Испечати | Затвори го прозорот

Флуоризирано млеко, да или не?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15896
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 18:15
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Флуоризирано млеко, да или не?
Постирано од: Astra
Наслов: Флуоризирано млеко, да или не?
Датум на внесување: 03.Октомври.2008 во 13:25
натпис од Утрински
Децата ќе пијат флуоризирано млеко за поздрави заби
http://217.16.70.245/?pBroj=1884&stID=43644&pR=6

Можеби се сеќавате дека скоро имаше информации дека Македонија котира лошо во делот на здравствената заштитата на децата и дека децата во Македонија имаат повеќе расипани заби од оние во Европа.
Сходно на информацијава некако баш у исто време дојде и идејава за флуоризирање на млекото, за да се подобри квалитетот на забите на децата. Се предвидува дури и трудници да пијат во 16-та недекла на бременоста па до доење.
Лично сум против вакво нешто поради тоа што флуорот се смета за отров и покрај дискутабилниот ефект на забите, има штетно влијание врз другите органи на телото.
Поголема шптета од корист (више дара него масла) што би се рекло.
Во прилог ќе го ставам и овој блог
http://lotosot.blog.com.mk/node/183833

И еве вест во Дневник за Битолско млеко со флуор
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=2B80CB9866E83E44879394DAF02D22E2&arc=1

Без оглед на моето мислење ве молам за ваши искуства, размислувања, коментари итн.


-------------
What you see,hear and feel is not always true.



Коментари:
Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 03.Октомври.2008 во 13:34
Ако се прашувам јас, лично сум против флуоризирањето на млекото, затоа што не е исплатливо кај нас со оглед на тоа дека трошоците се големи, поради високата цена на млекото...
во секој случај, добра е идејата, но подобро е да се флуоризира водата, меѓутоа треба прво добро да се истражи кои минерали ги содржи водата за пиење кај нас, па да се види каде има потреба од флуоризација и во кои количини.
Инаку, се сложувам со тоа дека флуорот е отровен - но само и исклучиво во големи количини, но е неопходен за организмот, не само за забите туку и за коските... помага во минерализацијата на истите и со тоа се добиваат и поцврсти и поотпорни заби и коски...
се препорачува бремените жени да пијат флуор таблетки од 1 mg, една дневно, од четвртиот месец па се до крајот на доењето... а после тоа му се даваат таблетки на детето, во количина зависно од возраста, па не би требало да има опасност од труење, ако се почитуваат утврдените дози...
како и да е, мислењата на лекарите и стоматолозите се поделени, но искрено, треба нешто да се преземе затоа што навистина состојбата со забите во детската возраст е алармантна - самата секој ден се среќавам со деца на возраст од 5-18 години кај кои состојбата во устата е навистина жалосна...
но искрено, ако оставаме само на флуорот - ништо не правиме - потребна е едукација - на родителите и на децата за важноста на оралната хигиена...

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: Astra
Датум на внесување: 05.Октомври.2008 во 10:37
sepak mene malce mi padna cudno sto poprvo se odlucile na fluoriziranje na mlekoto otkolku na vodata.

-------------
What you see,hear and feel is not always true.


Постирано од: BACHIOS
Датум на внесување: 06.Октомври.2008 во 10:02
sto po malku so tie produkti

-------------
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk