Испечати | Затвори го прозорот

Амстердам или Рим?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21927
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 22:04
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Амстердам или Рим?
Постирано од: aco_t
Наслов: Амстердам или Рим?
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 19:32
ima 2 ponudi za apsolventska : ednata e so poseta na amsterdam , a drugata so rim.

STO DA ODBERAM ????



Коментари:
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 19:49
Јас лично би одбрала Рим.
Некако ми е поавтентичен самиот град, така стар, со некоја своја историја позади себе, со многу фонтани, катедрали, Italijanci плазење

Amsterdam
http://www.airportdirecttravel.co.uk/live/Portals/10/Holland/Amsterdam-Bridge.gif


RIM

http://farm1.static.flickr.com/143/327526960_6b5cc43e0d.jpg


-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 20:50
кое и да е, убаво е, навистина тешка одлука и јас не би можел да се одлучам

единствена разлика е што во Амстердам можеш да правиш ствари кои не можеш да ги правиш во Рим голема%20насмевка


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 21:01
Кај го мењам Рим за наркомански град,....изненадување

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: pagane
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 21:02
Рим е банално, Амстердам- актуално!љубов


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 21:04
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

кое и да е, убаво е, навистина тешка одлука и јас не би можел да се одлучам

единствена разлика е што во Амстердам можеш да правиш ствари кои не можеш да ги правиш во Рим голема%20насмевка
 
 
И јас тоа сакав да го кажам ама незнав со какви зборови.црвенеење 
 
дада


-------------


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 22:30
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Кај го мењам Рим за наркомански град,....изненадување
абе тебе све наркомани ти се вртат по глава газење%20од%20смеење
Амстердам е исто толку интересен град за разгледување како Рим


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: zaratustra
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 22:46
Prvo Roma,pa Amsterdamned!!!
Rim banalno!?ne znam so si prael ti,ama...
A za na apsolventska definitly Amste(l)dam!!!Rim e poblizok,so plivanje mozis da odis


Постирано од: brza
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 23:14
amsterdam.....naravno !

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 23:18
Амстердам дефинитивно...иначе нај наркомански град во државите на Европска унија е Франкфурт , според процентуална застапеност на криминал , достапност и цена на наркотици....рај за џанките .

-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: Џо
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 12:51
Ја би во Амстердам...
Во Рим има италијанци... има и италијанки...
Амстердам...некако посебна атмосфера и угодна клима, барем така си го замислувам.


-------------
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima





Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 12:58
Amesterdam definitivno..........odis i tolkuтанцување

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: mimicria
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 13:04
amsterdam....vo rim ke si odis so zena ti... koga ke napolnis 30-40-50.....
amsteeeerdaaaam! (zemi me i mene pls)трепкање


-------------
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...


Постирано од: hipper
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 17:30
Оди во Амстердам таму е супер и прават одлични журки и може да сретнеш разни луѓе да се дружиш и многу повеќе од тоа и плус ти е поевтино од Рим


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 20:42
А у Рим не можеш да сретнеш разни луѓе а замисленост

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 20:43
Originally posted by Lithium Lithium напиша:

А у Рим не можеш да сретнеш разни луѓе а замисленост
РИМ...големо%20гушкање

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 20:45
Види види, убајни љубов

http://www.shopaservice.com/articles/wp-content/uploads/rome_01.jpg

Fontanata Trevi
http://www.freefoto.com/images/14/26/14_26_4---Trevi-Fountain--Rome--Italy_web.jpg




-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 20:48
Frlaj paricka...pa sto bide...

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 20:51
убајни - половина од ограбениот Константинопол... “прежде латинское нашествие“ 1204-5...тага...среќа

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 20:56
Како и да е, Колосеумот секогаш ќе остане главното обележје на Рим

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 20:58
Originally posted by Lithium Lithium напиша:

Како и да е, Колосеумот секогаш ќе остане главното обележје на Рим
така е... и тој си е оригинален...среќа
јас лично повеќе го сакам “Новиот Рим“ - но тоа не е дел од темава...
п.с.
бре пусти биле турски серии...
(глума и кич аристократија...)


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: titanik
Датум на внесување: 10.Март.2010 во 00:12
rim se razbira gradot na svetlinata


Постирано од: smole_mk
Датум на внесување: 10.Март.2010 во 13:38
Амстердам не е воопшто ефтин, за Рим незнам бидејќи не сум бил.

Доколку идеш во Амстердам, земи си бротце од кај централната железничка станица, по можност најдолгата рута, нема да зажалиш. Имај во предвид дека што по во центар, тоа се поскапи супермаркетите.

По улица никој не те чепка, а во музеите најдобро е да се иде рано одсабајле бидејќи има највеќе гужва. Али тоа ќе зависи од водичот, а не од тебе. И касни една вафла и помфрит.


Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 10:22
у амстердам има само кк*рви и фудбалери... па жена ми е од амстердам... а женати за кој клуб игра ?


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 14.Март.2010 во 13:58
Рим е малку поубав....мисламтрепкање ништо не му фали ни на Амстердам

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 01:27
jas sum za holandija bar ke pusam kaj sto sakam ke baram azil tamu :)


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 01:35
Originally posted by titanik titanik напиша:

rim se razbira gradot na svetlinata

Jas pak mislev deka Pariz e gradot na svetlinata...

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 13:42
Не е баш во Амстердам, ама е на пола пат помеѓу Амстердам и Хаг. Интересно за гледање и за сликањесреќа
Која убавина човечееељубов

Царството на лалињата – Кеукенхоф 


Што е тоа?

Холандски цветен излог.

Шо треба да видите?

Цвеќе, цвеќе и уште цвеќе.

Што значи  зборот Keukenhof?

Кујнска градина.



Кога ќе пристигне рана пролет околу 7 милиони цветови ги шират своите ливчиња, разубавувајќи ја градината Кеукенхоф, во која има околу 1000 видови на лалиња. Овие градини, се на некој начин излог на цветната индустрија во Холандија и годишно привлекуваат скоро милион посетители кои се дојдени да ја видат феноменалната изложба на преубави бои, на површина од 28 хектари. Нарциси, лалиња, зумбули во сите нијанси на жолта, златна, пурпурна, портокалова и црвена боја, заедно со опојниот мирис кој се шири, убедливо претставуваат спектакл без конкуренција.

Овие градини се изградени 1949 година, во областа во која се одгледувале луковици за цвеќиња, помеѓу Амстердам и Хаг, на земјиште на кое порано имало замок, во кој живеела грофица која го обожавала холандското цвеќе.

Интересен е фактот за лалињата кои се прва асоцијација за Холандија, впрочем не потекнуваат одовде. Тие се донесени во оваа земја во 1593 гидина од Константинополис, по барање на фламанскиот амбасадор кој бил воодушевен од нивната убавина.

Приказните за овој специјален цвет се ширеле брзо, а  нивната популарност растела. Така богатите холанѓани почнале да вложуваат во луковици и направиле развој на трговија со лалиња. Оваа треска траела до 1637 година, кога лалето веќе не било така редок цвет. Преголемата количина на лалиња, ја симнала неговата цена и многу трговци банкротирале.

Но, производството на лалињата и понатаму продолжува и по некое време заедно со лилјаните, гладиолите, нарцисите и други видови на декоративно цвеќе, повторно станува еден од најизвезуваните холандски производи.

1

2

3

 

5

6

7

8

9

10

11

13

14

15

16

19

19

19

20

22

23





-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:59

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/15568-7-pricini-zosto-go-sakame-rim" rel="nofollow -

Престолнината на Италија нуди повеќе различни содржини за сечиј вкус. Доколку сте фасцинирани од историските споменици кои датираат од дамнешни времиња, љубител сте на високата мода или уживате во квалитетно кафе, сирење, вино и тестенини, тогаш сте на правото место.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-01

Ви претставуваме неколку нешта кои најсовршено го опишуваат Рим, но секако постојат уште многу детали за кои би можело да се пишува со денови.

Фонтана ди Треви

Познатата градба која мами воздишки од посетителите од целиот свет. Тематика на целата сценографија е морето, во чијашто средина се наоѓа скулптура на Нептун (римскиот бог на морето) која доминира во просторот. Освен што изгледа величествено, некои и препишуваат и магични дејства. Имено, легендата кажува дека морате да фрлите паричка во фонтаната која ќе ви обезбеди враќање во овој прекрасен град. За тоа постои мал ритуал според кој паричката ја фрлате наназад со десната рака, свртени со грбот кон фонтаната.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-1

Верувале на легендата или не, она што е сигурно е дека градот добива значајна количина на парички благодарение на неа. Интересно е што во текот на денот  во фонтаната се фрлаат и по неколку илјади евра.

Тука во секој момент ќе сретнете луѓе од најразлични делови на светот. Кога и да решите да се сликате пред фонтаната, извесно е дека некој ќе ви упадне во кадар, поради големиот број на луѓе собрани на овој мал простор.

Колосеумот

Колосеумот го доловува погледот на гладијаторските борби и враќа во времето на големите императори и нивните робови кои се бореле до смрт како би ги забавувале почитуваните членови на општеството кои доаѓале во потрага по забава. Огромниот амфитеатар некогаш можел да смести дури 50.000 гледачи!

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-2

Пред Колосеумот може да го посетите римскиот форум кој сведочи за некогашнот сјај и гламур на владетелите со остатоците од тримфалните порти кои се правени во нивна чест како би им се оддала почит за успешните освојувања.

Un caffe macchiato per favore

Ова е еден од начините да го нарачате своето омилено кафе. Не е тешко да се запомни, но секој ќе ве разбере и доколку побарате на англиски. Италијаните се мајстори за правење на најдобро кафе. Еспресо, макијато, капучино се само некои од оние кафиња кои можат да се пијат ширум Европа, но истите тие имаат некој сосема поинаков шмек тука.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-3

Интересно е на пример, што во Рим ќе наидете на кафетерии каде луѓето доаѓаат да го испијат своето кафе “од нога”. Таму нема столчиња и маси, туку посетителите нарачуваат на шанк некое од кафињата кои се служат во мали шољички и го испиваат во две голтки. Тие не се задржуваат подолго од 10 минути, што е доволно за да се освежат со омилениот напиток и продолжуваат понатаму по својот пат. Една таква кафетерија во центарот на Рим покрај која сигурно ќе поминете е Tazza d’Oro.

Тестенини со различни форми и вкусови

Љубителите на паста ќе се чувствуваат како кралеви во свој свет. Најразличните видови на тестенини спремени al dente со илјадници преливи. Доколку сакате јаки сирења, горгонзолата е одличен избор за тестенини или за дегустација на некое од италијанските вина.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-4

Во централниот дел на градот можете да најдете многу мали улички со ресторани кои кога е убаво времето ги вадат масите надвор. Тогаш имате прилика да јадете набљудувајќи ги минувачите кои забрзано се движат низ италијанската престолинина.

La Moda Italiana

Armani, Versace, Dolce&Gabanna нема потреба од дополнително објаснување, имињата кажуваат сè. Италија е синоним за стил и гламур. Нејзините креатори му ги имаат објаснето модните правила на целиот свет. Во прошетката низ Рим ќе налетате често на места каде можете да купите убави и квалитетни работи за помалку или повеќе пари, сè зависно од вашите аспирации и можности.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-5

Кога ќе тргнете од шпанските скали во прошетка, патот ќе ве однесе на познатите улици via Condotti и via del Corso, во кои се наоѓаат продавници како што се Dolce&Gabbana, Chanel, Louis Vuitton, Swarovski. Доколку сте љубители на врвен шопинг или пак само сакате да зирнете на момент во тој свет на висока мода и гламур вие сте на правото место.

Кога ќе ги погледнете луѓето околу вас, ќе дојдете до заклучокот дека се сите средени и со стил. Ќе ги препознаете Италијанците меѓу илјадниците луѓе. Во секој момент делуваат како да се дојдени од некоја модна ревија.

Повеќето од момчињата се црнокоси, залижани, со наочари за сонце, во кошулчиња, елечиња, црни панталони и јакни. Никој не се грижи што е надвор можеби поприлично топло, тие не отстапуваат од својот очекуван изглед. Кај Италјаните не е значајното толку во вредноста на гардеробата, туку во самиот стил. Тие знаат како од пристапните модели на гардероба да ја направат „онаа правата комбинација”, или што би се рекло „знаат како да ги носат работите”.

Светиот ангел

Прекрасниот замок Sant’Angelo, е изграден во II век. Низ времето имал различни функции. Користен е како тврдина, папска резиденција, затвор, а сега е претворен во музеј.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-6

До замокот води истоимениот мост преку Тибар. На мостот се наоѓаат статуи на ангели поставени симетрично една спроти друга. Според легендата, тие се ангелите кои го чуваат замокот. Дали е тоа поради легендата или пак по некоја логика, замокот многу успешно го избегнал забот на времето и изгледа подеднакво величествено денес како и во далечната 139 година кога е направен. Доколку сте фанови на популарната серија “Borgias”, веројатно го имате забележано овој замок во некоја од сцените.

Лидо ди Остиа

На само половина час возење од Рим, се наоѓа едно мало местенце на Тиренското море, кое се вика Остиа, и служи како место каде Италијаните можат да се сокријат од бучавата и гужвата предизвикани од толпата туристи во нивниот град. Тој дел е резервиран само за локалците, а за тоа сведочи и фактот што луѓето кои работат во рестораните на самата плажа не зборуваат англиски.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-7

Толку е убаво да се доживее малку автентичен италијански шмек, далеку од лудилото на пребукираната престолнина. Климата е многу поволна па можете и на почетокот од мај да се освежите во морето.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: bilokoja
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 19:12
Преубаво е!!!!!!!



Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 19:20



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 19:49

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/15783-top-8-atrakcii-vo-amsterdam" rel="nofollow -

Златното доба на холандската култура се чувствува во секој дел од овој град. Ги спојува минатото и сегашноста, така што во одреден момент можете да го почувствувате духот на седумнаесеттиот век. Од прошетката во повеќето музеи, шопинг центрите, до возењето по каналите, вашето време ќе биде квалитетно пополноте.

top-8-atrakcii-vo-amsterdam-01

Ова се 9те атракции кои како посетител на Амстердам мора да ги видите и доживеете:

Музејот на Ван Гог

Еден од триесетте најпосетени музеи во светот. Тука се сочувани сликите од најпознатите светски уметници. Повеќе од 800тини дела се изложени во кои ќе ужива секој љубител на уметноста.

Музејот на торби и паричници

Единствен музеј во Европа од ваков тип. Изложени се повеќе од 4.000 торби. Настанал така што познатата колекционерка на чанти Хендрикје Иво по долги години собирање на различни торби и паричници, решила да ги изложи во јавност.

Возење по канал

Постои широка палета на избор за разгледување на градот на вода. Од романтични вечери на брод, до шопинг. Изберете го својот начин и уживајте во водната авантура.

top-8-atrakcii-vo-amsterdam-1

Куќата на Ана Франк

Споменик претворен во музеј кој ја раскажува приказната  од Втората светска војна. Прекрасно место за посета е токму оваа куќа каде што Ана Франк се сокривала со своето семејство и местото каде што таа го напишала својот светски познат дневник.

Музејот на Хајнекен

Кога ќе се одлучите да се одморите од разгледувањето на Амстердам, прав начин тоа да го направите е со добро ладно пиво. Во овој случај, посетете го музејот и уживајте во бесплатните пива. Додека уживате ќе ја дознаете историјата на Хајнекен, исто како и процесот на правење на пивото.

top-8-atrakcii-vo-amsterdam-2

Концертна сала

Изградена во 19 век, позната е по својата извонредна акустика. Секоја среда, од септември до јуни, нешто по 12 часот се изведува бесплатна триесет минутна претстава. Во главно, тоа е проба на светски познатите оркестри и ансамбли кои навечер настапуваат.  

Црвената зона

Место кое не смеете да го заобиколите, без разлика дали сакате да купувате или само да го гледате ова необично место. Генерално, областа е безбедна за сите туристи, иако многумина се срамат да прошетаат по овие улици. Зошто? Во црвената зона се наоѓа еден потполно поразличен, секси свет. На распродажба ќе најдете многу филмови, списанија и играчки. Најголемото внимание е упатено кон жените кои играат во излозите на локалите. И она што е најважно да знаете доколку ја посетувате оваа област, фотографирањето е строго забрането.

top-8-atrakcii-vo-amsterdam-4

Рембрантовата куќа

Своето патешествие завршете го во уметнички дух, во кој всушност и ја започнавте оваа приказна. Посетете ја куќата на Рембрант ван Ријн и уживајте во просториите каде што тој ги создал своите најзначајни дела.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 14:19

Забавно лизгање на познатиот канал во Амстердам


Кога ќе се спуштат температурите длабоко под нулата, и мразок ќе завладее, луѓето во Амстердам и од тоа направиле забава. Сепак тоа не е толку честа појава за луѓето во Холандија, но минатата година, со температури до -7 целзиусови степени, жителите на Амстердам можеа да уживаат во скијање на мразот во замрзнетиот канал. Холанѓаните се оптимисти дека температурите и оваа година ќе се спуштат доволно под нулата за д го искусат ова забавно лизгање повторно. Погледнете како изгледа тоа.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 16:15

10 интересни факти за Рим


Според легендата, вечниот град, Рим, бил изграден на 7 ридови. Низ историјата, овој град попримил многу влијанија, поминал низ многу возбудливи приказни, за на крајот да го добие денешниот, модерен изглед. Но, сигурно постојат факти за прекрасниот Рим кои не сте ги знаеле…

1. Роденденот на градот кој бил подигнат во 753 година п.н.е., се прославува секоја година на 21. април. Прославата вклучува огномети, гладијаторски борби, традиционални римски прослави и паради.

2. Пантеонот, кој бил подигнат во 27 година п.н.е. од Маркус Агрипа е единствениот споменик од античкиот Рим кој до ден денешен е останат во својата интегрална форма. Уште помалку е познато дека таму се погребани италијанскиот крал Виторио Емануеле II и неговиот наследник Умберто I.

3. Еден од парковите во Рим се вика „Паркот на чудовиштата“. Името не се должи на опседнатоста со демони, туку на фактот што во паркот се поставени бројни гротескни фигури, како што се на пример грубиот Херкул кој совладува Амазонка, како и џин, со толку голема уста што низ неа може да се помине.

4. Бањите Каракала денес се во многу лоша состојба, но во екот на Римската Империја во нив можеле да се услужат по 1.600 гости одеднаш. Тие се најубавиот потсетник на империјалната ера.

5. Во Рим се наоѓа единствениот светски музеј во целост посветен на тестенините. Во него се изложени најразлични машини за правење тестенини, како и слики од модерни уметници во кои се прикажуваат тестенини.

6. Базиликата на Св. Петар, која се наоѓа во Ватикан, е најголемата црква што некогаш била изградена.

7. Колосеумот, кој во славните денови имал капацитет од 50.000 посетители, е едно од Седумте светски чуда.

8. Во монументалните гробишта на Браќата Капуцинери се искористени коски од преку 4.000 монаси, од кои дел се и целосни скелети, за создавање симболични уметнички дела во капелите.

9. Комплексот музеи во Ватикан е најголем во светот и се состои од преку 1.000 музеи, во кои се изложени најразлични ремек-дела.

10. Базиликата на Св. Петар била најимпозантна градба во градот речиси 1.000 години, но околу 14-от век започнала да попушта пред забот на времето. Во следните два века била целосно реконструирана и обезбедена. Во оваа импозантна градба свој печат имаат оставено дел од најголемите италијански уметници на сите времиња, вклучувајќи ги тука и: Микеланџело, Рафеал и Мадерно.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 19:54

10 интересни факти за Амстердам


Амстердам, градот кој го започнал своето постоење како рибарско село крај брана на реката Амстел, денес претставува еден од главните економски центри во Европа, главен центар на забавата и слободата, но и една од најромантичните локации на Стариот континент.

1. Во Амстердам има преку еден милион велосипеди, а само 700.000 жители, што го прави главниот велосипедски град на Европа. Тесните улички и мостови, како и високите цени за паркирање, го прават главниот град на Холандија место што не е најпогодно за автомобили. Во Холандија има преку 15 илјади километри велосипедски патеки и токму затоа разгледувањето на овој град најдобро е да се направи со велосипед.

2. Амстердам има најмногу музеи во светот на квадратен километар, т.е. вкупно 51. Меѓу нив спаѓаат и прочуениот музеј на Ван Гог, како и куќата на Ана Франк.

3. Аеродромот во Амстердам е првиот во светот во кој има музеј, па дури и ако сте на поминување, ќе можете да погледнете дел од изложбите од градските музеи во рамките на терминалот.

4. Мачките скитници во Амстердам живеат на брод, за кој се грижат волонтери и кој полека станува голема туристичка атракција.

5. Речиси една четвртина од Амстердам е под морското ниво. Најголем дел од Холандија е повратен од морето, па така, доколку не постоеја специјалните брани, повеќе од половина од земјата ќе потоне под Северното Море.

6. Амстердам бил изграден на дрвени столбови. Почвата е мочуришна до тој степен, што при изградбата на зградите и куќите морало да се започне со закопување дрвени столбови длабоко во земјата. Денес се користат бетонски, но принципот и натаму останува. Под централната станица, на пример, има преку 6.000 столбови.

7. Климата во Амстердам е слична со англиската. Летата се посвежи, со студени и врнежливи периоди, а зимите се студени, со чести врнежи од дожд, а понекогаш и снег. Ненадејните врнежи од дожд се многу честа појава во овој град.

8. Во златната ера (1580-1670 година) на холандското сликарство, кога најголемите светски уметници живееле во Амстердам, во овој град биле создадени преку 5 милиони ремек-дела. Во тој период, речиси во секој дом во Холандија имало барем по една слика.

9. Во Амстердам има 165 канали, 1.281 мостови и преку 2.500 бродови кои имаат фиксирано место во некој од каналите и се користат како домови. Поради сето ова, Амстердам со право го доби прекарот „Венеција на северот“.

10. Во Амстердам живеат најголем број националности од сите градови во светот. Како постојани жители на градот се пријавени луѓе од 175 националности, од вкупно 194 меѓународни признати држави.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 18:43
                  Прошетка низ Амстердам – градот на гревови, мирољубиви луѓе и феноменална уметност

Со скоро 1 милион жители, Амстердам е градот на музеите, каналите, живописните плоштади, паркови, бродчиња, чамци, како и прекрасната архитектура која жителите на овој град љубоморно ја чуваат.
Престолнина на уметноста

Со повеќе лежерност, огледало на Холандија е токму/главниот град Амстердам. Иако сите државни институции и амбасади се наоѓаат во Хаг, Амстердам е главен град на оваа земја.

Со скоро 1 милион жители, Амстердам е градот на музеите, каналите, живописните плоштади, паркови, бродчиња, чамци, како и прекрасната архитектура која жителите на овој град љубоморно ја чуваат.

Секоја градба во исто време е и културен споменик или нечиј животен или работен простор.


Улична забава

Најпознатиот плоштад во градот е Дам, на кој со својата монументалност фасцинираат Кралската палата, Новата црква, Музејот Мадам Тисо и Историскиот музеј. Плоштадот е место каде ќе ве забавуваат бројни улични музичари и жонглери.

Либерализмот е главна одлика на жителите на Амстердам, но овде е и префинетата лежерност која брзо ја стекнуваат и оние кои тука не се родени.


Канали

Амстердамските канали оваа година го слават нивниот 400-ти роденден.

Од каналите можете да ги видите прекрасните вили од 17-ти век претворени во гостилници и тесни згради кои понекогаш се чини дека може да се срушат во секој момент.

Прстенот на каналите почнува во Сингел, во кој се наоѓа цветниот пазар кој лебди над водата. Потоа се минува низ Херенграт, Кајзерграт, и на крај, во Присенграт.


Кога ќе ожеднете може да ги посетите некои од „brown cafeеs”, мали барови наречени по ентериерот направен од темно дрво.

Ако ја посетите улицата на Црвените фенери, што е случај со поголемиот број на туристи, ќе забележате дека таа е сместена околу 2 историски канали, Oudezijds Voorburgwal и Oudezijds Achterburgwal.

Бегијнхоф

Ѕвекотот на трамваите и ѕвончињата од велосипедите можат понекогаш да бидат напорни за ушите, но постои скриено место во срцето на Амстердам кое треба да се посети ако ви треба мир.

Тоа е Бегијнхоф, мала тревна површина опкружена со преубави куќи од 17-ти и 18-ти век кои некогаш биле населувани од побожни католички жени кои не биле омажени.


Во паркот се наоѓа и малата англиска реформистичка црква и католичката капела.

Ако не успеете да ја погледнете прочуената „Ноќна стража“ на Рембрант, веднаш позади аголот на Бегијнхоф се наоѓа вистински бисер на градот и тоа потполно бесплатен – Schuttersgalerij, односно галерија на граѓанската стража.

Вонделпарк

Најпознатиот парк во градот се наоѓа недалеку од музејскиот плоштад, и е одлично место за излет.

Овој парк од 47 хектари има рибници, патеки опкружени со преубави дрва, детски игралишта, отворен театар и кафулиња.

Овде можете да изнајмите ролери, но најдобро е да земете со себе и едно ќебенце и седејќи на него да ги набљудувате случајните минувачи. Можете да видите и скулптура од Пикасо во една од тревните ливади.


EYE

Една од најновите знаменитости на Амстердам е филмскиот институтот EYE сместен на северниот брег на каналот Иј.



Иако влезот за киното се плаќа, кафулето и терасата се отворени за сите кои се подготвени да платат кафе или некој лесен оброк. Од овде се распостила преубава глетка на каналот и на градската панорама.

Пазари

Богатството на Амстердам настанало благодарејќи на нивните пристаништа и трговци кои продавале се’ – од лалиња до егзотични зачини.

Мал дел од нивното трговско минато можете да видите и денес на современите пазари. Најпознатиот пазар е Алберт Кујп каде се продава се’ и сешто.


Најубав е Нордермаркт, пазар во кој можете да купите стока директно од нејзиниот произведувач. Се наоѓа кај црквата Нордеркер, веднаш после каналот Принсенграт.

Најдобар „улов“ на стока за ниски цени можете да најдете на пазарот Ватерлу кој работи секој ден освен во недела.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 21:22

Посетете го градот Рим за 4 дена 



Палатино и Цезаровиот форум   

Веднаш до Колосеумот се наоѓаат Палатино и Цезаровиот Форум. Римскиот или Цезаровиот форум претставувал центар на јавниот живот во Рим, место за прославување на триумфите и за спроведување на изборите. Тука се оддржувале јавни говори, судења за криминал и гладијаторски борби. Денес е останат само мал дел од ѕидините на Форумот, како и ископините што сведочат за овој период од историјата на Рим.


Палатино се наоѓа на ридот Палатино, централниот од седумте ридови во Рим. Палатино се наоѓа на 40 метри над Римскиот форум, а од неговата друга страна се гледа кон Циркус Максимус. Според античката митологија, на овој рид се наоѓа пештерата Луперкал, во која биле најдени Ромул и Рем од страна на волчицата што ги чувала. Според легендата, децата ги нашол овчарот Фаустилус и ги одгледал со неговата жена Ака Ларентија. Кога пораснале, тие го преземале тронот од нивниот вујко и изградиле сосема нов град на брегот на реката Тибар, но потоа при една караница, Ромул го убил братот Рем, а градоти Рим по него го добил своето име. Искупувањата сведочат дека тука живееле луѓе уште од 1000 година пне. Денес ридот Палатино претставува музеј на отворено, со сета своја површина на која се наоѓаат неколку куќи во кои живееле познати Римјани, како и археолошкиот музеј на врвот од ридот.      Palatine Hill

Меркати ди Трајано

Продолжете понатаму по Виа деи Фори Империјали Улица на императорките форуми) и посетете го Меркати ди Трајано, кој претставува комплекс од ископини. Ова богатство од античката архитектура можете да го разгледате од мостот што се наоѓа веднаш над него и да си направите интересни фотографии со него и со Колосеумот во заднина. Се смета за еден од најстарите трговски центри во светот, а се верува дека тука биле сместени и административните канцеларии на императорот Трајан. Продавниците и апартманите биле изградени на повеќе нивоа, и сè уште постои можност да се посетат неколку од нив. Откриени се и мермерните подови и дел од старата библиотека. 


Олтарот на татковината – Виторио Емануеле II

Прошетката продолжете ја кон Олтарот на татковината (Altare della Patria), којсе наоѓа веднаш по овие споменици од античкото време, и гледа кон плоштадот Венеција. Овој огромен споменик се нарекува и Национален споменик на Виторио Емануеле II и е изграден во чест на Виторио Емануеле II, првиот крал на обединета Италија. Дизајниран е од Џузепе Сакони во 1885 година, отворен е во 1911 година и завршен е во 1925 година. Изграден е од бел мермер, со многу скали, столбови во коринтски стил и на средината се наоѓа скулптура од Виторио Емануеле II. На него има и панорамски лифт со кој можете да се качите на горната тераса и да уживате во прекрасниот поглед кон целиот град, а ова задволоство ќе ве чини 8 евра по лице. Влезот во музејот е бесплатен и во него можете да го посетите гробот на непознатиот војниик од Првата светска војна, како и да ги разгледате многубројните изложени предмети од двете светски војни, како што се разни пиштоли, униформи на италијанските војници, фотографии, ракописи, книги и моторни возила.   

Плоштад Венеција
Веднаш пред овој грандиозен споменик се наоѓа плоштадот Венеција со палатата Венеција, која порано била црква Свети Марко, а денес е национален музеј. Денешната прошетка можете да ја завршите на овој плоштад во некое е многубројните ресторанчиња и да ја вкусите италијанската храна, а потоа да се упатите кон Виа дел Корсо, која започува токму од овој плоштад.

Piazza Venezia

Совет плус: Низ целото централно подрачје на овој град можете да ги сретнете подвижните кантини, каде можете да купите разни сендвичи и пијалоци по поевтини цени, како и оние специјализирани за овошје и за овошни салати за да се освежите од долгото пешачење низ тесните и прометни улички на овој град.
Како турист најдобро е спомениците да ги посетувате пешки за целосно да го доживеете духот на овој вечен град. Но бидејќи тој се наоѓа на неколку рида, потребни ви се удобни обувки за да не се изморите многу брзо и за подобро да го разгледате градот. Внимавајте на сообраќајот, затоа што во Рим се вози многу брзо и се возат многу „веспи“, кои излетуваат од сите страни.  


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 20:02

АМСТЕРДАМ... УМЕТНИЧКАТА ПРЕСТОЛНИНА НА ЕВРОПА

653y563

Добредојдовте во градот карактеристичен по холандската архитектура, бродовите, мостовите, каналите…

Амстердам е музеј на отворено, ризница на знаменито историско наследство од 17 век, несекојдневни градежни остварувања, тесни фасади во разни бои, 1500 мостови, многубројни канали, чамци кои пловат непрестано…

Ова неверојатно уредено кралство, во кое веќе подолг период владеат жените, не е без причина збиралиште на туристи од целиот свет, емигранти од сите националности и бои, кои даваат посебен белег на земјата, чија поголема површина се наоѓа под нивото на морето. Амстердам е еден од ретките градови во Европа, во кој нема да се чувствувате како странец, бидејќи овде живеат повеќе од 180 националности. Во градот има повеќе од 50 музеи, а најпопуларни се „Стеделијк“, Музејот на современата уметност, „ Ван Гог“, Музејот на восочни фигури „Тисо“ и оригиналната пивара „Хајнекен“. Изборот е неверојатен, едноставно без разлика како ја доживувате уметноста, без сомневање ќе најдете музеј кој ќе го задоволи Вашиот вкус.

Ноќниот живот во Амстердам е вистински предизвик. Постојат повеќе од 50 кина, театри, во кои се играат и претстави на англиски јазик, а концертите на класична музика се изведуваат во преубавите, осветлени паркови.

Идеално место за шетање, е покрај реката Амстел. Во вечерните часови, забавувајте се во некој од локалите, во делот на градот наречен Јордан. Објекти кои ќе Ве воодушеват се и музејот Рајкс и стадионот на Ајакс.

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1-115.jpg" rel="nofollow">1 (1)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1-23.jpg" rel="nofollow">1 (2)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1-33.jpg" rel="nofollow">SANYO DIGITAL CAMERA

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1-43.jpg" rel="nofollow">1 (4)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1-53.jpg" rel="nofollow">Colourful Damrak

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1-73.jpg" rel="nofollow">1 (7)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1-83.jpg" rel="nofollow">1 (8)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1049.jpg" rel="nofollow">10

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/12100.jpg" rel="nofollow">12

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1334.jpg" rel="nofollow">13

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1722.jpg" rel="nofollow">17

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/1524.jpg" rel="nofollow">15



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Април.2014 во 19:17
Амстердамските канали
Амстердам не е само град за забава и уживање во психоделични супстанци. Со својот прекар „Венеција на Северот“, Амстердам ќе ви понуди прилично романтична атмосфера, во која ќе можете да уживате со вашиот животен сопатник. Уживајте во мирно пловење со чамец низ надалеку познатите амстердамски канали - еден уникатен начин за разгледување на градот. Пловидбата низ каналите станува уште повпечатлива и поромантична во вечерните часови, кога се осветлуваат мостовите и уличките покрај каналите. Тоа е едно искуство што не може да се спореди со ништо друго на светот...




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2016 во 09:06

http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam/" rel="nofollow -
    Ако сакате да ја пропатувате Европа за време на празниците, тогаш Амстердам треба да ви биде меѓу првите градови на листата. Иако некако потценет помеѓу великаните како Париз и Лондон, Амстердам сепак има што да понуди. Прекрасни канали, архитектура која го одзема здивот и неверојатна уметност се само дел од причините зошто треба да го посетите.

Само ако го посетите ќе сфатите дека тој не е воопшто како другите европски градови. Има повеќе велосипеди отколку луѓе, интересни кафулиња и уникатно место со тесни домови наредени во линија, но сепак клучот на шармот на Амстердам се состои во неговите корени од Златната ера на 17-тиот век и модерниот спој на културата и традицијата. Ако ве убедивме да заминете за Амстердам, еве што треба да посетите.

1.  http://www.amsterdam.info/shopping/flowermarket/" rel="nofollow - Цветниот пазар

1-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Познатиот цветен маркет се наоѓа помеѓу каналот Сингел и останатите внатрешни канали. Тој нуди огромен избор на најдобрите и најпознатите лалиња како и други цвеќиња кои ги има во Холандија. Цвеќињата се свежо набрани и тие им се достапни на посетителите кои сакаат да го помирисаат Амстердам.

2.  http://www.amsterdamcanalcruises.nl/index.html" rel="nofollow - Тура по каналите

2-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Амстердам е град кој е направен на мрежа од канали, па затоа не треба да пропуштите да го истражите. Турите започнуваат од различни познати туристички атракции како дистриктот Ред Лајт или спомен-куќата на Ана Франк. Во зависност од времето, може да изберете отворен брод или некоја полуксузна варијанта која служи вечера и пијалаци. Без разлика што ќе изберете, пејзажите на зајдисонце се нешто што не би сакале да го пропуштите.

3.  http://www.annefrank.org/" rel="nofollow - Куќата на Ана Франк

3-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Иако не е баш најинтересната активност што може да се прави во Амстердам, сепак милион луѓе се спремни да чекаат за да прошетаат низ празните соби кои порано биле дом на Ана Франк и нејзината фамилија, како и на црвениот дневник кој го криела од нацистите. Оваа прошетка ќе ви биде значајна затоа што ќе научите нешто повеќе за трагедијата на Втората светска војна и болното срцепарателно искуство на една млада дама со малку надеж дека вакво нешто никогаш нема да се повтори.

4.  http://www.inyourpocket.com/Amsterdam/Golden-Bend_93348v" rel="nofollow - Пределот на богатите луѓе

4-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Уште познат под името Златен предел, ова е најпрестижниот дел од Амстердам кој се наоѓа во близина на каналот Херенграхт. Додека голем дел од градот е познат по високите тесни домови, Златниот предел им дозволил на своите богати потстанари да изградат многу пошироки градби (а голем дел од нив имаат и градини во задниот дел). Ако сакате да го истражувате овој дел како локален жител, тогаш изнајмете велосипед и возете се по патеките наменети за велосипедисти.

5.  http://www.amsterdamforvisitors.com/reguliersgracht" rel="nofollow - Каналот на седумте мостови

5-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

На крајот од Златниот предел се наоѓа каналот Рeгулирсграхт кој е една од главните туристички атракции на градот. Посетете го на квечерина за да имате можност да видите како се вклучуваат сијалиците на сите 7 мостови. Потоа можете да вечерате во некое од кафулињата или рестораните во близина. Исто, ние ви го препорачуваме и Брун кафе – традиционален холандски паб во кој се судираат вкусот на Амстердам и холандската култура.

6.  http://www.museumvanloon.nl/" rel="nofollow - Музејот Ван Лун

6-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Иако многу помалку популарен отколку музејот Ријк и музејот Ван Гог, Ван Лун е неверојатно зачуван во куќата Гранд Канал. Сѐ уште во сопственост на фамилијата Ван Лун (кои повремено одржуваат забави во трпезаријата), секоја соба нуди уникатен увид во историјата и стилот на холандската аристократија.

7.  https://www.rijksmuseum.nl/en" rel="nofollow - Музејот Ријк

7-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Ова е најпознатиот национален музеј во Холандија кој е дом на дела од Рембрант, Вермер и Ван Гог. Барем неколку часа дозволете си да заскитате по ходниците и да ја воспримите холандската уметност. Не ја пропуштајте библиотеката лоцирана во внатрешноста на музејот – една од најголемите библиотеки на уметничката историја скриена во едно ќоше.

8.  http://www.amsterdam.info/parks/vondelpark/" rel="nofollow - Вонделпарк

8-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Холандскиот Централ Парк, Вонделпарк, се наоѓа јужно од музејот Ријк и центарот на градот. Подгответе пикник и најдете тивко место помеѓу скапите градини, вирчиња и лединки за да уживате во погледот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 08:30
Image result for photos of amsterdam city


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk