Испечати | Затвори го прозорот

Денот на дрвото

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Екологија
Опис на форумот: За спас на планетата Земја
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20575
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 02:42
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Денот на дрвото
Постирано од: mamamd
Наслов: Денот на дрвото
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 18:05
 Со верба или недоверба една убава акција полека станува традиција. Почна со мотото ДЕНОТ НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
На 12 март 2008 година се насадија два милиона садници  за  2-та милиони жители на  Македонија . Некој се исушија ама некои се фатија.
 И така се заредија акциите се менуваше терминот, во интерес на подобар успех на акцијата па од март садење во ноември.За наша среќа ова лето немаше и пожари па дрвцата ни останаа.голема%20насмевка  Така и оваа година на 11 ноември одиме сите во акција Засади дрво-засади ја твојата иднина.



Коментари:
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 19:57
Е вакви акции ценам, нешто еколошко, хумано. Овие денови треба да бидат неработни, а некој минимални државни празници можат да се искористат како обука и подготовка за овие прекрасни денови, а не да се има целосно отсуство од наставата и работата.намигнување
Засади дрво-засади ја твојата иднина.љубов


-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:40
pak li nekoj,..nacionalen praznik?!изненадувањезбунетост


...da ...opbrazlozam,...zatoa shto,..povekjeto od lugjevo vo ovaa zemja,..samo vegetiraat!


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 09:31
fala bogu..povtorno ke ima eftini drvca na Bit-pazar.среќа

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 14:51
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Е вакви акции ценам, нешто еколошко, хумано. Овие денови треба да бидат неработни, а некој минимални државни празници можат да се искористат како обука и подготовка за овие прекрасни денови, а не да се има целосно отсуство од наставата и работата.намигнување
Засади дрво-засади ја твојата иднина.љубов


И јас исто вакви акции ценам ама малку ова минимални државни празници не  е на место...нема минимални државни празници сите си се на свој начин ГОЛЕМИнамигнувањеИ зошто други празници да се користат за обука?


-------------
Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Ноември.2009 во 07:43
Постојат дилеми дали ке се одложи садењето дрвца заради препораките за  избегнување  масовни собири  поради опасноста од  свинскиот грип. Како и да е одбележувањата течат
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=995&ArticleID=38556 - - Чајанка во чест на Денот на дрвото


-------------


Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 10.Ноември.2009 во 12:13
Не ,знам можеби погрешно ќе бидам сфатен,но сите овие работи ми личат на оние акции од минатото,на кои некој ќе ликува потоа на ТВ,а и дрвцата што се садат колку стручно се садат ,после излегува 70-80% не се фатиле и слично.
Затоа си постои професионалност плати ,сработи и одржувај.

-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 10.Ноември.2009 во 12:21
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

Не ,знам можеби погрешно ќе бидам сфатен,но сите овие работи ми личат на оние акции од минатото,на кои некој ќе ликува потоа на ТВ,а и дрвцата што се садат колку стручно се садат ,после излегува 70-80% не се фатиле и слично.
Затоа си постои професионалност плати ,сработи и одржувај.


Како што слушнав од оние кои се посадени во минатата акција фатени се 60% што е исклучително висок процент...
Првата акција мислам дека беше доста неуспешна, но во недостаток на организација и вистински професионалци секако дека како времето одминува ќе се учиме на грешките а процентот ќе се зголемува...
Јас ја поздравувам оваа акција и мислам дека е најмасовната во светски рамки , што секако е за пофалба...
Е сега друга прикаска е тоа што ние садиме а други сечат и тоа нелегално ...


Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 10.Ноември.2009 во 16:37
Море не само што сечат ,туку и палат,а некои богами и доста добро,од кубик заработуваат,а за процентот,да секој си кажува по свое за успешноста,кај нас барем беше катастрофа.

-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 10.Ноември.2009 во 20:52
EEEEEEj....kakva debilnost.
Utresniov den nie ke go pomestime v petok, a petokot ke go odrabotuvame v sabota изненадување


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 07:03
Чим стручните лица од областа на шумарството велат дека треба вакво пошумување ние само треба да се согласиме и да ја спроведеме акцијата. Кој и да е предлагач, кој и да е одговорен идејата е добра бидејки никој не си го уредува сопствениот двор туку државата од што сите на некој начин ќе имаме фајде. Интересен напис во Дневник токму за оваа проблематика

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0345C7FB3DD89946B83A5B9603ECDAC6 -

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0345C7FB3DD89946B83A5B9603ECDAC6 - Земјата ни бега во Солун


-------------


Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 13:32
Извинете но кое фајде го имаме ние,ако сме 5-те подрачја на светско ниво погодени од климатските промени,ако 70-80% се греат граѓаните на цврсто гориво - ДРВА,ако некој цела западна Македонија ја исече безмилосно и да не редам повеќе,само би кажал,Земјата е од пред милиони години,па немало пошумување,а таа се обновувала,нека ги запрат девијантните појави,а другото природата ќе си го стори,и кога ќе почне државата на секому да му дава пристоен живот ,тогаш ќе има право и да бара!

-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 13:52
...JAS na primer nemam nikakvo....a se nerviram koga me gnjavat so toa kolku zasadile,koj zasadil ,koj se izmocal na drvoto za da porasne...koja nevladina ili zelena organizacija go storila i sprovela proektot..i da ne redam..!
doaga letoto,gori Makedonija ,a nikoj ne mrdnuva so mal prst..zosto gori,koj toa podmetnuva pozari..koj toa sece na divo drva,koj toa izvezuva drvo za pari vo stranstvo..koj toa debelo se ofajduva vo vakvi situacii...marerijalno ili na drug nacin i ne e vazno...i mnogu ,mnogu drugi pricini i problemi..
 
...i za onie sto mnogu ne se razbiraat vo toa okolu drvjata NASI,das kazam deka skoro site vidovi koj gi rasaduvaat,mozat i vo prirodni uslovi ...od semka i od avin da se nasadat!bez pompeznosti slikanja intervjua...zabeleski ..i na kraj TROSOCI!
za KORNENJETO na drvcata po sadenje i ostetuvanje od PITOMITE zivotni da ne zborime..i toa si e.m..
 
p.s:jas ne sadam kolektivno...nitu pak Ve teram Vie da ne sadite...samo sakam da bideme SVESNI za se okolu nas ....


-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 13:56
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115955 -
..kade se zelenite za ovoj slucaj?
 
 
 


-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 14:06
Какви зелени бе човек,само во умот се зелени и за на ТВ,како што реков многу работи не ги средиле ,сега ќе саделе дрва,па нема координираност во работите,малите деца во школство ќе ги терале да ги чистат училниците,а големите ќе си ја саделе иднината,тие што се зелени,нека си земат професионалци и од одреден временски период во есен и пролет нека си шараат по планините и нека си садат,нека не малтретираат луѓе и после нека се сликаат колку сакаат.

-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 14:36
И УШТЕ ЕДНА ВАЖНА РАБОТА,ГНАСИ ЗЕЛЕНИ И ОНИЕ КОИ САКААТ ДА СЕ ИСТАКНУВААТ ПОМПЕЗНО,
                     Н А П О М Е Н А
ВЛАДЕЕ ЕПИДЕМИЈА НА ГРИП А(Н1 N1),СПОРЕД С.З.О.,А ТОА ГО ЗНААТ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ ,КАКО ПРЕВЕНЦИЈА НАВЕДЕНО Е И
- ОДБЕГНУВАЈТЕ ПРИСУСТВО НА МАСОВНИ НАСТАНИ ИЛИ ПРОСТОР ВО КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ ЛИЦА.!!!
ОД УТРЕ (ПЕТОК 13) ПА НАТАМУ ЗАБОЛЕНИТЕ ОД СВИНСКИ ГРИП ГИ НОСИТЕ ВИЕ НА ДУША,КАКО ШТО СЕ ФАЛИТЕ И ЗА БРОЈКАТА НАСАДЕНИ ДРВЈА.

-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 15:25
хи,%20хи......a ja ke bidam vo helikopterot i ke ve snimam odozgora..onaka ...zacapani vo kal....смеење

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Milaa
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 18:22
времево повеќе одговара за сеење оризнамигнување



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 06:49
 И по толку страв и скепса, изгледа и господ помогна, па во еден убав сончев ден успешно голема%20насмевка

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=71B33A273A26ED4CAC1201A30725D0E7 -

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=71B33A273A26ED4CAC1201A30725D0E7 - Засадени уште 7,5 милиони дрвца


-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 08:35
Od edna strana za pozdrav e inicijativata kaj najmladite da se razbudi ljubovta kon prirodata ,no od druga strana ,se odi kontra preporakite za odbegnuvanje na masovni sobiri......

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5ECA6410B21C1B4EA6F24E80B5EEDB10 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5ECA6410B21C1B4EA6F24E80B5EEDB10




-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: After Dark
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 13:43
Pri nedostatok (ili nepocituvanje) na zakoni za regulacija na unistuvanjeto i secenjeto na sumite, prosto e smesno da se pravi tolkava mediumska kampanja za toa kolku dobro sme i napravile na drzavata, na lugeto vo nea, na covestvoto.....Zalosen e faktot sto sekojdnevno zabelezuvame kolku se prazni nekogas zelenite prostori, a za sto?! Za cist profit i vi se molam, za OGREVNI DRVA vo 21 vek!!! P.S ni polovina od predvideniot broj na dobrovolci ne bea prisutni na posumuvanjeto sto svedoci za toa kolku ni e entuzijasticka nacijata!

-------------
Se e relativno...


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 20.Ноември.2009 во 20:18
ееее зато јас им реков на оние од нашкола „да не ојме на садење до МАУЦКЕР туку да се посадиме ние „овде„„


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 21.Ноември.2009 во 13:47
da dae Gospod edno da ne se fati...!aman!!!лутина
...povtorno gi nema gazdite na rabota..fatile dzenem nadvor od gradov!!

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Mramoren
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 02:31
najubav den vo moj zivot.........abe 100 pracki da mu vlezat na toj koj go izmisli denov


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 20.Мај.2010 во 12:26
Ako ne se potrudime da najdeme bilo kakov nacin da gi obnovime drvjata tesko nas i na site...
Od svesta na nekoi luge podolu sto pisuvale svakam deka dokolku nema akcija za den na drvoto nikogas nema da mrdnat so prst za da napravat takvo nesto...a i ne deka i togas mrdnale...

Kaj e svesta bree lugeee mesto da se raduvame sto postoi vakov denизненадување
toa e za nase arno a ne za arno na nekoja druga zemja....



-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 25.Јули.2010 во 08:18
Навистина верувате во хуманоста на овие пропагатори?.Порано сме саделе, без пропаганди, но и дрвцата беа дрвца, дупките за садење дупки и немаше да не се фатат.Затое се садеа најчесто во есен.И видливи се резултатите денес.А денес се крадат дрва на секој чекор...
Потребен е чесен пристап и кон екологијата и кон озеленувањето на државата...Јас гледам премногу "зелени"...кои ни кажуваат бајки и лаги...а дрвцата ги препродаваат...да


-------------
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 08.Ноември.2010 во 13:32
...стварно кога ќе има повторно акција?..или завршивме со садење?

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: jack_sparrow23
Датум на внесување: 08.Ноември.2010 во 17:47
Абе луге кога ке биде ден на дрвото? битребало да биде овој месец ама незнам кој ден за да видам дали нема да одам на работа!

Кој зане нека нека помогне

Писете!!!


Постирано од: jack_sparrow23
Датум на внесување: 09.Ноември.2010 во 14:09
da ne znae nekoj kako da stavam slika na mojot profil???


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 12:49
а да ги соберевме прво лисјата по улициве и тревниците...
дрвца можеме и во декември да садиме!
...така?

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 09:30

Ден на дрвото: „Засади ја својата иднина“, шести пат

 
 

Почнува шестата по ред акција „Ден на дрвото: Засади ја твојата иднина“, под мотото „Садиме заедно за нас“, во која ќе бидат засадени седум милиони дрвца низ цела држава.

Иницијаторот на акцијата Борис Трајанов очекува голема излезност, како и на претходните пет . Тој најави дека шестата акција е замислена како заедничко садење на децата и родителите.

Тој изјави дека ова е една огромна иницијатива за која според излезноста се гледа дека е многу популарна.

Овој пат ќе се сади покрај автопатиштата и езерата, а во Скопје ќе се сади на Три Круши и на повеќе локации кај Петровец.

Како и во мартовската акција, и во оваа акција е предвидена погранична соработка со соседните земји, а за наредната година учество најавија Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија.

Новинарите, претставниците на верските заедници, сопругата на претседателот на Македонија и на амбасадорите веќе насадија неколку садници.

Во досегашните пет акции кои беа спроведени од март 2008 година па се до оваа, беа засадени над 20 милиони садници.

За помасовно учество во акцијата Владата го прогласи овој ден за неработен, а ќе се одработи во сабота на 27 ноември.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 17:04

Македонија пошумена со седум милиони дрвца

 
  • Од Скопје, преку Прилеп, Демир Капија, Кавадарци и Велес. Во мисија на проверка. Како изгледа акцијата засади ја својата иднина.

Рој од луѓе кои неработниот ден го искористиле да ја поддржат шестата по ред акција. Годинава садеа заедно и млади стари. 20 милиони дрвца кои го добија своето место на македонско тло веќе ги зацврстиле своите корени.

Вака изгледа Македонија по пет изминати денови на дрвото.

Екипата на Сител беше и во скопско Ржаничино, и таму иста глетка. Полни автобуси со ученици, работници и пензионери, сите со желба да остават свој белег на традицијата.

Во Ржаничино го сретнавме и Миле Јанакиески. Не работниот ден го искористиле со сопругата за да дадат придонес кон акцијата.

Денес можеа и да прошетаа по скопскиот терен. Заедно засадија и зимзелени и листопадни дрвја. Помогнавме и ние.

Сопругата на Јанакиески немаше проблем да го искачи стрмниот терен. Се покажа како добра поддршка иако во наредните месеци очекуваат принова во семејството.

Дрвца садеа сите министри, пратеници, градоначалници. Едни во источна други во западна Македонија.

Ако во изминатите пет акции Македонија доби нови 20 милиони садници, само денес во државата свое место добија уште седум милиони дрвца.

Акцијата Ден дрвото продолжува.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Март.2011 во 18:47
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=63813 - Денот на дрвото, 31 март, неработен  
 
овој ден ќе се одработи на 9 април 2011 година, сабота
 


-------------


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 30.Март.2011 во 10:59

Во Струмичко утре ќе бидат пошумени 25 хектари со 110.000 садници

Во годинашнава пролетна еколошка акција што ја организира здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, утре на четири локации во Струмичкиот регион ќе бидат засадени околу 25 хектари со 110 илјади садници од чемпрес, багрем, бел и црн бор.

Во општина Струмица вкупно ќе бидат пошумени 13 хектари со 52 илјади садници, и тоа: на локалитетот „Цареви кули“ на три хектари ќе се засадат 12.000 млади фиданки од багрем, чемпрес и црн бор, а во месноста „Коџа Баир“ на Беласица е предвидено да бидат засадени десет хектари со 40 илјади дрвца од бел бор.

- На локалитетот Иловичка брана во општина Босилово на два хектара ќе се засадат осум илјади багреми, а во месноста Репетитор во општина Василево на 10 хектари ќе бидат засадени 40 илјади садници црн бор, чемпрес и багрем, изјави за Гончо Атанасовски, технички директор на ПШС „Беласица“ од Струмица.

Во акцијата за пошумување врз доброволен принцип ќе учествуваат граѓани и средношколци, младинци и пензионери од трите општини, а до сите предвидени локации ќе биде обезбеден бесплатен автобуски превоз. Во општина Василево во акцијата „Ден на дрвото“ ќе учествуваат и граѓани од општина Струмјани, Република Бугарија.



-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: zagor
Датум на внесување: 30.Март.2011 во 15:28
акција за поздравување..барем ќе има на што да се грееме..
а и пироманите..а и трговците со огревно дрво тријат раце..

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 31.Март.2011 во 08:35
dobro e nikoj nema na forum ., znachi svesta e golema i site se na sadenje drvja

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 31.Март.2011 во 09:55
Јас во двор ќе засадам дрвце,за настинати ваква наредба има.голема%20насмевка
Оправдано нели?


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Април.2011 во 05:55

Околу три милиони дрвца денеска беа засадени   на површина од 755 хектари, на 70 локации во 30 општини низ Македонија, во рамки на седмата акција „Ден на дрвото - пролет 2011“ што се реализира под мотото „Ајде на садење, батали политика бар денес“.

Иницијаторот, маестро Борис Трајанов, акцијата ја оцени како добра, а причина за тоа смета дека се добрите временски услови.

- Акцијата стана дел од социјалната култура на граѓаните. Со многу мали напори успеваме да го реализираме зацртаното, рече Трајанов.

Тој посочи дека екипи на јавното претпријатие Македонски шуми деновиве ќе работи на засадување на преостанатите садници.

- Со оглед на тоа што некои граѓани не се стручни за садење, од Македонски шуми ќе ги проверат садниците и во наредните три до пет дена ќе извршат контрола за тоа како се засадени дрвцата. Ако има оставени садници ќе ги засадат дополнително, вели Трајанов.

Традицонално во акцијата се вклучи  државниот врв,  членови на Владата, државната администрација, АРМ...



-------------


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 02.Април.2011 во 12:25
Јас си засадив две дрвца, едно во мојот двор позади куќа и едно напред, една вишна и еден бадем и мн. се убавиљубов

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 02.Април.2011 во 12:32
cestit praznik na site drvaголема%20насмевка

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Април.2011 во 22:53
fala , brat!да

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 28.Август.2011 во 01:32
Originally posted by zagor zagor напиша:

акција за поздравување..барем ќе има на што да се грееме..
а и пироманите..а и трговците со огревно дрво тријат раце..

,


стварно бе,од каде знаеш?

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 15.Октомври.2011 во 10:02
...кога ќе сади-те дрвца? ми треба слободен ден..

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Октомври.2011 во 15:26
...a den na ...trupci,..ima li ?збунетост

...ako nema ,...treba da se vovede,....barem trupci ne manjkaat vo makedonija !да

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 24.Октомври.2011 во 23:14
Originally posted by zagor zagor напиша:

...кога ќе сади-те дрвца? ми треба слободен ден..

Требаше во среда-ама нематага


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 27.Октомври.2011 во 06:13
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/720504/index.html - „Ден на дрвото“ во третата недела од ноември намигнување

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: brza
Датум на внесување: 27.Октомври.2011 во 18:35
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Originally posted by zagor zagor напиша:

...кога ќе сади-те дрвца? ми треба слободен ден..

Требаше во среда-ама нематага
tazna si shto nema da sadish vo sreda ili....nema da safat?

...jas bi se kladel deka e ....vtoroto!намигнување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 18.Ноември.2011 во 12:04
Ajde dechki vo sreda na sadenje.

Samo nemojte da gi kradete drvcata ;)
Imashe minatata godina kaj nas lugje koi shto si gi sobraa i si gi odnesoa doma. Balkanska rabota :)


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Ноември.2011 во 12:07

Осми пат во прилог на позелена и поубава Македонија

 

Под мотото „ Садиме денес- пишуваме и праќаме писмо на мирот‘‘ на 400 локации во Македонија во рамки на осмата акција за пошумување „ Ден на дрвото- засади ја својата иднина‘‘ ќе бидат засадени 5,7 милиони садници.

 

Акцијата која финансиски ја подржува македонската влада преку министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство е  во прилог на позелена Македонија и  поздрава и поубава животна средина.Во неа и овојпат освен ученици,претставници на невладини организации вработени во јавни претпријатија  и сите заинтересирани граѓани ќе се вклучат и познати ѕвезди од естрадата. Воедно и голем број јавни личности од општествениот живот на Македонија, во изминатите денови во прилог на акцијата веќе засадија дрвца на повеќе локации во Македонија, а некои најавија дека дрвца ќе засадат и денеска.

Кои се најголемите непријатели на младите садници

Во Македонија шумите се распострануваат на површина од 935 илјади хектари,од кои  со 817 илјади или 90% стопанисува Јавното претпријатие „Македонски шуми‘‘,останатите 10 % или 89 илјади под шума се  во приватна сопственост.Шумите најмногу ги има во западна ,а помалку во централна и источна Македонија , и со оваа акција тоа планираме да го надополниме, велат од ЈП Македонски шуми.

Во изминатите седум акции  биле засадени 38 милиони стебла или со новите 5 милиони и 700 илјади  вкупно ќе бидат засадени  44 милиони садници. Најголем дел од садниците и тоа 75 %  засадени во есенските акции успеале,помал број зафатени садници се оние кои биле засадени во пролетниот дел од акцијата, велат шумарските стручњаци.Со оваа акција во многу се промени свеста на граѓаните,а има и такви кои самоиницијативно се грижат за младите садници,  потенцира за Дојче веле, Јован Чаковски директор во ЈП Македонски шуми. Но има и повеќе фактори,а  пред се’ човекот кои негативно влијаат по шумите, потенцира Чаковски.   „Има и одредена појава на испаша значи од несовесни граѓани- сточари, а најголем непријател се пожарите и дивосечачите или крадците на шумите, бидејќи при кражбите тие не водат сметка ни колку ни каде се сече и така што прават и други проблеми ‘‘.

Со акцијата  Ден на дрвото‘‘ се создаваат здрави идни генерации

Велес е еден од најзагадените македонски  градови и од оние со најмногу  голи ридови без шума,но поради неповолните климатски услови посебно во пролетните акции, како и поради несовесните граѓани, најголем дел од засадените садници од изминатите акции „ Ден на дрвото‘‘  засадени во непосредна  близина на градот,  не се зафатија, констатира со жалење, Билјана Шуркова Манаскова кординатор на акцијата за Општина Велес и потенцира.  „За жал непосредната околина на Велес сеуште ни е гола, заради тоа што од различни причини најчесто од човечки фактор и присуство на животни, садниците ни се уништуваат. И затоа ние полека  почнавме да се откажуваме од пошумувањето  на ридовите околу Велес и да одиме во рекреативните центри, регионалните и локални патни правци, па таму да го дадеме својот придонес. Можам дека кажам дека ридот Вршник како локалитет е добро пошумен, зафатеноста на садниците е добра. Меѓутоа не можеме да се пофалиме и со другите околни ридови на Велес‘‘.

/popups/popup_lupe/0,,15550018_ind_2,00.html" rel="nofollow -  

Акцијата  ја подржува  со личен пример и самата со своето семејство засади дрвце во Градскиот парк во Велес, Маја Иванова, сопруга на претседателот на Македонија, Ѓорѓи  Иванов. „ Затоа што преку оваа акција создаваме здрави млади генерации, значи здрави потомци и здрави идни генерации‘‘, потенцира Иванова.

Акцијата Ден на дрвото‘‘ препознатлив симбол на Македонија и регионот

Според македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов, акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина‘‘  веќе е препознатлив симбол на Македонија и регионот. „ Веќе слушаме дека и во регионот постојат слични иницијативи, затоа што и на глобално ниво, што го имавме Форумот во Копенхаген за елементарните непогоди, за катастрофите, за сето она што се случува на планетарно ниво, беше посочено дека е потребно  да се почне да се делува  од локално ниво, секој колку што може да придонесе за зачувување на животната средина. Така што Македонија е препознатлива по оваа акција „ Ден на дрвото‘‘ и се радуваме и што таа веќе и се шири и во регионот‘‘, потенцира македонскиот претседател Иванов.



-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 21.Јуни.2012 во 13:31

трепкање

....ете,заради вакви убавици садете дрвја....да



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Јуни.2012 во 15:03
...odmori ja be malku!изненадување

...gledam ,...dusha i izvadi...намигнување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 16.Ноември.2012 во 04:58

Оваа година на 21 Ноември (среда) по 10-ти пат ќе се реализира акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. 







Се планира да се пошумат вкупно 803 хектрари од кои 574 хектари ќе бидат нови површини, а 131 хектар ќе бидат површини коишто треба да се корегираат, а на 98 хектари опожарена површина ќе се обновува шумата. Ќе бидат засадени вкупно 5.200.000 садници. 

21 ноември е прогласен за неработен ден.

 






-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Ноември.2012 во 09:12
беше некогаш во социјализмот... свиркањемечтаење
сега сакаат да биде ,,капитализам,, а некој бесплатно да им сади... и онака се` ќе се неутрализира во периодот јули-август 2013. голема насмевка
 
Добро е што дури и Борис Трајанов сфати со какви хохштаплери си има работа, па се откажа од организацијата. да


-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 22:05

засади дрвце засади ја својата иднина...

60% успешност...

2600000 жители...

па според статистиката и математиката...до пролет пола народ  ќе го нема.изненадување

Зошто бре вака?.тага



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Ноември.2012 во 02:24
А некако низ градовите има сè помалку дрвја...

-------------
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 04.Јануари.2013 во 10:44

...во недела е ден на дрвото.Проглас до сите станари ..до сите граѓани да излезат масовно оти ќе се палат коледарските огнови.

ИЛЈАДНИЦИ КУБИЦИ ДРВЈА БЕЗПОТРЕБНО ЌЕ ИЗГОРАТ И ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ЈА ЗАГАДАТ АТМОСФЕРАТА СЕ ЗАРАДИ НЕКОЈ СИ ПАГАНСКИ ОБИЧАЈ.

...овој коментар можеби требаше и може да се стави и во други подфоруми..политика...вероисповед...мистерии .. и слично..



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Јануари.2013 во 10:52
...e zatoa jas starite gumi ke si gi (za)palam ,да

...za da spasam nekoe drvce!намигнување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 23.Ноември.2013 во 22:48

e sega vo sreda ke sadat drvca.ovaa sto pomina nemala povolna hidroloska klima..sega izmesana so kal i sneg ke ima i premnogu.

Znaci,zasadete ja svojata idnina,da ne vi ja zasadi drug.



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 24.Ноември.2013 во 23:01
Море дечки... се знае зошто го чекаме денот на дрвцето. Повеќето од нас ќе лапнат бонус слободен ден, некој (како ја) можда и ќе куртули од испит, можда ќе си направи некој мала прошетка, мода некој ќе преспие некој саат повеќе. 99% од нас на тој ден едини контакт со дрво ќе остварат кога ќе го сретнант комшијата... смеење
ОД ОПШТО ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ РАБОТИ ИЛИ НЕ.... онака... од пред време да се организираме....


-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 22:42
abe,ke sadite drvca proletva ili vi pomina merakot?.хи, хи...

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 03.Декември.2014 во 01:13



Ај нека ни е честит утрешниот празник, Ден на дрвото 




-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 04.Декември.2014 во 02:23
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:




Ај нека ни е честит утрешниот празник, Ден на дрвото 



I taka osven onie koi kako kukjna slava si chekaat Prechista , denot na drvoto si go odbelezaa administrativcite shirum Makedonija .... 
Smeshki голема насмевка 


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 05.Декември.2014 во 23:13
Мислам дека од Твитер беше ова ископиранохи, хи...



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 05.Декември.2014 во 23:15
Како и да е, јас си посадив две оревчиња зад куќа   


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 05.Декември.2014 во 23:19
И јас посадив од оние спиралните..
Инаку пази со оревите, да не ти се многу блиску до куќа т.е до темелите.
И немој да спиеш под нив кога ќе пораснат, да не те боли глава после тоа како менегазење од смеење


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 05.Декември.2014 во 23:25
Па мислам дека се доволно одалечени....
Кога ќе пораснат, ќе си ставам клупа под нив и ќе си седам со чадор во рака


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 06.Ноември.2018 во 19:52
Не ни треба ден на дрвото веќе плазење злонамерно

Секој ден, по неколку сами никнуваат... трупци ! губитник


Постирано од: Zelenikovo
Датум на внесување: 20.Декември.2018 во 05:50

кој е како sds имаат Ружа за симбол а цвеќе немаат насадено за ниту еден нивни мандат како партија, арно тоа им било работа на институциите, така и со Денот на Дрвото, ех што значи да се нема осет ниту за маркетинг ниту за општествена инерција, нормал штедиша табиет ем , другите пак во недостаток на проекти на полеток од тогашниот мандат за разлика од нив уба идеја ја надградија, та иницијативата на Борис Трајанов ја завозеа така да просто кренаа џева низ цел свет ко прва балканска земја која прави општонародна зимзелена акција, а која потем земаа и останатите комшии да ја следат, смешно ако за нешто ги биваше дпмн тоа ет маркетинг, но ок имаа на почетокот при последната ротација на власт асолен амерички агитпроп, нешто што после освен изборно го истераа како рекламни спинои по сите страни во сите области, та и во однос ова што ним им дојде како добар PR стант дома а на Државата надвор, заминаа и дотаму да прогласат и Државен Празник во однос ваквата иницијатива на Тенорот Борис ...

... а сега што сторија sds да му цркне козата на комшијата тоа било демек иницијатива на дпмн и ајт рисит, но кој ни е крив што од Чаламот си патиме, дали и дпмн ја напраи работата надпартиска, иако ова сегашниве дамбетер ја унаказија партиски, ТА ЕВЕ НЕКА ЈА НАПРАВАТ ЦВЕТНА ЧИМ ДРВАТА НЕ ФАЌАЛЕ, НЕКА ТЕРААТ СО ЦВЕТНИ ГРМУШКИ ТИЕ КАДЕ КАДЕ ПОЛЕСНО СЕ ЗАФАЌААТЕМ УТРЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАТЕРА И СО ТОПИАРИ ФЕСТИВАЛИ ЕМ СЕ ПОМАГААТ ЗА ОЖИЛУВАЊЕ КОРЕЊАТА И СО ХОРМОНИ, САДЕ НА ГРАДОИТЕ ТОА И ИМ ФАЛИ РАСЦВЕТАНИ ЖБУНОИ ПО СИТЕ СТРАНИ, ЗОШТО ДА ЗАПРАТ НА ФОРА НЕ СЕ ФАЌАЛЕ ДОВОЛНО ДРВА, ЗАР НЕ КОНТААТ ДЕКА ДЕЦАТА НЕ СЕ ЈОЈОНИ ТАМАН ИМ ФРЛИВМЕ КАКВА ТАКВА ИНЕРЦИЈА КОН ШУМЛА ЕКО СВЕСТ НЕ САМО ЗА МЛАДИТЕ ТУКУ И ЗА ПОСТАРИТЕ И АЈТ ОРУК ДОМА САДЕТЕ ПО КОМПЈУТЕРИ ДРВА И ГРМУШКИ, МОЖЕ СЕ ПЛАШАТ УТРЕ НА зајковци ДА НЕ ИМ ГО ЗЕМАТ БИЗНИСОТ!?

еве тро мемори бекап како почна работата

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=221" rel="nofollow - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=221




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk