Итно се потребни донации за Емил Новески
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20847
Датум на принтање: 08.Јануари.2025 во 07:59 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Итно се потребни донации за Емил Новески
Постирано од: Dogi
Наслов: Итно се потребни донации за Емил Новески
Датум на внесување: 20.Ноември.2009 во 18:37
- Dragi
prijateli, imam potreba od vasha pomosh. Neocekuvano se javi recidiv na
bolesta Akutna Mieloicna Leukemija. Potrebna e itna transplantacija za
koja trebaat golemi sredstva.
Od se Srci Vi Blagodaram.
Emil Noveski Denarska t-ska: 200 002 018 470 082 Stopanska Banka Kavadarci
Devizna Emil Noveski SWIFT: SOB MK 2X IBAN: MK 072 000 020 184 742 53
ова го копирав од facebook страната за Емил Новески. http://www.facebook.com/group.php?gid=178294627799 - http://www.facebook.com/group.php?gid=178294627799
во тек е постапка за отварање на телефони за донации. истите ќе бидат дополнително додадени во темава.
------------- Јас сум мајстор!
http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
|
Коментари:
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 01:56
Носете го Емил на Манастирот Острог во Црна Гора (тоа е на патот од Подгорица накај Никшиќ)
Господ да му подари Спасение и здравје! Амин!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 02:52
Pravoslavie напиша:
Носете го Емил на Манастирот Острог во Црна Гора (тоа е на патот од Подгорица накај Никшиќ) |
И таму ли пресадуваат коскена срж?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 04:30
EvAngelos напиша:
Pravoslavie напиша:
Носете го Емил на Манастирот Острог во Црна Гора (тоа е на патот од Подгорица накај Никшиќ) |
И таму ли пресадуваат коскена срж?
|
Не, туку таму Го замолуваат Се’Добриот Господ да им ги исцели болестите и Тој излегува во пресрет секому според потребата за Спасение на душите. Слава на Бога!
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 12:18
Gi molime site humani luge da pomognat. Pomoshta e Besceneta samo ako e dobiena navreme. A vremeto e kratko...
vreme za molitvi imame na pretek...Vremeto za lekuvanje istekuva... Sekoj denar e dobredojden... Bidete humani i pomognete
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 17:02
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 19:14
Prashanje do Dogi.....do kade e postapkata so otvaranje na telefonski broevi za donacija? Ovde se navedeni samo ziro smetkite ,smetam deka so voveduvanje na telefonski broevi od trite operatori ,polesno bi se sobrale odredeni sredtstva koi bi mu pomognale na Emil.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 20:11
od stranata na Emil na fejsbuk procitav deka broevite kje startuvaat od utre...dosega imalo nekoi precki od telekom,najverojatno pak od onie pusti birokratski administratorski proceduri...Najiskreno se nadevam deka od utre navistina kje zapocnat da funkcioniraat...Kje bidat objaveni i tuka...
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 20:18
Blagodaram Biba,brza i ekspeditivna kako i sekogash. Jas iskreno se nadevam deka seushte ima lugje koi kje dadat svoj doprinos.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 23.Ноември.2009 во 01:00
Иако разговоров со EvAngelos не е баш директно врзан за конкретнава донаторска акција, сепак сметам и дека не е погрешно што ќе бидеме до некаде off-topic, зашто и на ваков начин ќе ја актуелизираме темава повеќе да биде забележувана.
Јас никаде не кажав дека Бог живее во ракотворни Храмови. Ниту кажав, ниту помислив, ни од блиску подразбрав, ни од далеку подразбрав. Не знам зошто го споменуваш ова.
Тој Е секаде присутен, и се’ гледа, и се’ слуша, и се’ знае, и се’ може и за се’ се грижи. Сепак да ги ставиме на кантар Библиските факти, па да направиме една пресметка.
Во сите овие случаи луѓево знаеле од каде излегува исцелителна сила, и оделе таму. Си знаеле дека: “Нема потреба да седам дома и да се молам, одам кај Тој за Кого сите зборуваат дека помага секому, па и јас се надевам дека ќе добијам излекување за мене.“ И не се излажале!
Уште повеќе што дел од наведениве или сите наведени, де-факто немале вера во Него како Единороден Син Божји и како Спасител на Светот и без ВИСТИНСКИ да Го ПОЗНАВААТ Кој Е! Само ги прашувал некои од нив “Дали веруваш дека можам тоа да го сторам?“
Зошто тогаш ти EvAngelos си го затворил срцето и се противиш што го посочив Манастирот Острог, кој е познат НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ? Со моиве очи сум видел и странски регистрации на автомобили од секаде! Чуле и дошле, зашто знаат дека таму има она што им треба. Затоа јас и им го посочувам овој Манастир, бидејки ЗНАМ што има таму!
Уште повеќе, се работи за огромни суми на пари кои треба да се соберат за случајов. Дали СИГУРНО ќе се соберат? Дали НЕМА да се соберат? Што ако лицето кое ги чека овие НАВИСТИНА ГОЛЕМИ парични суми, почине додека ја чека милоста или немилоста на донаторите? Колкумина ќе можат да разберат што се случува? Колкумина можат да разберат што е тоа Божја Промисла? И конечно, што ако Бог, наместо преку донирање пари, промислил на конкретнава личност да и’ биде помогнато на начинот кој го предлагам за да и таа личност, а и оние кои и’ се блиски - бидат приведени кон Христа?
И дај те молам, омекни го тоа срце... Православие и Евангелос знам дека секој од вас сака да помогне на свој начин, но ве молам во вашите коментари воздржите од сарказам, докажување и полемизирање. Ве молам отворете тема во Вероисповед околу вербата/невербата па верувам ке се вклучат и други дискутанти.
------------- Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 23.Ноември.2009 во 11:43
mamamd, се извинувам за оф-топикот, но кога ќе размислам тоа и не е баш оф-топик од следниве причини:
Семејство Новески, јас сум ваш пријател - сострадалник. Има една поговорка која вели: „Не слушај гаталец, туку паталец“. Јас, со помош на Бог, две години водев битка со една опака болест слична на оваа на Емил. Јас имав 2 операции и примив 8 хемотерапии. Во тоа мое две годишно искуство се изнаслушав еден куп „алтернативни методи“ за лекување на овие болести. Едни ми велеа да идам кај „исцелителот“ Иван од Куманово, други ми велеа да идам кај тој и тој „биоенергетичар“, трети да идам во тој и тој манастир, четврти да пијам од таа и таа вода, петти дури ми велеа, верувале или не, да сум ги гушкал дрвата (и на тој начин да сум бил во хармонија со природата).
Но јас, наместо да ги слушам овие „алтернативни“ shortcut решенија, решив да се потпрам на верата во Бог, на молитвата и на ПРОВЕРЕНАТА медицина. Фала Му на Бог, еве, до ден денес стојам жив и здрав на нозе под закрилата на Неговата милост и неизмерна љубов.
На клиниката за Радиологија и Онкологија (таму каде што вообичаено се примаат хемотерапии за возрасни) запознав еден куп пријатели - сострадалници. До ден денес со некои од нив комуницирам. За жал со некои од нив не можам да комуницирам. Меѓу нив најчесто беа оние кои ги послушаа горните „советници“ и посегнаа по „алтернативните решенија“ и кога видоа дека нема фајде од нив, повторно се вратија на проверената медицина, но за жал во краен стадиум од нивната болест. Тогаш нивното оздравување беше надвор од дометот на проверената медицина. И така тие си заминаа од овој свет.
Во овие болести, кога животот ни е во опасност, за човекот, кој бара надеж во се и сешто и едноставно не може да седи со скрстени раце, големо искушение е да посегне по разноразни бајачки, гатачки, надрилекари, манастири, свети води, оџи, самопрогласени исцелители и сл. Не сакам тоа да им се случи и на Емил и неговото семејство. Доколку „таму некаде“ постоеше лекот за овие болести, тоа ќе го знаеа сите, тоа ќе го знаеа и болниците, и самите доктори ќе ги упатуваа болните таму на „инстант оздравување“. Но за жал тоа не е така.
Доколку има некој верник во семејството Ноевски би му препорачал на тој/таа редовно да се моли за Емил. Ние во нашата црква веќе започнавме да се молиме за Емил и да собираме и да апелираме за собирање на донации за неговата неопходна хируршка интервенција. Пресадувањето на коскена срцевина се покажала како веродостојно решение за болеста на Емил и јас би настојувал тој да ја направи таа операција што е можно побрзо без да посегнува по настрани решенија. Молитвата и Медицината е лекот. А молитвата Бог ја слуша од секаде, па и од болниците.
Дознав дека Емил е во Државната болница во Скопје (90% тој е на клиниката на Хематологија). Доколку некој е благословен од Бог финансиски, може да оди и лично да му даде донација на Емил Новески. Таму редовно има некој од членовите на неговото семејство, но дури ако нема, докторите можат да ја достават донацијата до семејството.
Не би должел повеќе. Се извинувам ако бев оф-топик. И јас ги чекам броевите за донации за да покренеме масовна процедура за донирање. Жиросметките, според мене, не се покажале како добро средство за тоа. Се молиме за тебе Емил. Поздрав!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 23.Ноември.2009 во 13:43
Неодамна мој другар имаше ненадејни здравствени проблеми и мораше итно да направи операција на главата во Словенија, а за тоа му беа потребни 25 000 евра.
На моја голема радост, а верувам и на сеопшта, парите беа собрани САМО за 4 дена.
Тука морам да спомнам дека токму манастир му помогна, т.е. Бигорски манастир и игуменот отец Партениј, и по молитвите на св. Јован Крстител, како и со финансиска помош од братството, се разбира, колку што беа во можност (бидејќи општо познато е дека тој манастир функционира и како „духовно рехабилитационен“ центар за зависници од опојни средства) и финансиска помош од православните верници ширум Македонија, мојот другар денеска, слава Му на Бога, е жив и здрав и Му благодари на Господа за милоста и добрината која му ја укажа.
Такви акции за собирање средства за семејства кои имаат потреба организираше и сеуште организира http://www.facebook.com/group.php?gid=139809290071 - ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ кое работи со благослов на архиепископот Стефан и игуменот на Бигорската обител - отец Партениј. Може да ги исконтактирате преку ликнов кој го доставив, и верувам дека на некој начин ќе можат да ви помогнат. Сепак, ова здружение има поддршка и од православните верници од дијаспората, а што е најважно, со благослов се’ се успева. Можеби нема да се во можност целосно да ги покријат трошоците, но верувам дека ќе се потрудат да направат се’ што е во нивните можности, затоа што и оние кои се членови на здружението, оваа работа ја работаат доброволно, на волонтерска основа, без притоа да земаат никаков хонорар (што е за вистинска пофалба).
Инаку, Бигорски манастир е познат по чудотворната икона на св. Јован Крстител, која има направено многу чуда. Сите оние брачни парови кои не можат да имаат чеда, можат да се обратат во манастирот да им се прочита молитва за св. Јован молитвено да им помогне пред Бога. Пред неколку години слушнав за случај на една жена која била во последен стадиум на рак (не знам рак на што) и после молитвата во манастирската црква, кај иконата, докторите се чуделе на новите резултатите - никаква болест.
Верувајте дека навистина чуда прави. Тоа е стотици пати до сега докажано, а за тоа сведочат и многубројните златни и сребрени дарови (прстени, ланчиња, алки, привезоци...) кои стојат на иконата како спомен и благодарност од сите оние кои добиле исцеление.
Верувам дека Емил и неговите родители имаат молитвена поддршка од братството, како и од нас, верниците кои го сакаме тој манстир и возљубениот ни отец наш Партениј со неговото свето братство и сестринство, кој постојано ни напоменува дека: „Нашиот брат е нашиот живот“.
Христос нека е секогаш посреди нас!
п.с. Мислам дека и на Православние му се познати овие информации, па тој можеби ќе може и подобро да ве упати во некои новости во врска со http://www.facebook.com/group.php?gid=139809290071 - ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ и нивната официјална веб страна
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 23.Ноември.2009 во 20:38
EvAngelos напиша:
Има една поговорка која вели: „Не слушај гаталец, туку паталец“. |
Golema mudrost ima vo taa pogovorka. Ja nekolku pati sum se izgorel vo zivotot slushajki gatalci so polni usti, a prazni race.
Emilco dusho napatena, batali ti ova sto ti zborat ovde manastiri ikoni i drugi takvi babini prikaski. Da bese nesto od toa vistina site ke znaevme i nikoj nemase da veli "taaaaamu nekade se desilo cudo". Zaednickoto kaj site vakvi cuda e toa sto site tie se desavaat taaaamu nekade daleku od nas i se se toa nekoi anonimci koi sto se izlecile, a vo bolnicite doktorite prv pat slusaat za ovie anonimni pacienti.
Zatoa batali ti tie raboti i glej si zdravjeto, a po manastiri ke shetas zdravje Boze koa ke ozdravis. Ne ti begaat tie.
So tebe sme brate da znaes ne si sam. I najvazno da znaes deka Bog e sega najblisku do tebe. Nadevaj se na nego, bidi silen i ke ja pobedis bolesta. Bog go ima celoto bogatstvo na ovoj svet. Sto se za nego 100.000 evra. Bog ke ti gi obezbedi za cas, samo veruvaj!
Pozdrav!!!
Pozdrav i do tebe brate EvAngelos
------------- Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 24.Ноември.2009 во 04:27
http://www.saint-nectarios-of-aegina.org/Miracles.html -
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 10:49
“Имам“ еден дежурен просјак кој секогаш знае дека кај мене ќе добие кеса со леб, овошје, конзерва риба...ако имам да поделам.
Еден ден решив да му дадам алишта. Грижливо испрани и испеглани кошули и блузи од маж ми (очувани, башка не-демодирани, а издвоени за в црква). Ги прими кошулите и замина.
Малку подоцна излегов од дома и на мое запрепастување ги најдов кошулите расфрлани пред соседната града. Искрено, бев малку навредена, па и се разгневив. Кога се смирив заклучив дека немам право да му се лутам на просјакот.
Тој доаѓа кај мене по храна и некој динар, а не по гардероба.
Наравоучение: давајте им го на луѓето она што им е најпотребно ако веќе сакате да бидете хумани.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: donacii
Датум на внесување: 25.Ноември.2009 во 18:41
УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ СО ЛЕУКЕМИЈА БАРА ПОМОШ ЗА ДА ОСТАНЕ ЖИВО Сакам пак да играм фудбал Само
неколку часа пред на единаесетгодишниот Емил Новески од Кавадарци да му
се влоши состојбата и пред да биде приклучен на апарат за дишење, тој и
неговите родители побараа преку "Вест" да ги замолат сите добри луѓе да
му помогнат на ова момче да преживее.
- Јас сум силен и ќе ја победам болеста - ни рече во телефонскиот разговор малиот Емил.
Потресната
приказна на единаесетгодишното момче започнала во мај оваа година, кога
поради висока температура било испратено на клиника, каде што се
открило дека боледува од леукемија. Веста за болеста родителите ја
примиле во шок, но по четирите макотрпни хемотерапии во октомври
лекарите ги израдувале дека болеста целосно се повлекла. Радоста кратко
траела. На редовната контрола во средината на ноември, со ужас било
констатирано дека леукемијата повторно се вратила, и тоа во многу
посилна форма. Сега единствена опција за спас на животот на Емил е
трансплантацијата на коскена срцевина во најбрз можен рок на некоја од
клиниките во Европа. Првичната сума за лекување би изнесувала над
100.000 евра, родителите се во паника.
- Мајка ми не престанува
да плаче - ни кажа Емил во телефонскиот разговор - вознемирена е затоа
што немаме доволно пари за моето лекување. Добрите луѓе многу и
помогнаа на малата Мартина Димитрова којашто исто така е болна од
леукемија и заедно со мене лежи во болницата во Скопје, па се понадевав
дека ќе има луѓе кои ќе сакаат и мене да ме спасат. Знам дека од оваа
болест се умира, затоа помогнете ми да живеам, вечно ќе сум благодарен
- беа потресните зборови што малиот Емил нe замоли да ги пренесеме. Тој
уште вели дека многу сака да се врати во училиштето и пак да игра
фудбал со другарчињата, но и да им се врати на неговите братчиња
близначиња кои нетрпеливо го чекаат дома.
Откако
детето е приклучено на апарати, неговата мајка Јованка Новеска повеќе
не беше во состојба да разговара и само ни кажа дека сега животот на
Емил е во рацете на Бог и милоста на хуманите луѓе.
Сите оние кои што сакаат да му помогнат на Емил можат да донираат парични средства на жиро сметката на Стопанска Банка 200-002-018-470-082, за Емил Новески. ---------- Извор: http://www.vest.com.mk/?ItemID=118313AA209B0B4CBF6272AC1C12BFF3 - Вест
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Ноември.2009 во 11:55
Еве ја веб страната на http://www.pravoslavnivrednosti.org.mk/ - ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ .
Поздрав и секое добро
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 27.Ноември.2009 во 01:55
donacii напиша:
УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ СО ЛЕУКЕМИЈА БАРА ПОМОШ ЗА ДА ОСТАНЕ ЖИВО |
Не е тоа уште едно дете, туку тоа е истото дете (Емил Новески) за кое што зборуваме на оваа тема. Поздрав!
п.с. Случајно да не знаете што стана со броевите за донации?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 27.Ноември.2009 во 21:30
броеви за донација 070 143 115 и 077 143 500, помагајте!штотуку
ги дознав броевите. ќе слушнете љубезен глас кој ќе ви заблагодари за
донацијата, потоа ќе добиете порака дека сте донирале 100 денари за
Емил и на крај, Емил ќе ви биде доживотно благодарен, што ќе може да
добие шанса да ужива во животот!
------------- Јас сум мајстор!
http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 27.Ноември.2009 во 21:43
Се надевам ќе се соберат парите
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 28.Ноември.2009 во 15:51
Konechno stignaa broevite za donacija ,se nadevam ovoj nachin kje bide poefikasen od onoj so ziro smetkite.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 16:28
Доколку користите facebook, запишете ја оваа порака на вашиот статус:
*** Ве молам итно донирајте за операцијата на 11 годишниот Емил Новески
(леукемија) на броевите 070 143 115 и 077 143 500 (едно вртење 100ден).
Копирајте ја оваа порака на вашиот статус и истата, со Божја помош, ќе се мултиплицира! ***
Копирајте ја целата порака меѓу ѕвездичките! Позздрав!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 03:06
Во понеделник, на 14 Декември, со почеток од 20:00 часот, во спортската
сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одржи хуманитарен концерт за помош на
Емил Новески.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: super babicka
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 05:09
Da se zdruzime i pomogneme na maliot Emil so po nekolku vrtenja na human. broevi za nas e taka reci nisto no za maliot i negovoto semejstvo e dobredojdeno .Gospod da mu pomogne .Bravo za negovite sogragjani!
|
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 01:53
GOLEM HUMANITAREN KONCERT ZA POMOS NA EMIL NOVESKI
Дата:понеделник, 14 декември 2009 Време:20:00 - 23:00 Локација:KAVADARCI, sportska sala JASMIN
Опис
DA MU DADEME SANSA NA EMIL POVTORNO DA ZAIGRA FUDBAL.
Pomognete i vie so vaseto prisustvo da se spasi eden nevin detski zivot.
http://www.facebook.com/home.php?#/event.php?eid=214897878627&ref=ts - Повеќе за ова има на facebook
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 10.Декември.2009 во 23:17
Покрај финансиските проблеми се појави уште еден...На Емил итно му е потребна крв од крвната група 0+. Не секој сега може да помогне, а оние кои можат, голема благодарност доколку се јават на детската клиника и даруваат дел од течноста која живот значи.
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 12.Декември.2009 во 18:59
broj za donaci: T-MOBIL 070 143-115, VIP 077 143-500, ONE 075 143-350. edno vrtenje kosta 100den, zavas e mnogu malku a za EMIL toa mnogu znace vi blagodarime.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 09:58
Biba,imash li informacii dali se ozbezbedi krv za Emil,iskreno se nadevam deka barem ovoj problem e nadminat,a za donaciite ne se somnevam deka sekoj koj ima blagorodno srce nema da go chinii nishto barem so 100 den da dade svoj doprinos,sitna suma za golema dusha.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 10:14
Видите jас сум група 0+.Да ви прашам кога треба да доjдам во МКД и да дарим крв за детето.Ако веке ни е касно.
-------------
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 10:42
Emil,me odushevi tvojot gest,se nadevam kje te iskontaktira nekoj poupaten vo ovoj sluchaj .Mozam samo da kazam ...SEKOJA CHEST ZA TEBE!!!
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 10:45
Ако може да му се помогне на детето зошто да не?
-------------
|
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 11:44
емил напиша:
Видите jас сум група 0+.Да ви прашам кога треба да доjдам во МКД и да дарим крв за детето.Ако веке ни е касно. |
Благослов дарувам!
Ти предлагам да следиш што се зборува на: овој линк на http://www.facebook.com/tos.php?api_key=bc8b9c96de1290ebca802f760b4253cf&next=default.aspx%3Fnext%3Dhttp%253a%252f%252fapps.facebook.com%252fceedbabb%252f11%252fdefault.aspx%253fu%253d1029578418%2526sqid%253d12456761%2526su%253d1726678771%2526ref%253dmf&v=1.0&canvas#/group.php?gid=178294627799 - фејсбук групата за помош на Емил Новески и на овој линк на http://www.facebook.com/tos.php?api_key=bc8b9c96de1290ebca802f760b4253cf&next=default.aspx%3Fnext%3Dhttp%253a%252f%252fapps.facebook.com%252fceedbabb%252f11%252fdefault.aspx%253fu%253d1029578418%2526sqid%253d12456761%2526su%253d1726678771%2526ref%253dmf&v=1.0&canvas#/profile.php?v=wall&ref=mf&id=100000333463450 - профилот на фејсбук на Јованка Новевска . Евентуално, можеш да го контактираш форумџијата http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=58&FID=100 - Dogi и да го прашаш.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 11:47
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 11:49
емил напиша:
Видите jас сум група 0+.Да ви прашам кога треба да доjдам во МКД и да дарим крв за детето.Ако веке ни е касно. |
Ова што следи е од синоќа,
правам copy+pase од facebook:
--------------------
Прашање: како да донираат крв за Емил луѓе од други градови? Крвта најверојатно треба да стигне во Скопје...
http://www.facebook.com/profile.php?id=100000333463450 - Jovanka Novevska одговара:
moze od kade i da bilo, vo koi i da e grad, samo treba da se prate od vasata bolnica,do nasata vo Skopje,so belezenie deka e za EMIL NOVESKI vo detskata klinika na ONKOLOGIJA.
-----------------------
превземено од http://www.facebook.com/profile.php?v=wall&ref=mf&id=100000333463450 - овде , каде што можеш да добиеш и повеќе информации и да прочиташ повеќе.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 12:01
Утре ке одам и ке дадам крв за детето.Само сакам да питам една ли е во СК детската клиника на онкологиja?
-------------
|
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 12:13
емил напиша:
Утре ке одам и ке дадам крв за детето.Само сакам да питам една ли е во СК детската клиника на онкологиja? | мислам дека http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=16800&FID=100 - Biba_G може да ти одговори. ПРати и’ приватна порака...
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 13:56
емил напиша:
Утре ке одам и ке дадам крв за детето.Само сакам да питам една ли е во СК детската клиника на онкологиja? |
Edna i edinstvena e detska klinika so onkoloshki oddel,Emil ushte ednash sekoja chest.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 14:24
Sakam da go pitam Dogi dAli mozem da dadam krv tuka vo Sofija ,ama mu e poln boksot!!!!
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 14:25
renatax напиша:
емил напиша:
Утре ке одам и ке дадам крв за детето.Само сакам да питам една ли е во СК детската клиника на онкологиja? |
Edna i edinstvena e detska klinika so onkoloshki oddel,Emil ushte ednash sekoja chest.
|
Utre sabajle ke odam i ke napravim ovo dobro delo.Dano se opravi deteto.
-------------
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 06.Јануари.2010 во 09:35
На единаесетгодишниот Емил Новески од Кавадарци, кој боледува од леукемија, итно треба да му се изврши трансплантација на коскената срцевина во специјализирана клиника во Франкфурт, Германија. Малиот Емил мора да замине за Франкфурт најдоцна за две недели, а за почеток на неговото лекување недостигаат уште 25 илјади евра. Жиро-сметките на кои може да се донираат пари за спас на животот на ова момче од Кавадарци се: денарска - 200 002 018 470 082 Стопанска банка и девизна - за Емил Новески, СЊИФТ: СТОБ МК 2Џ ИБАН: МК 072 000 020 184 742 53 По 100 денари може да се донираат и со едно вртење на телефонските броеви на Т-Мобиле 070 143-115, ВИП 077 143-500 и на ОНЕ 075 143-350.
Ова е само дел од статијата што излезе во вчерашниот број на дневниот весник Вест. НЕДОСТАСУВААТ УШТЕ 25 ИЛЈАДИ ЕВРА за почетокот на лекувањето,а времето истекува... Ве молам, бидете луѓе и кога ќе праќате пораки за честитање на празнициве сетете се на Емил и свртете барем еднаш на броевите за донации . Емил е борец, заслужува да му помогнеме во борбата .
Поздрав до сите Вас и нека ви се среќни и бериќетни празниците
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Јануари.2010 во 10:39
Biba_G напиша:
На единаесетгодишниот Емил Новески од Кавадарци, кој боледува од леукемија, итно треба да му се изврши трансплантација на коскената срцевина во специјализирана клиника во Франкфурт, Германија. Малиот Емил мора да замине за Франкфурт најдоцна за две недели, а за почеток на неговото лекување недостигаат уште 25 илјади евра. Жиро-сметките на кои може да се донираат пари за спас на животот на ова момче од Кавадарци се: денарска - 200 002 018 470 082 Стопанска банка и девизна - за Емил Новески, СЊИФТ: СТОБ МК 2Џ ИБАН: МК 072 000 020 184 742 53 По 100 денари може да се донираат и со едно вртење на телефонските броеви на Т-Мобиле 070 143-115, ВИП 077 143-500 и на ОНЕ 075 143-350.
Ова е само дел од статијата што излезе во вчерашниот број на дневниот весник Вест. НЕДОСТАСУВААТ УШТЕ 25 ИЛЈАДИ ЕВРА за почетокот на лекувањето,а времето истекува... Ве молам, бидете луѓе и кога ќе праќате пораки за честитање на празнициве сетете се на Емил и свртете барем еднаш на броевите за донации . Емил е борец, заслужува да му помогнеме во борбата .
Поздрав до сите Вас и нека ви се среќни и бериќетни празниците |
Zarem tolku nema vo Makedonija nekoj koj moze da gi plati tie pari za da se pocne so tretmanot, da ne se ceka Na momenti se prasuvam zosto Fondot voopsto postoi koga ne moze da uskokni tokmu vo vakvi situacii. Narodot pomaga kolku moze, redno e onie koi za toa postojat da se vklucat.
-------------
|
|