Испечати | Затвори го прозорот

Mатурско славје

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13543
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 19:57
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Mатурско славје
Постирано од: mamamd
Наслов: Mатурско славје
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 08:57

МАТУРАТА Се ПОСКАПО ЗАДОВОЛСТВО

Кредити за тридневното матурско славје
Според грубите процени, целосната „прослава на зрелоста“ на средношколците ги чини родителите најмалку две просечни плати
ОД 1000 ДО 500 ЕВРА ЗА ОБЛЕКА
ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА ШМИНКА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ОДНАПРЕД
ПРОФЕСОРИТЕ ПРОТИВ ПОМПЕЗНОСТА
Повеќето професори сметаат дека сегашните матурски прослави се многу помпезни и претставуваат непотребно трошење многу пари. Децата самите си избираат каде и како ќе ја прослават матурата. Затоа самите треба да бидат свесни дека нешто треба да сменат. Иако не ми се допаѓа начинот на кој слават, сепак не треба да им наметнуваме како да ја одбележат матурата. Не ми се допаѓа тоа што прво одат во ресторан за кој дале многу пари, а седат само два-три часа. После одат во дискотека. Зошто прават двоен трошок, кога веќе се собрале некаде? Не изгледа убаво ни кога наутро доаѓаат во училиште со музика и поднапиени, зашто им даваат лош пример на следните генерации - вели Горица Илијоска, директорка на скопската гимназија „Никола Карев“. Професорка од скопската гимназија „Георги Димитров“ смета дека на матурантите најмалку им треба фрлање многу пари за големи прослави, скапи тоалети, шминка и за фризури. Треба да се надминат кичот и шундот при славењето, како и непотребните трошоци. Нема потреба од собирање гости дома или во кафеана. Еве, од следната учебна година средното ќе биде задолжително. Матурантите мора да сфатат дека не направиле ништо посебно со тоа што завршиле средно училиште. Парите наменети за целата прослава може да ги искористат за патување или да ги дадат за хуманитарни цели - вели таа.

Ova mi se vode mnogu simpaticno i aktuelno. Ajde malku iskazete gi svoite stavovi okolu ova. Mnogu burno se diskutirashe za polaganjeto maturski ispit, ama za maturskite proslavi neshto ne se zboruva. Tuka gi vbrojuvam i polumaturskite proslavi, zatoa shto bogami i tie vo nishto ne se razlikuvaat od maturskite.





Коментари:
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 15:23
матуска прослава.......ех кога ќе се потсетам на тоа за последен пат цела генерација заедно......
нашата матурска прослава беше скромна мислам не отидовме никаде на страна......а што би сменило ако се отиде на страна некаде???? повесело ли ќе биде.....иманешто посебно во тоа???.....во тоа не гледам смисла.......матурската прослава треба да се слави на место каде што сите матуранти ќе можат тоа да си го дозволат.......не само ако на некои им е по кеиф да одат некаде па алудираат на тоа......а дали парите предвидени за тоа да отидат во хуманитарни цели......па тоа ми изгледа како добра идеја......човечки и хумано е да се помага........тоа е добро лично јас го оправдувам......


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 21:32
se ubavo ako saka nekoj da si proslavi maturska doma, ama toa iznajmuvanje kafeani i vikanje po 100 lugje na maturska, kako svadba mi e i smetam deka se nepotrebni troshoci i golema glupost. golema rabota nekoj sredno zavrshil, sekako sega vekje e zadolzitelno pa sekoj mora da zavrsi, sakal-nejkel
ne znam nekoj koj zavrsil fakultet taka da se rasfrla po restorani i kafeani(iako ova vekje e navistina podobra prichina za veselba )

isto maturantive frlaat mnogu pari za garderba, se shetaat po drugi gradovi de za fustan, de za chevli de, za ne znam sho...40,000 za fustan sho nikogash nema da go oblecham povekje no way!
za tie pari ke se proshetam do nekade ili ke gi dadam za bilo shto popametno otkolku za nekoj si partal tamu.

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 06.Мај.2008 во 22:53
Originally posted by IQ IQ напиша:

se ubavo ako saka nekoj da si proslavi maturska doma, ama toa iznajmuvanje kafeani i vikanje po 100 lugje na maturska, kako svadba mi e i smetam deka se nepotrebni troshoci i golema glupost. golema rabota nekoj sredno zavrshil, sekako sega vekje e zadolzitelno pa sekoj mora da zavrsi, sakal-nejkel
ne znam nekoj koj zavrsil fakultet taka da se rasfrla po restorani i kafeani(iako ova vekje e navistina podobra prichina za veselba )

isto maturantive frlaat mnogu pari za garderba, se shetaat po drugi gradovi de za fustan, de za chevli de, za ne znam sho...40,000 za fustan sho nikogash nema da go oblecham povekje no way!
za tie pari ke se proshetam do nekade ili ke gi dadam za bilo shto popametno otkolku za nekoj si partal tamu.


И јас исто мислев во однос на кафеаните ама моите решија да викаат гости баш во кафана, прво се лутев ама после сфатив дека мајка ми нема време да пречекува гости цело лето, затоа што навистина така прават, сакаат да дојдат ама ќе доаѓаат до август, вака си ги викнал сите на еден датум и завршена приказна. А што се однесува за трошењето пари на фустани и накити потполно се согласувам, и јас ќе ги искористам за други работи, се што сум купила е во граници на нормала

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...


Постирано од: Zaspana
Датум на внесување: 07.Мај.2008 во 14:59
хахаха


Постирано од: Цаци Галапчарот
Датум на внесување: 11.Мај.2008 во 01:47
sk kje slavu tj maturu

-------------
Еј, гулаби, гулаби бели.


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 11.Мај.2008 во 10:01
Монушка, границите на нормалата се еластични...

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 11.Мај.2008 во 11:58
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

Монушка, границите на нормалата се еластични...



Da vo pravo si, no vo odnos na primerot na IQ 40 000 za fustan e mnogu, mnogu, mnogu nad mojata normala...

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 11.Мај.2008 во 14:25
Ne ja sfakam maturata kako neso koj znae so..deka treba da trosam bogatstvo na garderoba,sminka i sl.Toa e stvarno ubav i znacaen moment za site srednoskolci ama pa da se kreva tolkava euforija,da se opsednuvaat site za oblekuvanje ..so znam bar ja taka ne go dozivuvam..sto po ednostavno i prirodno toa poubavo..


Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 12.Мај.2008 во 17:46
Матурата е настан кој по дефиниција би требало да го означи созревањето на една личност. А наша практика со ваквиот шунд е да им го продолжуваме инфантилниот период на разгаленост на и онака распуштените тинејџери.

-------------
http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk

http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk



Постирано од: blagorodna
Датум на внесување: 12.Мај.2008 во 21:26
Ја лично су против това толкај пари да са фрлаа и да се ставаа у борчој родителите за една ноч ама од друга страна и ми идит у прилог заш тогај имет најпојче работа за мене надградби на нокти, трепајци и шчо ушче не, све дур има таквија деца захтевни и родители шо незнаа да реча не, ако им је.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Мај.2008 во 00:09
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

Матурата е настан кој по дефиниција би требало да го означи созревањето на една личност. А наша практика со ваквиот шунд е да им го продолжуваме инфантилниот период на разгаленост на и онака распуштените тинејџери.

... pa ne se samo tinejdzerite krivi... mislam deka bajagi golema vina snosat i roditelite... aj da vidite shto pravat sega so polumaturite.. cekam den koga ke cueme deka se slavat i cetvrt maturite...


Постирано од: RUSHKA
Датум на внесување: 13.Мај.2008 во 00:16
Nepotrebno frlanje pari, cudno sto se slavi matura a koga ke zavrsat fakultet nisto

-------------
4ISTA SOVEST=MIREN SON


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 13.Мај.2008 во 11:59
Полуматурско,матурско и понекое дипломско славје...
Се’ е тоа убаво иако често знае и да се претера.
Но,дали е вината само во тинејџерите и нивните родители?Пааа,не би рекла...Често се "виновни" и нашите баби,тетки,вујни и стрини на кои,и да има се каже дека нема да се слави,секогаш велат-"Aко вие не славите,ние ќе си дојдеме...".И после тоа,нормално е да си речеш-"Додека цело лето ќе ги чекам и пречекувам еден по еден,вака барем ќе ги пречекам на еден трошок!"


-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 14.Мај.2008 во 15:18
Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:

Полуматурско,матурско и понекое дипломско славје...
Се’ е тоа убаво иако често знае и да се претера.
Но,дали е вината само во тинејџерите и нивните родители?Пааа,не би рекла...Често се "виновни" и нашите баби,тетки,вујни и стрини на кои,и да има се каже дека нема да се слави,секогаш велат-"Aко вие не славите,ние ќе си дојдеме...".И после тоа,нормално е да си речеш-"Додека цело лето ќе ги чекам и пречекувам еден по еден,вака барем ќе ги пречекам на еден трошок!"

Биба Г дипломците не се тинејџери

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 16.Мај.2008 во 16:19
Originally posted by $BlackDevil$ $BlackDevil$ напиша:

Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:

Полуматурско,матурско и понекое дипломско славје...
Се’ е тоа убаво иако често знае и да се претера.
Но,дали е вината само во тинејџерите и нивните родители?Пааа,не би рекла...Често се "виновни" и нашите баби,тетки,вујни и стрини на кои,и да има се каже дека нема да се слави,секогаш велат-"Aко вие не славите,ние ќе си дојдеме...".И после тоа,нормално е да си речеш-"Додека цело лето ќе ги чекам и пречекувам еден по еден,вака барем ќе ги пречекам на еден трошок!"

Биба Г дипломците не се тинејџери


Тешко нас, ако беа тинејџери.

-------------
http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk

http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk



Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 16.Мај.2008 во 17:05

Море буквалисти едни... сакав сите тие славја да ги ставам во еден кош...поводите се различни,а збрките,гужвите и трошоците се исти...
Де,па какви сте биле,еееее

-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Мај.2008 во 08:11
НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА ВО СКОПЈЕ
25-мина матуранти во алкохолна кома
Откако почнаа матурските прослави, докторите од Токсикологија велат дека секоја вечер примаат малолетници кои се толку пијани што не се при свест

  Дваесет и петмина матуранти оваа недела биле донесени на Клиниката за токсикологија во алкохолна кома. Откако почнаа матурските прослави, докторите од Токсикологија секоја вечер примаат малолетници кои се толку пијани што не се при свест. Подеднакво има пијани до несвест и момчиња и девојчиња.
"Станува збор за екстремни труења со алкохол, поради што мозокот на децата се затупува и се наоѓаат во т.н. алкохолна кома. Децата имаат испиено огромни количества алкохол, најчесто жестоки пијалаци и пиво, а не ретко мешаат и по неколку пијалаци. Бидејќи станува збор за 18-годишни деца, состојба е многу опасна и не ретко може да заврши со смрт.
...na ova nemam komentar...Vest kaza se...


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 25.Мај.2008 во 10:54
еднаш се бива матурант....... .......ако не поради забавата и тоа чувство дека им е можеби последен собир некои се решаваат таа вечер да ја паметат како се изгубиле скроз на скроз и се обрукале завршувајќи во болница.........дали е тоа добро......и каков е тој наш менталитет не знам.......но е едно е сигурно........од година на година таквите случаи се зголемуваат односно на секоја нова матурска прослава се конзумира се повеќе алкохол.....

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Мај.2008 во 14:00
Originally posted by $BlackDevil$ $BlackDevil$ напиша:

еднаш се бива матурант....... .......ако не поради забавата и тоа чувство дека им е можеби последен собир некои се решаваат таа вечер да ја паметат како се изгубиле скроз на скроз и се обрукале завршувајќи во болница.........дали е тоа добро......и каков е тој наш менталитет не знам.......но е едно е сигурно........од година на година таквите случаи се зголемуваат односно на секоја нова матурска прослава се конзумира се повеќе алкохол.....

...strashno e shto ova praksa ja prifatija i polumatuturantite...pa mnogu 13/14 godishnjaci zavrshuvaat na istiot nacin...na toksikologija... ke procitame za vakvi slucai i vo periodot od 8-10 juni... ako ne se prezeme neshto navreme ...da se spreci... se dodeka ne se sluci neshto tragicno...pa posle da si ja prefrlame vinata edni na drugi...


Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Мај.2008 во 23:44
,....i jas prvpat se nachukav na,...polu matura,..голема%20насмевка

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: blesava
Датум на внесување: 07.Јуни.2008 во 19:39
heee matura be luge ........pa toa e e e kraj na site sekojdnevni maki eeeej......znaete so imaat pravo poveke se krivi roditelite od decata....zasto ne im kazat deka toa e samo edna vecer i deka ne se lupaat tolku pari...tuku i oni sakaat togas nesto neznam sto.....ama sepak zavisi nekoj roditeli slavat so decata od merak taa   vecer zasto predhodnite 4 godini oni ucele,ne spiele navecer,im bilo tesko se potele u skolo(koga se sramele).................i oni slavat(bozem zavrsuvaat)ali tuka se otvara druga tema neli?Ama so si e vistina   vistina si e   vo denesno vreme se lugevo nemaat ovde a onde se rasfrlaaat so pari A MATURATA E TROSOK.....ZA PRED LUGE akoo me razbirate.....heee pozdrav do site vas i neka im e so sreka na site sto polagaat matura ovaa godina


Постирано од: guinevere
Датум на внесување: 21.Јуни.2008 во 07:01
Парите се за трошење!
А, денес пари се трошат на работи кои се помалку важни дури и од матурските прослави.
На пример - свадбите! Некои бракови траат, а некои брзо доаѓаат до својот крај.
Но,ако сакаш, можеш да се ожениш/омажиш и пет пати.
Со матурските не е така.
Само еднаш имаш осумнаесет години. Само еднаш си матурант!


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 21.Јуни.2008 во 08:01
Originally posted by guinevere guinevere напиша:

Парите се за трошење!
А, денес пари се трошат на работи кои се помалку важни дури и од матурските прослави.
На пример - свадбите! Некои бракови траат, а некои брзо доаѓаат до својот крај.
Но,ако сакаш, можеш да се ожениш/омажиш и пет пати.
Со матурските не е така.
Само еднаш имаш осумнаесет години. Само еднаш си матурант!

... ubavo e da si maturant... ubavo e da imash osumnaeset godini... se e ubavo... ne e ubavo koga nekoj preteruva... a boga mi imashe mnogu koi preteraa... pa zavrshija na toksikologija... za niv maturskoto slavje e temen oblak... mrak...


Постирано од: kristofer
Датум на внесување: 22.Јуни.2008 во 07:35
toa je to, maturskata vecera ako sakaat decinata da ja slavat pa neka odat ednas je taja mozi ke mu ostani vo uspomen, podobro ke je ako ima nekoj da ja snima i ke go imate toa za cel zivot, jas ne pamtam dali otidov i so koj ja slavev. 

-------------
vrtyuwged


Постирано од: Agapi
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 02:31
jas bev maturantka ovaa godina i mozam da kazam deka i jas go imav istoto mislenje kako i vas no sega gledam od nekakov poinakov agol..
sepak ednas e matura i sekoj saka da bide sovrsen..so ova ne go opravduvam frlanjeto na pari na premnogu skapi fustani zatoa sto sepak toj fustan e za edna prigoda (ene go mojot sedi vo garderob i ne vervam deka nekogas povtorno bi go stavila)
 
Inaku jas mislam deka nema sansi da se prekina ova..vi kazuvam od cist primer zatoa sto koa pocnavme da ucime na pocetokot na 4ta god site se slozivme namesto da imame proslava vo restoran cela generacija da organizirame patuvanje nekade nadvor od zemjata..taka da bi gi izbegnale i site tie trosoci za fustani, frizuri, sminki, nadgradbi i uste trista raboti..
iako na pocetokot site beja vooduseveni od idejata kako sto odminuvase vremeto taka pocnaja da se rezerviraat restorani i site zaboravivme na nasata prvicna ideja.
A da ne go zaboravam i slavenjeto na 2ra i 3ta maturska vecer vo Ohrid..:) ete vi uste eden trosok, pa alista za vtora vecer, pa smestaj vo ohrid itn itn
 
a isto taka mojte odlucija da ne slavime v kafana po moe baranje zatoa sto jas ne sakav, no dokolku vi mozela pak da odlucam bi ja izbrala kafanata. Zosto? Od edna ednostavna pricina zatoa sto iako sme 24 Juni i pomina poveke od mesec od mojata matura mene seuste mi doagaat gosti i uste ke mi doagaat. Taka v kafana barem site istovremeno i mirna glava :)
 
No sepak spored mene vredese celiot trosok ( iako moite roditeli ne mislat taka no sepak toa e sto ke pravat :) zatoa sto tie denovi beja najubavite denovi od mojot zivot koj vecno ke gi pamtam. pripremi...slavenje..solzi :) i se razbira Ohrid kade sto site zaedno pominavme ludo i nezaboravno
 


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 06:39
Истиот период од лани, истите проблеми на родителите, се се менува, само нашите навики никако да се сменат. Вечер потсетува

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ПОРАСНАА И СО ЏЕПАРЛАКОТ


Мала матура - големи пари!


Третмани за солариум до 1000 денари, антицелулитна масажа 400 - 1000, третмани за лице 1300, шминкање и фризура 2000, надградба на нокти 1500, депилација 500 денари. Свечен фустан 9500, сандали од 3000 па нагоре, чанта и накит 3000. Ова е списокот кој една матурантка им го врачила на своите родители пред некој ден


Овој мај во скопските средни училишта би требало да матурираат околу пет, шест илјади ученици. А тоа дека децата се најголемото богатство, допрва многу од родителите ќе се уверат во вистинска смисла на зборот. Бидејќи барањата на матурантите се неверојатни и се повеќе и повеќе чинат. Веќе не е доволно матурската облека и платената вечера. Сега девојчињата но, и момчињата и покрај економската криза инсистираат на козметички третмани, одење на фризер, или антицелулитни масажи кои сега се хит. Парадокс е тоа што е мала матурата а многу чини.

Третмани за солариум до 1000, антицелулитна масажа 400 - 1000, третмани за лице 1300, шминкање и фризура 2000, надградба на нокти 1500, депилација 500. Свечен фустан 9500, сандали од 3000 па нагоре, чанта и накит 3000. Ова е списокот кој една матурантка им го врачила на своите родители пред некој ден.

- Кога ги собрав цифрите, ме заболе глава. Испаднаа над 20.000 денари! Кога ја прашав за надградбата на ноктите и антицелулитната масажа, ми кажа дека не сум во тренд и дека несака да испадне селанка пред друштвото - вели нејзината мајка.

- Се кварцаат, депилираат, доаѓаат на третмани, потврдува и Викторија Станковиќ, сопственик на елитен салон за убавина. Се обидувам да им објаснам дека некој од работите не се за нив, дека се млади но, не слушаат. Во глобала повеќето доаѓаат со нивните мајки или со нивен благослов, вели Викторија.

- Кога и реков на девојче дека со пунџа ќе изгледа барем десет години постара, ми одговори дека таа тоа го сака, објаснува стилистот Крис од истоимениот фризерски салон. Инаку, од пред три-четири години матурантите воведоа и правило на партнерката или партнерот да се купи и подарок. Секако не каков било.

- На момчето кое ја допрати мојата ќерка на матурската вечер му купив, на нејзино претходно инсистирање, златна нараквица. Таа пак од него доби парфем, вели една скопјанка која минатата година успеала да ја "преживее" матурата на својата ќерка. На списокот треба да се додаде и подарок за класниот раководител, сметката во ресторан и слично. Целата фешта мора да пројде со музика, па организаторите во средните училишта овие денови резервираат и блех музика. Се подразбира фотографирањето во милион пози, а секоја фотографија по 150 денари. Панатаму, во списокот е и генерациското табло кое чини до 650 денари.

- Така сите тоа го прават, не сме само ние единствени велат средношколците кои деновиве лудуваат по скопските продавници заедно со нивните родители, заборавајќи на ланската матурска екск*рзија во Виена, Прага, Будимпешта.

Иако желбите и потребите на девојчињата се големи, ни момчњата многу не заостануваат во екстравагантните подготовки за матурската прослава.

Креација за префинетите и до 500 евра
Ако некој од префинетите или разгалени средношколци не успеат да се замислат во обичните парталчиња низ скопските продавници, тука се и лимитираните креации од модните креатори. Фустани и креации од реномирани модни стилисти единствено со закажување во Скопје може да најдете доколку решите од семејниот буџет да одвоите и по 500 евра, сума почетна во зависност од брендот на креатерот.




-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 14:49
Од лани до сега изгледа ништо не се променило.голема%20насмевка
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=512101032572&id=14&prilog=0&setIzdanie=21981 - Матурска треска - 1.000 евра за една ноќ!


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Мај.2010 во 18:43
Уште не почнати асално со прослави, веднаш со инциденти.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=-1&egId=13&eventId=60505 -


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 13.Мај.2010 во 20:47
уште од сега е кажано дека треба да ми се дадат пари, или да ми уплатат патување некаде надвор од земјава.... за роднини кои ги гледам само по свадби и на улица, не мислам да фрлам пари... за да си се најадат и напијат во моја чест ( како да не )....

не значи дека ако си само еднаш матурант, дека треба да џитнеш 1000 евра на фустани, дочеци и слично... пак ќе речам... само дајте ми ги парите и билет за некаде....

-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk