001 |
5.000 |
1,0 % |
5.001 |
6.000 |
1,5 % |
6.001 |
8.500 |
2,0 % |
8.501 |
12.000 |
3,0 % |
12.001 |
14.000 |
4,0 % |
14.001 |
16.000 |
6,0 % |
16.001 |
18.000 |
9,0 % |
18.001 |
22.000 |
11,5 % |
22.001 |
25.000 |
13,5 % |
25.001 |
30.000 |
15,5 % |
30.001 |
|
18,0 % |
* Увознте давачки се според измените на Законот за акциза и Законот
за царинска тарифа кои наскоро треба да стапат во сила
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 10:15
2. Царинска вредност
Царинската вредност за утребуван патнички автомобил се утврдува на следниов начин:
a) кога цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор е поголема од каталошката цена (според каталогот кој го употребува царината), царинската вредност претставува цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор зголемена за транспортните трошоци и трошоците за осигурување
б) кога цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор е помала од каталошката цена (според каталогот кој го употребува царината), царинската вредност претставува каталошката цена "зголемена за транспортните трошоци и трошоците за осигурување"
....zosto bi plakal carina i na transportnite trosoci.
ako ja dovozam od Kina...kolku ke me cini..
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 14:19
zagor напиша:
2. Царинска вредност
Царинската вредност за утребуван патнички автомобил се утврдува на следниов начин:
a) кога цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор е поголема од каталошката цена (според каталогот кој го употребува царината), царинската вредност претставува цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор зголемена за транспортните трошоци и трошоците за осигурување
б) кога цената на патничкиот автомобил наведена во фактурата или купопродажниот договор е помала од каталошката цена (според каталогот кој го употребува царината), царинската вредност претставува каталошката цена "зголемена за транспортните трошоци и трошоците за осигурување"
....zosto bi plakal carina i na transportnite trosoci.
ako ja dovozam od Kina...kolku ke me cini.. |
Toa vazi za tie sto ke nosat koli na kamion ili sto ke platat transport na kamion do Makedonija. Ako si ja vozis navaka nemas potreba od tie trosoci...
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 14:25
transportniot trosok ne moze da vleze vo carinenjeto kako posebna stavka.ako e taka,togas nie navistina sme so unikatni pravila.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 16:03
pa i na kamion da ja donesdam? shto gi boli niv kako sum ja donel?....zarem ke treba dokaz i za toa ? a, kako ke im pokazesh deka sam si ja donel?...pa i na kamion da e donesena ,...kako ke go doznaat toa,..ako samiot ne im kazesh ?...ili mozebi ,..kamionot ke im ja istovari pred nos!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 16:10
da,toa tie sakaat,so kamion da ja doneses i da dreme po nadzor dve nedeli dodeka se pazaris so niv po katalog ili po f-ra,i pri toa plakas lezarina...ke ti izleze gjavol i pol...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 16:13
eve be:...ke mi ja donese kamion ,..a do kaj niv jas ke im ja "butkam",.od kaj ke znaat kako doshla do tuka?
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 16:15
cel kamion od vlezot na granica odi na terminal..plakas vlez ,lezarina..barem ova mi e jasno..a toa moze da trae so denovi..
da ti prosvercuvam edna.. vaka..nabrzinka..
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 16:21
...jas sum baksuz be....ke mi donesesh sigurno nekoja,...falichna....a, sjajna odnadvor!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 18.Март.2010 во 09:06
a ja maler,ke mi ja ukradat po pat,pa ke treba i pari da vratam.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 18.Март.2010 во 09:20
Значи секое возило што ќе влезе во МК, се носи на царински терминал. Е тука царината те чека. Како што кажа Загор... лежарина едно 3-4-5 дена, додека трае процедурата. Што значи дополнителни 300 евра само за лежарина треба да се спремат. Групен транспорт на возила на камион е приближно 3000 евра, а во таа сума не спаѓа осигурувањето, а на еден камион може да се донесат највеќе до 12 возила. Е таа сума од 3000 евра + осигурување се додава на вредноста на возилата и врз тој основ се царини... Типичен грабеж..... Автоматски ја покачува вредноста на возилото. А ако си ја донесеш сам нема да се калкулира дополнителната вредност, бидејќи на граница си го пријавил возилото и си платил гранична царина.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 18.Март.2010 во 23:21
a zosto lezarina nemom da svatam a i mnogu ljuge se bunele koke nosele koli trebalo da dokazat deka bile od germanija kolite gluposti se gleda po registracijata a ovde kuzne so se praj samo davacki i pari mu zemvat na ljugeto za bezveza
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: Audiofil
Датум на внесување: 18.Март.2010 во 23:48
Pred polovina cas kaj Janko vo emisijata Jadi Burek se javi dilerot na polovni vozila koj bese povikan od strana na vladata da im predlozi izmeni vo zakonot za carinenje i namaluvanje na akcizite i za sreka bea prifateni od strana na vlasta so sto davackite drasticno se namalija no sega istiot covek tvrdi deka davackite se tolku golemi sto poskapo ke vi izleze kola od nadvor nego od tuka.Nevidena korupcija i krazba kaj spediterite i carinata,naplatuvanje na 300 evra za transport na vozilo iako voziloto sami ste go donele na primer i covekot se somneva deka ova ke bide uste edna golema izmama od strana na vladata.Pred dve nedeli na zet mi prijatel spediter koj raboti 10 godini so polovni vozila mi kaza deka ova ke bide edna golema izmama i deka narodot ke bide ograben preku davackite sto ne se kazuvaat vo javnosta.Zatoa moj sovet e da ne se lazete po evtini koli od nadvor za da ne vi izlezat poskapo od tuka.
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 19.Март.2010 во 00:39
da go gledav i jas jadi burek i toj sto se javi znaci pak nesto se praj samo da gi zaebat ljugeto neznam so da recam
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Март.2010 во 01:09
pa,..vekje kaza...shto drugo !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Audiofil
Датум на внесување: 19.Март.2010 во 14:16
Ima uste eden propust a toa e procenuvanjeto na polovnite vozila go vrsat po katalog od 2008 ili 2009 godina pa i cenite se povisoki.Primer Golf 4 TDI od 2000 godina go procenuvaat na 5500 iako vo Germanija i Slovenija cini od 3000 do 4000 evra sto ne e malku.
http://www.jass.com.mk/index.php/mk/2010-03-12-09-11-47.html - http://www.jass.com.mk/index.php/mk/2010-03-12-09-11-47.html
http://www.mobile.de - www.mobile.de
www.avto.net
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 19.Март.2010 во 22:19
zato drugar da si kupime tovarno vozilo ova abc 5000evra i za biznis taman
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: Audiofil
Датум на внесување: 20.Март.2010 во 12:09
Неповолности со половните автомобили
Граѓаните се жалат дека не знаат каде да се обратат за да се информираат што се' е неопходно за да ги легализираат автомобилите На македонските гранични премини секојдневно пристигнуваат од педесет до сто половни возила, кои чекаат на увоз, поточно да биде донесен новиот закон, иако граѓаните се жалат дека не знаат каде да се обратат за да се информираат што се' е неопходно за да ги легализираат автомобилите. Познавачите велат дека колите воопшто нема да излезат толку евтини колку што се очекува.
Од друга страна, речиси целосно замре дејноста купопродажба на возила откако пред еден и пол месец Владата ја обелодени иницијативата за увоз на возила стари и до 16 години. Дилерите што и лани имаа катастрофална година неофицијално во февруари продавале по едно до две возила. Драстичен е падот и на регистрирани автомобили, дури и на огласите за продажба на возила ретки се повиците.
Осигурителните компании тврдат дека во јануари годинава е забележан огромен пад на регистрирани возила во споредба со истиот период лани. Доброупатени извори го објаснуваат ова со опаднатиот животен стандард на граѓаните и со чекањето на новиот закон.
- Граѓаните се надеваат дека старото возило ќе го заменат со „ново“ увезено и затоа сметаат дека нема потреба од регистрација. И во станиците за технички преглед на возила информираат дека годинава имаат помалку работа - ни вели еден агент од осигурително друштво. ЕПОПЕЈА ВО СТРАНСТВО
Увозник на половни возила опишува како изгледала неговата епопеја во странство кога пред една деценија се занимавал со оваа дејност.
- Ризично е да се нарача возило врз база на податоците на интернет-огласите од земјите на ЕУ. Освен цената на возилото, опремата што ја поседува и годината на производство, други информации нема. Малкуте фотографии не можат реално да ви ја отсликаат состојбата на автомобилот. Затоа луѓето често се решаваат лично да отпатуваат во странство или со помош на роднините што живеат во Европа за малку пари да набават евтино и квалитетно возило - вели нашиот соговорник.
Деновиве наголемо се зборува за намалување на царината и акцизите на половните возила. Но, никој од нив во крајната цена не ги става дополнителните трошоци, изгубеното време, ризикот поради непознавањето на јазикот, градот...
- Ова го работам повеќе од десет години. Увезував возила и во периодот кога старосната граница беше помала и кога беше слободен увозот. Не е лесно и воопшто не е евтино како што изгледа на прв поглед - вели увозникот.
Според него, многу е тешко индивидуално да се внесе возило, особено ако однапред не се знае што се' треба да се направи.
- Плацовите за половни возила во Германија и во Холандија се огромни. На едно место има илјадници возила. Сте тргнале по еден автомобил, но со малку повеќе пари може да купите поубав, па ви се прави збрка во главата. Не ја знаете состојбата на моторот, а таму се работи по принцип видено - купено, зашто никој не ви дозволува да донесете мајстор за процена. Уште потешко е ако не го знаете јазикот, вели тој.
Откако ќе го купите возилото, се одјавуваат старите, а возилото добива пробни таблички со придружните документи, меѓу кои и т.н. „ТУВ“, и возилото е подготвено за пат.
- Ако сте планирале со возилото да се вратите, пред да тргнете кон Македонија пожелно е сервисот да го направите во земјата во која го купувате за да не се доведете во ситуација да ве остави некаде по пат поради мал дефект. Ако возилата се носат со камион, за сите се вади документација и се изнајмува фирма за транспорт на половни возила. За овие возила не се потребни пробни таблици, што е трошок помалку, а се намалуваат и трошоците за транспорт - вели нашиот соговорник.
ВОЗИЛО СО МНОГУ ВРАТИ
На многу врати ќе треба да тропнете и многу уплатници да пополните откако со половниот автомобил ќе стасате на македонска граница, вели нашиот соговорник.
Прво нема кој да ви каже каде да се обратите. Ќе ве пречека само цариник, кому ќе му платите гранична царина од околу 50 евра. Ако не знаете што понатаму, ќе изгубите неколку часа додека не се смилува некоја од шпедитерските куќи да ви ја објасни понатамошната постапка. Ќе ви објасни дека автомобилот треба да се однесе на терминал додека не заврши постапката за царинење, каде што останува најмалку еден ден. Цената за стоење на терминалот до еден месец е околу 3.000 денари. За тоа време се плаќа царина од 1 отсто на каталошката вредност на возилото, која се одредува според таканаречениот „Шваке“-каталог или пак 5 отсто царина, ако возилото нема европско потекло, односно нема евросертификат.
- Откако ќе се плати царината, пробните таблички со кои возилото ги поминало европските патишта се враќаат во земјата од каде што е купен автомобилот, а сопственикот може да го однесе дома. Но, автомобилот се' уште не смее да го вози се' додека не ги плати и останатите давачки: еколошка такса - 50 евра, ДДВ од 18 отсто на каталошката вредност на возилото, сертификат со кој се докажува дека автомобилот ги исполнува еколошките стандарди, таканаречен „ТУВ“ ако не сте го добиле од матичната држава, како и трошоци за магацин и за шпедиција, кои не се пониски од 6.000 денари. По ова, возилото оди на хомологација, за што дополнително се плаќаат околу 4.000 денари. Сметам дека хомологацијата е непотребна, бидејќи „ТУВ“ сертификатот е доволен доказ од производителот дека тоа возило ги задоволува бараните стандарди. Хомологацијата само го потврдува истото, а непотребно се зголемуваат трошоците - вели увозникот на половни возила.
По плаќањето на овие давачки, следува промена на сопственоста на возилото, која мора да се завери кај нотар, што чини околу 3.000 денари. Треба да се напомене дека прво документите се носат кај судски преведувач, што е уште еден непредвиден трошок. Тогаш возилото е подготвено за регистрација, која новиот сопственик ќе го олесни за најмалку 200 евра.
За да биде сигурен новиот сопственик дека автомобилот нема да му се расипе на првиот свиок, автомеханичарите препорачуваат да се направи редовен сервис уште пред регистрацијата ако тоа не е сторено во матичната земја од каде што доаѓа.
Кога ќе се соберат сите придружни, неопходни давачки, излегува дека цената на половниот автомобил речиси двојно се зголемила од набавната. Валентина Ангеловска
|
Постирано од: dalton
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 19:23
so ovie visoki davacki i raznorazni lavirinti dodeka uvezenoto vozilo ne dobie mk. tablici bugarskite pasosi i licni karti ke imaat se uste visoka cena.Skeptik sum deka vladata imala vistinska zelba da go resi ova.kako e mozno vozilo kupeno primer 700-800e.da se platat davacki isto tolku mozebi i poveke sracunato se vkupno.
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 21:18
dalton напиша:
so ovie visoki davacki i raznorazni lavirinti dodeka uvezenoto vozilo ne dobie mk. tablici bugarskite pasosi i licni karti ke imaat se uste visoka cena.Skeptik sum deka vladata imala vistinska zelba da go resi ova.kako e mozno vozilo kupeno primer 700-800e.da se platat davacki isto tolku mozebi i poveke sracunato se vkupno. |
па другар не можи ти ако ја земиш колата пример за 200 евра и толку уште давачки да имаш кога само регистрацијата е 200 е)
а како можи во блгарија да биди 100 е регистацијата???????
ама овие нашите стварно претерваат со давачките ЈБГ
не ја бранам власта (не ме сваќај погрешно)
ПРЕКУ МИ Е ОД СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ
само да се крадело да го _бам
а мислам дека бугарските коли ке си останат со БГ таблици...........
-------------
|
Постирано од: dalton
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 21:36
Iron Man напиша:
dalton напиша:
so ovie visoki davacki i raznorazni lavirinti dodeka uvezenoto vozilo ne dobie mk. tablici bugarskite pasosi i licni karti ke imaat se uste visoka cena.Skeptik sum deka vladata imala vistinska zelba da go resi ova.kako e mozno vozilo kupeno primer 700-800e.da se platat davacki isto tolku mozebi i poveke sracunato se vkupno. | па другар не можи ти ако ја земиш колата пример за 200 евра и толку уште давачки да имаш кога само регистрацијата е 200 е)а како можи во блгарија да биди 100 е регистацијата??????? ама овие нашите стварно претерваат со давачките ЈБГне ја бранам власта (не ме сваќај погрешно) ПРЕКУ МИ Е ОД СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИсамо да се крадело да го _бам а мислам дека бугарските коли ке си останат со БГ таблици........... | se slozuvam vo celost samo da potsetam vo 80g. so eden par farmerki mozese da gi prodades vo bg.toabese okolu 120 leva toa bese edna prosecna plata vo bg.i mozese da se bide edna nedela na crno more vo najdobar hotel a sega ......dojdovme do tamu bugarite da stanat centar na balkanot za vozila i nie da kupuvame koli od bugarija ------kakva ironija...
|
Постирано од: Audiofil
Датум на внесување: 25.Март.2010 во 07:48
Со старите возила повеќе зијан отколку ќар!
Голем број од половните автомобили не ги исполнуваат основните технички критериуми за да дојдат до регистрација Соња Маџовска
Дали увозниците и купувачите на половни автомобили ќе излезат повеќе во зијан, отколку што ќе ќарат?
Тамам почна увозот на стари возила, излегоа еден куп други проблеми. Сега главен проблем е добивањето сертификат за хомологација.
Половните автомобили, откако се оцаринија, не можат да добијат ваков сертификат, бидејќи голем дел од нив не ги исполнуваат основните технички критериуми. Овие автомобили најчесто немаат АБС-сопирачки и не ги исполнуваат критериумите за бучава, велат увозниците, според кои ниту едно возило произведено од 1990 до 1995 година не ги задоволува критериумите што се бараат. Тие објаснуваат дека поради неисполнување на техничките услови нема да се пререгистрираат ниту возилата со бугарски таблички. Сопственик на бугарски автомобил вчера се јави во нашата редакција и се пожали дека иако веднаш сакал да го легализира автомобилот, не успеал во тоа, па вели дека сега ќе треба да го врати во Бугарија. „Со овие критериуми што се бараат, ниту едно возило со бугарски таблички нема да може да се пререгистрира во Македонија. Моето возило е од 1995 година, и има ЕУРО 2-стандард, ама бадијала, не ги исполнува условите“, вели нашиот соговорник.
Според некои неофицијални процени, вакви возила во земјава има околу 50.000. Ако тие не се легализираат, излегува дека Владата ја промашила целта со новите законски решенија. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, порача дека сопствениците на автомобили со странски регистарски таблички најдоцна до септември оваа година ќе мора да ги пререгистрираат своите возила. Во спротивно, ќе мора да ја напуштат земјава, а до нивното следно влегување во Македонија ќе мора да поминат најмалку шест месеци.
Кои услови треба да ги исполнат старите возила за да добијат сертификат за хомологација, за „Утрински весник“ објаснува м-р Зоран Василевски, директор на сервисниот центар на „Аутомакедонија“.
„Проблем со хомологацијата, односно согласност за регистрација има, посебно ако се земе предвид дека постојните сертифицирани тела не се во можност да ја прифатат кампањата која се случува овие денови. Според мои информации, се прават максимални напори од сите субјекти инволвирани во оваа работа. Воведени се две смени со зголемен број извршители, се' со цел да се задоволат барањата на клиентите. За да се стигне до крајната цел, регистрација на моторното возило, треба да се исполнат неколку услови, меѓу кои и добивањето документ за технички карактеристики на возилото при производство, што го издава сертификационата компанија ТУВ од Германија. За добивањето на тој сертификат е потребно време, бидејќи и инсталираните станици во странство не се во состојба да одговорат на непредвидливиот број барања“, објаснува Василевски.
Прашавме и колку либерализацијата на условите за увоз на стари возила ќе се одрази негативно на продажбата на новите автомобили? „Според мое мислење, клиентите за стари возила не се исти со оние корисници кои преферираат ново возило. Можеби малку ќе се намали продажбата на нови автомобили, но набрзо ќе се издиференцираат корисниците и пазарот ќе се стабилизира. Поточно, пониската цена на старото возилото не е исклучено да има други непознати што ќе предизвикаат дополнителни трошоци. Но, за тоа одлучува самиот сопственик. Стоиме на располагање за дијагностицирање на состојбата на возилото, а дефинитивната одлука е на клиентот“, вели Василевски
Текстот е изваден од денесен Утрински весник.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 12:02
TUV certificate ако има возилото, тогаш слободно може да се увезе. Затоа кога ќе се купува возило од европа, секогаш гледајте да има таков сертификат. Така нема да се прават проблеми при дополнителната хомологација....
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: Audiofil
Датум на внесување: 04.Април.2010 во 14:09
Vcera od covek koj raboti so koli a negov bratuced rabotel na carinenje na koli gi doznav slednive informacii.Na homologacija postaro od 98 ili 99 mozat da pominat samo vozila na BMW i VW.Site ostanati vozila za da pominat homologacija mora zadnite kocnici da im bidat so diskovi a ne so dobosi.So dobosi navodno pominuvale samo vozila na BMW i VW.Mafija nevidena!Uste pogolema dalavera bila razlicnite ceni na carinenje na vozilata sto se na skopski tablici i ostanatite vo pomalite gradovi odnosno davackite za carinenje na skopski tablici bile skoro dvojno pogolemi od davackite za carinenje na bilo koi tablici vo bilo koj grad vo vnatresnosta.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 04.Април.2010 во 20:02
Abs kocnicite podrazbiraat pozadi da imaat diskovi. A toa vleguva vo TUV certificatite. Znaci preporaclivo e da se nabavi vozilo od zapad koj ima obnoven TUV certifikat..
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: GDrive
Датум на внесување: 08.Јули.2010 во 10:03
Радости, радости и на крај ќе го скинат скроз законот и АШШШ, нема увоз на коли, пак, како што беше. Тоа е...
Него земете си ново количе и ич да не му ја мислиш
------------- http://www.gt.mk - http://www.gt.mk
|
Постирано од: hipper
Датум на внесување: 02.Декември.2010 во 13:59
Gledam temata e odavna.
Znae i ima li nekoj kakvi bilo novosti za uvoz i kupuvanje na avtomobil od stranstvo na pr.od germanija ?
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 14.Декември.2010 во 14:45
Edinstvena novost za polovnite vozila e deka ke se ukine carinata za vozila proizvedeni vo EU, no toa e minimalna suma, koja bi iznesuvala od 200 do 1000 eura max.... 1000 eura, za vozilata koi bi iznesuvale nad 15-16000 eura. a dodeka za pomalite i postarite vozila bi se dvizela od 200 do 4-500 eura max.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: bulaov
Датум на внесување: 25.Август.2011 во 11:27
Здраво.Нов сум во целава приказна со увоз на автомобили и би сакал да прашам некој ако има искуство со внес на автомобил од Бугарија или Словенија.Заинтересиран сум да внесам Форд Фокус 1.6 од 1999 до 2002 год со поминати некои си 140000 максимум.Колку би ме фатиле давачки од плацот таму до мк таблици? Фала однапред
|
Постирано од: motocross
Датум на внесување: 25.Март.2016 во 15:31
znae li nekoj da mi kaze kolku ke kosta carina za fiat punto model 188 benzin 2004 god 1200kb bez oprema 3 vrati i ima pominato 300.000 km
|
Постирано од: motocross
Датум на внесување: 25.Март.2016 во 15:33
motocross напиша:
znae li nekoj da mi kaze kolku ke kosta carina za fiat punto model 188 benzin 2004 god 1200kb bez oprema 3 vrati i ima pominato 300.000 km
| dali se isplati da se donese vo mk
|
Постирано од: motocross
Датум на внесување: 25.Март.2016 во 15:41
kolku bi kostalo crina za fiat punto model 188 benzin 2004 god 1200kb 300.000km so 3 vrati i bez oprema
|
|