Зошто мноштво верски заедници?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11933
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 05:52 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Зошто мноштво верски заедници?
Постирано од: Чико
Наслов: Зошто мноштво верски заедници?
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:03
Во светот секој ден се формираат се поголем број верски заедници.Во тоа мноштво поголем дел представуваат христијански заедници,од кои секоја за себе тврди дека единствена на вистински начин го следи Исусовото евангелие.
Така ни се наметнуваат повеќе прашања:Зошто постојат толку многу толкувања?Дали вистината е далеку од човекот,или човекот се труди да биде далеко од неа?Зошто постојат разлики помеѓу религиите?И на крај,Зошто воопшто постојат разлики помеѓу животните филозофии?
|
Коментари:
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:20
Така требит.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 12:01
Во пробата да ја објасниме природата на разликите помеѓу религиите,постои опасност да бидеме површни-да се занимаваме со религиозната форма наместо со нејзината содржина.
Постојат разлики помеѓу религиите кои се само формални,кои не подразбираат разлика помеѓу нивните содржини,меѓутоа,постојат и оние разлики кои се значајни,бидејќи го откриваат различниот однос на човекот спрема доброто и злото,спрема неговата сопствена животна одговорност и карактерот на мотивите кои го покренуваат.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 12:02
луѓе што ви стана со темиве??????????
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 12:37
moe mislenje e deka vosekoja drzava treba da ima samo po edna verska zaednica od sekoja religija.
poveke zaednici od ista vera vo edno opstestvo e pogresna rabota i podelba na vernicite...
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 15:53
интересно размислување,може да се земе примерот на израелското општество,кога се испомешале повеќе религии настанало морално опаѓање.
Човекот е разумно суштество способно да го разликува доброто од злото,а истотака и одговорно сустество на кого совеста го укорува за злото,како и сустество со слободна волја,способно да даде отпор на искушението(зло).
Тогаш зошто?
|
Постирано од: efendija
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 15:58
Чико напиша:
интересно размислување,може да се земе примерот на израелското општество,кога се испомешале повеќе религии настанало морално опаѓање.
Човекот е разумно суштество способно да го разликува доброто од злото,а истотака и одговорно сустество на кого совеста го укорува за злото,како и сустество со слободна волја,способно да даде отпор на искушението(зло).
Тогаш зошто? |
Е,зошто де?
------------- "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 21:14
Религијата човекот треба да го прави мудар,способен да го разликува доброто од злото,а неговата совест одговорна,но и растеретена.Таа треба чвековата волја да ја направи слободна во изборот на доброто,а неговото срце очистено од грев.Меѓутоа религијата може да добие и спротивна функција доколку човекот не сака да на себе да ја понесе одговорноста да разумно мисли и постапува во склад со својата совест.
Во суштина-религијата,и воопшто било која друга животна филозофија,може да има само една од двете функции:или да со своите морални идеали го сочува човекот од злото,или да му пружи изговор за злото кое тој ќе го прави во името на тие идеали.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 09:34
Во сразмерност со изопачувањето на својата функција самата религија трпи и изопачување на својата наука.Наместо да пружи мудрост со која човекот ќе го разликува доброто од злото,таа пружа површност со која човекот своето зло го прогласува за добро.Така?
Наместо да неговата совест ја направи одговорна,таа му пеужа систем за психолошка сатисфакција на неговата нечиста совест.Наместо да ја усмери волјата на грешникот кон покајание,таа го наводи да со својата волја само ја намалува манифестацијата на злото во своето изразување.
Наместо да го наведе на ревностсо оние мотиви кои се плод на духовното новораѓање,таа ги побудува фанатичните пориви на неговата грешна природа.
коментар?
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 11:48
no da ne se mesa tuka politikata, politikata e mnogu tuga so religijata i ne smee da se mesaat no denes go gledame sprotivnoto se e ispolitizirano...
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 12:15
Кога Господ би дал само едно и јасно јавување
Само една книга, која би била доволно јасна
Само една заедница, една црква
Кога се би било јасно како собирање и одземање
Тогаш луѓето не би збореле за Господ
Не би пишувале милиони книги
Веројатно по цел ден би гледале филмови и фудбал
Квизови и Вести на Телевизија
Најголем дел од книгите по сите цркви и зедници, се напишани против други заедници
Протестантите се опседнати со тоа дека православните се паганска религиа
А православните слично, дека протестантите се волци во овча кожа
Ете ја нашата вера
Љубовта е додека го бараш господ, а кога ќе го најдеш
Тогаш ќе си бараш друга забава
Затоа Господ ни прати безброј лажни религии, учители, книги ....
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 12:20
За жал,да.
Дискутирајќи за оваа тема може да размислуваме за причините на овој зголемен број верски заедници.
Едни од тие се:Губење на здравиот разум,погрешната употреба на волјата,механизмите кои ги применува нечистата совест и фанатизмот на непрепородените човекови мотиви.
Како што луѓето се разликуваат помеѓу себе по облиците и механизмите на изопачување,така се разликуваат и нивните сфаќања на религијата,па од тука имаме мноштво различни верски заедници од кои секоја собира луѓе со барем една заедничка форма на религиозно изопачување.
Може со анализа на споменатите принципи да ги наведуваме примерите од религиозниот живот и науките на разни верски заедници.
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 12:45
da pa zatoa ni go isprati i posledniot pratenik i poslednata, i najcista kniga, no vie odbivte da ja prifatite i ostanavte razdeleni, dokolku ja prifatevte nemase da bide vaka kako sto e denes ce bese poinaku i podobro za site...
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 13:14
Чико напиша:
интересно размислување,може да се земе примерот на
израелското општество,кога се испомешале повеќе религии настанало
морално опаѓање.
Човекот е разумно суштество способно да го разликува доброто од
злото,а истотака и одговорно сустество на кого совеста го укорува за
злото,како и сустество со слободна волја,способно да даде отпор на
искушението(зло).
Тогаш зошто? |
koga vekje postavi tolku prasanja i ZASTA?
me interesira shto ova odnesuvanje na lugjeto mora da go vrzuvas so religiite i verskite zaednici
so stanuva so demoktarskite , humanite, kulturnite civilizaciski pridobivki
so normalno covecko odnesuvanje- covek kon covek, zednica kon zaednicite, narod kon narod
i toa sve nadvor od site religiski pravila
zatoa sto civilizaciskite normi treba da se iznad site stari religiozni svakjanja
a moeto svjakjanje za verski zaednici e
da se zamati rabotata do nevideni granici
da moze da se upravuva so lugjeto ko so marioneti
so pomali i pobrojni zaednici toa podobra manipulacija
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 13:29
jas mislam deka onie koi se naogaat na vrvot na zaednicie treba da bidat izbrani od marodot...
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 13:52
До king:за кој станува збор?Појасни,ок?
anakin:донекаде си во право,но нели луѓето се оние кои ги ствараат тие заедници,човекот е таа единка за која станува збор кога се мисли на "заведувањето",нели?
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 13:54
na onie koi stojat na celo na ovie verski institucii!!!
onie koi sega se borat samo za mesto a ne za pridones!!!
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 13:59
Човекот,покрај разумотсо кој е способен да ја увиди ирационалноста и ненекорисноста на своите мотиви во однос на неговото лично и општо добро,има и совест која во својата здрава состојба таквите мотиви ги прогласува за неморални ,т.е. грешни.
Може да се анализира поради што и како човекот се попределува за принципите на гревот,кога нивното постојање нема никаква смисла.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 13:59
Значи пак станува збор за ЧОВЕКОТ,а?
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 14:08
Чико напиша:
До king:за кој станува збор?Појасни,ок?
anakin:донекаде си во право,но нели луѓето се оние кои ги ствараат
тие заедници,човекот е таа единка за која станува збор кога се мисли на
"заведувањето",нели? |
koga nekoj kje mi kaze donekade mi ide da puknam
abe jas sum egocentrik
pazi kako se izrazuvas
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 16:19
Твоја е одлуката која ја носиш во животот.
Коренот на секој грев е во човековата ирационална и потполна бесмислена независност-"независност по секоја цена".Гревот е единствено и најголемо нешто што човек може,во потрага посреќата и смислата,да го оствари независно од Бога.
Човекот ,потпирајќи се на својата грешна природа,се соочува со три нерешливи проблеми:ограничени идеали,одсуство на желбата за спасение и неспособноста да го оствари.
Ограничувајќи се со своите мотиви и своето искуство,човекот едноставно ниту сака да знае,ниту сака,ниту може себе да си помогне.
|
Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 17:41
Ако веќе се работи за верски заедници кои веруваат во нешто што е Високо,Свето и Извор на добрина и благосостојба нека има мноштво, но зошто се мразат и убиваат меѓу себе?
Нели тие мноштво верски заедници ги учат за убави работи?
------------- http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk
|
Постирано од: MAJA DIKOVA
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 21:40
IMAS INTERESNO RAZMISLUVANJE,SAMO KOJ KAKO GO RAZBIRA.TOCNO E TOA DEKA SME STANATI SAMO POVRSNI BEZ DLABOKO RAZMISLUVANJE.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 21:59
Кога човекот би го користел својот ум за искрено испитување на суштинските работи за животот,и кога секој би размислувал,тогаш може да замислиш каков би бил светот?
Како што човекот е склон да се бори за ослободувањене не од самиот грев,туку само од неговите симптоми на нивото на однесување и чувствата,постои потреба гревот да се дефинира како состојба која сама по себе е лоша,за да може човекот својот проблем да го реши во самиот корен.Затоа е потребно да зборуваме за моралниот закон кој го дефинира гревот како кршење,а вистинската љубов како исполнување на тој закон.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:08
Во неможноста да разумно ги оправда своите грешни пориви пред својата совест,човекот доаѓа во искушение да го изгуби здравиот разум
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 14:38
Разумот ни е даден за да можеме да ја сфатиме суштината на добротата наспроти гревот,за да таква, можеме да ја разликуваме од злото,и да со својата слободна волја можеме да ја избереме.
За разлика од гревот,вистинската божанска љубов е разумно сфатлива,затоа што таа е самата разумен и суштински одговор на барањата на Небото и потребите на ближните.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 11:16
Човекот е оној кој ја носи одлуката за тоа дали ке биде заведен или ќе го употреби разумот за да ја испита секоја наука,со која ќе дојде во контакт.
"Возљубени,не верувајте му на секој дух,туку испитувајте ги духовите-дали се од Бога,зашто многу лажни пророци излегоа во светот."1Јованово посл.4,1
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 11.Февруари.2008 во 11:20
Кога грешните мотиви би можеле разумно да се оправдаат,тогаш тие повеќе не би биле грешни.Затоа кога го избираме гревот,тогаш се плашиме да мислиме бидејќи сме во опасност да ги раскринкаме сопствените мотиви како грешни.Од мудроста бегаме во површност ,додека разумот повеќе нема функција да го разликува доброто од злото,туку да злото го представи како добро на нашата совест.Како гревот е невозможно да се оправда со разумни аргументи,ние се повикуваме на ирационални аргументи:чувства,авторитети,бројот на оние кои ја застапуваат некоја идеја...наместо на смислата,што предизвикува губење на разумот.
|
Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 11.Февруари.2008 во 19:57
Quot capita, tot sententiae. Kolku glaj, tolku umoj.
Dodeka ima lugje, ke ima i razlicni svakjanja za Bog, a pogotovo ego-centrici ko Anakin, taa sarenolikost ke ja zbogatuvaat, se dodeka se prasuvaat pogresni prasanja i se dodeka sporednite raboti se pobitni od glavnite.
Bog e zakonot na ljubovta, i toj podrazbira smirenost srekja ljubov kon sekogo i se a pogotovo vo rabotite sto gi pravime, znaci koga dejstvuvame. Znaci ne e bitno dali ti veruvas vo Isus, Krisna, Allah, ili The almighty Anakin se dodeka ne pocnes da se sakas samo sebe i da gi preziras drugite a pogotovo da im kazuvas na drugite deka ti si The One i togas ke treba vo najmala raka da go dokazes toa :da odgovaris na site prasanja koi ti gi postavuvaat lugjeto, da lekuvas, pomagas, spasuvas, pa duri i vetrovi da smiruvas za da spasis nekogo, koj veruva vo tebe, i za site hristijani da poveruvaat vo tebe treba da se spustis od neboto na oblak. A ako ne uspees da se dokazis pred drugite deka si Bog , postoi opasnost da zavrsis poloso od Isus, koj barem bil raspnat, ti mozes da zavrsis ismean, i staven vo ludnica, ili najstrasno-ignoriran od site(osamen).
------------- Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 15.Февруари.2008 во 12:33
Без разлика на различните размислувања,вистината е една и универзална.Прашањето е дали сме искрени при нејзиното барање или само сакаме да си ги оправдаме своите верувања и со тоа да си ја утешиме својата немирна совест.
Бог рекол:Кој бара,тој и ќе најде,кој тропа,на тој ќе му се отвори.
Дали сме заинтересирани за нашето бечно добро или?
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 18.Февруари.2008 во 14:06
Човекот чиј ум е ограничен со искуството на гревот не може ни да сфати ни да посака повозвишено искуство.За да ја има слободата на волјата,човекот мора прво да ја има слободата на умот.Слободата на умот ни го пружи откровенитео на Божјиот карактер.Со сестрана анализа може да испитаме дали авторитетот на библијското откровение е достојно за нашата доверба како вдахнато откривение на Божјата волја и вистина.
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 23.Февруари.2008 во 18:43
Многумина пробуваат да го спознаат Бога на начин кој нема да ги направи морално одговорни,кој нема да ги осведочи за потребата за опростување на кривицата и ослободување од гревот.Избегнувајќи ја средбата со Неговиот вистински карактер,тие пробуваат да Го почувствуваат и доживеат и да со тие доживувања ја смират својата совест и ја угушат жедта на својата душа.Многумина пробуваат Бог да го спознаат преку чувствата,да Го изберат преку своето телесно срце,а да Го живеат со својата волја(самоконтрола),додека разумот го користатсамо да го оправдат целиот систем на погршно верување.Меѓутоа,Бог се спознава преку разумот,избира преку волјата,чувствува преку чувствата,а се живее со срцето.Само разумното познавање на Бога преку исправната представа за Неговиот карактер може да резултира со осведочување на човекот за неговата духовна потреба.А осведочувањето за потребата е услов за да човекот ја покори својата волја на Бог и да доживее искуство на духовно новораѓање.
|
|