Колку се чита Библијата?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17815
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 01:32 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Колку се чита Библијата?
Постирано од: VasilK
Наслов: Колку се чита Библијата?
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 12:36
Драги сестри и браќа во Исус!
Би сакал да ве запрашам околу тоа колку често се чита Библијата во вашата околина? Мене ме интересира дали вашите родители / деца / роднини / комшии /
пријатели / колеги - дали знаете дека и тие читаат? Дали некогаш
сте разговарале за некој стих/послание од Библијата?
Морам да кажам дека поголем дел од членовите тука имаат читано / читкаат чат-пат / проучуваат Библија - но тоа е само исклучително мал број на верници во Македонија и пошироко.
Иако во Македонија над 70% се декларираат како христијани - мене ми паѓа многу тешко како никој од мојот круг на познаници не чита Библија - освен неколку браќа и сесри кои се посветени во верата. Јас кого и да прашам - сите пореку ме гледаат... ко небаре кузнае што да сум ги прашал?! :) Или пак ќе добијам коментар - Библијата е за свештениците :D
Па би сакал да знам како е во вашате околина? Што мислите за тоа? Исто, дали им посочувате дека Библијата е за сите верници и дека ако нависитна сакаат да растат во Христа, мора да ја читаат?!
Поздрав и Божји благослов! ВасилК
|
Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 12:50
paaa od tie sto gi znam 60% ja citaat ili ja imaat procitano....ama sto ako ja procitale koa ne ja primenuvaat..
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 12:51
Мислам дека не доволно
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 17:05
ne citam (probav i se okazav)a i onie so gi poznavam ne citaat a ne ni probale...samo skrateni verzii so slika za mali deca
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 17:26
VasilK напиша:
Драги сестри и браќа во Исус!Би сакал да ве запрашам околу тоа колку често се чита Библијата во вашата околина? Мене ме интересира дали вашите родители / деца / роднини / комшии /
пријатели / колеги - дали знаете дека и тие читаат? Дали некогаш
сте разговарале за некој стих/послание од Библијата?Морам да кажам дека поголем дел од членовите тука имаат читано / читкаат чат-пат / проучуваат Библија - но тоа е само исклучително мал број на верници во Македонија и пошироко.Иако во Македонија над 70% се декларираат како христијани - мене ми паѓа многу тешко како никој од мојот круг на познаници не чита Библија - освен неколку браќа и сесри кои се посветени во верата. Јас кого и да прашам - сите пореку ме гледаат... ко небаре кузнае што да сум ги прашал?! :) Или пак ќе добијам коментар - Библијата е за свештениците :DПа би сакал да знам како е во вашате околина? Што мислите за тоа? Исто, дали им посочувате дека Библијата е за сите верници и дека ако нависитна сакаат да растат во Христа, мора да ја читаат?!Поздрав и Божји благослов!ВасилК
|
Здраво. Прво - Библијата (Светото Писмо) не им е наменето само на свештениците туку, првенствено на нас - верниците.
Второ - Познавам повеќемина што читаат Свето Писмо, особено Новиот Завет, но и многумина кои не читаат.
Знам, исто така, дека многумина читаат и друга богословска литература, особено дела од Светите Отци на Црквата, од разни периоди, како и дела од современи богословски автори. Знам и зошто тоа го прават. Затоа што, според учењето на Црквата Христова, Светото Писмо е тврда храна за обичниот верник (тоа е исто како на бебе да му давате двопек) и, читајќи, литература (богословска), неизмерно полесно ќе ја сфатат и суштината на напишаното во Писмото.
Ако го прочиташ постот во Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА - Што е постаро - Црквата или Новиот Завет полесно ќе го разбереш ова што го пишувам. Таму можеш да видиш (разбереш) што значи да се толкува Св. Писмо „слободоумно“ и кон каде води тоа!
Поздрав во Христа Господа.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 17:51
Miki_P напиша:
според учењето на Црквата Христова, Светото Писмо е тврда храна за обичниот верник
|
Ова не е точно.
Спорен православната и католичката црква Светото Писмо е "тврда храна" за обичниот верник и наводно треба таа тврда храна црковните великодостојници (клирот на црквата) да им ја џвакаат и потоа да им ја бутаат во устата на обичните верници, наспроти Исус кој секогаш милуваше да им проповеда на обичните селани, на бедните, сиромашните, а додека пак најчесто ги укоруваше токму свештениците.
Со оваа измама (Светото Писмо е тврда храна за обичните верници) ткн. "црква" со векови манипулирала со обичната раја и ги влечела за нос неинформираните луѓе каде што ќе посакала.
Но за среќа денес го имаме Светото Писмо на разбирлив јазик и тоа е достапно до речиси секој човек што ќе посака да го има. Така што залудно ти Miki_P и сите останатаи православци се обидувате да ја ширите оваа средновековна ерес во 21век кога луѓето можат слободно да ја земат Библијата во раце и да ги разобличат вашите човечки бизнис придодавки на неа
------------- Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 18:01
VasilK напиша:
Па би сакал да знам како е во вашате околина? Што мислите за тоа? | Nekoi citaat, nekoi ne. Smetam deka rezultatite od nekriticko citanje biblija ne se dobri, duri i smetam deka e podobro da ne se cita. No sekoj si ima sloboden izbor.
Vo knigite na biblijata naodjame od edna strana brojni pozitivni duhovni upatstva od Duhot bozji(Na. pr. vo Evangelijata ili Otkrovenieto) no i bezbroj uzasi pred se vo stranicite na Stariot Zavet koi svestenickata kasta uste od biblijski vreminja mu gi stava vo ustata na Bog. Biblijata kako celina e pecatena vo milionski tirazi i distribuirana e niz celiot svet na ogromen broj jazici. Dali e svetot poradi toa posrecen? Ne bi rekol. Dovolno e da pogledneme vo svetot za da vidime sto ni donesoa zborovite na Biblijata.
Pred nekolku godini imase vo evropskite mediumi za nekoj bracen par koj sakal Biblijata da ja stavi vo lista na stetni knigi za mladi poradi uzasnata sodrzina(povikuvanje na ubivanje na: deca, celi narodi i neistomislenici, homoseksualci i tn.) i moznosta taa stetno da vlijae vrz psihata na mladite. Jas licno ja pozdravuvam taa inicijativa!
VasilK напиша:
Исто, дали им посочувате дека Библијата е за сите верници и дека ако нависитна сакаат да растат во Христа, мора да ја читаат?!Поздрав и Божји благослов!ВасилК
| Biblijata - kako sto samoto ime veli, e zbir na knigi. Napisana e od razlicni avtori niz povece vekovi. Tie knigi nekoj gi sobral i gi smestil vo edna. Generalno, knigite se za citatelite. Sekoj citatel ima pravo da cita sto saka i kolku sto saka.
Hristos ne nè povika da ja citame Biblijata, tuku da go sledime preku prakticiranje t.e. ostvaruvame Hristovoto ucenje. Isklucivo taka moze da se raste i sozreva vo Hrista.
Isusovoto ucenje koe treba da go sledime e izlozeno vo Isusovata Beseda na Gorata. Dodusa taa e sodrzana i vo Biblijata, no vo samo eden nejzin del: Evangelieto spored Matej. Citajci ja biblijata, taa moze da ne navede da poveruvame deka dovolna e samo verata vo Hrista(na pr. kaj poslanicite na Pavle nekogasniot Savle) ili na drugi raboti(na pr. deka Bog znae da se razgnevi i da gi kaznuva duri i nevinite za toa) koi nemaat vrska so Hristovoto ucenje.
Sto sè sodrzi navistina Biblijata i neubavite posledici od toa, moze da se procita povece pod ovoj link ftp://ftp.universelles-leben.org/pub/Makedonski/p15mk.pdf - Prorok br.15 "Zivotnite tazat, prorokot obvinuva!" a ja preporacuvam i brosurata "Biblijata e falsifikuvana! Hieronimie - falsifikatorot na Biblijata" koja ja predstaviv http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14592&PN=6 - tuka . Koj saka besplaten primerok od brosurata po posta, neka me kontaktira vo L.P.
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 20:56
Za zal, Biblijata iako e najprodavana kniga vo svetot, opsto zemeno malku se cita, a kaj nas vo Makedonija retko nekoj da ja cita.
Od moite razgovori so prijatelite gledam deka iako site imaat Biblija, taa im faka prasina na policata i ne ja citaat.
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 21:31
Pravoslaven напиша:
Miki_P напиша:
според учењето на Црквата Христова, Светото Писмо е тврда храна за обичниот верник |
Ова не е точно.
Спорен православната и католичката црква Светото Писмо е "тврда храна" за обичниот верник и наводно треба таа тврда храна црковните великодостојници (клирот на црквата) да им ја џвакаат и потоа да им ја бутаат во устата на обичните верници, наспроти Исус кој секогаш милуваше да им проповеда на обичните селани, на бедните, сиромашните, а додека пак најчесто ги укоруваше токму свештениците.
Со оваа измама (Светото Писмо е тврда храна за обичните верници) ткн. "црква" со векови манипулирала со обичната раја и ги влечела за нос неинформираните луѓе каде што ќе посакала.
Но за среќа денес го имаме Светото Писмо на разбирлив јазик и тоа е достапно до речиси секој човек што ќе посака да го има. Така што залудно ти Miki_P и сите останатаи православци се обидувате да ја ширите оваа средновековна ерес во 21век кога луѓето можат слободно да ја земат Библијата во раце и да ги разобличат вашите човечки бизнис придодавки на неа |
Мене, јасно ми е како ден, што велат нововерците, но исто така ми е јасно и што велат најголемите умови од човештвото а членови на Црквата Христова, за ова, како: Св. Јован Златоуст, св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов, св. Максим Исповедник, св. Григориј Палама... - светители - Божји угодници, и сега треба да го мерам искажувањето на „дотичниов“ и Светилата на Црквата - Чувај, Господи од поголеми искушенија.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 22:29
Jas dnevno licno citam nov zavet od 5 do 15 glavi i za dva meseca taka mozes da go procitas cel nov zavet
{no da cabe e i cel da go procitas za den ako ne go praktikuas bozjiot zbor}
obavezno practica
------------- Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 22:32
Pravoslaven напиша:
Miki_P напиша:
според учењето на Црквата Христова, Светото Писмо е тврда храна за обичниот верник |
Ова не е точно.
Спорен православната и католичката црква Светото Писмо е "тврда храна" за обичниот верник и наводно треба таа тврда храна црковните великодостојници (клирот на црквата) да им ја џвакаат и потоа да им ја бутаат во устата на обичните верници, наспроти Исус кој секогаш милуваше да им проповеда на обичните селани, на бедните, сиромашните, а додека пак најчесто ги укоруваше токму свештениците.
Со оваа измама (Светото Писмо е тврда храна за обичните верници) ткн. "црква" со векови манипулирала со обичната раја и ги влечела за нос неинформираните луѓе каде што ќе посакала.
Но за среќа денес го имаме Светото Писмо на разбирлив јазик и тоа е достапно до речиси секој човек што ќе посака да го има. Така што залудно ти Miki_P и сите останатаи православци се обидувате да ја ширите оваа средновековна ерес во 21век кога луѓето можат слободно да ја земат Библијата во раце и да ги разобличат вашите човечки бизнис придодавки на неа |
Не поведувајте се по оние кои го извртуваат Светото Писмо, бидејќи ќе пропаднете. Вели старецот Клеопа, и продолжува, - Чујте што вели апостол Петар за списите на светиот апостол Павле: (Во Посланијата) „во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неупатените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел“ (2. Петр. 3, 16).
За своја погибел, брате, за своја погибел. Ти знаеш дека може да се спасиш, но „оковот“ вели не, мора да се гине.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 00:02
Miki_P, таму Петар вели дека во Павловите писма има некои работи тешки за разбирање, но сепак не вели невозможни за разбирање па сега ни треба некои ткн. "свети отци" да ни ги преџвакаат, туку едноставно вели дека тие работи се тешки за разбирање и бараат малку повеќе читање за да се разберат. Исто така вели дека неупатените ги изопачуваат тие работи и не само тие работи, туку и другите писма (кои не се тешки за разбирање). Значи од контекстот гледаме дека станува збор за намерно и целисходно изопачување на светите писма од некои злонамерни изопачувачи (а не обични читатели) кои го прават тоа, како што вели Петар, за нивна погибел затоа што пробуваат многумина да заведат во заблуда.
И пак ќе повторам, Христос не им го проповедаше евангелието првенствено на книжниците, на свештениците, на закониците, на филозофите, туку на обичните, на простодушните, на бедните, на бедните по дух - нарекувајќи ги истите благословени. Тоа јасно го гледаме од Христовата изјава:
Одете и раскажете му на Јована што видовте и чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат, лепрозните се очистуваат, глувите прослушуваат, мртвите стануваат и на бедните им се проповеда Евангелието;
Евангелската порака е преедноставна за да има потреба од ткн. "толкувачи". Таа е прејасна: Христос умре за нашите гревови и воскресна. Тој е нашиот Господ и Спасител. Секој што верува во Него добива простување на гревовите и вечен живот. Секој што ќе поверува во ова станува Христијанин и го добива Светиот Дух - Духот на Вистината кој ќе го упатува во вистината при подлабокото читање на Светите Писма.
Павле вели на едно место: (2 Тимотеј 3,16)
Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.
Овде "Божјиот човек" не се однесува само на ткн. "свети отци" туку за сите христијани затоа што сите христијани се Божји луѓе, а не само ткн. "свети отци".
------------- Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
Постирано од: VasilK
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 01:37
Majkl напиша:
VasilK напиша:
Исто, дали им посочувате дека Библијата е за сите верници и дека ако нависитна сакаат да растат во Христа, мора да ја читаат?!
|
Hristos ne nè povika da ja citame Biblijata, tuku da go sledime preku prakticiranje t.e. ostvaruvame Hristovoto ucenje. Isklucivo taka moze da se raste i sozreva vo Hrista.
Isusovoto ucenje koe treba da go sledime e izlozeno vo Isusovata Beseda na Gorata. Dodusa taa e sodrzana i vo Biblijata, no vo samo eden nejzin del: Evangelieto spored Matej. Citajci ja biblijata, taa moze da ne navede da poveruvame deka dovolna e samo verata vo Hrista(na pr. kaj poslanicite na Pavle nekogasniot Savle) ili na drugi raboti(na pr. deka Bog znae da se razgnevi i da gi kaznuva duri i nevinite za toa) koi nemaat vrska so Hristovoto ucenje. |
Извини - можеби погрешно се изразив! :)
Мислам дека читањето само по себе не не прави верници / вистински Христови следбеници. Верувам дека ако сакаме да бидеме негови ученици, мора на дело да се покажаме преку верување и живеење на неговото учење - како што Тој ни покажал преку дела, но и како што ни заповедал.
Сепак, за да го дознаеме ова од прва рака - убаво би било да ја читаме Библијата, или?!
Поздрав и ББ! ВасилК //учи за испит утре :)
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 19.Мај.2009 во 20:14
Не само што треба да се чита туку и треба да се практикува.
Како што рече Пентакосталец, (Обавезна практика).
Шалом.
-------------
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 19:24
Biblijata e najzastapenata kniga vo svetot. Se procenuva deka dosega se proizvedeni 4,8 milijardi primeroci.
Samo vo 2007 godina bile otpecateni povekje od 64.600 000 Biblii
Kolku da imame pretstava sto znaci toa, istata taa godina najprodavaniot roman imal prv tiraz od 12.000 000 primeroci vo USA.
|
Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 20:13
Justenijan rekol:
Citajte Biblija, zasto e poslatka od najslatkiot med, citajte biblija da ne bi bile slepi i vodici na slepci.
------------- www.myspace.com/sblagoj
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 20:58
KINGDAVID напиша:
Biblijata e najzastapenata kniga vo svetot. Se procenuva deka dosega se proizvedeni 4,8 milijardi primeroci.
Samo vo 2007 godina bile otpecateni povekje od 64.600 000 Biblii
Kolku da imame pretstava sto znaci toa, istata taa godina najprodavaniot roman imal prv tiraz od 12.000 000 primeroci vo USA.
|
Ovoj podatok pokazhuva kolku primeroci se otpechateni, a ne kolku se prochitani. Veruvam deka taa godina posocheniot roman bil prochitan povekje otkolku otpechatenata Biblija. Retko koj bi kupil roman samo da go stavi na polica ili da procituva po nekoja strana od vreme na vreme.
Seto toa me naveduva da pomislam deka odgovorot na prashanjeto Колку се чита Библијата? e - malu. Mnogumina ja imaat, no malkumina navistina ja chitaat. Mnogu se pechati i mnogu se podaruva...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 21:05
Messenger напиша:
KINGDAVID напиша:
Biblijata e najzastapenata kniga vo svetot. Se procenuva deka dosega se proizvedeni 4,8 milijardi primeroci.
Samo vo 2007 godina bile otpecateni povekje od 64.600 000 Biblii
Kolku da imame pretstava sto znaci toa, istata taa godina najprodavaniot roman imal prv tiraz od 12.000 000 primeroci vo USA.
|
Ovoj podatok pokazhuva kolku primeroci se otpechateni, a ne kolku se prochitani. Veruvam deka taa godina posocheniot roman bil prochitan povekje otkolku otpechatenata Biblija. Retko koj bi kupil roman samo da go stavi na polica ili da procituva po nekoja strana od vreme na vreme.
Seto toa me naveduva da pomislam deka odgovorot na prashanjeto Колку се чита Библијата? e - malu. Mnogumina ja imaat, no malkumina navistina ja chitaat. Mnogu se pechati i mnogu se podaruva... |
Se soglasuvam so tebe , Biblijata E najprodavanata kniga, a sigurno e i Najnecitanata megu Najprodavanite, za zal.
|
Постирано од: Dzingis Kan
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 22:49
No zatoa pak, od druga strana ja imame i najpecatenata i najprodavanata i najcitanata Kniga: KU-RANOT!
ALLAHU EKBER! ALLAH E NAJGOLEM!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 23:55
Dzingis Kan напиша:
No zatoa pak, od druga strana ja imame i najpecatenata i najprodavanata i najcitanata Kniga: KU-RANOT!
ALLAHU EKBER! ALLAH E NAJGOLEM!
|
Абе ман, не знам от кога КУ-РАНОТ станал “најчитана книга...“
Ако не знаеше треба да разбериш дека како светското културното наследство најмногу (околу 80,90%) се библиските артефакти и ракописи... (Кумран и т.н. ...)
Кога тие работи биле достапни за човекот, идејата за КУ-РАН била некаде на маргините на онтолошката пропаст на човекот (п.с. човек кој не верува во МЕСИЈАТА!!!)...
жалам, ама тоа е така!
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|