Стилот на облекување на нашите деца
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21437
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 23:16 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Стилот на облекување на нашите деца
Постирано од: mamamd
Наслов: Стилот на облекување на нашите деца
Датум на внесување: 10.Јануари.2010 во 08:41
Негде на некоја од темите дискутиравме за изреката ’’мали деца мали гајлиња, големи деца големи гајлиња’. Едно од гајлињата е и облекувањето на нашите деца. Како родители, загрижени сме за нивното здравје па инсистираме во зимо да се облечат потопло, да носат топли обувки. Арно ама нашите желби се наши, нивните се нивни и тука почнува ’судирот’. Како мајка на двајца синови секогаш сметав дека нема да имам проблеми барем околу облекувањето ама не било така. Од мали едниот син ке облече она што ке му спремам/испеглам и таа навика некако му остана, кажано нашки не е прибираџија. Помалиот секогаш, ама секогаш мора да промени односно задолжително ке облече нешто кое тој зацртал да го носи и тука секогаш избивал к*ршлус. Кога беше мал секое утро водевме војна бидејки тој ке с ефатеше за некоја маица, блуза, чорапи кои тој наумил да ги облече и точка, па касневме во градинка, школо, на работа. И сега на -10 знае да облече маица со кратки ракави или тенка кошула или некоја тенка јакна и така да излезе. Моето викање не дава резултат. Мајки со керки пак се жалат дека тие имаат поголеми проблеми бидејки женските деца се по проблематични. Какви се вашите искуства? Колку овој проблем ви го пореметува расположението? (убаво е и младите да си ги кажат своите аргументи контра нас- родителите)
|
Коментари:
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 10.Јануари.2010 во 13:10
НЕЕ! Се земам јас за пример: Никој не може да знае дали мене ми е ладно или не! Сепак свесна сум само јас колку и како треба да се облечам...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 10.Јануари.2010 во 13:28
дефиниција за џемпер: Џемпер е нешто што мораш да го слекуваш или облекуваш во завиосност од тоа дали и студи или и жежи на мајка ти
-------------
|
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 11.Јануари.2010 во 10:58
koga mi e ladno, se oblekuvam,... ich nemam maka dali kje bidam doterana ili ne koga nadvor e ladno.... ( doterana vo smisla na fustanchinja i suknjichinja ) a koga ima sneg si odam so edni chizmi sho se odvratni ama ako ne gi nosam tie pagjam
tuka bratuchetka mi na -20 se sheta na kratki rakavi i na helanki.... i vika deka ne i studi, i toa mi e malce somnitelno, bidejki, sigurno i studi... samo ne saka da priznae nema shansi da ne i pristuduva
-------------
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 11:51
zasega ushte go nemam toj problemshto ke gi oblecam toa i ke si nosatsrcinja na mama
------------- druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 12:48
Искрено, немам таков проблем.
Си местат од вечер што ќе облечат, и ако времето се менува, по моја сугестија се прават модификации (пример дали треба да се додаде нешто или да се одземе ако е потопло). Слушаат.
Исто е и за купување алишта, е сега машкото е такво да воопшто не го интересира што ќе облече и мрази да оди да пробува, па принудена сум да купувам “на бафтана“ и не еднаш сум се враќала да мењам број. Таков проблем имам со него.
Девојчето-како право девојче па уште и Вага-ужива да пробува алишта, ја оставам нормално сама да си одбере што сака, но таа секогаш сака да ме консултира, и значат моите сугестии (од типот “земи си дуксерче во друга боја, имаш полно розеви“)но никогаш не се наметнувам.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 16:50
Ееех...да имав таква мајка како ММ
Мојата пак, постојано пререкува... Колку ми збореше дома за тие фармерки, едни избледени, изгледаат како од втора светска војна....Ама јас си ги сакам После ми пререкува зошто не се облекувам како “право девојче„...Се мисли на суќничиња, розевки маичиња, сандали итн.
Абе кој може да и го најде крајот...
Еднаш сака розево, ако купам црно, другпат сака црно ако земам розево (што многу ретко се дешава)
И со неа за тоа углавном имам проблеми... а ДА, не и се свиѓат ни моите алки и ланчиња...Не изгледале „нежно и елегантно“
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 17:46
не се мешам во изборот на облека на ќерка ми и син ми. несекогаш сум задоволна од изборот на гардероба на ќерка ми ама нека си изгради свој стил детето,а како би го направила тоа ако јас цело време нешто мрчам кај нас задолжен за совети е тато-еј дете,да не заборави да облечеш сукња...што си наредила толку ланци..абе шо не си облечеш фармерки и чизмиња со крзно а јас само му давам ишарети да не се меша. претпоставувам дека некогаш и е ладно ама и мене ми студело на нејзини години...надвор крв студено а јас бркам мода син ми е по практичен,битно да му е комотно ...а студено не му е никогаш
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: na oko
Датум на внесување: 13.Јануари.2010 во 01:03
dodeka bea pomali decata nemav nekoj problem so oblekata bidejki se gledashe da bide zdrava cista i udobna,no kako rastea decata taka i nivnite baranja vo smisol da bilo marka i sl.I toa ne e problem,problem e toa shto se gubi udobnosta.
------------- na kamen shto se trkala mov ne se nafaka
|
|