Испечати | Затвори го прозорот

Велигденски пости во православието

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21763
Датум на принтање: 04.Март.2024 во 05:11
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Велигденски пости во православието
Постирано од: ADVISOR
Наслов: Велигденски пости во православието
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 15:48
Сакам да постам 7 недели до Велигден , секој поп кажува различно што треба да се јаде . Дали некој знае конкретно , точно што треба, кога се јаде  риба или дали воошто се јаде масло  ?

Коментари:
Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 15:52
Истово ме интересира и мене.Од што се треба да се откажи човек?размислував да се обидам...

-------------
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 15:57
Inaku postite pocnuvaat utre 15 fevruari i traat do 4 April. Toa se 7 nedeli. Nekoi vikaat deka maslo voopsto ne se jade a nekoi deka se jade sabota i nedela posle 24 fevruari.Inaku ovaa pocetna nedela ne se jade voopsto maslo. Eden pop rece deka riba se jade za Blagoec i Cvetnici .Blagoec ovaa godina ide posle Veligden znaci samo Cvetnici . Dali e ova tocno i ispravno ne znam.

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 16:35
Povekje pati sme diskutirale na ovaa tema.

1. http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=6501&KW=Veligden - Postenje

2. http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13340&KW=Veligden - Veligden

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 16:47
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Povekje pati sme diskutirale na ovaa tema.

1. http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=6501&KW=Veligden - Postenje

2. http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13340&KW=Veligden - Veligden

Ovde nema ni eden post za temava .Kako se posti, a ne zosto ..

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 17:40
ADVISOR, според моето скромно познавање, доколку сакаш да се причестуваш, пости првата недела без масло, истотака, посетувај ја http://www.preminportal.com.mk/ - оваа страница, може да помогне.
Десно, под иконата на Пресвета Богородица, каде што пишува ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР, со започнување на постите, секој ден пишува што е дозволено, што не е, односно пишува дали е разрешено да се јаде масло тој ден, или вино малку или не е. Истотака можеш да им поставиш и прашање, ќе ти одговорат на истото.

Поздрав и со лесно нека ти бидат постите, за здравје и спасение!среќа

А бидејќи денес е и Прочка, би сакал да ве замолам сите за прошка!големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

П.С. Мислам дека добро те упатил свештеникот, за Цветници се јаде риба, тоа е точно.

П.П.С. Сандачето ти е полно, забриши малку.голема%20насмевка

-------------

Постирано од: Мики_Бор
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 21:00
http://www.mediafire.com/file/njumznkwy2d/Pravila%20vo%20Pravoslavnata%20crkva%20za%20postot.doc - http://www.mediafire.com/file/njumznkwy2d/Pravila vo Pravoslavnata crkva za postot.doc

-------------
Боже, смилувај се над мене - грешниот!

Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 21:17
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Сакам да постам 7 недели до Велигден , секој поп кажува различно што треба да се јаде . Дали некој знае конкретно , точно што треба, кога се јаде  риба или дали воошто се јаде масло  ?

Значи Великденските пости са едно од најважните работи во христиенската религија.Со овие пости самиот човек си чисти душата и понекаков начин си изкупува гревовите што ги е сторил пред Господ.
 
То прашаш што може да се јаде през овие 40 денови.Много лесено прашање на мене. Може да се јаде:плодове,зеленчуци и риба.Ништо повеќе.
 
Цигари,секс и алкохол исто тако не се дозволуваат.
 
А за пиење само обична вода .Од чешмата дома. 

-------------

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 22:25
емил, а дали е дозволено, за време на овие православни пости, да се пие вода од некоја фонтана во парк или исклучиво мора да се пие од чешмата дома? И дали е дозволено да се пие купечка (пр. Горска) вода, под услов да не е газирана?

Originally posted by Македон Македон напиша:

П.С. Мислам дека добро те упатил свештеникот, за Цветници се јаде риба, тоа е точно.

А дали за денот Цветници се дозволени сите видови риба? Дали е дозволена на пример мрсната Јагула или пак само нешто од типот на ослич?

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 22:28

Дозволено е.голема%20насмевкада 

А за сите видови риба ни су дозволени.Само такви су дозволени каде живат во реката.Пошто ни су дебели и мазни како океанските или јазовирските.

-------------

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 23:25
Originally posted by Македон Македон напиша:

ADVISOR, според моето скромно познавање, доколку сакаш да се причестуваш, пости првата недела без масло, истотака, посетувај ја http://www.preminportal.com.mk/ - оваа страница, може да помогне.
Десно, под иконата на Пресвета Богородица, каде што пишува ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР, со започнување на постите, секој ден пишува што е дозволено, што не е, односно пишува дали е разрешено да се јаде масло тој ден, или вино малку или не е. Истотака можеш да им поставиш и прашање, ќе ти одговорат на истото.

Поздрав и со лесно нека ти бидат постите, за здравје и спасение!среќа

А бидејќи денес е и Прочка, би сакал да ве замолам сите за прошка!големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

П.С. Мислам дека добро те упатил свештеникот, за Цветници се јаде риба, тоа е точно.

П.П.С. Сандачето ти е полно, забриши малку.голема%20насмевка

Fala Makedon големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање.

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 23:38
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

емил, а дали е дозволено, за време на овие православни пости, да се пие вода од некоја фонтана во парк или исклучиво мора да се пие од чешмата дома? И дали е дозволено да се пие купечка (пр. Горска) вода, под услов да не е газирана?

Dozvoleno e recna riba i toa od Emil e tocno i jas znam za toa . Za voda od doma ne mislam deka e taka среќа.

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 23:39
Originally posted by Мики_Бор Мики_Бор напиша:

http://www.mediafire.com/file/njumznkwy2d/Pravila%20vo%20Pravoslavnata%20crkva%20za%20postot.doc - http://www.mediafire.com/file/njumznkwy2d/Pravila vo Pravoslavnata crkva za postot.doc

prekrasen tekst  falaголемо%20гушкање

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 23:52
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - Светата Четириесетница е востановена во чест на страдањата и Воскреснувањето на Господ Исус Христос. По типикот на Православната црква се пости вака: За цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло, а во другите денови file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - ö file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - не. Риба се употребува само на Благовештение и Врбица (Цветни file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - ­ file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - ци). Ако Благовештение падне пред Цветници на денот пред Благовештение се разрешува масло и вино.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Cuser%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 00:07
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Dozvoleno e recna riba i toa od Emil e tocno i jas znam za toa . Za voda od doma ne mislam deka e taka среќа.

Ме интересира, од каде се дознава за овие работи? Мене еден поп ми има кажано дека смее секаква риба, а некои велат само речна риба смеело. Затоа, ме интересира, дали постои и ако постои, кој е тој краен авторитет што кажува што смее, а што не смее да се јаде за овој или оној пост?

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 00:32

Ne postoi nekoj kraen avtoritet tuku izvorno  tolkuvanje na postot. Sustinata e neobilno jadenje , molitva i skromna trpeza . Zatoa e toa za recna riba .
Inaku eve uste edna informacija za toa koga se jade so maslo .

 Масло се допушта во деновите кога ќе се падне голем празник, а тоа се: пронаѓањето на главата на св.Јован Крстител, св. 40 Севастијски маченици (младенци), собор на св.арх.Гаврил и св.мч. Агатангел Битолски. Заради утешение и поткрепа на оние кои присуствуваат на долготрајните и тешки богослуженија светите отци допуштаат да се јаде масло и на денот кога ќе се чита големиот канон на св. Андреј Критски и пред Акатисната сабота. Масло се допушта и на преполовение на постот и на велики Четврток заради Тајната вечера.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 00:41
Како тоа мислиш не постои краен авторитет, а сепак постојат толку неверојатно детални листи на јадења кои не смеат и јадења кои смеат да се јадат?
Ако не постои краен авторитет, тогаш следува дека постојат повеќе локални авторитети, како што вели онаа народната: „секој си е паша на својата нива“, или во случајов: Секој поп сам од себе си одредува што смее, а што не смеат неговите локални верници да јадат.

Какво е тоа изворно толкување на постот? Што се подразбира под „изворно толкување на постот“? Кој е изворот? Библијата ли?

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 00:48

Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Сакам да постам 7 недели до Велигден , секој поп кажува различно што треба да се јаде . Дали некој знае конкретно , точно што треба, кога се јаде  риба или дали воошто се јаде масло?

големо%20гушкање
Блазе си тебе ако си стигнал до таму што само одредени видови на храна тебе те спречуваат да бидеш совршен! Ако си стигнал само до храната, тоа значи дека си ги угасил сите твои страсти, дека не живееш развратно, дека не го арчиш своето време на се’ и сешто, дека си непрекинато во молитва, дека постојано ги помагаш сиромасите, дека се грижиш за сираците и вдовиците, дека ги помагаш старите и изнемоштени лица, дека ги издржуваш инвалидите, дека не уживаш претерано во гозби и пијанство, дека машката и женската облека ти е сто на сто неважна (битно е само да има само едно крпче да го покриеш телото за да го заштитиш од студ и од друго), дека никогаш со никого не се расправаш и со сите се имаш измирено и на сите им имаш простено, дека помагаш секому секогаш, дека телевизорот никогаш не ти е вклучен на сапуници и филмови во кои со страст се ужива во криминал, крвопролевање, блуд... дека не слушаш музика исполнета со секакви видови зло и со зли пораки, потоа значи дека се имаш потполно смирено и дека со ништо не си врзан за овој свет и дека живееш сто на сто Христијански, според мерилата на Светото Писмо и на отците на Христовата Православна Црква. Wow, блазе тебе и блазе мене кој те запознав! намигнување

Се разбира дека ова беше една мала шега... воопшто не ја проткајав со ни најмала доза на цинизам, само сакав да ти укажам дека има едно чудо други работи во кои треба сериозно да напредуваш, па потоа, како еден прилично поневажен дел од сето друго, да се занимаваш и со постот на храна и на пиење.

Воедно би сакал да ти укажам на други два битни детали:

Прво, постот му е предложен на човекот, и е воспоставен заради човекот и заради негово добро, а не е човекот заради постот. Постот не е заповед која значи дека ако ја прекршиш - засекогаш ќе гориш во пеколот. Тоа не е така!! Постот е помагател во некои случаи, но не е цел за себе, туку е СРЕДСТВО! Највисоката цел која Господ му ја постави на човекот е она Христовото: “Бидете свети (совршени) како што Е Свет (Совршен) Вашиот Отец Небесен“. Ако Е Тој бескрајно Совршен, тогаш факт е дека нашиот подвиг како Христијани почнува сега и “завршува“ во бескрајот на Вечноста.

Друго, има духовници кои ја надминуваат формата (таканаречениот типик) на постот која сите ја знаеме, па предлагаат нешто поинакво. Имало некој млад монах кој на својот старец во својата ревност му кажал: “оче, мене така ми замиле и го засакав гравот, а месото го замразев.“ А на ова старецот му одговорил: “добро, тогаш во твојот пост ти нема да јадеш грав, а ќе јадеш месо“. Сосема разбирливо, старецот ја напуштил формата, а му ја предложил суштината: За време на постот да не му угодуваш на телото!
 
За крај на коментаров, еден предлог: за време на овие Велигденски пости добро би било, доколку си во можност, да те надгледува квалитетен духовник, кој многу ќе ти помогне не само во твојот телесен пост (мислам на постот на храна и пијалок), туку и ќе ти помогне духовно да растеш и да се развиваш и да напредуваш во Христа!
 
На тебе е да избереш!

-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!

Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 01:12

Има Православни Христијани кои држат пост од полноќ до полноќ.
Има Православни Христијани кои држат пост од зајдисонце до зајдисонце (и ова се 24 часа, нели? )

или пак на некој друг начин...

Постот НЕ Е ЦЕЛ сама за себе, туку е СРЕДСТВО кое ме доближува до Господа. Телесниот пост, гледан сам за себе е рамен на диета. Важен е постот кој го пости мојата сокриена личност, мојот внатрешен човек.
 
Во постот се откажувам од моите задоволства кои ги предизвикува некој друг или нешто друго, освен Господ, за да би можел да бидам што поотворен личносно за Божјото Благодатно дејство, за да местата на моите задоволства ги исполни Господ и Неговата Преслатка Благодат. Значи, ако јас се воздржувам од јадење кое мене ме задоволува, тогаш се воздржувам од тоа јадење! Месо, сирење, млеко, јајца... тоа се во некоја општа смисла највкусните јадења. Затоа, во општ случај, за време на постот, тие се избегнуваат. Но, за секого од нас постот треба да го одреди Духовникот, кој ја познава и телесната состојба, но и потре*ите на мојот внатрешен човек. Нормално, кога еднаш дете ќе научи да оди, потоа не треба постојано да му се кажува како да го прави тоа, ниту пак би требало да прашува повеќе за нешто кое го знае и во кое созреал и во кое се усовршил... Мислам дека сум разбран...
 
Многу е важно постот да не се сведе на НЕЈАДЕЊЕ НИШТО! Тој екстрем може штетно да влијае на моето психосоматско здравје. Друго, Православните Духовници секогаш излегувале во пресрет на реалните услови во кои секое нивно Духовно Чедо живее. Така, не може да му се даде пост со наполно нејадење на физички работник, кој цело време крева товар или работи тешка физичка работа. Не може пост со наполно нејадење да му се даде на човек кој работи напорна интелектуална работа, на пример, студент особено во време на испити или вработен кој работејќи со интензивно напрегање на умот, понекогаш и прекувремено останува на своето биро со мноштвото книги и хартии пред себе, или со својот компјутер и програмите и web страните кои ги работи со (понекогаш и екстремни) рокови зашто му е така наложено од претпоставениот. Не може да минат во наполно нејадење луѓе, кои поради таквиот ангажман на работното место - често патуваат на подолги релации. Не може во наполно нејадење да помине постот на еден човек, болен од било каква болест. Не може во потполно нејадење да помине постот на стари лица и/или изнемоштени лица. Сите случаи на луѓе кои сакаат да постат, треба да бидат разгледани од страна на Духовникот и тој да го постави своето Духовно Чедо на пост соодветен на неговите можности и потре*и (се разбира доколку лицето не знае како да пости). Дури и да решиш да постиш, нека Духовникот одреди мерка и видови на јадења со кои во периодот на постот, ем ќе постиш (и телесно), ем квалитетно ќе го работиш она на кое Господ те поставил. Служевните Свештеници на Христовата Црква Православна, во овој поглед се многу блиски со луѓето и им излегуваат во пресрет, никако не оддалечувајќи ги, пред се’ од Господа, и не оддалечувајќи ги од суштинската страна на постот. Духовникот може и да го “ослободи“ ПОТПОЛНО Чедото од пост, без оглед дали е среда или петок, без оглед дали е некој од посните годишни периоди, без оглед каков пост и да следува.
 
Една од целите на постот е и да не му се угодува на телото.
Во време на пост: нема ниту секс, треба да се потрудат и да ги откажат цигарите (бидејќи пушењето е нарушување на една од задачите која ние дадена од Креативниот Творец: да внимаваме и на здравоста на телото), нема алкохол. Треба трезвен и зауздан ум и зауздано тело, со кои владее нашата волја и немускулесто срце, кое секој миг е се’ почисто и поздраво и поисполнето со љубов и милост.
 
Во Православието има и редовни (“обврзувачки“) пости и пост кој му треба на човек кога има потреба. Сето се анализира и одредува од Духовникот: и кој пост да го пости чедото и во колкава мера и на каков начин да пости или да не пости воопшто.
 
Но “обврзувачките“ пости се одлични и мора да се спроведуваат. Еве зошто: за да се научи Личноста на човекот на послушност. Да се научи да не си угодува себе, туку да биде послушник. Научувајќи се на послушност човекот се ослободува од егоизмот и во оваа смисла кај него се обновува онаа особина, која пред падот Адам и Ева ја злоупотре*ија и си направија лошо, а тоа е слободата на личноста на човекот: дали ќе ја стави на подлога: Му угодувам на Бога, или ќе ја стави на подлога: си угодувам себе (односно самиот себе сум си бог). Бидејќи се знае ТОЧНО кој пост кога почнува и ТОЧНО колку трае, секој кој сака да пости се готви ПРЕД постот (под надгледување на Духовникот), за да го дочека подготвен и да испости онака како што, барем за еден чекор ќе биде поблиску до Господа и поблиску до Личното Спасение, но и Спасението на сите со кои е макар малку во заедништво во текот на својот живот.
 
Во коментаров обрнав внимание само на телесниот дел од постот.
Постот со кој пости сокриениот човек се случува ПОСТОЈАНО и за време на “официјален“ пост и надвор од него. Во време на постот се ИНТЕНЗИВИРА Духовниот Живот и Духовниот Раст на Личноста и од пост на пост и од ден на ден (во и надвор од официјален пост) СЕ НАПРЕДУВА СЕ’ ПОВЕЌЕ кон Бога, кон Спасението, ... се напредува во секое Добро.
 
Постот на сокриениот човек во време на “официјален“ посен период треба да биде ПОТСЕТУВАЊЕ на оние нешта врзани за душата, срцето, умот, волјата, кои Лчноста на човекот треба да ги прави постојано, секој момент, цело време додека сме во ова тело и во овој Живот на Земјата.

-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 23:54
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Како тоа мислиш не постои краен авторитет, а сепак постојат толку неверојатно детални листи на јадења кои не смеат и јадења кои смеат да се јадат?
Ако не постои краен авторитет, тогаш следува дека постојат повеќе локални авторитети, како што вели онаа народната: „секој си е паша на својата нива“, или во случајов: Секој поп сам од себе си одредува што смее, а што не смеат неговите локални верници да јадат.

Какво е тоа изворно толкување на постот? Што се подразбира под „изворно толкување на постот“? Кој е изворот? Библијата ли?

Toa izvorno tolkuvanje mislam deka go dava crkvata i pravoslavnata vera. A da za sekoj pop razlicno tolkuvanje e tocno.
Ne smee da se dozvoluva da se pricestuvaat tie koi postat samo poslednata nedela pred Veligden.
Pravoslavie e vo pravo, duhoven i telesen post treba da bide soedinet. Iskreno nemam doverba vo nieden pop za da se konsltiram so nego i da mi pomaga vo ne-telesniot post .
Nema mesto vo crkvata kade ke mozes da se ispovedas ... toa navistina nedostiga.

Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 00:00
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Како тоа мислиш не постои краен авторитет, а сепак постојат толку неверојатно детални листи на јадења кои не смеат и јадења кои смеат да се јадат?Ако не постои краен авторитет, тогаш следува дека постојат повеќе локални авторитети, како што вели онаа народната: „секој си е паша на својата нива“, или во случајов: Секој поп сам од себе си одредува што смее, а што не смеат неговите локални верници да јадат.Какво е тоа изворно толкување на постот? Што се подразбира под „изворно толкување на постот“? Кој е изворот? Библијата ли?
Toa izvorno tolkuvanje mislam deka go dava crkvata i pravoslavnata vera. A da za sekoj pop razlicno tolkuvanje e tocno. Ne smee da se dozvoluva da se pricestuvaat tie koi postat samo poslednata nedela pred Veligden.Pravoslavie e vo pravo, duhoven i telesen post treba da bide soedinet. Iskreno nemam doverba vo nieden pop za da se konsltiram so nego i da mi pomaga vo ne-telesniot post .Nema mesto vo crkvata kade ke mozes da se ispovedas ... toa navistina nedostiga.

Ispovedaj mu se na BOG, Toj ke ti gi prosti grevovite i ke ti go pokaze patot . Pozdrav

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 00:03
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Ispovedaj mu se na BOG, Toj ke ti gi prosti grevovite i ke ti go pokaze patot . Pozdrav

Toa i go pravam големо%20гушкање

Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 00:12
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Ispovedaj mu se na BOG, Toj ke ti gi prosti grevovite i ke ti go pokaze patot . Pozdrav
Toa i go pravam големо%20гушкање

Mozebi e dobro da go prifatis sovetot na Pravoslavie sto ti go dade gore vo negoviot post. Ako imas zelba za BOG nauci prvo nesto za verata, ispovedi mu se na nasiot Nebesen Tatko, postenjeto ne e uslov za spasenie. Rasti vo verata, togas ne mora nikogo da prasuvas koga i kako se posti.

Gospod neka bide so tebe , AMIN! Pozdrav!

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 00:18

Sekoj pravoslaven hristijanin treba da gi odrzi golemite veligdenski posti barem ednas vo zivotot.
Iskreno ne cuvstvuvam deka mi nedostiga mrsnata i nezdrava hrana . Se cistam telesno i umstveno

Pozdrav , AMIN големо%20гушкање

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 02:30
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Toa izvorno tolkuvanje mislam deka go dava crkvata i pravoslavnata vera. A da za sekoj pop razlicno tolkuvanje e tocno.

Во право си, логично е извороното толкување за правосланвиот пост да поттекнува од православието. Впрочем од таму си го добил и името „православен пост“.
Сепак јас мислам дека далеку поважен е библискиот пост, онака како што постеле библиските личности (Христос, Давид, Естер итн.) Тие не постеле со селектирање на храна. Тие не постеле јадејќи посни погачи, посни салати, посни бомбици од јаболка,  посни вошни бомбици, посна шунка, полнети риби шаран или крап, посна салата со компири, посен ориз со печурки, посни обладни со ореви итн.
Доколку не си ја читал Библијата, тогаш можеби оваа изјава ќе ти изгледа револуционарна, но мое е да ти ја кажам: Христијанскиот (библискиот) пост не значи селектирање на храна т.е. јадење само на одредена ткн. „посна“ храна, туку значи нејадење т.е. гладување одреден период (макар биле тоа неколку часа).

Така на пример постел Исус Христос.

" И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне" (Евангелие по Матеј 4:2, Библијата)

Значи тука изричито е кажано дека Исус постел. А како постел т.е. дали постел со јадење на посни торти, посни погачи, посни колачи, посни салати итн. или пак постел со нејадење можеме да видиме од извештајот на евангелистот Лука за истиот настан...

"А во тие денови не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне. "
(Евангелие по Лука 4:2, Библијата)

Друг пример е и познатиот цар Давид, кој додека постел, исто така не јадел.

"А неговите дворјанци го прешаа: „Што правиш тоа? Додека детето беше живо, постеше и плачеше; а сега, кога детето е умрено, стануваш и јадеш!" (2 Самоилова 12:21, Библијата)

Исто така постела и познатата Естер заедно со нејзините пријалтелки...

"Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки"
(Естер 4:16, Библијата)

Оттука е јасно дека христијанскиот библиски пост не значи селектирање на храна, туку нејадење ништо додека се пости.

Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Ne smee da se dozvoluva da se pricestuvaat tie koi postat samo poslednata nedela pred Veligden.

Почитуван ADVISOR. Постот во христијанството никогаш не бил предуслов за причестување. Во Библијата никаде, ама баш никаде нема да најдеш заповед дека за да се причести човек мора да пости, ниту пак ќе најдеш забрана дека ако некој не постел, не смее да се причести. Свесен сум дека овој (според мене еретички) предуслов го поставува православието (и за тоа еден ден ќе одговара пред Небесниот Судија), но верувам ќе се сложиш со мене, зарем не е поважно што вели Господ по ова прашање?
А Господ никаде не кажал дека човек мора да пости пред да се причести.

Во Библијата е јасно запишано дека Исус и апостолите ЈАДЕЛЕ (значи не постеле) пред да се причестат.

додека јадеа, им рече: „Вистина ви велам, дека еден од вас ќе Ме предаде.” И многу се нажалија и почнаа да зборуваат, еден по друг: „Да не сум јас, Господи?” А Тој одговори: „Оној што ќе ја накваси - со Мене - раката во чинијата, тој ќе Ме предаде! И така, Човечкиот Син си оди како што е напишано за Него, но тешко му на оној човек, преку кого ќе биде предаден Човечкиот Син; добро би било за тој човек, ако не беше се родил!” А Јуда, кој Го предаде, во одговор рече: „Да не сум јас, Учителе?” Му кажа: „Ти рече!” А кога јадеа, Исус зеде леб, благослови, го раскрши и им го раздаде на учениците, и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.” Тогаш ја зеде чашата и заблагодари, им ја даде и рече: „Пијте сите од неа, зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите."
(Матеј 26:21-28, Библијата)

Факт е дека православната црква има заповедано еден куп правила и прописи околу постовите, па дури и рестрикции за верниците (забрана за причест) доколку некој не почитува некои од тие правила.  На таквите ќе им го упатам следниов поздрав од Христос:

"Исус пак им рече: „Горко ви вам - законици, зашто ги натоварувате луѓето со бремиња, што тешко се носат, а вие самите ни со еден прст не се допирате до бремињата."
(Исус Христос во евангелие по Лука 11:46, Библијата)

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 17:51

Оние  кои  поверувале  во Христа  започнале  да  постат  уште во времето на  апостолите. Првите  христијани  постеле строго, често  и  продолжително , за  да се  подготват  подобро за  богоугодни  подвизи . Во првите векови христијаните  постеле  не во определено  време, туку  кога  сакале и колку сакале.
Во четвртиот век наоѓаме  правила  и  одредби не  само  за  постоечки т е , Велигденскиот  и  Петровденскиот  пост, туку  и за  Божикниот и  Богородичниот  пост . Четирите поста биле  прилагодени  кон  четирите  годишни  времиња.
Суштината на  христијанскиот  пост  не е  умртвување  на телото , како што  погрешно  се  мисли, туку умртвување  на  гревот  во нас, зашто  гревот  предизвикува  пропаѓање  и  смрт. Закрепнувајќи  ја  волјата, постот му дава можност на  духот да владее  со  телото.
Кога  христијанинот  пости  треба  да  се  откаже  од  секакви  светски веселби и  задоволства, од  посетувањ е  на  места каде  што  е возможно  да  згреши  со  помисла , збор  или со  поглед. Воопшто , треба да  се стремиме, колку  е можно повеќе , поголем  дел од  мислите  да Му ги  посветиме на Бога  и  на тајната умносрдечна молитва .

Светата  Православна  Црква уште  од  апостолските времиња, по примерот  на  Господ  Исус Христос, го  востановила  постот , го  определила  времето  на постот  и  која  храна  да ја  јадат  христијаните  за време  на  постот .
Пред  се, Православната  Црква утврдила  и  пропишала за  време  на  постот да не се  јаде : месо, маст , сирење , масло , јајца , млеко, а  понекогаш  и  риба , според  важноста  на  постот .

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Февруари.2010 во 22:07
ADVISOR, зошто ме цитираш кога не коментираш на мојот коментар, туку ми лепиш копи-пејст пасуси од други веб страни?

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 00:06
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

ADVISOR, зошто ме цитираш кога не коментираш на мојот коментар, туку ми лепиш копи-пејст пасуси од други веб страни?

Samo dadov objasnuvanje za toa kako se izdefiniral segasniot post , mojot tekst bese nadopolnuvanje na tvojot.среќа

Ako se osvrnuvame samo na toa kako izgledal postot na Isus i apostolite i togasnite uslovi za zivot , togas ne bi smeele denes da koristime PC i internet.среќа

Vazna e sustinata na postot , no sepak se vazni izvesni normi kako toj treba da se ispolni.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 00:46
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Во првите векови христијаните  постеле  не во определено  време, туку  кога  сакале и колку сакале.
Во четвртиот век наоѓаме  правила  и  одредби не  само  за  постоечки т е , Велигденскиот  и  Петровденскиот  пост, туку  и за  Божикниот и  Богородичниот  пост .

Значи до 4от век христијаните се постеле не во определено време, туку кога сакале и колку сакале, а потоа во четвртиот век наоѓате правила и одредби за одредените постови.
Ме интересира каде тоа сте ги нашле тие правила и одредби?

Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Суштината на  христијанскиот  пост  не е  умртвување  на телото , како што  погрешно  се  мисли, туку умртвување  на  гревот  во нас,

Не ми е јасно, како тоа јадењето на крап, посна салата со компири, посен ориз со печурки, посни обладни со ореви итн, а нејадењето на сирење и јајца го умртвува гревот во нас? збунетост

Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

Светата  Православна  Црква уште  од  апостолските времиња, по примерот  на  Господ  Исус Христос, го  востановила  постот , го  определила  времето  на постот  и  која  храна  да ја  јадат  христијаните  за време  на  постот .

Па нели погоре велиш дека до 4ти век немало правила и одредби за постот и дека дури во 4ти век биле „најдени“? Од каде сега апостолски времиња? Апостолите живееле во 1ви век, а не во 4ти.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 00:51
Се извинувам - немам време да читам се... но едно сакам да кажам: ВО ПРАВОСЛАВИЕТО ПОСТОТ НИКОГАШ НЕ Е ПРЕДУСЛОВ ЗА ПРИЧЕСТ, БИДЕЈЌИ ХРИСТИЈАНИТЕ СЕ ПРИЧЕСТУВААТ СЕКОЈА НЕДЕЛА И КОГА НЕ СЕ ПОСТИ...
 
ДЕЛ ОД РУСКОТО БОГОСЛОВИЕ - ПОВЛИЈАЕНО ОД ЗАПАДНАТА СХОЛАСТИКА ЕДЕН ПЕРИОД ОД ИСТОРИЈАТА НА ЦРКВАТА (18, 19 -20 ВЕК) УЧИ ДЕКА ЧОВЕК ТРЕБА ДА СЕ ПРИЧЕСТУВА 4 ПАТИ ГОДИШНО....
 
ТОА Е ПОГРЕШНО И НЕ Е ПРАВОСЛАВНО УЧЕЊЕ!
 
СМИСЛАТА И ЦЕЛТА НА СЕКОЈА ОТСЛУЖЕНА ЛИТУРГИЈА Е ТОКМУ ПРИЧЕСТА!
 
-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 14:32
http://preminportal.com.mk/content/view/4713/110/ - http://preminportal.com.mk/content/view/4713/110/

  SVETA TAJNA  PRICEST

za makedonski subtitle kaj menu izberete Enable Subtitles.ru

среќа

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk